Хроника

Возел со 2,10 промили алкохол во крвта

СВР Охрид во текот на претходната ноќ привела возач кои возел под дејство на алкохол.

Возел со 2,10 промили алкохол во крвта

На 22.05.2025 во 23.41 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(45) од охридското село Долно Лакочереј. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,10 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

To top