Лефков: Поминаа 2 месеци откако ја обелоденивме Броило, Ковачевски во центарот на 26 милионска афера, институциите молчат

Поминаа 2 месеци откако ја отворивме аферата Броило, а одговор од институциите нема.
Премиерот Димитар Ковачевски беше во средина на оваа афера преку која се свртени над 26 милиони евра од фирмите Пиксел груп, на која основач е самиот тој, КМГ ЕОЛ Квазар, основана од неговиот кум Горан Паунов и АЕ СОЛАР АД од Тетово.
Да потсетиме целиот овој картел почнува со доаѓањето на СДС на власт. Ковачевски и Паунов ја формираат Пиксел груп неколку месеци откако Зоран Заев ќе направи влада, и набргу потоа градат цела фабрика.
Преку Пиксел груп тие во тој период од владата земаат 443.285 евра и уште 70 илјади евра преку Фондот за иновации. Во најголемиот дел од периодот кога државата и исплаќа пари на Пиксел груп, Ковачевски е заменик министер за финансии. Додека пак најголемата исплата од над 200 илјади евра се случува на 30 декември 2021 година, во време кога Ковачевски е мандатар за состав на нова влада.
Понатаму аферата Броило се разгранува и преку КМГ ЕОЛ Квазар кои како фирма за изведување и други услуги добила тендери од државата во висина од околу 2 милиони евра за инсталирање на соларни панели, и тоа откако СДС е власт.  Уште еден бизнис од над 2 милиони евра е и договор склучен помеѓу фирмата на кумот на Ковачевски и ЕВН за изградба соларни централи за ЕВН по принципот клуч на рака.
4 милиони евра само во договори со државни институции, претпријатија и фирми каде државата има интерес за фирмите околу Ковачевски, и тоа во време додека истиот е на функција.
Целиот овој систем свој пик достигнува откако Ковачевски е избран за премиер. Имено неколку месеци по назначувањето на Ковачевски на премиерската функција од него основана Пиксел груп заедно со уште една бугарска фирма ја формира АЕ Солар АД Тетово, која треба да гради фабрика во ТИРЗ Тетово од 54 милиони евра.
Во АЕ Солар АД Тетово, фирмата основана од Ковачевски има удел од 40%. Тоа е инвестиција од скоро 22 милиона евра кои треба да ги инвестира истата.
Постои сериозен сомнеж дека Димитар Ковачевски кој во овој период бил носител на јавна функција можел да влијае на процесите и со тоа да ја донел оваа фирма во надредена положба над другите учесници во деловното работење.
Отворено e прашањето дали сега ДКСК ќе се одважи и ќе отвори предмет за овој скандал. Исто така, бараме и од ЈО да не го игнорираат овој случај и да отворат постапка.
Но, останува неизбежен фактот дека криминалот и корупцијата се случува во врвот на власта и оваа власт знае да владее и функционира единствено преку задоволување на своите приватни бизнис интереси.

Лефков: Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, и тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка 

Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, и тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка. 

Талат Џафери влезе во правни гимнастики и испокрши Деловник за работа на Собранието, Закон за рефеењндум и Устав, само за са му помогне на Ковачевски за да ја спаси фотелјата за некој месец. 

Имено Џафери според чл. 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието, не е овластен да го отфрли барањето, туку истото требаше да го проследи до претседателот на Законодавно правната комисија и до Комисијата за политички систем.  

Со отфрлањето е прекршен и чл. 26 од Законот за референдум, бидејќи според истиот предмет на референдум може да бидат и меѓународни договори, кои се ратификувани како закони во Македонија.  

И на крај Џафери го прекрши Уставот, кој го дозволува референдумот, како врвна демократска алатка. 

Талат Џафери помина низ сета оваа правна гимнастика и без правна основа го отфрли барањето, за да го спаси Ковачевски од дебакл. Бидејќи според нашите истражувања над 60% од Македонците ќе излезеа на референдум. И најголем број од нив ќе гласаа за поништување на договорот. 

Ковачевски се исплаши дека ќе му пропадне договорот, кој жестоко го бранеше, а потоа и дека и самиот тој ќе мора да си поднесе оставка и замина. 

Ковачевски можеби избега од референдум, но неговите денови во владата се броени, тој ќе биде жестоко поразен на наредните предвремени парламентарни избори. 

