Фудбал реал мадрид

Шок за Реал Мадрид: Белингем мора на операција

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, ќе го пропушти почетокот на сезоната 2025/26 во Ла Лига, бидејќи се очекува да се подложи на операција на рамото ова лето, што ќе го оддалечи од терените до три месеци.

21-годишникот има проблем откако го исмести рамото за време на натпреварот против Рајо Ваљекано во 2023 година. Повредата го остави надвор од терените четири натпревари, вклучувајќи ги и квалификациските натпревари на Англија за Евро 2024 против Малта и Македонија , но тој сè уште чувствува болка во рамото.

Белингем после Светското клупско првенство ќе замине ан операција, за да го реши проблемот.

Процедурата е да спречи идни дислокации, и се очекува да паузира најмалку три месеци, што значи дека „кралевите“ ќе мораат без него на почетокот на идната сезона.

To top