Николоски од Советот на Европа: Прислушкувањето и физичкото следење на опозицијата мора да престане, мора да се стави крај на злоупотребите на тајните служби

Во рамки на Советот на Европа се одржува комисија за правни прашања и човекови права. Една од главните теми е злоупотребата на системите за преслушување како и нелегалното физичко следење. Се зборува за злоупотребата на преслушувањето со цел нелегално следење на политички активисти, опозициони лидери, новинари, активисти на невладини организации и сите оние кои што властите сметаат дека се закана за нивна тоталитарно власт, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски истакна дека на сесијата потенцирал дека ваква злоупотреба има и во Македонија од страна на власта на СДС, додавајќи дека веќе подолг временски период високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е под физичко следење како и следење на комуникациите.

Она што го напоменав во рамки на сесијата е дека ваква злоупотреба има и во Македонија. Веќе подолг временски период раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под физичко следење, а исто така и под следење на комуникациите. За ова неколку пати алармиравме во јавноста, но не се преземени соодветни чекори, додаде тој.

Николоски смета дека преслушувањето мора да престане и власта наместо да ги злоупотребува тајните служби за ставање во подредена позиција опозицијата, да се насочи и фокусира кон демократското владеење.

На мое барање состојбата со злоупотребата на следењето во Македонија ќе биде внесена во извештајот кој што треба да биде усвоен во рамки на јануарската сесија на Советот на Европа. Извештајот предвидува јасни мерки и чекори кои што треба да ги преземат земјите членки во Советот на Европа, со цел да престане  нелегалното преслушување. Исто така предвидени се и казнени мерки доколку земјите не ги имплементираат овие чекори, рече Николоски.

Преслушувањето мора да престане. Физичкото следење мора да престане, затоа што тоа не може да биде начин на кој се добиваат политички поени или начин на кој се става во подредена позиција опозицијата затоа што власта ги злоупотребува овие системи. Еднаш засекогаш властите во Македонија мора да стави крај на злоупотребата на тајните служби, крај на опиеноста од моќта на тајните служби и да се фокусираат кон демократско владеење, вели Николоски.

Николоски: Доколку власта на СДСМ итно не ги исплати субвенциите на тутунарите ќе ги предводиме протестите на тутунарите

Денеска сме во посета на општина Прилеп како што веќе кажа градоначалникот започнува една голема инвестициска активност преку рехабилитација на улици, изградба на нови, изградба и рехабилитација на водоводни системи и за мене многу значајно довршување практично на чаршијата односно овој крак кој што води од плоштадот до основното училиште за Прилеп да си го добие сјајот кој што го заслужува. Исто така се работи во приградските населби и во селата кои што се во рамки на општина Прилеп.

Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.

Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар.

Би сакал и една, две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатата субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат.

Втората работа која што сакам од тука да ја споменам е дека за некаде од 18тина дена, тоа е за три саботи од денес ќе се случи голем општо народен митинг на кој што очекуваме десетици, па можеби и стотици илјади граѓани да дојдат и да јасно пред Владата на Република Македонија побараат предвремени парламентарни избори на кои што ќе се реши оваа политичка, економска и национална криза.

Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби ни е од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ, овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори за излез од кризата.

Николоски: Се надевам на разум, СДСМ да седнат на лидерска средба и да се договори датум на избори, активниот бојкот продолжува

Денеска сме во посета на Гевгелија на Денот на пожарникарите, драго ми е што градоначалникот, локалната самоуправа, пратеничката од Гевгелија успееја во соработка со Источниот плански регион, исто така со прекугранична соработка, исто така со невладини организации кои што се занимаваат со овој дел, да обезбедат опрема за пожарникарите која што е нужно битна пред се пред почетокот на летната сезона.

Како што кажа и градоначалникот се надевам дека ќе имаат што помалку работа, но сепак треба да бидат опремени, не треба да застанеме тука, треба да се оди кон дополнително опремување и набавување на нови возила, кои што дополнително би помогнале во нивната работа.

Исто така можам да кажам и како носител во четвртата изборна единица дека сум исклучително задоволен од она што се случува во Гевгелија со изборот на новиот градоначалник. Навистина една офанзива, една градежна офанзива која што се чувствува во целата општина, исто така промена во односот и бројни проекти кои што следуваат во периодот кој што доаѓа кои што покажува дека градоначалникот и Советот ја оправдуваат довербата.

