Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Денеска сме во Битола да видиме како се реализира она кое што беше ветувано за време на кампањата на локалните избори.

Градоначалникот го кажа отприлика сето она кое што е сработено во овие би рекол шест месеци во оваа прва полу година откако тој е избран од страна на битолчани за градоначалник.

Навистина за овие први шест месеци во делот на инфраструктурата резултатите се импресивни, и ја користам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим за проектите кои што ги реализираат и да посакам така да продолжат па дури и со степен повеќе да ги реализираат сите оние ветувања кои што беа дадени за време на кампањата на локалните избори, бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори на кои што ние ќе ја бараме довербата од граѓаните каде што ќе покажеме дека не сме сите исти и ако некој сака и се обидува таа кампања да ја води без разлика дали ќе биде овој или оној сите политичари биле исти. Но, не. Не се сите политичари исти различни се. Не можеме ние да бидеме исти со оние кои криминално владеат веќе петта година, толку пет години поминаа откако се избрани, без реформи, без проекти и кои што на отворена сцена ја понижуваат и омаловажуваат нашата Македонија.

Навистина можам да кажам дека од она што го гледаме денеска, но и од она кое што го гледавме изминатиот период е дека од Битола се очекува еден и веќе е во тек еден инфраструктурен бум, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија.

Ја користам оваа прилика да ги повикам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен  собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне победува, и тоа е практично целта на тоа за која што ние ќе протестираме.

Ќе имаме протесно лето што поскоро да има предвремени парламентарни избори за да може конечно да излеземе од оваа летаргија во која што се наоѓаме, да излеземе од рацете и канџите на криминалот и криминалците.

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари.

Високата цена на брашното и лебот  пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од  250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство.

Погрешните политики на СДСМ ја направија Македонија увозно зависна на храна и поранлива на ценовни шокови.


Почитувани,


Доколку продолжи ова темпо на негрижа на власта, ни се заканува глад. Затоа предлагаме: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз.

Имено доколкu не се превземат итни мерки преку пуштање во оптек на пченица од државните резерви, цените ќе растат и лебот и брашното буквално ќе бидат луксуз за нашите сограѓани.

Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена.

Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари.

Почитувани,

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза.

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес поднесе барање до Претседателот Талат Џафери, за закажување итна седница на која на дневен ред ќе се најдат законите кои што ги поднесовме до Собранието. Тоа се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи.

Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро со оглед на тоа што секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за годивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните.

Почитувани,

Нашите граѓани страдаат. Нашите граѓани се доведени до ситуација, да очекуваат некој нешто да превземе бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави граѓаните, тие можат да преживеат одвај една недела, а не цел месец.

Владата знаејќи каква штета ќе предизвика со укинувањето на антикризните мерки предизвика вртоглав раст на цените на горивата и основните продукти и додека многу влади во далеку поразвиени држави водедуваат дополнителни мерки за нивните граѓани да не трпат големи загуби, нашата Влада и Димитар Ковачевски мува не ги лази за граѓаните.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  „Обнова за Македонија„ вчера поднесе два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

Го повикуваме собраниското раководство, веднаш да ја закаже итната седница.

Ја повикуваме Владата и парламентарното мнозинство да застанат на страната на граѓаните, заедно да ги донесеме овие закони кои ќе бидат големо олеснување во оваа кризна ситуација бидејќи ситуацијата секој ден станува се полоша и полоша и мора итно да се делува.

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Една минимална плата не е доволна ниту за основно преживување.

Една просечна плата не е доволна ниту за просечно живеење.

Инфлацијата е последица на неспособноста на владата да ги решава проблемите. И таа не е увезена, туку исклучиво автентична.

Состојбите се повеќе од алармантни, а државата влегува во колективна сиромаштија.

Една минимална плата во однос на куповната моќ за едно просечно семејство изгледа вака:

10 килограми зеленчук, еден пакет масло за јадење, еден резервоар со бензин, пакет млеко, 30 леба и 5 колограми овошје е еднакво на една минимална месечна плата.

Во ова не спаѓаат ниту парите потребни за месечни сметки за режиски трошоци, пари за училиште, градинка, а не се ни помислува за културен или спортски живот. СДСМ наместо живот, донесе сиромаштија.

Потребно е итно делување и активизам. Потребно е веднаш владата да донесе мерки за стопирање на двоцифрената инфлација.

Затоа бараме предлог-закон со кој прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година. Ценовниот шок кој сега се случува е само распламтување на веќе постоечкиот ценовен шок.