Лефков: Премногу е, протест на 18 јуни пред Влада, за рушење на оваа власт, за промени и подобар живот

Премногу е, молчењето не е опција, протест за рушење на владата на 18 јуни, протест за промени и подобар живот.

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на ИК на партијата заклучи дека власта имала доволно долг период да покаже резултати, но не само што не покажаа, туку и не внесе во голема сиромаштија, инфлацијата е двоцифрена, платите ниту еднаш не пораснаа, криминалот и корупцијата станаа начин на работа.

СДСМ и ДУИ катастрофално лошо се справија со здравствената криза, и во ек на пандемија додека народ умираше, договараа провизии на вакцини се нижеа набавки во 4 очи.

Владата не презема ништо да ја подготви државата во пресрет на енергетската криза. Плаќаме скапа струја не затоа што е висока цената на светските берзи, туку затоа што не произведуваме, па и до 50% од потрошувачката мора да ја увеземе. А производство нема затоа што се крадеше во РЕК и ЕЛЕМ.

Јавниот долг во сиот изминат период се зголемуваше од година во година, а капитални инвестиции нема. Долгот од 4.7 милијарди во 2017 година се искачи на 7.2 милијарди до сега, со најава за 900 милиони евра задолжување од ММФ и нова еврообврзница, а со тоа долгот ќе биде речеси дуплиран.

Оваа влада има дебакл и на меѓународно поле, 5 години само што не сме почнати со преговори за влез во ЕУ и 5 години само понижувања.

И сета оваа неработа власта ја круниса со криминал и корупција, со партизирано судство и администрација.

И по повеќе од година нема одговорност за несреќата кај Ласкарци, за изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија.

Повеќе од јасно е зошто СДСМ и ДУИ мора да си заминат. Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците, напатениот народ на Македонија.

Молкот не е опција!

Протест за промени и подобар живот!

ПРЕМНОГУ Е! ОВА Е ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ!

Лефков: ПГ на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози за измени во законот за земјоделство и рурален развој и законот за стокови резерви за помош на оризопроизводителите

На оризопроизводителите во Македонија итно им се потребни системски решенија за подобрување на состојбата во која се наоѓаат. 

За таа цел, а на барање на оризопроизводителите, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес до Собранието поднесе предлози за изменување и дополнување на два закони.

Тоа се Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за земјоделство и рурален развој и Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за стокови резерви.

Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој предвидуваме оризот да биде стратегиска земјоделска култура.

Со опфатот на оризот како стратегиска земјоделска култура ќе се обезбедат доволни количини за потребите на населението и задоволување на пазарот во состојба на глобална прехрамбена криза. Воедно ќе се овозможи на поедноставен начин да функционира пазарот, со што ќе се олесни откупот на оваа земјоделска култура и ќе се одбегнат ценовните манипулации.

Со  измените на Законот за стокови резерви кои ги поднесуваме, се предлага оризот да добие третман на производ од посебно значење и да стане дел од производите кои ги сочинуваат стоковните резерви.

Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот.

Неодговорниот однос на министерот Љупчо Николовски и на Владата на Ковачевски, ги доведоа оризопроизводителите во  катастрофалната состојба, поради кое е неопходна брза и решителна акција на Собранието , затоа очекуваме барањето да се стави како точка на дневен ред на седницата која што ќе се одржи во вторник.

За крај, би сакал уште еднаш да упатам порака до парламентарното мнозинство, предлозите да бидат прифатени согласно Деловникот и да добиеме можност пред целата македонска јавност да дискутираме и аргументирано да дебатираме за оваа проблематика и за клучната потреба од измени на овие закони.

Лефков: Убиецот на Тот е најден заради притисокот на јавноста, Спасовски 6 дена менува изјави, потребно беше медиумите да објават снимка за да МВР да каже дека е убиство

Се наоѓаме на местото на убиството на ракометарот Тот, на ова место во четвртокот рано утрото до смрт бил претепан младиот спортист, а едниот од убијците се даде во бегство и Спасовски 6 дена не можеше да го пронајде.

Шест дена убиецот е во бегство, за денеска под притисокот на јавноста и медиумите тој да биде пронајден. Спасовски не успеа да го обезбеди убиецот за органите на прогонот, тоа го стори јавноста и медиумите кои будно го следеа настанот.