Во исто време ако ми дозволите би сакал да искоментирам две работи кои што се условно кажано о д државната националната политика. Пред се сакам да најавам дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активна блокада на Собранието се до определување на датум за предвремени парламентарни избори. Она што го гледаме и што е  евидентно што владејачкото мнозинство бега од оваа работа на начин што воопшто не се закажуваат активности во Собранието, што се скандал сам по себе. Пет дена по ред, од понеделникот до денес петок во рамки на собранието не е закажани ниту една активност.

Не се закажуваат седници на собрание, не се закажуваат седници на комисии, што само покажува дека активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ е успешна, затоа што она што ни беше цел а тоа е да ги блокираме штетните законски решенија кои што се спротивни на интересите на граѓаните, а се само една во интерес на една тесна клика на СДСМ и ДУИ, успеваме да го направиме.

Се надевам дека ќе имаат доволно разум, доволно свест, и доволно волја да седнеме следните денови на лидерска средба на која што заеднички ќе определиме датум за предвремени избори, а  исто така ќе се договориме околу четирите клучни проблеми кои што ги има Македонија, тоа се во делот на финансиите, во делот на европските интеграции на проблемот со Бугарија, во делот на образованието, здравството како би можело заеднички да изнаоѓаме решенија.

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Во рамки на настанот кој што го организираат пријатели на Европа на 40 највлијателни личности под 40 години, овие три дена во Загреб разговараме за најзначајните теми за кои што се соочува Европа и ЕУ.

Успеав во дискусиите да ја отворам темата која што се однесува на европските интеграции на Македонија. При што јасно утврдивме дека постојат две значајни пречки, прва секако е ветото кое што Бугарија го става на нашето членство во ЕУ. Но, втората е проблемот со високото ниво на корупција која што за жал го практицира оваа власт на СДСМ и ДУИ. И затоа се потребни промени и предвремени избори.

Исто така разговаравме и за новиот предлог кој што го даде претседателот на Франција, Макрон околу постоењето на условно кажано две сојузувања во Европа, едното во рамките на ЕУ и второто во една поширока политичка Европска заедница.

Сметам дека за Македонија, членството во Европската Унија нема и не смее да има алтернатива, не смее да размислуваме на ниеден друг проект, освен на полноправно членство во Европската Унија. Затоа што тоа Македонија и Македонците и граѓаните на Македонија го заслужуваат.

Во исто време, мора силно да се работи на борба со организираниот криминал корупција, воспоставување на функционален систем на владеење на правото и силни реформи, како и економско покренување на Македонија кои што ќе водат кон успешни преговори за членство со Европската Унија и членство во Европската Унија. Затоа што ако Македонија е стабилна и средена држава во која што има функционален систем на владеење на правото, има ниско или нема ниво на корупција и исто така има добра економија, европските земји ќе сакаат Македонија да е членка на Европската Унија. За тоа е потребна промена на владата, брзи предвремени избори и една реформска Влада која што ќе е предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски: Владата се покажа како неспособна да ги решава проблемите на граѓаните и затоа треба да ја прифатат понудата на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска сме во посета на општина Неготино, имаме средби со градоначалникот, со пратениците, со претставниците на Советот, исто така покрај градот ќе ги посетиме и околните населени места, сакаме да поразговараме со земјоделците.

Она што го кажа градоначалникот и е значајно, веќе по само 5 месеци од завршувањето на локалните избори се чувствуваат сериозни промени во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ предложи свои кандидати и станаа градоначалници.

Општините беа затекнати во исклучително тешка финансиска состојба, дополнително на тоа е енормното поскапување на електричната енергија која што поскапе некаде до 5 пати за општините, значи 500%. Доколку претходно една општина плаќала на пример 1 милион денари за улично осветлување, сега плаќа 5 милиони денари, што сериозно ги отежнува буџетите на општините и прави проблем на градоначалниците во реализација на проекти. Но, дури и во такви услови тука во Неготино има започнато проекти и дополнително во овој момент се планираат проекти кои ќе се реализираат во следниот период.  Ние активно ќе ги следиме и се надевам дека после предвремените парламентарни избори ќе може владата уште повеќе да помага, затоа што сметаме дека жителите  на целиот овој регион Тиквешијата, на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Росоман заслужуваат поголема поддршка затоа што овој регион треба да се развива.

Сакам да дадам коментар на 2-3 државни теми. Прво, она што според мене е најзначајно, тоа е политичката и економска криза со која Македонија се соочува. Во четвртокот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со предлог решение за излез од политичката и економска криза.