Дополнително, бараме ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година со што владата итно ќе влијае директно на пад на цените на горивата.

Одбивањето на овие две мерки би значело одбивање да се помогне на загрозените граѓани.

Ако Владата не преземе мерки следува живот на рати, сиромаштија и глад.

Доколку не се преземат итни мерки се заканува ценовен колапс. Не е поентата неколкумина од власта да се богатат додека народот трпи за леб.

Затоа велиме премногу е. Потребна е акција за промени.

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Ова е документот – официјален извештај од проф. др. Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 02.01.2020 година, помеѓу него и министерството за одбрана.

Во овој документ кој го потпишал проф. Ристески, а подоцна ја потврди и неговата автентичност и содржина тој со овој документ Министерството за одбрана го известува за сите негови партиски активности кои ги извршил, а кои како што самиот пишал доаѓаат како обврска од неговиот договор со Министерството.

Проф. д-р Темелко Ристески, кој сите ние граѓаните на Македонија преку буџетот го плаќаат граѓаните да дава експертско мислење и помош на Министерството за одбрана, ја следел кампањата за време на парламентарните избори 2020 година.

Тој како што наведува во Извештајот напишал и 10 објави на фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ.

Овој Извештај, заедно со признанието од страна на проф. др. Темелко Ристески е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него, и против неговите претпоставените во МО, но и против владата на Димитар Ковачевски која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.

Оттука се поставува и прашањето, уште колку примери како овој постојат во институциите, и уште колку вакви професори ангажирани, наводни експерти работат за следење на кампањи и објавување на фејсбук, уште колку наводни експерти работат за СДСМ и ДУИ, а земаат пари од буџетот?

Очекуваме покрај враќање на парите од буџетот кои биле искористени за плаќање на партиски активности, да има и кривична одговорност, но и политичка за сите инволвирани во случајот.

Стоилковски:Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир

Почитувани, мина уште еден тажен и срамен ден за Македоднија со МВР под Оливер Спасовски. Ден во молк и ден во криење на одговори и факти, дали Ариф Асани, втор човек во БЈБ е оној во сината кошула на видеото  кој што го ослободува пукачот кон полицијата во Чаир? Измина уште еден ден без одговори и одговорност од Оливер Спасовски и МВР заради молк и сокривање на криминогени дејства, пукање, лажни извештаи, криење на видео снимка како доказ, учество на функционер во БЈБ од ДУИ во ослободување на лице приведено по пукање.

Полицијата е претворена во сервис на СДСМ за заштита на мафијата и криминалот. Само и само за гола власт, со Оливер Спасовски и СДСМ на чело на МВР, криминалци со врски во ДУИ вадат пиштоли и пукаат кон униформирани полицајци по контрола на автомобил на којшто има, внимавајте, таканаречени полициски флешери. Само и само за гола власт, Оливер Спасовски и СДСМ ја ставаат полицијата и МВР во подредена ситуација пред криминалот.

Оливер Спасовски и СДСМ мислат дека ако молчат, вистината нема да излезе на виделина. Така беше со дрогата во Прилеп, така беше со пасошите за мафијашите, така беше со убиството на ракометарот. Така молчат и сега. За Оливер Спасовски и СДСМ, системот Сејф Сити го има и постои само за набавка на софтвери и за политички притисок врз неистомисленици.

Почитувани, Оливер Спасовски е должен да одговори за видео снимката на социјалните медиуми, да одговори за вмешаноста на заменик директорот на БЈБ во случајот, да одговори дали за пукачот цела година имало документ за апсење заради одлежување затворска казна, да одговори дали и доколку е така зошто полицискиот извештај не се совпаѓа со снимениот настан?

Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир.

Почитувани премногу е. Со Спасовски и СДСМ полицијата стана срам за државата, само и само за гола власт на СДСМ. Полицијата со Спасовски и СДСМ е ставена во служба на мафијата само и само за гола власт. Наместо гарант за безбедност, полицијата стана гарант за криминогени дејства, само и само за гола власт на СДСМ. Оставки и избори веднаш!

Ефтимов: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи измени кои се однесуваат за „недела неработен ден“, но не и за другите шверцерски решенија

Денес, на Комисијата за труд и социјална политика, се наоѓа Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство.

Се работи за низа измени кои според Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се крајно проблематични и дискриминаторски.

Имено, со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.

Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството во Република Македонија.

Како дополнителен податок, според стандардите на Европската Унија, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем.

Дополнително,  сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот.

Овие позадински игри на СДСМ и ДУИ не се првпат и во овој случај кога функционира активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители се обидуваат да ги протнат преку измените за „недела неработен ден“.

