Македонија протест против судските небулози

Семејството на Фросина Кулакова повика на протест за денеска во 17 час пред Универзалната сала

Тодор Кулаков, таткото на Фросина Кулакова повика на протест за денеска во 17 часот пред Универзалната сала, локацијата на пешачкиот премин на булеварот Партизански одерди каде Васил Јован ја усмрти Фросина. Претходно, истото го обзнани и нејзината стестра Росица.

Семејството на Фросина Кулакова повика на протест за денеска во 17 час пред Универзалната сала

Семејството Кулакови е разочарано до судството, од целиот процес и од дванаесет годишната затворска казна која ја доби Васил Јованов за сообраќајката на Партизанска во која смртно ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова. Повикаа н а протест во 17 часот пред Универзалната сала, местото каде Васил ја усмрти нивната ќерка и сестра.

„Срам да ви е!

Ние нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!

📍Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.  Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста.“ напиша вчера Росица Кулакова.

Најнови вести од Македонија

To top