Андоновски од Вашингтон од состанокот на IDU: Социјалдемократските партии не се грижат за демократијата и владеењето на правото, тоа е случај и во Македонија

Почитувани пријатели, на крајот сме на уште еден форум на Internacional Democrat Union, најголемата светска организација на десничарски партии. Како ВМРО-ДПМНЕ имавме делегација и активно учествувавме на овој настан. Можам да истакнам дека ги споделивме најважните прашања кои се однесуваат на Македонија, на состојбата во Македонија и на борбата против корупцијата како најзначајното прашање кое ги засега десничарските партии од регионот но и десничарските партии во целиот свет.
Определбата на сите партии од регионот и светот е дека мора да постои правна држава, владеење на право во нашата држава и силна борба против корупцијата.
Режимите на Социјалдемократските партии во светот, но и во Македонија покажаа дека тие не знаат да се грижат ниту за демократијата, ниту за владеењето на правото, а најмалку за борбата против корупцијата. Затоа многу е важен овој состанок на кој ги споделивме искуствата од државите кои се соочеуваат со случни проблеми, кои се хибридни режими и кои се многу ниско на скалата на Транспаренси интернешенал, и заедничката борба од овде од Вашинготн, но и од сите главни градови во светот мора да биде  против ваквиот систем и ваквите режими.
Како партија остануваме посветени на европската интеграција на Македонија, на атлантскиот пат на Македонија, на пат кој не смее да биде закочен со национални отстапувања, национални понижувања и газење на македонскиот национален идентитет.
Токму за овие прашања заборуваме на овој тридневен настан, продолжуваме активно да учествуваме во работата на IDU и на другите настани на нашите меѓународни партнери.

Андоновски: Арсовска во време на најголема криза од ЈП Водовод брка од работа 100 вработени

По агресивниот настап на градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска и противправното разрешување на директорот на ЈП Водовод, Златко Перински, градоначалничката Арсовска прави уште еден непромислен, избрзан и нечовечки упад.

Во нејзин стил, како познатата порака која кружи низ градот Скопје – „од утре да го нема“, градоначалникот најави прекин на договорите за работен ангажман на околу 100 вработени во Градот Скопје односно во ЈП Водовод.

Во време на најголема криза во најава, од работа се планира да се избркаат 100 работници од ова јавно претпријатие. Без објаснување каде овие луѓе згрешиле. Без замерки за нивната работа. Без аргументи. Знаеме дека во периодот од 05.07.22 до 07.07.22 во ова јавно претпријатие извршен е инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат на труд, за кој има записник, дека се во врска со работните односи е кристално чисто и дека Водовод е институција каде сите влезови и излези се евидентирани на електронски систем, како и со потпишани пропусници и за службен и за приватен излез на вработените. Значи нема отсуства од работа и нема недостатоци.

Но, Арсовска, спротивно на било каква логика или доказ, го разреши и директорот на ова јавно претпријатие. И сакаше и да го разреши и секретарот на Градот Ѓоко Велковски откога истиот си поднесе оставка, од се уште неразјаснети причини поврзани со јавното претпријатие.

И покрај успесите во работењето, проектите, позитивните промени, како и позитивните оценки од меѓународните кредитори, Арсовска реши да го разреши Перински.

Сега, истото го прави и на недолжни работници кои посветено си го вадат својот леб од работата во јавното претпријатие. Од работен ангажман се бркаат луѓе кои својата работа ја вршат повеќе месеци, а некои од нив и со повеќе години. Наместо нивната стабилност да биде гарантирана пред очекуваната криза, тие сега се бркаат.

На ова непромислено, избрзано, импулсивно и неаргументирано однесување на Арсовска реагираат и бројните синдикати на вработените во претпријатието.

Почитувани,

Гласно алармираме дека Градот не смее вака да се води.

Данела Арсовска нека се вразуми, и во духот на успешен менаџер за каков што се претставуваше нека се воздржи од вакви нагли и непромислени потези.

Луѓето заслужуваат да си ја задржат работата која си ја вршат со посветеност и чесност.

Градоначалник, запрете ја постапката. Заборавете на реваншизам кон недолжни работници.

Посветете се на реализација на проектите.