Ние најавивме дека сите законски решенија кои што се штетни за граѓаните и државата ќе бидат блокирани од наша страна. Таков е случајот и со овој закон.

Бараме, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, со што ние како пратеничка група ќе дадеме допринес за измените кои се однесуваат за „недела неработен ден“.

Мицевски: Поднесовме интерпелација за Џафери, ги повикуваме сите пратеници да ги стават на страна партиските договори и заедно да застанеме во одбрана на човековите права и работата на Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес, официјално ја поднесе Интерпелацијата за работата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој то се случува во Собранието, а е под директива на Џафери и како резултат на се почестото кршење на Деловникот, како и самоволието кое што го спроведува Џафери во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција.

Во досегашната работа, односно неработа на Талат Џафери, како претседател на Собранието, како никогаш досега не се случувале скандали и понижувања на пратениците само заради тоа што очигледно Џафери дефинитивно не сака или не знае  капацитетно да води една демократска институција.

Ги повикуваме сите пратеници од овој парламентарен состав да се приклучат кон оваа интерпелација и заедно сите да ставиме крај на овој човек кој што си ја има присвоено оваа функција и се однесува како да има право да вреѓа, да пцуе, да омаловажува и да заклучува пратеници.

Апелираме до пратениците од СДСМ и мнозинството дека сега е моментот, кога треба да се стават настрана партиските договори и да застанат во одбрана на, пред се човековите права, а потоа и во одбрана на Собранието на Република Македонија. Во спротивно, доколку не ја поддржат оваа интерпелација ќе покажат дека, не само што го оправдуваат ваквото однесување на Џафери туку и дека се дел од него.

Му порачуваме на ТалаЏафери да ја стави оваа интерпелација на пленарна седница, а не како предходната да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно да даде аргументи пред целата јавност, а доколку повторно избега и не ја стави на седница ќе даде до знаење нема ни грам одговорност кон функцијата што ја извршува.

Арсовски: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја за да има пари за криминалот на СДСМ

СДСМ и лично оваа влада предводена од СДСМ, изминативе неколку години ја креираше најголемата енергетска криза во Република Македонија. 

И нормално од СДСМ, сите можеме да чуеме како велат дека тоа било светска енергетска криза итн, но реалноста и фактите велат дека оваа енергетска криза е директно наметната од СДСМ и од нивното лошо и криминално работење и сите ценовни шокови и покачувања на цената на електричната енергија ќе ги платат лично граѓаните, впрочем, како што го плаќаат и до сега.

За жал, заради криминалното и неодговорно работење на СДСМ и оваа влада во енергетскиот сектор, граѓаните изминативе години плаќаат до 30% повисока струја, а сега од јули за жал, ќе плаќаат уште најмалку 10% повисоки сметки за струја.

Почитувани, тоа е СДСМ.

 Зошто е ова така?

Вчера можевме да видиме кои што ги објави претседателот Мицкоски, а укажуваат на недомаќинското работење во РЕК Битола и запуштеноста на комбинатот. 

Тие слики можат да ги погледнат повторно граѓаните за да се потсетат како изгледа РЕК Битола.

Цели поплавени рударски машини, поплавени транспортни траки, поплавени багери кои се користат за работа во рудникот  и практично ништо од овие машини кои се поплавени не е  нефункционално во моментов. Зошто? Затоа што никој од ова раководство кое го води ЕЛЕМ, односно ЕСМ и РЕК Битола не мислел и воопшто не се ангажирал како да се справи со водни поплави и слично, па затоа е парализиран целиот комбинат и не работи.

Надоврзано на ова, во извештајот на Регулаторна комисија покажува дека во 2021 година може да се забележи дека се произведени вкупно 3,17 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, а само две години претходно во 2019тата година произведени се 4,25 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ.

Што значи, за само една година намалено е производството на електрична енергија од страна на ЕЛЕМ за нешто повеќе од 1 терават часови електрична енергија. 

Ако се земе во предвид дека просечна увозна цена на струја според светските берзи е 250 евра за мегават час, тоа укажува дека оваа Влада со намаленото производство на струја од над 1 терават часови струја за една година, влегла, народски кажано во дупка повеќе од 250 милиони евра.

Тие пари ги плаќаат граѓаните преку плаќањето повисоки сметки изминативе месеци.

Ова е тажната реалност во Република Македонија и затоа граѓаните плаќаат до сега 30% повисоки сметки за електрична енергија, а од јули ќе плаќаат и над 10% повисоки од сегашните сметки за електрична енергија.