Дека Спасовски немаше интерес убиецот да биде пронајден лесно може да се утврди и по неговите изјави, и изјавите од МВР преку соопштенија. Шест дена по ред Спасовски и МВР менуваа изјави и излегуваа со различни теории, кои сите беа претставувани како вистини, се додека медиумите не објавија видео снимка од убиството, па Спасовски само излезе и потврди дека имаат снимка. Значи беше потребно медиумите да ја објават снимката од која без сомнеж се гледа како е убиен, за Спасовски да почне да менува изјави.

Спасовски треба да одговори што правеле МВР од четвртокот рано утрото до попладнето кога вели дека излегле на терен, и зошто е оставен толку долг период, зошто веднаш не биле повикани сведоците, и не биле прегледани камерите, туку тоа се направило по неколку часа?

Дополнително Спасовски треба да одговори и дали во непосредна близина на настанот имало и полициски службеници кои не го спречиле настанот?

Ракометарот Тот можеби можел да биде спасен, доколку реакцијата на МВР била побрза, а со сигурност убиството ќе било расчистено уште првиот ден доколку Спасовски и КАРИЛ не го претставуваа убиството како несреќа, туку се насочеа кон расчистување на случајот.

Спасовски треба да одговори на овие прашања, а не да ја дефокусира јавноста со тоа дали дискотеката имала или немала лиценца. Тоа што неговите инспектори и инспекторите на Пазарна инспекција дремеле и не ја затвориле дискотеката, тоа не го уби Тот.

Смртта на човекот е прикривана од Спасовски и Ковачевски, тоа го пишуваа и хрватските медиуми. И одговорност за Спасовски мора да има. Оставка веднаш.

Лефков: Костадинов е пример за од голтар преку функционер на СДСМ до милионер, скапи мотори, часовници и станови, кои ги нема во анкетниот лист

Костадин Костадинов е уште еден пример како од голтар во СДСМ преку функција се станува милионер. Скапи часовници, мотори, станови се само дел од имотите со кои Костадинов располага откако е на функција.

Иако неговиот анкетен лист е скромен, доколку го погледнеме Костадинов заклучуваме дека зад тоа се крие поголем и полуксузен имот.

Па така во сред КОВИД пандемија додека сите бевме затворени во нашите домови заради мерките можевме да го видиме Костадинов на социјалните мрежи како вози скап мотор Дукати од 20.000 евра, кој не е впишан во анкетниот лист на Костадинов.

Тој никогаш не ги расчисти дилемите во јавноста ниту за неговиот луксузен стан во комплексот Џевахир во Аеродром, каде според пишувањата на медиумите живееше Костадинов. Станот во комплексот Џевахир исто така не е впишан во имотниот лист на Костадинов.

Луксузот на Костадинов може да се забележи и на фотографиите на настани како градоначалник на кои го гледаме со часовник од марката Гармин, за кој лесно се доаѓа до податок дека чини 71.480 денари. Тој часовник го нема во анкетниот лист на Костадинов, иако заради неговата вредност тој требал да го пријави.

Ова е само дел од имотот на Костадинов, кој тој го нема пријавено во својот анкетен лист, а постојат сомневања дека е негов личен имот.

ДКСК треба да отвори случај за Костадинов, а претседателката Билјана Ивановска да каже дали и Костадинов е дел од функционерите за кои зборуваше дека поседуваат станови и друг имот кој не е впишан на нивно име, туку се води врз други лица?

ДКСК веднаш да отвори случај за Костадинов, исто како и за Каевски, Ковачевски, Богоев и Заев.

Граѓаните не сака политичари кои во политика влегуваат голтари, а од истата излегуваат милионери на грбот народот.

Одговорност мора да има.

Лефков: Стефан Богоев е типичен пример како од голтар преку политика во СДСМ се станува милионер, исто како Димитар Ковачевски

Додека граѓаните на Македонија тонат во сиромаштија, елитата на СДСМ преку политиката стануваат милионери.

Со плата на политичар никој не се збогатил, туку се збогатуваат корумпираните политичари кои на грбот на народот преку ноќ стануваат милионери.

Стефан Богоев и Димитар Ковачевски се типичен примери како преку политика се станува милионер.

Стефан Богоев со своите 32 години има огромен милионски имот.

Богоев на својот последен анкетен лист кој го пријавил како градоначалник прибележал имот свој личен, и имот на семејството кој се состои од 3 стана во Скопје, два во Охрид и една куќа во Скопје.

Богоев има недвижнини како да е агенција за изнајмување на недвижен имот, а не политичар, граѓанин кој земал плата од 60тина илјади денари.