Андоновски: Скандалозниот избор на конзули го загрозува меѓународниот имиџ на Македонија

Со постапките за избор на македонски амбасадори, Владата на ДУИ и СДСМ го нагризува меѓународниот имиџ на Македонија.

Со оваа тајна и штетна игра на Бујар Османи се уништуваат сите меѓународни позиции на државата.

Од доаѓањето на власт, дипломатските претставништва или се оставаат празни со години, или на позиции амбасадор или конзул се поставуваат контроверзни лица, лица со проблематично минато, комплетно несоодветни кадри или синови и ќерки на провладини аналитичари.

Прво, власта со сила го турка назначувањето на еден од најконтроверзните ликови во македонската политика.

Љубомир Фрчкоски е човек на кој Владата на САД му го одби назначувањето како амбасадор во Вашингтон, а сега упорно се предлага за амбасадор во ООН во Њујорк.

Човек кој не добил дозвола да биде амбасадор од земјата-домаќин, сепак се испраќа за амбасадор во истата држава.

Се работи за посрамување на нашиот стратешки пријател, а истовремено и на државата.

Затоа ни малку не сме зачудени од вчерашните најави за непримерни дипломатски игри на МНР.

Иако Законот за надворешни работи во членот 49 бара лицата кои се назначени за амбасадори надвор од структурата на МНР да бидат афирмирани личности во областа на надворешната политика и меѓународните односи, сепак постојат најави дека се испраќаат лица со комплетно несоодветни биографии.

Прашуваме како е можно и дали е меѓународно афирмирана 28-годишна презентерка од телевизија за да биде македонски конзул во Њујорк односно во Њу Џерси?

Какво меѓународно искуство има оваа личност?

Што постигнала за афирмација на Македонија во САД?

Какво познавање има од конзуларните должности кои оваа позиција несомнено ги носи?

Дали воопшто го зборува англискиот и македонскиот јазик?

Според јавно достапните информации, за во Чикаго се избира за конзул и синот на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу, Петрит Муслиу.

Дали во овој случај меѓународна афирмација е што неговиот татко аналитичар постојано ја фали владината меѓународна политика?

Дали биографијата на конзулите се полни преку дебатни емисии за фалби на поразите на македонската дипломатија?

Ако овие кандидати се најквалитетните што можеме да ги пратиме во најмоќната држава на светот, зошто тогаш нивниот избор се прави тајно, далеку од јавноста, на затворени седници на владата?

Зошто избегнува одговор владиниот портпарол?

Зошто се бега од одговори и одговорност?

Почитувани,

Ова само ја надополнува бледата слика за македонската дипломатија.

Македонија веќе 4 години е оставена без највисоки дипломатски претставници во најважните престолнини во светот – членки на Советот на безбедност, соседи од клучно значење, главни европски центри и Вашингтон.

Во овој случај се работи за дипломатски скандал par excellence.

Со невидена леснотија се уриваат и онака кревките македонски дипломатски позиции.

Иако постојано зборуваме за скандали во раководењето на државата, суштински е опасно кога овие скандали ги преминуваат границите на државата и нѐ срамат во најважните центри на моќ во светот.

САД е постојана членка на Советот за безбедност на ООН, но и стратешки партнер на Македонија веќе 2 децении.

Загрижува оваа несериозност во назначувањето. Таа ја покажува дрскоста, неразбирањето на состојбите и комплетната негрижа за македонскиот меѓународен имиџ.

На овој начин, како држава служиме за потсмев во дипломатскиот свет.

Ова е само потврда на доминацијата на ДУИ во владата ДУИ-СДСМ.

Затоа, повикуваме на прекин на сите овие постапки за меѓународно оцрнување на државата.

Пендаровски да не се иззема од процедурите, кога тоа политички не му одговараат. Го повикуваме истиот да побара прекин на овие тајни постапки и да побара транспарентен и законски избор за нашите меѓународни претставници.

Постапките мора да се водат принципиелно, а лицата кои ќе ја претставуваат Македонија да имаат соодветни биографии, меѓународна афирмација, чест, достоинство и углед.