На крајот од денот, ниту еден обид за манипулација ниту од Владата, ниту од омилениот регулатор на СДСМ Бислимовски, нема и не смее да го оправда криминалот со тендерите во 4 очи во РЕК, нема да може да го оправда незнаењето за работење во енергетиката на оваа влада, ниту пак рекетот кој го правеа а беше пријавен во МВР преку РЕК Битола и испумпувањето на парите преку агенции за обезбедување.

Ете заради ова, граѓаните плаќаат повисоки сметки за струја и ќе плаќаат уште повисоки сметки за струја.

Решението е предвремени парламентарни избори, нова влада, а пред тоа сите граѓани кои што не се задоволни од ваквото криминално работење на оваа влада, ги повикуваме да ни се придружат на протестот во месец јуни.

Стојаноска: Поради нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе формално интерпелацијата за Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат  формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија.
Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание.
Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието.
Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење.


Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.


Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.


Исто така, иако со истиот член во Деловникот е предвидено претседателот да се грижи за примената на истиот, сведоци сме на најразлични прекршувања, воведување на различни пракси, кои досега не биле дел од работата на Собранието, при што самото тоа отвора простор за проблем во функционирањето на пленумот во иднина.


Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел – изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт.


Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот и тоа:
– Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции;

Понатаму:
– Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници;
– Ненавремено доставување на материјал до пратениците;
– Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата;
– Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието;
– Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело;
– Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија.


Со ваквиот неодговорен пристап, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери покажа дека нема капацитет за правилно водење  на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците  од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот.


Поради овие причини, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, ја поднесуваме оваа интерпелација.
Ние не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски, ќе се охрабри и ќе ја изгласа оваа интерпелација, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери.


Но, добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на Талат Џафери.

Јовчески: Во Прилеп се асфалтираат улици, се реконструира старата водоводна мрежа се со цел градот да биде поубав и попристапен

Денес во присуство на потпретседателот на партијата, Александар Николоски направивме увид на тековните активности од кој што денеска можеме со гордост да се пофалиме дека имаме еден зафат на асфалтирање на три улици „Киро Пајмакоски“,  „Браќа Ламески“ и вклучувањето спрема старата општина на „Јоска Јорданоски“ во  должина од 400 метри, некаде околу 2.000 квадратни метри површина на нов асфалт.

Веднаш потоа се продолжува со асфалтирање  „Дабнички Завој“ во должина од околу 300 метри, исто со квадратура од околу 2.000 квадратни метри и акцијата продолжува на асфалтирање, гребење односно и рехабилитација на други улици, веќе од понеделник со нови улици кои што допрва ќе бидат рехабилитирани.

Исто така денес на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ од споменикот на Пеце Атанасоски до основното училиште „Кочо Рацин“ во должина од 230 метри треба да се започне рехабилитација, а воедно и реконструкција на старата водоводна мрежа  со нова, со дебелина од фи90 вода, водоводна мрежа. Површината е со нов плочник во некаде од околу површина од 3.000 метри квадратни за кој што обезбедивме средства околу 25 милиони денари, што значи Прилеп ќе го добие повторно својот сјај, воедно ќе започне и економски развој во нашата општина.

Нареден чекор ни е рехабилитација и на други улици кои што во овие 2 до 3 месеци навистина ќе одекне добро за Прилеп да изгледа поубав, попристапен и регулирање на сообраќајот.

Николоски: Доколку власта на СДСМ итно не ги исплати субвенциите на тутунарите ќе ги предводиме протестите на тутунарите

Денеска сме во посета на општина Прилеп како што веќе кажа градоначалникот започнува една голема инвестициска активност преку рехабилитација на улици, изградба на нови, изградба и рехабилитација на водоводни системи и за мене многу значајно довршување практично на чаршијата односно овој крак кој што води од плоштадот до основното училиште за Прилеп да си го добие сјајот кој што го заслужува. Исто така се работи во приградските населби и во селата кои што се во рамки на општина Прилеп.

Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.

Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар.

Би сакал и една, две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатата субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат.

Втората работа која што сакам од тука да ја споменам е дека за некаде од 18тина дена, тоа е за три саботи од денес ќе се случи голем општо народен митинг на кој што очекуваме десетици, па можеби и стотици илјади граѓани да дојдат и да јасно пред Владата на Република Македонија побараат предвремени парламентарни избори на кои што ќе се реши оваа политичка, економска и национална криза.

Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби ни е од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ, овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори за излез од кризата.