Во услови кога Македонија е во континуирана политичка криза веќе 5 години, во услови кога оваа влада го одржува мнозинството со само 1 до 2 пратеници плус во Собранието, дополнително на тоа, една економска криза, и војната во Украина која резултира со енормно поскапување на основните продукти, резултира со немање на доволно производи, запирање на македонскиот извод, го доведува македонското земјоделие во сериозна криза, особено во овој регион каде што под голем прашалник е извозот на македонските земјоделски производи и финалните производи, како виното, грозјето, но и праските и сето она коешто ќе стаса во следниот период.

Во едни такви услови, ВМРО-ДПМНЕ нуди четири тима во четирите најгорливи области, а тоа е секако економијата, надворешните работи и евроинтеграциите односно односите со Бугарија, здравството и образованието. Овие четири тима со луѓе коишто се високо политички профилирани во ВМРО-ДПМНЕ но и се експерти во своите области се спремни да помогнат на Владата а со тоа и на граѓаните на Република Македонија за излез од кризата и исто така да се договори соодветен датум за предвремени парламентарни избори.

Навистина сме разочарани што премиерот Димитар Ковачевски на самиот почеток ја одби оваа идеја, затоа што неговата Влада се покажа неспособна, како Влада којашто не знае да решава проблеми, како Влада којашто ја продолжува корупцијата на Зоран Заев и како Влада којашто дополнително економски ја тоне Македонија.

Мислам дека добро треба да размислат, да ја прифатат оваа идеја на ВМРО-ДПМНЕ за четири тима во надворешните работи, економијата, здравството и образованието проследено со определување на датум за предвремени избори затоа што тоа е начин Македонија да излезе од оваа политичка и економска криза.

И од овде да порачам од Неготино, доколку Димитар Ковачевски не е тој којшто ги носи одлуките во СДСМ и доколку не може да донесе одлука во СДСМ, спремни сме да разговараме во СДСМ со секој еден којшто тие ќе го посочат дека носи одлуки. Ако е Зоран Заев да разговараме со Зоран Заев, ако е Радмила Шекеринска да разговараме и со Радмила Шекеринска, кој носи одлуки во СДСМ со него да седнеме да поразговараме затоа што потребно е Македонија да излезе од оваа економска и политичка криза преку предвремени парламентарни избори и преки решавање на овие четири горливи проблеми со коишто се соочува Македонија.

Се различно од ова значи само голо останување на власт и се различно од ова значи продолжување на криминалот, затоа што во најава има неколку големи тендери, повторно во четири очи во РЕК Битола, како што се случуваше минатата година. А, веќе коалиционите партнер на СДСМ, ДУИ јавно говори за некакви си повици за изградба на автопати во услови кога пет години не се градат автопати во Македонија. Но, гледаме паралелно се случуваат процеси кои што водат кон криминалитет во овие проекти, така што кога сето тоа ќе се стави на купче, јасно е дека изборот е или излез од политичката и економска криза и предвремени избори или продолжување на криминалот за што, секако ќе има одговорност.

И втората тема која што сакам да ја споменам е состојбата во земјоделието. Како никогаш до сега, земјоделците се во очајна состојба и за жал, лошите практики само продолжуваат. Свежо се сеќаваме на состојбите од минатата и предминатата година со откупот на грозјето, кога земјоделците или не можеа да го откупат својот род или го продаваа по исклучително ниски, недостојни цени. За жал, оваа година очекуваме продолжување на тие трендови и проширување и во другите сектори, веќе има голем проблем со пролетната зелка. Очекуваме проблем со вишната, со малината, со праските кога ќе стасаат, со црешата и исто така со комплетните раноградинарски производи, што се на се, го става во една многу деликатна состојба македонското земјоделие.

Во услови кога владата најавува најголемо задолжување во историја на државата од 900 милиони евра, во услови кога ќе се задолжи оваа Влада како ниедна претходна, не гледаме ни денар од тие средства дека одат за да се помогне на земјоделците. И внимавајте, оваа задолжување ќе биде исклучиво за тековни трошоци на владата, па се поставува логичното прашање, што правата со буџетот во услови кога им се потребни 900 милиони само за тековно трошење, а не за капитални инвестиции или за помош на земјоделците.

Николоски: Македонија да добие датум за преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија

Оваа недела во Стразбур се одржува редовна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ќе се разговара на многу важни теми, вклучувајќи ја и агресијата која што во моментов се случува во Украина и потребата на обезбедување на мир во Европа. Исто така ќе се разговара и на теми кои се важни за Македонија и за нашето соседство. Во бројните средби коишто ќе ги имам во овие три дена, ќе побарам Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори со ЕУ и да ги почне преговорите со ЕУ, затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, изјави за медиумите Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во рамките на своите средби и обраќања ќе ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, тука од Стразбур кои не ги спроведува.