Но, тоа не е се. Богоев има наведено и 3 автомобили од марките: Сеат, Шкода и Нисан, и скутер од марката Априлија.

Имотот на Богоев оди понатаму, па фамилијарниот имот вклучува и земјоделско земјиште во Скопје во милионска вредност од 1,9 милиони.

Богоев е функционер од СДСМ, тој бил претседател на СДММ, пратеник и градоначалник, тој е пример за луѓе кои влегуваат како голтари, а од политиката излегуваат милионери.

Сличен е примерот и со Димитар Ковачевски, чиј што татко бил градоначалник и амбасадор од СДСМ, тој се јавува како косопственик во фирмата за фотонапонски панели Пискел гроуп. Според официјалните изјави тој ја напуштил сопственичката структура на истата, но постои дилемата дали Ковачевски навистина се повлекол или е во скриено сопствеништво на фирмата, и дали таа фирма ќе се јави како изработувач на панелите на неколкуте фотонапонски централи во земјава?

Дали моделот од голтар до милионер дословно се применува и од Ковачевски?

ДКСК да ги испита сите функционери од власта кои во изминатиов период имаа зголемување на своите имоти.

Лефков: Скандал за АРМ – Славјанка Петровска на мисии праќа офицери без НАТО безбедносен сертификат

Славјанка Петровска  по стапките на Радмила Шекеринска упатува персонал во мисии надвор од Република Македонија без да се почитуваат основните услови, а тоа е кандидатите да поседуваат НАТО безбедносни сертификати. На мисии се праќаат офицери без да ги исполнуваат потребните услови, само ако се во врска со политичкиот врв.

Според наши информации земјава има случај на сериозен безбедносен пропуст кога е вратен висок офицер на АРМ од мисијата КФОР во Косово. Имено постојат индиции дека службите имале одредени информации дека офицерот не ги задоволува критериумите, сепак по одредено политичко влијание од поранешни политичари со потекло од истото село од кое потекнува и тој, село Муртино, струмичко, офицерот без безбедносен сертификат заминал на мисија.

Ова не е првпат да се направи ваков безбедносен пропуст, потсетуваме дека слична ваква ситуација имаше и во мисијата ИСАФ во Авганистан, кога беа упатувани лица без безбедносни сертификати, кои не можеа да обавуваат никакви дејности, дури и не можеа да се движат слободно низ базите.

Во најновиот скандал, после поминати пет месеци во мисија, офицерот по налог на НАТО беше приморан да се врати предвреме, но се поставува прашање кој ќе ја преземе одговорноста за направена штета на буџетот во висина од 50.000 евра по основ на плати, логистички трошоци и административни трошоци?

Без поседување на сертификат, нашиот офицер во базата во Косово не можел да извршува никакви задачи, тоа значи дека пет месеци само спортувал и одмарал без да има пристап до било какви информации и активности.

Дали некој од одговорните лица во министерството за одбрана и од Воената служба за безбедност и разузнавање ќе сноси одговорност за ваквите безбедносни инциденти, како и одговорност за нанесената штета на буџетот?

Во Гази Баба СДСМ испумпувале пари преку тендери, идентични производи се наплаќани со разлика и до 30 пати во однос нарачувани – ненарачувани, над 11 милиони извадени за 5 месеци

Градоначалниците од СДСМ имале скоро идентичен начин на испумпување на пари од општинските буџети. Преку тендерски постапки фирми нуделе идентични производи со различни со различни цени и со различни големини и тоа со разлика од цени од 10, 20 или 50 пати, пониската цена е надвор од економската исплатливост а е со цел за да ја спушти вкупната цена на понудата, но затоа па повисоката цена, која е најчесто цена на производот кој најмногу потоа е нарачуван од општината е неколкукратно поголема.Ваков пример за испумпување на општински пари, покрај во општините Бутел и Кисела Вода, примери кои ги презентиравме во изминативе денови, имаме и во општина Гази Баба, а тоа е овој договор потпишан помеѓу фирмата Електромикица и општината, од овој договор гледаме дека општината кабел ППОО – А 4х16 мм2 се нуди по цена од неверојатни 490 денари, додека ист таков кабел, но со дупло поголема големина, кабел ППОО – А 4х35 мм2 е понуден по цена од 60 денари, а овој кабел најверојатно никогаш не бил нарачан.Уште поголема нелогичност и воочливост за местење на постапката гледаме во понудата на набавка на железни двостепени столбови, каде столбовите од 4.5 метри и 6 метри се наплаќани по цена 9.120 денари, а многу поголемите столбови од 8 метри и 10 метри се нудени по цена од 360 денари, тоа е разлика од над 30 пати во корист за помалите столбови, за кои е потрошен дупло помалку материјал.Оваа набавка изобилува со разлика во цените на идентични производи, од кои едните се со енормно високи цени, додека тие кои никогаш не биле нарачани се и по 5 пати помали цени, имено сијалиците од 70 вати кои ги нарачувала општината биле понудени по цена од 9.450 денари, додека тие од 100 вати биле понудени по цена од 1.150 денари.На овој начин во период од неколку месеци во период од мај до октомври 2021 година се испумпани над 11 милиони денари од општина Гази Баба.
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да отворат постапка и да ги испитаат сите детали поврзани со овој случај. Да се утврди каде завршувале општинските пари испумпувани преку тендери кои силно индицираат на местење.