Андоновски: Шилегов и СДСМ го оставија град Скопје со над 160 милиони евра долгови

Град Скопје е оставен во огромни долгови од расипничкото владеење на СДСМ.
Петре Шилегов остава долг од 160 милиони евра по најразлични основи. Буџетот на градот е оставен на милост и немилост на добавувачите.
Прва и најголема ставка се идни обврски по веќе склучени договори од страна на Шилегов, како и доспеани и недоспеани обврски од 58 140 000 евра. Тоа значи дека градот веќе должи над 58 милиони евра за договори кои Шилегов нелегитимно ги склучувал за во иднина.
За кога знаел дека нема да биде градоначалник. Тука спаѓаат трошоци за рекламирање, анкети, невладини организаци блиски на Шилегов, непродуктивни трошења. Дел од овие обврски, како што беше предновогодишното китење на градот, новата градска администрација успеа да ги скрати. Но, остануваат сериозни суми средства кои во понатамошниот период ќе треба да се исплаќаат.
Понатаму, 11 380 000 евра се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори по однос на јавни набавки во 2021 година. Градот Скопје има склучено и вкупно 7 договори за заем и можности за идни кредитни задолжувања и тоа 4 договори со Светска банка, 1 со ЕБРД и 2 договори со домашни комерцијални банки и сите тие во вкупна висина од 32.082.374 евра.

Тука спаѓаат кредитите за мегаломанските проекти за мостот АСНОМ кој води до приватни домови и дворови. Проектот за Момин поток каде што нема никакво решение за откуп на приватно земјиште, куќи и стопански објекти.
И проектот без проект – Бас Рапид Транзит – кој предвидуваше рушење на паркови, опасност за водоснабдувањето на Скопје и хаос во сообраќајот. Само овој последниот проект, освен 70 милиони евра кредит, не предвидуваше дополнителни средства за изградба на потребниот мост помеѓу Карпош и Влае, за дислокација на водоводни цевки, за дополнителни сообраќајни решенија потребни за реализација.

Ова се пари фрлени во воздух. Без никаква реална добивка за граѓаните.

Со сите овие расходи, доспеани и недоспеани обврски и кредити од банки се во вкупен износ од 158 милиони 196 илјади 797 евра.
Ова се пари кои можеше да се наменат за реални проекти од кои бенефит ќе видеа сите граѓани. Вака, никој сѐ уште не може да знае каде се се трошеле парите на граѓаните.

Почитувани, најавуваме дека за трошењето на сите средства на градот се води темелна внатрешна ревизија. Доколку се утврдат неправилности, поранешниот менаџмент на градот и јавните претпријатија ќе сносат одговорност во согласност со закон. Парите на граѓаните не смее да се трошат на непотребни желби и хирови на носителите на власта.

Андоновски: Негрижата на Шилегов излезе на виделина, не потпишал налози за да се исплатат плати на вработените во градските претпријатија

Негрижата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов кон сите, но најмногу кон вработените во Градот Скопје и градските претпријатија, има свој ефект и по неговото заминување од функцијата.

Поранешниот градоначалник си заминал од функцијата, без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија.

Петре Шилегов не потпишал налози за да се исплатат плати на вработените во градските претпријатија. Стотици вработени останаа со задоцнети месечни примања затоа што на Петре Шилегов му било тешко да ги исплати платите.

Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Освен што овие претпријатија се направени загубари во последните 4 години, сега и вработените не можат да ја земат својата плата заради неодговорниот однос на претходниот градоначалник.

Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, времето го потроши за да потпишува договори од 240 илјади евра да го осветлува Скопје со сијалички во време на енергетска криза.

Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, го потроши времето да додели награди на Венко Филипче и на Денко Малески. На првиот, затоа што најкатастрофално се справува со корона пандемијата. А, на вториот затоа што смета дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.

Вработените треба да бидат спокојни.                                 

Новото раководство на градот Скопје, во најкраток можен рок ќе го разреши оставениот проблем од претходниците. Вработените во претпријатијата ќе можат да сметаат на целосна исплата на нивните плати и надоместоци.

