Фројдовиот комплекс очебијно „проработе“ кај Арбен Таравари, кој на својот Фејсбук профил експресно и според могумина малку непромислено реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи по одлуката дека Алијансата за Албанците е дел од Владата.
Таравари во објавата луцидно посочува дека поранешните сопартијци чувствуваат мешавина од вознемиреност и вина, а ги потсети и на одржувањето на локалните избори на октомври на кои, како што вели, ќе победи. Сепак, преовлада чувството дека тој е оној со чувството на вина и вознемиреност, особено по нелогичните потези кои ги презеде.
Употреби реченица која, кога би се ставила во контекст на неговото дејствување, напуштањето нa владата и преизборното коaлицирање со довчерашната Баба рога Ахмети, има одлична смисла и логика:
– Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го доживува…особено кога е измешано со чувство на вина! Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон oктомвриската победа која е блиску…многу блиску!, напиша неврологот Таравари.
Не дообјасни дали напишаното се однесува и максимално алудира на сопственото му дејствување. Не ни мораше…