Коцевски: Спасовски за Командир на граничен премин Ќафасан поставил лице со отслужена затворска казна за криумчарење,  оставка и одговорност веднаш

Oливер Спасовски за командири на гранични премини поставува луѓе со отслужена казна затвор за криумчарење и шверц.
За командири на гранични премини, наместо луѓе кои ќе се борат против криминалот се поставуваат луѓе кои се искусни во правење на криминал.
Пред само три месеци, на граничниот премин Ќафасан за Командир на граничен премин е поставено лицето Б.А. Ова лице веќе било на истата работна позиција пред десетина години во ек на големата полициска акција за криумчарење на добиток од Македонија во Албанија.
Се работи за аферата “Милка” во која беа опфатени 31 лице, кои биле дел од организиран синџир за криумчарење на добиток. За оваа афера своевремено пишуваа и медиумите. Во рамки на осудените имало и полициски службеници, кои примале поткуп за да ја договорат патеката за криумчарење и кои за тоа наплатувале по 3 ипол евра од килограм добиток.
Лицето Б.А. отслужило казна затвор од 3 ипол години, како дел од синџирот за криумчарење на добиток.
Лицето Б.А. сега повторно е командир на граничен премин било дел од криумчарењето како овластено лице. Истото го извршило тоа кривично дело заради позицијата која ја имало во МВР. 
Истото ова лице сега повторно се наоѓа на позицијата Командир на граничен премин.
Спасовски да каже како е можно ова лице кое е правосилно осудено, со отслужена казна затвор за криумчарење да се постави за Командир на граничен премин? Дали на злосторникот му се дава можност повторно да го изврши кривичното дело? 
Која е пораката која ја испраќа Спасовски и Ковачевски? Дали ова е борбата со криминалот и корупцијата? Спасовски да не чека и веднаш да го разреши лицето Б.А. од функцијата на која сам го поставил. 
Одговорност мора да има и од Спасовски. Ова не е прв скандал во МВР. 7 години е министер за внатрешни работи. 7 години безбедноста е на најниско можно ниво.

Коцевски: Одговорност и оставки од Спасовски и Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето

Одговорност и оставки од Оливер  Спасовски и Назим Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето.

МВР и самиот Спасовски молчат и не одговараат на прашањата кои ги поставивме. На сите прашања одговор имаат во евиденцијата на МВР.

Црниот мерцедес со флешери со кое Ќерим Буши на 26-ти ноември дивеел низ Скопје е возило кое било во сопственост на Назим Буши, а потоа предадено на битолска фирма. МВР сето тоа го знае, доволно е само да се погледне историјатот на промени на сопственост.

МВР само требаше да одговори дали црниот мерцедес е купен од Телеком за Назим Буши, а потоа продаден на самиот Буши, за истиот да го предаде на битолска фирма. Но МВР молчи.

Ако немаше случај немаше да биде  казнет заменик началникот на СВР Скопје кој интервенирал возилото и лицето да бидат пуштени, со објаснување дека се работи за познат човек.

А, кој е тој познат човек, во возилото претходна сопственост на Назим Буши, сега во посед на битолска фирма сопственост на негови роднини, ако не е неговиот син, Ќерим Буши?

Оливер Спасовски и Назим Буши не смее да го заташкуваат целиот инцидент. Политичка одговорност мора да има. 

Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши?

Како што претпоставивме МВР на Спасовски продолжува со молкот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нашите сознанија било управувано од Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши.

Како што веќе рековме ќе продолжиме да објавуваме детали. Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП кои биле официјални таблички на мерцедесот со флешери сега постојат? И ако не, зошто не?

Воедно го прашуваме Македонски телеком дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот мерцедес 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши?

Македонски телеком треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта.

Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши?

Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор.

Мерцедесот на синот на Буши е купен од телеком, а потоа даден на Буши.

Одиме понатаму.

Дали Назим Буши истото возило го дава на битолската фирма во сопственост на негови роднини, во чија сопственост било возилото на денот на инцидентот?

Кого штити овде Спасовски? Одговорот на овие прашања им е познат на МВР. Зошто досега не е постапено? И дали целиот случај треба да заврши со казна за заменикот началник на СВР Скопје кој интервенирал за возилото да биде пуштено?

Дали Оливер Спасовски молчи и не смее да одговори на овие прашања, затоа што се плаши да не ја наруши коалицијата СДС – ДУИ?

Се држи ли МВР заложник за функционирањето на криминалната влада?

Наместо заташкување на случајот со казна на полициски службеници, веднаш оставки од Назим Буши и Оливер Спасовски.