Со Бојан Маричиќ оваа влада на Заев не може да биде реформска

Владата во најава е се освен реформска. Ниту има нови лица, ниту тие лица се чесни, ниту пак се компетентни во секторите кои сега им се зададени. Ова се истите стари, истрошени, транзициски кадри кои го клекнаа судството на колена, а за возврат се обогатија со Луј Витон куфери.
Кадрите на Зоран Заев стануваат експерти за сè, од надворешни работи во правда, од труд во економија до образование, од градоначалници во министри итн.
Бојан Маричиќ, од советник на Заев и главен промотор на штетниот Преспански договор, сега се предлага за министер за правда. Министерот во најава е познат по тоа дека ја лажеше јавноста дека референдумот за името бил успешен, но и по неговата изјава дека „Гоце Делчев, кој бил и бугарски херој, не треба да не разделува со Бугарија“.
Бојан Маричиќ, како дел од Шарената револуција протестираше за реформирано судство. Во исто време неговиот родител беше дел од Републичкиот совет на обвинители за потоа да стане Виш јавен обвинител. Против чив непотизам ќе се бори министерот во најава, за какви спреги и кочници помеѓу извршната и судската власт зборуваме?
Како Бојан Маричиќ ќе носи реформи во судскиот систем, кога неговата сопруга на итна седница дента кога беше назначена и додели стипендија од 40.000 евра на ќерката на владиниот колега Никола Димитров? Дали можеби сопругата на Маричиќ ќе остане шеф и на неговиот кабинет, како што беше шеф на кабинет на Дескоска? И всушност зошто Дескоска заминува? Дали е тоа заради тоталниот неуспех да се реформира судството, застарувањето на предмети, очигледните политизирани судски одлуки, политичкиот реваншизам против неистомислениците, договорените казни од стотици години за уставобранителите? Или заради трите амнестии на криминалци од претходниот состав на Собранието?
Заев, кој своевремено сакаше да ги предводи судските реформи, сега тоа му го препушта на уште еден од низата „лажни експерти“ по сите прашања. Навистина е чудно како може еден ист човек да е експерт и за невладин сектор, и за евроинтеграции и надворешни работи, и за правда. Не е ни чудо што според сите параметри сме прогласени за хибриден режим, а судскиот систем е најслабо оценет за неговата ефикасност и транспарентност и од македонските граѓани и од Европската Унија. На овој начин судството ќе продолжи да тоне. Случаи ќе застаруваат, „обичниот“ граѓанин ќе биде казнуван, а на моќниците ќе им се простува, ќе продолжи да цвета корупцијата, непотизмот и партизацијата. Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе прави се што сака.
И доколку сака Маричиќ да покаже дека е борец за реформирано судство, го повикувам во првите денови да се позанимава со десетиците пријавени случаи за изборен поткуп за кои обвинителството молчи, да побара вештачење на мобилните телефони на лицата од случајот „Рекет“, и да побара одговорност од обвинителката за организиран криминал зошто се уште не се позанимавала со случајот „Ден Дончев“.
Оваа влада во најава е влада со краток рок на траење. Од нејзе можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања.

Андоновски: Зголемена е за 18 пати стапката на финансиски криминал во споредба со 2016

