Македонија попречени од страна на дел од жителите

Електродистрибуција: Корисници од селото Света Петка немаат струја поради нелегални приклучувања

Околу 150 домаќинства остаана без електрична енергија.

Електродистрибуција: Корисници од селото Света Петка немаат струја поради нелегални приклучувања

Околу 150 домаќинства остаана без електрична енергија.

Поради континуираните нелегални приклучувања и неконтролираното трошење на електричната енергија, денес настана дефект од посериозни размери во мрежата во сопственост на Електродистрибуција.
Во моментов сите корисници од селото Света Петка немаат снабдување со електрична енергија, соопшти Електродистрибуција.

Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација, но беа попречени од страна на дел од жителите. Поради вербалните закани и неможноста за работење, екипите се повлечени од селото, потенцираа во соопштението.

Од Електродистрибуција потенцираа дека загубите во селото се над 60%, додека наплатата на електричната енергија е само 7%.

Како податок нагласија дека низ годините компанијата повеќепати се потрудила да ја реконструира мрежата во селото Света Петка и за таа цел се реализирале и состаноци со населението, но без никаков резултат.

-Жителите на селото Света Петка се соочуваат со прекин во снабдувањето со вода и електрична енергија, откако во раните утрински часови настана дефект, соопшти Електродистрибуција.

Најнови вести од Македонија

To top