Ковачки: Како дезертерот Ковачевски стекнал и се’ уште има безбедносен сертификат за пристап до државни тајни кога има документ дека е трајно неспособен

Сомнително и нејасно е, и како дезертерот Ковачевски се стекнал и се’ уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, имајќи во предвид дека истиот приложил документ дека е трајно неспособен со цел да избегне служење на воен рок.

Без разлика дали дезертерот Ковачевски е навистина трајно неспособен или пак лажно се претставувал дека е трајно неспособен, тој не требало да добие и да го задржи безбедносниот сертификат, односно не е во можност да ја извршува функцијата премиер.

Според член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување.

Безбедносниот сертификат на дезертерот Ковачевски е издаден од страна на директорот на ДБКИ, Славевски, за кого иако постојат индиции дека е учествувал во криминал, земање мито за издавање на безбедносни сертификати, и со месеци бега да се јави на распит, се’ уште е на функцијата.

Дали самоволието во ДБКИ, и нереагирањето на дезертерот Ковачевски се должи на фактот што Славевски го издал и се’ уште му го нема одземено безбедносниот сертификат, иако веќе и јавноста е запознаена дека постои промена во условите за издавање?

Дезертерот Ковачевски да не бега и да не се крие. Да си поднесе оставка веднаш, а институциите да поведат постапки за него со цел утврдување на неговата состојба.

Народот не смее да го води човек што или е трајно неспособен и со тоа избегнал служење војска, или е лажоман и фалсификатор на лекарски наоди, со цел да се престави себе си како трајно неспособен, за да не служи војска.

Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ, дали хакерскиот напад е обид за прекривање на криминал и злоупотреби на Николовски и власта?

Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор.

Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се вод во министерството.

Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кој недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри кој што ги води МЗШВ за откупувачи за вино,за земјоделските задруги, за органско производство,преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници.  Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои што се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки.

Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч.

Поради овој хакерскиот напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во министерството за труд и социјална политика.

Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ.

Почитувани,

Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозен сомнеж дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прекривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС.

Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување?

Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот.

Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара.

Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат.

На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми.

Димитриеска Кочоска: Во Македонска Каменица градоначалникот реализира проекти кои се во завршна фаза од 600 илјади евра, со домаќинско работење се случуваат промени

Наспроти хроничното неработење на градоначалниците на СДСМ и ДУИ,
градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај тешките услови во кои што работат, и покрај потешкотиите со кои се соочуваат, покрај енергетската криза и понатаму продолжуваат со реализација на своите проекти.
Од таа причина денеска сум во Македонска Каменица во посета на општина која што е  еден убав и позитивен пример дека и во вакви услови може да се реализираат проекти.
Оваа општина во изминатиот период откако градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ ја предводи има реализација на проекти во завршна фаза некаде над 600 илјади евра, притоа спортско рекреативен центар ќе добијат луѓето од Македонска Каменица, имаме осветлување на Кејот во овој период реализирано, осветлување на влезот и излезот од македонска Каменица.

Значи нашите градоначалници и понатаму покажуваат дека промени се случуваат, дека станува збор за различен пристап на однесувањето, реализирање на проекти и покрај кризата со едно домаќинско работење и покажуваат на еден начин дека може навистина на еден убав начин и со домаќинско работење правилно да се насочат и да се трошат парите на граѓаните.

Попов: Апелираме да не кревате врева, премиерот ни е со попуштени нерви, трајно е неспособен

Почитувани,
Стоп нека престане вревата, затоа што на премиерот му се попуштени нервите поради тоа што  е трајно неспособен и му сметаат силни звуци како што бевме впрочем сведоци и во Собранието на Република Македонија.
Премиерот работи 15 часа на ден и потпишува важни документи затоа му е потребна голема концентрација, која поради тоа што е трајно неспособен му е тешко да ја постигне.
Тој потпишува важни документи, ја решава енергетската криза и подготвува нов сет на барања кој експресно ќе ги исполни кон Бугарија.
Криминалот, криминалот ќе си продолжи, тоа на премиерот не му смета, не му оди на нерви, тоа ќе си биде како до сега, така и отсега.
Уште еднаш апелирам, намалете со свирките и галамата кога поминувате пред Влада, на премиерто му се слаби нервите, тој е трајно неспособен.

Ковачки: Бараме оставка и утврдување на деловната способност на Ковачевски, со тоа ќе се утврди дали лажел или е навистина трајно неспособен

Македонија ја води Трајно неспособен премиер или премиер кој лажел и приложил документ за да ја избегне законската обврска за служење на воен рок. 
Трајна неспособност е состојба која може само да се влошува, а не да се подобрува. 
Ако состојбата на дезертерот Ковачевски можела да се поправи, тогаш дијагнозата ќе била времено неспособен, а не како што е заведен трајно.
Со трајна неспособност човекот не може да ги извршува своите работни задачи во текот на денот непречено, и тој мора да подлежи на паузи, кои може да бидат и подолги.
Македонската јавност останува без одговор на прашањата за тоа кога лажеше премиерот:
Тогаш кога изјави дека не бил во војска затоа тоа што бил на студии, или тогаш кога го приложуваше документот дека е трајно неспособен. 
Ова е крајно неодговорно однесување на првиот човек на Владата кој беше наместен на позицијата за да ги ужива бенефитите што му ги овозможија тие што загинаа додека тој бегал и лажно се претставувал за трајно неспособен. 
Премиерот дезертер, е должен веднаш да поднесе оставка и во најмала рака и’ должи извинување на македонската јавност заради тоа што станал премиер правејќи се трајно неспособен тогаш кога државата го барала и кога и’ бил најпотребен. 
Почитувани,
Бидејќи од СДС се оперирани од срам и морал и Ковачевски нема да поднесе оставка, а имајќи во предвид дека од Министерството за одбрана веќе ја потврдија автентичноста на објавениот документ на социјалните мрежи на кој јасно се гледа дека премиерот Ковачевски е Трајно неспособен, односно е во состојба која не може да биде надмината, ги повикуваме надлежните институции веднаш да поведат постапка за утврдување на деловната способност на премиерот на Македонија и со истата веднаш да биде запознаена јавноста.
На трајно неспособни или лица кои лажеле за да избегнат служење на сопствената држава, не може да им бидат доверени највисоките државни функции и истите мора да одговараат и кривично доколку со лажење избегнале законска обрврска.