Рекет демократијата на Зоран Заев достигна меѓународно реноме. СДСМ дваесеткратно ја зголеми стапката на финансиски криминал во Македонија, рече на денешната прес-конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според јавно објавените податоци на Управата за финансиска полиција, Коалицијата „Сите за правично судење“ објави графици кои укажуваат на тоа дека материјалната штета врз буџетот на Република Македонија поврзана со финансискиот криминал е највисока во 2019 година. Стапката на финансиски криминал минатата година била 18 пати повисока отколку пред четири години. Од графиконите јасно се гледа дека во 2016 година е регистрирана најниска стапка на финансиски криминал, а веќе следната година штетата на буџетот драстично се зголемува повеќе од двојно и нагорниот тренд се одржува и во сите овие години од владеењето на СДСМ. Корумпираната власт на СДСМ, според јавно објавените податоци, е причина за над 9 милијарди и 300 милиони денари, кои на годишно ниво се излеваат од државната каса. За овој криминал, македонските граѓани плаќаат од сопствените џебови. Се работи за над 150 милиони евра годишно, или од 2017 до 2019 година за над 300 милиони евра оштетувања на буџетот. Тоа е вредност од два автопати од Скопје до Штип, 300 градинки или 60 основни или средни училишта. Наместо во инвестиции, овие пари отишле во нечии приватни сметки. Од анализираните податоци, најмногу се работи за кривичното дело „Затајување данок“, за кое е запретена казна затвор од пет години. Отворено прашуваме, дали и колку лица се казнети за даночно затајување во 2019 година? Прашуваме и дали затаените и украдени средства се вратени во буџетот на Република Македонија? Во текот на владеењето на СДСМ, Македонија руши рекорди во најлошите ранг-листи во светот. Неодамна бевме прогласени за хибриден режим од страна на светски угледното списание Економист. Транспаренси Интернешнал ја класифицираше Македонија на 106 место по корупција, а подобри од нас се Босна и Херцеговина и Косово. Убедливо сме една од најкорумпираните држави на Балканот. Скоро, Стејт департментот ни забележа за висока корупција и ограничената независност на судството. И наместо правда и мир, добивме илјадници евра кои недостасуваат од благајните на државните институции, проневерени средства од директори блиски на Зоран Заев, и рекет од страна на оние кои треба да ја штитат законитоста. Сето тоа под палка на корумпираната власт на СДСМ, истакна Андоновски.

Но, доста е! Македонскиот народ не заборава, и казната ќе дојде до сите оние кои краделе од џебот на македонските граѓани, додава тој.

Андоновски: Димова призна дека направила прекршок, и дека недостасуваат пари на сметката на Агенцијата

Криминогеното однесување на раководството на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е надополнето со притисоци, уцени, закани, тензија и мобинг на вработените. Агенцијата која треба да биде пример во соработката на Македонија со Европската унија, затоа што е одговорна за распределување на европските фондови во образованието, младите и спортот, станува пример за коруптивно, недомаќинско и незаконско однесување. Директорката на агенцијата, Лидија Димова ги потврди наводите на ВМРО-ДПМНЕ за три аспекти – дека навреме не била поднесена годишна сметка, што е казнив прекршок, дека недостасуваат пари во благајната на Националната агенција и дека набавиле возила во вредност од околу 100.000 евра, реагира Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата прес-конференција ја пренесуваме во продолжение: 

Затоа, ги повикуваме основното јавно обинителство во Скопје, како и обвинителството за организиран криминал и корупција да ги истражат наводите, и да расчистат кој е одговорен за настанатата ситуација која не срами пред европските институции.

Во врска со тоа дека во Агенцијата недостасуваат пари на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на Европската унија, има три алтернативи:

Првата, е дека Лидија Димова не знаела дека лица за кои се смета дека се нејзина „десна рака“ неовластено земале пари од институционалната благајна без покритие. Што, како одоговорно лице, најмалку ја прави небрежна во работењето.

Или можеби Лидија Димова знаела дека нејзината „десна рака“ неовластено зема пари и се обидувала да ја сокрие состојбата? Ова ја прави Димова соучесник.

И третата алтернатива, Лидија Димова учествувала во неовластеното трошење на парите од институционалната благајна, со ова дали станува Лидија Димова соизвршител?

Не би сакале да веруваме, дека Лидија Димова, познатиот шарен револуционер за правда, сега станува соизвршител во вакви кривични дела. Но, тоа треба да го покажат обвинителството, Државната комисија за спречување на корупција, како и другите надлежни органи.

Покрај дводневните лични дисквалификации и навреди кон ВМРО-ДПМНЕ, Димова не одговори дали возилата од 100.000 евра се употребувале за лични потреби? И дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?

Наместо Димова да се заканува, отвора дисциплински постапки и неосновано да доделува откази на вработени во Националната агенција, нека соработува со институциите за да го расчисти срамот во кој ја втурна Националната агенција за европски образовни програми. Вработените, исплашени од нерешавањето на објавените скандали минатата година, не веруваат во заштитните механизми на Националната агенција и затоа пријавиле до сите надлежни институции преку емаил. Лагите на Лидија Димова се прочитани!