Коцевски: Спасовски да не заташкува, за кој познат човек се јавувал казнетиот началник, ако не за синот на Буши, каде е сега таблицата СК 0202 АП и дали постои од пред неколку дена?

Истражители од САД ќе гонат криминал, затоа што криминалците од министерството за внатрешни работи не може да гонат криминалци.

Еве еден пример за тоа како Оливер Спасовски и Назим Буши, СДС и ДУИ спроведуваат беззаконие во Република Македонија.

Веќе 13 дена министерството за внатрешни работи го релативизира инцидентот на дивеење во Скопје со приватно возило со флешери, кое беше запрено од полициска контрола, и за кое интервенирале највисоки лица од МВР да биде пуштено.

МВР на Спасовски го забошотува целиот овој случај и негира вмешаност на синот на Назим Буши.

Но да почнеме со ред.

Имено на 26-ти ноември, на патот од Качанички пат кон Скопје, полицијата забележала возило мерцедес, кое со голема брзина се движело кон градот, по што биле известени екипи да го запрат истото возило.

Откако возилото било запрено висок функционер во МВР барал од полициските службеници истото веднаш да биде пуштено. Функционерот кој барал пуштање на возилото бил помошник началникот на СВР Скопје, Вулнет Аземи. Истиот подоцна во обид да се заташка инцидентот е казнет затоа што се јавувал возилото да биде пуштено.

И тука МВР го затвора овој случај.

Да не дозволиме власта да го заташка овој инцидент во кој се вмешани највисоки функционери. Затоа пристапуваме кон расветлување на овој случај.

Спасовски треба да одговори, за кого се јавувал Вулнет Аземи, ако во возилото не бил Ќерим Буши, син на Назим Буши, заменик министер во министерството за внатрешни работи? И тоа со назнака дека се работи за познат човек?

Кој е тој познат човек, и дали истиот е Ќерим Буши, син на заменикот министер во МВР Назим Буши?

Каде е сега регистарската ознака за мерцедесот СК 0202 АП, за кој е отворен овој случај? И дали постои оваа табличка од пред неколку дена, и ако не зошто не?

Дали мерцедесот со овие регистарски ознаки бил во сопственост на битолска фирма, чии сопственици се во роднински врски со Назим Буши и дали истото најчесто било возено од неговиот син?

Спасовски да не се обидува да релативизира и да одговори на овие прашања. Одговорот, ако веќе не го знае се крие во евиденциите на МВР, до кои тој како министер има многу лесен пристап. И само за неколку часа може да даде одговор по сите овие прашања. Доколку Спасовски продолжи да молчи или да го заташкува случајот, ние ќе продолжиме со изнесување на други детали. Скандалот продолжува.

Градоначалникот на Гази Баба наместо да ги решава проблемите на граѓаните, си зема улога на полиција и штити партиски цели по секоја цена Почитувани

Општина Гази Баба станува пример како владее СДСМ преку кршење на законите и брутален партиски режим. ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба најостро го осудува однесувањето на советникот на СДСМ кој отворено не ги почитуваше мерките на владата на Република Македонија за справување со коронавирусотФункционерите треба да се пример за однесувањето на сите останати граѓани особено во ситуацијата во која се наоѓаме денес, но за жал осуда за постапките на советникот не стигна ниту од неговата матична партија.Молчи и градоначалникот Борче Георгиевски кој си зема улога на полиција и обвинителство, и си дозволи да ослободува од одговорност и да ветува дека нема да се поднесуваат поднесоци за прекршителите на полицискиот час.Вакво самоволие на еден градоначалник – умислен деспот не е забележано од кога постои нашата општина.Наместо градоначалникот да ја обиколува општината за да види со какви проблеми се соочуваат жителите тој излегува на терен кога треба да се заштитат партиските интереси по секоја цена.Но истиот тој градоначалник ниту пак СДСМ не изреагираа за обиената црква кај Смилковското езеро, уништениот летниковец во парк – шумата Гази Баба и ниту за сквернавењето на православните гробишта во Камник, чинови кои се случија изминатиов викенд.Јавно го прашуваме градоначалникот, кој упорно молчи за овие настани, зошто има селективен пристап кон граѓаните од нашата општината?Дали за него има граѓани од прв и од втор ред?Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба ги осудува сите антицивилизациски чинови особено ако се политички мотивирани.Воедно повикуваме на смиреност, да останеме доследни во справување со вирусот кој е закана за сите наши граѓани од Општина Гази Баба. Надлежните институции треба да ги преземат сите мерки за сторителите на прекршувањето на полицискиот час да се изведат пред лицето на правдата.Законите мора да важат за сите без разлика на партиска, верска или било која друга припадност!