– Бројни пресуди кои се во корист на Македонците од Бугарија не се спроведуваат од страна на Бугарија. Едни од најзначајните кои што судот ги донесе во 2020 година е пресудата за формирање на клуб за етничка толеранција, како и пресудата за формирање на клуб за жртвите кои беа тероризирани од комунистичкиот режим. Тоа се две значајни пресуди кои зборуваат за етничката толеранција во Бугарија, но исто така и за потребата од рехабилитација на жртвите на комунистичкиот терор во Бугарија. Нешто што Бугарија не сака да го спроведе, затоа што политиката која што ја води е слична на онаа политика која што ја води изминативе 20 години, а тоа е политика на негирање и политика која што значи непочитување на одлуките на Советот на Европа. Затоа силно ќе побарам преку механизмите на Советот на Европа овие пресуди да се реализираат, посочи Николоски.

Тој додаде дека уште една работа за која што ќе зборуваат е мешањето на премиерот Петков во внатрешните работи на Македонија.

– Имено, со неговата последна изјава во која што кажува каква Влада тој би сакал во Македонија и дали би дозволил или не би дозволил да се формира Влада во Македонија директно се меша во внатрешните работи на Македонија, што е недозволиво. Затоа што изборот на Влада во Македонија е прашање на Собранието и на пратениците кои што се избрани на избори, а не на Кирил Петков. Новата Влада ќе биде формирана после предвремените парламентарни избори и секое мешање од страна на Бугарија е недозволиво и претставува мешање директно во внатрешните работи на Македонија, дециден е Николоски.

Николоски: Го поддржуваме протестот на земјоделците во струмичко, цените на раноградинарските производи се двојно помали од лани, а репроматеријалите 3 пати поскапи

Состојбите во земјоделието се алармантни и катастрофални. Денеска во средби со земјоделци во целата струмичка околија во општините Струмица, Ново Село, Босилево, Василево, разговараме со земјоделците и навистина ни кажуваат за алармантните состојби со кои се соочува македонското земјоделие.

Репроматеријалите се отидени некаде од 200 до 500 проценти нагоре, ѓубривото е поскапено за некаде 3 пати. Една вреќа ѓубриво која што до минатата година била 500 или 600 денари, сега е од 1.500 до 1.700 денари.  Исто така поскапена е и нафтата, а на тој начин и обработката на земјиштето.

Од друга страна откупните цени на земјоделските производи се исклучително ниски. Така пролетната зелка која најмногу се сади во овој крај,  се откупува за некаде 15 до 20 денари за килограм, што е исклучително ниска цена имајќи предвид дека минатата година се откупувала за 30 до 35 денари.

Во исто време минатата година ѓубривото беше 500 до 600 денари, а оваа година 1.500 до 1.700 денари. Минатата година нафтата беше 30 до 40 проценти поевтина, она што е сега и се уште земјоделците стравуваат дали за 15 до 20 денари ќе најдат пласман.

И затоа денеска се случува голем протест на земјоделците од овој крај во кој што бараат владата и министерството за земјоделие да преземат итни мерки, а не да бегаат. Слушнав дека министерот за земјоделие избегал од средба со земјоделците. Тоа не е начин на решавање на проблемите. Бегањето од проблемите не е начин на решавање на проблемите, затоа што доколку сакаат да бегаат треба да избегаат од владата и да се согласат на предвремени парламентарни избори кои што ќе ја решат маката на земјоделците.

Ние целосно го поддржуваме овој протест на земјоделците, сметаме дека заслужуваат пристојни цени и сметаме дека една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе знае да се справи со проблемите во земјоделието.

Николоски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека може да се работи различно, чесно и одговорно

Во рамки на теренските активности кои ги има ВМРО-ДПМНЕ денеска сме во посета на две општини, прво сме тука во општина Василево, а после и во општина Босилово. Како што може да видите дека со почетокот на пролетта почнуваат интензивни градежни активности во општина Василево.

Навистина ми е драго што еве тука Градошорци зборуваме за изградба и асфалтирање на една патна делница која е скоро половина километар. Како што кажа градоначалникот во следниот период ќе почнат да се работат уште три делници.

Вкупно 4 делници во вкупна вредност од над 32 милиони денари што значително ќе помогне во подобрување на инфраструктурата на општина Василево, подобра комуникација помеѓу луѓето, но исто така и развој на бизнисот.

