Македонија ВМРО-ДПМНЕ

СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Заев и Филипче со години ја осиромашуваа државата за сега со украдените народни пари да добиваат златни визи и да инвестираат низ Дубаи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

СДС го дозакопа Филипче и се заплетка во сопствените лавиринти на лаги. Филипче по стапките на шеикот од Муртино Заев денес едно, утре друго, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС еднаш тврди дека Филипче нема златна виза, па дека нема имот во ОАЕ, за подоцна самиот Филипче да потврди дека има златна виза за Дубаи.

Филипче три месеци се обидува да смисли што да одговори на јавноста за златната виза во Дубаи и повторно се заплетка во соппствените лаги.

СДС и Филиче да кажат од каде му е златната виза за Дубаи?

Со примањата на Филипче како пратеник лекар и министер тешко дека се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари“, нотираат од партијата.

И поратвја прашања:
Дали Филипче му е бизнис партнер на Заев во Дубаи додека му го чува столчето во СДС?

Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50 катница во Дубаи?

Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза?

СДС и Филипче да не ја потценуваат интелегенцијата на народот и да каже дали е инвеститор со Заев во Дубаи. Заев и Филипче со години ја осиромашуваа државата за сега со украдените народни пари да добиваат златни визи и да инвестираат низ Дубаи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција, додадоа во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top