Македонија општински посети

Амбасадорот на Европската Унија Рокас во посета на Велес

За време на посетата Рокас ќе се сретне со градоначалникот на Велес, Марко Колев и ќе разговара и со членовите на Советот на општината.

Амбасадорот на Европската Унија Рокас во посета на Велес

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас денеска ќе го посети Велес, во рамки на серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во ЕУ.

Како што се посочува во соопштението од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, со овие посети се истакнува важноста на интеграцијата и нејзиниот придонес во развојот на локалните заедници.

За време на посетата Рокас ќе се сретне со градоначалникот на Велес, Марко Колев и ќе разговара и со членовите на Советот на општината.

Подоцна, амбасадорот на ЕУ ќе посети проекти финансирани од ЕУ кои придонесуваат за подобро позиционирање на повардарскиот вински регион на туристичката мапа поради неговото богато културно наследство и гастрономија. Рокас ќе се сретне со поединци од различни струки кои ја претставуваат локалната заедница во Велес и кои покриваат широк опсег на вештини од социјални, уметнички до промоција на туризмот.

Посетата ќе се заокружи со средба со млади во Јуроп Хаус како „местото на новата генерација“ во Велес. Амбасадорот Рокас ќе разговара со новоизбраните членови на локалниот младински совет, претставниците на Младинскиот центар Велес и Младите европски амбасадори од Велес.

Најнови вести од Македонија

To top