Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Филипче го нарушува единството со тоа што е против стратешкиот договор со Велика Британија

Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси. СДС е синоним за криминал, корупција и предавства, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче го нарушува единството со тоа што е против стратешкиот договор со Велика Британија

Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена. Само Венко Филипче и СДС ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДС се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни вести.

Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и шири инсинуации во врска со договорот.

Со Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји.

Договорот со Обединетото Кралство е важен поради најмалку две причини.

Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот.

Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти.

Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. Ќе започне нов силен циклус на економски раст.

Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси. СДС е синоним за криминал, корупција и предавства, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top