Македонија евростат е дел од еу, не е „рејтинг“ на спасов

Филипче обвини дека Брисел ЛАЖЕ: На трибина во Кочани се потсмеваше со фактот дека сме 4-та економија во Европа

Во неверица дека тоа е можно, веројатно водени од сопствените анти-афинитети за водење економија и држава и за крадење на истата, а уште поверојатно – навикнати на штелуваните анкетни резултати на Рејтинг на нивниот партиски анкетар Спасов, Филипче, верувале или не, денеска на партиска трибина во Кочани соопшти дека ЕВРОСТАТ (ЕУ) од Брисел лаже и дека, ни помалку ни повеќе, немало шанси да бидеме 4-та економија во Европа. Значи, ЕУ штелува анкети за владата на премиерот Мицкоски?!

Филипче обвини дека Брисел ЛАЖЕ: На трибина во Кочани се потсмеваше со фактот дека сме 4-та економија во Европа

Нов антизападен и прв анти ЕУ проблесок на Венко Филипче. Прво тврдеше дека Велика Британија ни дава сомнителни пари чие потекло не се знае и дека Стратешкото партнeрство е параван за тендери, а сега го обвини Брисел дека фингира и штелува анкети за да и „учини“ на владата на премиерот Христијан Мицкоски.

Во крешчендото на политичкото стрвинарство, според познавачите невидено досега во Македонија, претседателот на СДСМ Венко Филипче дојде по некрофилски политички поени во Кочани и за да го демантира истражувањето на ЕВРОСТАТ. Тој јавно се потсмева со реномираната европска агенција КОЈА Е ОРГАН НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА,  и која ( за жал и непребол на СДСМ) пред неколку дена соопшти дека сме 4-та најбрзо-растечка економија на стариот континент.

Во неверица дека тоа е можно, веројатно водени од сопствените анти-афинитети за водење економија и држава и за крадење на истата, а уште поверојатно – навикнати на штелуваните анкетни резултати на Рејтинг на нивниот партиски анкетар Спасов, Филипче, верувале или не, на партиска трибина во Кочани соопшти дека ни помалку ни повеќе – немало шанси да бидеме 4-та економија во Европа, ОДНОСНО ДЕКА БРИСЕЛ ГИ ЛАЖИРА РЕЗУЛТАТИТЕ.

„Да излезе премиерот и да каже дека сме четврта економија во Европа – не знам дали е повеќе смешно или трагично“, рече Филипче, потенцирајќи дека реалноста на граѓаните да ти била сосема спротивна. Контра-аргументи, не соопшти. Значи, според него Евростат лаже, бидејќи премиерот Мицкоски само ги пренесе резултатите од истражувањето на реномираниот ЕВРОСТАТ, дел од ЕУ и Комисијата за економија (т.е. ЕУ министерство за економија).

Тој укажа и на наводниот рекорден јавен долг и економските притисоци со кои се соочувале граѓаните и компаниите, но не го спомна актуелниот економски раст од 3,2 насто и оној од 1% за време на нивното владеење.

„На ваква економска ситуација, со практично крахирана економија и седум милијарди евра долг, со кој ги задолжуваат следните, па дури и неродените генерации – тоа е апсолутна катастрофа“, рече популистички Венко пред сопартијците во Кочани , но заборави да каже од каде му е Ауди џипиштето од 180 илјади евра и како е поврзан со аферата со јаглен со Вице Заев со кого имаат фирма на иста адреса во Петрич, Бугарија.

Освен што не кажа како се нашол во Муртинскиот триаголник во кој јагленот од Грција се горел во Македонија,  а парите (9 милиони евра) се сливале во Бугарија кај братот на менторот му Зоран  Заев, Филипче не кажа ни за хациендата која „ја нема“ на скопско Нерези, ниту за одговорноста во мега-асферите со трагедиите во Модуларната болница и Онкологија тешка 35 милиони евра, најголемите медицински афери во историјата на независна Македонија, двете во време кога тој е прв човек на македонското здравство.

Не објасни ни што му е планот со златната виза за Дубаи…

Најнови вести од Македонија

To top