На крајот, затоа што Димова не е подготвена на личен морален чин на оставка, бараме од Управниот одбор на Националната агенција, кој е информиран веќе подолго време за незаконитото работење на агенцијата, да ја разреши од функцијата. Тука во игра стапува членот 17 од Законот за Националната агенција кој вели дека Управниот одбор може да го разреши Директорот и ако се утврдат сериозни неправилности во неговото материјално-финансиско работење поради што е нанесена штета на Националната агенција.“

Време е за одговорност!

Андоновски: Димова, пуленот на Заев, трошела стотици илјади евра на самопромоција без тендер и доделувала финансии на свои блиски организации

Во изминатите денови ја информиравме јавноста за криминогеното однесување на раководството на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Оваа Агенција е одговорна за распределување на европските фондови за финансирање на образование, мобилност, млади, спорт и граѓански сектор. Во паника од откривањето на незаконското работење, директорката на агенцијата, Лидија Димова ги потврди наводите на ВМРО-ДПМНЕ и не демантираше ниту една поента од вчерашната прес конференција, реагира Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата прес-конференција ја пренесуваме во продолжение:

Обзнанивме дека Димова, пуленот на Зоран Заев, трошела стотици илјади евра на самопромоција без тендер и доделувала финансии на свои блиски организации. Фрапантно е и дека Димова признава дека од благајната на Националната агенција недостасуваат пари, но таа не се согласува дека се работи за десетици илјади евра без покритие.

Затоа, ја повикуваме Димова да ги прикаже на македонската јавност документите со кои се покажува дека во Агенцијата недостасуваат пари на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на Европската унија. Зошто таа, како одговорно лице, нема покритие зошто недостасуваат овие пари?!

Исто така, помеѓу редовите навреди и лични дисквалификации, Димова не успеа да одговори дали набавила возила во износ од 100.000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби? И дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени од лица блиски на Лидија Димова?

Во меѓувреме, сведоци сме на информации од страна на вработени во Агенцијата кои се жалат на притисоци, мобинг и закани заради изнесените информации во емаил порака која е доставена до сите домашни и странски надлежни институции.

Денес, прашуваме и дали се точни наводите во емаилот дека Националната агенција должи илјадници евра кон приватни и државни организации со кои има потпишано договори за грант? До нас стигнуваат поплаки дека средствата не се исплаќаат, а во исто време се бара и нивен поврат.

Истовремено, прашуваме и дали директорката Димова врши влијание врз надворешни експерти при оценувањето на апликации и финални извештаи, при што фаворизира нејзини блиски организации и лица. Подоцна таа ги ангажира истите како тела за вршење анализа и спроведување обуки за кои исплаќа баснословни суми. Според овие информации, овие обуки се спроведуваат со ресурси на Националната агенција, а темата на обуките е предмет на работа на вработените, за што не мора да се плаќаат дополнителни надоместоци од илјадници евра на нејзините блиски лица.

Во целиот изминат период, Димова се заканува, уценува, отвора дисциплински постапки и неосновано доделува откази на вработени во Националната агенција. Ова, според информациите, е за да ги спречи вработените да не изнесуваат информации за незаконитото раководење на истата. За жал, Димова не може да излезе од матрицата на самобендисаниот квазиинтелектуализам и да сфати дека својата месечна плата ја добива на грбот на нас граѓаните на кои ни должи одговори, а не навреди. Таа очигледно покажува авторитарно, противзаконско и малициозно однесување.

Сепак, до нас пристигнаа информации дека за ова поведение на Димова, информирани се службите на Европската комисија, ОЛАФ како и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

По официјалното признание за незаконско работење во Национална агенција, бараме надлежните институции да покренат соодветна постапка против раководството на Националната агенција. Бараме и неодложна оставка на Лидија Димова!

Андоновски: Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и во време на епидемија работи незаконски, бараме оставка од Лидија Димова

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати изминатата година обелодени дека има незаконитости во работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е надлежна за распределба на фондовите на Европската унија во областа на образованието, мобилноста, како и невладиниот сектор – познати под името Еразмус+.

Предупредувавме за сомнителни тендери од стотици илјади евра за саморекламирање на Агенцијата, доделување средства на едни исти организации, исплати кон лица блиски на СДСМ и директорката Лидија Димова, како и бројни други нерегуларности.

