Министерот за надвотешни работи и натворешна трговија, Тимцо Муцунски денес во Скопје ја пречека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
-Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија, потенцира Муцунски.
Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите.
-Во рамки на посетата ќе се одржи и Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, додаде Муцунски во објавата на својот фејсбук профил.