Лефков: Слични производи во Кисела Вода се набавувале со 50-тина пати поголема разлика во цена, градоначалниците на СДСМ со систем за испумпување народни пари

Истиот принцип на манипулација на тендерите за кој зборувавме во случајот со општина Бутел, бил користен и во тендер за општина Кисела Вода во време на мандатот на Филип Темелковски од СДСМ.

И тука за да се постигне најниска цена производите кои фирмата некако знаеле дека нема да се користат биле вреднувани со најниска цена, а за производите кои знаеле дека ќе се користат цената била многукратно повисока. Ова е можно само доколку некој од општината навреме ја известувал фирмата учесник на тендерот.

Вака и на овој начин се истиснувала конкуренцијата и биле испумпувани буџетски пари во фирми за кои однапред било определено да го добијат тендерот.

Станува збор за рамковен тендер кои го добила фирмата МАГНУС Инжинеринг ДОО Скопје, договор кој бил склучен на 28.09.2021 година со општина Кисела Вода, во вредност од 10.000.000 денари.

Почитувани, 

Еве како во Кисела Вода во време на мандатот на Темелковски недомаќински се трошеле народните пари.

Цената на чинење на комплет светилка со натриумова сијалица HPS со моќност од 70 вати чинела 7.600 денари по парче, а иста таква светилка со моќност од 150 вати чинела само 143 денари. Разликата во цена е огромна, дури 53 пати. Односно помалку моќната чинела 53 пати поскапо од помоќната.

Ист случај е и со штедливата натриумова сијалица HPS од 70 вати, која чинела 5.200 денари по парче, а иста сијалица од истиот вид но со поголема моќност од 150 вати чинела 95 денари. Разликата во цена е 54 пати поголема кај помалку моќната во споредба  со таа од 150 вати.

И кога набавувале пригушница за HPS сијалица повторно ја користеле истата метода на манипулација и злоупотреба на тендерот, па така пригушницата за 70 вати чинела 2.660 денари, а таа за 150 вати чинела 95 денари. И овде разликата е голема, односно пригушницата за послабата сијалица чинела 28 пати повеќе отколку за помоќната.

Ете како градоначалниците на СДСМ создаде систем за испумпување на народните пари преку тендери. Веројатно однапред ја известувале фаворизираната компанија која треба да го добие тендерот за тоа кои производи од тендерот ќе бидат користени и истата тие ги вреднувала како суво злато, а во исто време ги известувала кои производи нема да се користат, па тие компанијата на тендерската спецификација ги вреднувала со пониски цени, а потоа градоначалниците не порачаувале од тие што се со пониски цени. И на тој начин  се постигнувало „најниска цена“ на тендерот од страна на фаворизираната компанија, а на тој начин се истиснувала конкурентите, а потоа од општината добивала само побарување односно нарачки на екстремно скапите производи со што постигнувала екстра профит.

Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции веднаш да го испитаат овој тендер, да се вклучи и Финансиската полиција и да истражи каде завршувале парите од сметките на оваа приватна компанија од овие набавки. Јавното обвинителство да се ослободи од стегите на власта и да постапи по овој случај.

Вака СДСМ ги користел народните пари за богатење фаворизирани компании.

Повикуваме надлежните институции да го испитаат овој тендер, ЈО да постапи согласно своите надлежности и да си проверат каде завршувале парите од сметките од ваквите набавки