Во време на криза, забележливо е дека Агенцијата повторно има незаконитости во работењето. Имено, директорката Димова пуленот на Заев од Шарената револуција навреме не поднела завршна годишна сметка до Централниот регистар. Со тоа, Димова не го испочитувала законски утврдениот рок за доставување на годишна сметка и финансиски извештај кој истекува во месец март. До минатата недела, институцијата се водеше како неактивна и може да уследи бришење од регистарот.

До нас, но и до сите државни институции викендов пристигнаа информации за огромни незаконитости и сомнително финансиско работење на Националната агенција. Затоа, јавно ја прашуваме Лидија Димова:

Дали годишната сметка не е поднесена во законски определениот рок затоа што од благајната на Агенцијата недостасуваат десетици илјади евра кои не може да се оправдаат? Дали постои Изјава дека лице блиско на Лидија Димова лично и неосновано ги зело парите од службената благајна, но за тоа сеуште нема никаква постапка во ниедна институција?

Дали Димова исплаќала експерти, нејзини блиски соработници и активисти на СДСМ, кои воопшто не се појавувале на настаните организирани од Националната агенција?

Дали Димова набавила возила во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби? Дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во доцните ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ опоменуваше и за илјадниците евра кои биле префрлани на едни исти организации, на спорни тендери и на луѓе блиски до СДСМ. Алармиравме и за над 100.000 евра исплаќани на агенции за промоција, без одржување на тендер во четири очи. Информиравме за недозволени консултанти кои наплаќаа провизија, како и за вработувања на блиски лица до директорката Лидија Димова и Зоран Заев, како и од нејзината поранешна невладина организација. За жал, досега за ниеден од овие наводи нема одговор од ниедна од надлежните институции.

Граѓаните, во ова време на криза, заслужуваат одговори за недомаќинското и сомнително трошење на нивните пари и парите на граѓаните на Европската унија. Апелираме до сите институции, без одлагање да започнат постапки и да ја расветлат ситуацијата во Националната агенција, која наместо за пример стана срам во нашето интегрирање кон Европската унија.

Бараме итна оставка од Лидија Димова!

Андоновски: Дане Талевски да одговори зошто не се појави на закажаната одбрана на тези пред неговото именување за Амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел?

СДСМ ја срами Република Македонија пред нејзините најважни партнери – НАТО Алијансата. Македонија и македонската дипломатија не може да бидат респектибилен меѓународен партнер се додека се водени од луѓе како Зоран Заев и Никола Димитров, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Катастрофалната персонална политика во МНР резултира со нови гафови. Заев и Димитров си поигруваат со државата, кога нивните предлози за амбасадори си поигруваат со процедурите. Несериозно и срамно е однесувањето на Дане Талевски, советникот за меѓународна политика на Заев кој не се појави на закажаната одбрана на тези пред неговото упатување во Брисел. Скандал кој ретко или никогаш не се случува во кариерата на професионалните дипломати. На овој настан, Талески требаше да ги брани дипломатските тези во врска со неговото именување за Амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Ако Талевски немал тези или не стигнале да му ги напишат, би било почесно да си признае. Со ваквото скандалозно непојавување се покажува дека заложбите на Владата на СДСМ за зачленување на Македонија во НАТО се декларативни и паушални. Кога треба тоа да се одработи во пракса, СДСМ има капацитет само за афери кои земјава ја прават несериозен партнер на најмоќната светска воена организација. Прашуваме, зошто се случува ова откажување, кога СДСМ вели дека треба да се забрза пополнувањето на амбасадорското место во НАТО непосредно пред очекуваниот ден за прием на Македонија во Алијансата? Дали е тоа затоа што Талески нема добиено безбедносен сертификат, односно владата и МНР премногу доцна ја почнале процедурата за негово испраќање во седиштето на НАТО?, прашува Андоновски.

Тој исто така прашува дали при проверките може да се утврди дека Талески имал блиски контакти со претставници на други служби, па постои можност за уште поголем срам, односно тој да не добие „зелено светло” од државите членки? Дали можеби се работи на внатрепартиско-владин судир на линија Заев, Спасовски, Димитров, Пендаровски кој го вклучува Талески? Или пак се работи за прекршувањата на процедурите од неспособност за што алармираат македонските дипломатските синдикати? Го прашуваме министерот Димитров дали запирањето на постапките се случува затоа што го исплаши тоа што медиумите открија дека и други именувања на амбасадори се прават со прекршување на законски уредените процедури, во врска со двојни државјанства и други недостатоци, за кои тој треба да одговара затоа што ставил потпис?

