Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Јаревски: Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е историска можност за трансформација на Македонија

Имавме многу пријатна средба и состанок во стопанската комора. Се надевам дека ќе имаме доволно капацитети нашата целокупна градежна оператива, нашите компании да се соочат со можноста и со предизвикот и да учествуваат на постапките, заклучи Јаревски.

Јаревски: Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е историска можност за трансформација на Македонија

Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во 24 анализа на телевизија 24. Јаревски говореше за Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и кажа дека тоа е историска можност за трансформација на државата. Тој потенцираше дека средствата ќе се користат внимателно и постепено, а и дека ќе има 5 години грејс период.

„Говориме за можност за серија на проекти кои што ќе ја извршат трансформација на државата кои ќе направат подобро утре и кои ќе направат многу поквалитетно секојдневие и за граѓаните и за стопанството“, вели Јаревски.

Јаревски истакна дека станува збор за 6 милијарди, тоа се средства кои се обезбедени врз база на Договорот.

„За тие средства кои што ќе бидат искористени гарант ќе биде британската влада што е исклучително важно. Ќе бидат серија на кредити. Од тие 6 милијарди тоа не значи дека сите ние веднаш ќе ги искористиме. Зошто е тоа исто така важно? Бидејќи Македонија учи на своите грешки што ги направија нашите претходници“, рече Јаревски.

Тој понатаму објасни дека Македонија плаќа големи суми на камати за неискористени средства, но тоа нема да биде случај за капиталните проекти. Јаревски додаде дека ќе се обезбедат најдобри услови, почитувајќи ги законите и разгледувајќи повеќе понуди, за да се потврди дека Македонија има најповолни каматни стапки.

„Македонија исплаќа милионски евра износи на име на камати за повлечени, а не искористени средства. Во овој случај за овие средства за овие капитални објекти тоа нема да биде случај. Бидејќи откако ќе имаме, зрел проект, ова значи комплетен проект со поминати сите фази на ревизии на проверки на контроли усогласувања итн. Согласно тој проект, ќе можеме да излеземе во однос на договорот и притоа условите што ќе бидат дадени, нема да бидат земени здраво за готово туку ќе биде запазен повторно законот и ќе бидат повеќе понуди. Како што ќе бидат давани тие услови ќе бидат споредени со уште неколку други понуди согласно сегашните законски решенија, да се потврди уште еднаш дека имаме убедливо најдобри услови за камата“, изјави Јаревски.

Јаревски посочи дека ќе има грејс период 5 години со исплата на кматите по завршувањето на проектот. Според него, ова е важно за финансиското планирање и ќе помогне во забрзување на изведбата, а притоа ќе создаде мотивација на изведувачите да ги завршуваат проектите побрзо, бидејќи каматите ќе се пресметуваат по завршувањето на проектот.

„Ќе имаме 5 години грејс период, пресметката на каматите ќе биде по завршувањето на проектот. Интересот на британската влада е токму само во каматата, на некој начин тоа ќе има и своевиден притисок на изведувачите да го работат проектот побрзо бидејќи колку побрзо биде завршен толку побрзо ќе може да се активираат роковите за пресметување на каматите“, кажа Јаревски.

Тој посочи дека состанокот во Стопанската комора потврди позитивни очекувања од стопанствениците за новите капитални проекти, со надеж дека градежниот сектор ќе има капацитет да ги реализира успешно.

„Имавме многу пријатна средба и состанок во стопанската комора. Се надевам дека ќе имаме доволно капацитети нашата целокупна градежна оператива, нашите компании да се соочат со можноста и со предизвикот и да учествуваат на постапките“, заклучи Јаревски.

Најнови вести од Македонија

To top