На заедничката прес конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас и премиерот Мицкоски, премиетот беше запташан за можна билатерална средба на Претседстелката Сиљановска-Давкова со Радев.
-Денеска ја отворивме и оваа тема со госпоѓата Каја Калас. Оваа тема започна уште со посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. За време на Хашкиот самит на НАТО, да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас и од Бугарија, истакна премиерот Мицкоски.
Бидејќи таму ќе биде претседателката тоа би било одлична можност за билатерална средба, на која што средба би присуствувала и Претседателката на Европската Комискија Урсула Фон дер Лајен, претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и нормално исоката претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Го проширивме тој состав и со генералниот секретар на НАТО, дело од големите земји членки на НАТО, тоа се Соединетите Американски Држави, за да можеме на билатерална средба да ги кажеме аргументите, додаде Мицкоски.
Мислам дека е добро да има таква средба, за да се слушнат аргументите од двете страни, посебно на маргините на НАТО самитот, потенцира Мицкоски.
-Ние како земја членка на НАТО рефлектираме безбедност.
-Ние сме фактор на стабилност и така треба да се однесуваме во регионот и така треба да зрачиме со стабилнот, потенцира Мицкоски на прес конференцијата.
Кога ќе ги имаме сите аргументи на ваков билатерален состанок би било многу добро, дециден е Мицкоски.