-СДСМ треба да преземе одговорност за срамот што и го намесува на Република Македонија во најстратешките институции со кои соработуваме и сме партнери. За среќа, по 12 април и Обновата на Македонија, нашите партнери ќе го имаат вниманието и почитта кои ги заслужуваат. За доброто на Македонија, Зоран Заев и СДСМ, никогаш повеќе, вели Андоновски.

Андоновски: Министерството за надворешни работи е во сериозна кадровска криза, а угледот на Македонија низ светот се руши

Министерството за надворешни работи е во сериозна кадровска криза, а угледот на Македонија низ светот се руши, затоа што МНР си игра кадровска политика со целосно несоодветни кадри. Последните именувања на генерални конзули во дипломатско конзуларните претставништва, кои треба да бидат лицето на нашата земја, само го потврдува тоа. ВМРО-ДПМНЕ ја споделува изненаденоста на македонската јавност од владината одлука за именување на извесен Дејан Ѓучиќ за Генерален Конзул во Солун, Република Грција. За ова кадровско решение со мистериозна биографија речиси и да нема информации, освен дека е член на економско-социјалниот совет на СДСМ и донатор на владејачката партија. Неговото назначување на оваа исклучително чувствителна позиција, за жал, не е проследено со опис на квалификациите кои ги поседува. Јавноста воопшто не знае кои се тие квалитети кои го лансирале како најдобар кандидат при изборот, изјави денеска Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Втор случај е Јордан Панев, веќе испратен конзул во конзулатот на Македонија во Њу Џерси, за кого познато е дека често заспива на официјални средби. Иако е назначен да им служи на барањата на македонските граѓани во САД, често се забележува во барови и ресторани на 40 км северно од Њу Џерси во состојби кои не му доликуваат на функцијата која ја врши. Трет случај е Реџеп Адеми, генерален конзул на Македонија во Минхен, кој не престанува со провокации и навреди кон македонските граѓани по етничка и по верска основа. Македонската дијаспора и лично го информирала министерот Никола Димитров дека наместо македонското знаме во македонскиот конзулат е развиорено знамето на Република Албанија. Одговор од Министерот – нема. Четврти случај е сопруга на директорот на Државниот Архив, Емил Крстевски, Сања Зографска Крстевска, која, најверојатно заради партиско-политичките заслуги на нејзиниот сопруг, после кариера во мултилатералата ќе биде испратена како конзул во Мелбурн.“

-Потоа следуваат партиските апологети и личните фанови на високите структури во СДСМ и МНР – Драган Алчинов, кој од шеф на СДСМ во Гевгелија, од скоро станува дипломат, одговорен за геостратешки прашања, Маја Стојанова – активистка на СДСМ која исто така од скоро е дипломат. Затоа, почитувани, прашуваме, Дали целта на новата срамна систематизација во МНР е деградирање на професионални дипломати на сметка на партиски апетити, и уништување на меѓународниот углед на Македонија? По кои критериуми е направен изборот за генерални конзули и зошто нивните биографии не се на увид на јавноста? Уште колку години ќе треба да чекаат вработените дипломати кои ги поминале сите скалила во професионалната дипломатија на унапредување, затоа што местата им се зафатени од партиски послушници? Кога ќе бидат унапредени млади дипломати со одлични биографии кои и после три години од владеењето на СДСМ се уште се помлади соработници?, потенцираше Андоновски и подвлече:

„Дали на денешната Владина седница, точка на дневен ред е затворање на конзулатот во Венеција, а отворање на конзулат во Милано? Дали е ова една од многуте елитистички мерки која нема никаква цел освен задоволување на партиските апетити? И конечно, дали партискиот бекграунд, политичката поддршка, личните желби и изборните донации ќе продолжат да бидат основен критериум за избор на наши претставници на највисоки позиции од стратешки и државен интерес? Доста е, време е за одговорност!“