Македонија институт за јавно здравје

Не постои ризик од епидемија на мајмунски сипаници

Од институтот за јавно здравје известуваат дека ризикот за ширење на болеста МРОХ останува низок со оглед на брзата реакција. Двете позитивни лица од МРОХ се во стабилна состојба.

Не постои ризик од епидемија на мајмунски сипаници

Епидемиолозите од ИЈЗ се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти.
Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX.

Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX. ИЈЗ претходните денови објави препораки до граѓаните на веб страната, отвори 2 (две) нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници. Воедно ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните
здравствени институции.

Во текот на следните денови ќе биде организирана и онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок со оглед на брзата реакција и преземените активности од страна на институциите.
Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата.

Најнови вести од Македонија

To top