Всушност оваа улица која се работи денес е улица која го поврзува населеното место со индустриската зона каде што очекуваме дополнително да се развива стопанството и да се развиваат фирми кои би работеле во следниот период и кои би отворале работни места.

Ова е една активност која очекуваме да се случува во целата четврта изборна единица и во цела Република Македонија.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои победија на локалните избори во 2021 година, покажуваат дека може да се работи различно, чесно и одговорно и всушност ова денес е еден таков доказ.

Николоски од Стразбур – Македонците не се производ на коминтерната, ние сме посебен македонски народ кој зборува на македонски јазик

Откако започна агресијата и анексот на Крим во 2014, секогаш сум ја поддржувал Украина и Украинците во нивната борба за слобода, самоопределување и демократија. Во 21виот век кога светот разговара за нови технологии, зелена агенда и развиток на вселенското истражување, никој не можеше да замисли војна. Војна во Европа е најстрашната работа која што можеше да се случи. Затоа, силно ја поддржувам Украина и затоа треба вечерва да го усвоиме овој извештај за последиците на руската агресија кон Украина.

Изминатите два дена, слушам од нашите украински колеги за страдањата со кои се соочуваат. Слушајќи ги овие шокантни сведочења, можам само да направам паралела со судбината и негирањето на македонскиот народ, и вековните спорови со нашите соседи кои биле и се поголеми и помоќни. Со векови нашите соседи ги оспоруваа Македонците како посебна нација, култура и посебен македонски јазик. Ние бевме жртви и протерувани за време на балканските војни и за време на грчката граѓанска војна, и конечно оспорувани во 21виот век. Негирањето на украинскиот јазик и тезата дека Украинската нација се творба на Ленин и комунистите е слична со тезата за негирање на македонската нација и јазик и тезата дека Македонците се творба на Тито и комунистичката коминтерна. Оспорувањето и омаловажувањето на двете нации и јазици има многу сличности и симболика, дури се употребуваат и истите зборови. Ова не беше случајно, што дури и големиот филозоф Францис Фукујама, авторот на легендарната „Крајот на историјата и последниот човек“ вели дека има многу сличности во наративите користени против Македонија и Украина и негирањето на Македонците и Украинците.

Основната вредност на демократијата е дека луѓето одлучуваат за самите себе, но исто така и за тоа кои се и што се. Тоа е цивилизациска придобивка од која нема враќање и кој ниту една војна или блокада можат да ја спречат. Со тоа, слободно можам да им кажам на Македонците дека нашата борба и судбина е слична со украинската и затоа мораме да ги поддржиме со сето наше срце. Ние сме мали и не можеме многу да направиме, но и најмалата поддршка значи многу во овој виор на војна. Во историјата, македонскиот народ секогаш бил на правата страна, ќе бидеме на страната на вистината и во оваа криза и воена агресија, во ова страдање и несреќа што се случува во Украина. Украина ќе победи. Вистината и демократијата ќе победат.

Николоски со повик од Стразбур: ЕУ час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија, а војната во Украина мора да запре

Овие два дена во Стразбур се одржува вонредна сесија на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Основна тема е војната во Украина и сета онаа несреќа која што се случува во Украина. Бројни човечки животи се изгубени, многу добра се уништени, и има веќе десетици и стотици илјади бегалци. Овој воен конфликт, оваа војна агресија, оваа војна мора да запре.

И тоа е она основно што го дискутираме овде во Стразбур. И исто така се размислува и за исклучување на Руската федерација од активностите во Советот на Европа заради непријателските активности кои што ги преземаат.

Она што особено го потенцирам е дека украинскиот народ и македонскиот народ имаат многу сличности. Како што е оспоруван украинскиот национален идентитет, така од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот национален идентитет. Како што е оспоруван украинскиот јазик, на ист начин од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот јазик. Како што страда украинскиот народ, страда и македонскиот народ.

И затоа сме ние два народи кои што се борат за демократија и за слобода.

И затоа оттука од Стразбур ја повикувам ЕУ ден поскоро, час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ. Затоа што е само пат кон демократија и кон почитување на основните човекови права.

Ги оставаме на страна разликите, во Македонија има власт која што е целосно неспособна, која што не знае да се справи со економската и политичката криза. Но, тоа се работи кои што ќе ги разговараме дома. Она што е битно е да ЕУ определи датум за почеток на преговори со заштитен македонски национален идентитет и со заштитен македонски јазик.