Хроника

Лишен од слобода возач во Пробиштип затоа што управувал возило по дејство на алкохол

При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

Лишен од слобода возач во Пробиштип затоа што управувал возило по дејство на алкохол

На 21.05.2025 во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода О.Т.(39) од Пробиштип. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .

To top