(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски освен дезертер е и лажго, разобличен со факти: Еднаш вели дека е трајно неспособен поради операција, друг пат поради учење школо

На чело на државата имаме премиер, кој е трајно неспособен. И тоа го потврдува, како што кажаа и од Министерството за одбрана воената евиденција.

Освен тоа што Ковачевски е дезертер тој е и лажго. Прашањето е кога ја лажеше јавноста, кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција пред 20 години или кога вели дека дезертирал зошто учел факултет. Еве ги фактите:

Вчера и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции.

Тој кажа, цитирам : „Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Се злоупотребува последователна хируршка интервенција од пред 20 години“

Но, пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој кажа дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето повеќе немало обврска за служење војска.

Еве што кажа тогаш.

Прашањето е:

Кога ја лажеше јавноста, тогаш кога кажуваше дека не служел војска затоа што студирал или сега кога вели дека бил ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН?

Имено, дека премиерот дезертер Ковачевски е неспособен потврдија и од Министерството за одбрана, кои го потврдија документот објавен на социјалните мрежи, од кој јасно се чита дека премиерот е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Едно е јасно, дека дезертерот Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН да ја извршува функцијата премиер.

ТРАЈНАТА НЕСПОСОБНОСТ не може да се отклони, последиците од истата може само да се влошуваат.

Ова е втор претседател на СДС, кој е неспособен, првиот беше Заев.

И едниот и другиот се штета за Македонија.

(Документ) Ковачки: Ковачевски е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, дали лажел за да избегне војска или имаме неспособен човек за премиер

Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН за служење војска.

Ова е документот, извадок од евиденциона книга на АРМ, објавен на социјалните мрежи.

Од овој документ јасно се гледа дека Ковачевски од страна на лекари е прогласен за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Ова води до два заклучока. Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Доколку Ковачевски не лажел и не се служел со измама, тогаш ние за премиер на државата имаме ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН човек, а самата дијагноза кажува дека неговата неспособност не може да се отстрани, т.е. дека таквата состојба кај него е трајна, што значи дека истата може само да се влошува.

Доколку Ковачевски лажел за својата здравствена ситуација, тогаш ние на чело на државата имаме патолошки лажго.

Ако лажел да избегне служење војска правејќи се ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш не можеме ниту да претпоставиме за што се’ друго би лажел.

Доколку пак Ковачевски навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, не знаеме дали таа состојба кај него прогресирала и дали тој е целосно функционален да ги извршува државничките задачи.

И  во двата случаи, односно и доколку лажел, и доколку е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, Ковачевски како премиер е опасност за државата.

Ковачевски мора да си даде оставка. Македонија не смее да биде водена од премиер кој е или патолошки лажго или е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Ковачки објавува: Ковачевски дезертирал од војска 2001ва година, прикажувајќи се за трајно неспособен, му даваме 24 часа ако нема одговор објавуваме се што имаме

Денеска откриваме нов скандал за премиерот – дезертер од Армијата на Република Македонија. 

Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен.  

Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови.  

Но повторувам, според информациите со кои располагаме, дезертерот Ковачевски СВЕСНО го избегнал служењето на воениот рок во АРМ. 

Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен. 

Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан.  

Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата.  

Го повикуваме дезертерот Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите?  

Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме. 

Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција.  

Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? 

Дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана.  

Одговорност мора да има како за дезертерот Ковачевски, така и за целата СДС, коишто наместија трајно неспособна личност на чело на Владата. 

Дали Ковачевски е поставен за премиер, токму затоа што е трајно неспособен? 

Стоилковски: Дали дипломатскиот пасош за Рамчиловиќ е награда за корупцијата и антимакедонското делување?

Антимакедонската СДС продолжува со девастација на дипломатијата со срамни недостоинствени вработувања на свои миленици, а сега и со именувања на амбасадори. 

Именувањето на Зекир Рамчиловиќ, докажан со гласање на антимакедонски зафати во Парламентот, сега е награден со амбасадорско место и тоа среде корупциски скандали и за МНР и за Рамчиловиќ. 

Рамчиловиќ без никакво дипломатско искуство се испраќа за амбасадор во време кога е отворен предмет за вработувањето на неговиот син во МВР, откако претходно и за неговата сопруга беше отворен предмет во ДКСК за вработување во кабинетот на МВР. 

Именувањето на пратеникот од антимакедонската СДС е дипломатски скандал, во низа по скандалозните обиди за именувања на ликови како Фрчкоски, Теута Арифи и други на амбасадорски и конзулски функции, со што докажано, МНР е претворено во дувло за миленици на антинародната власт! 

Оттука Ковачевски и Османи мора да одговорат, со што Рамчиловиќ заслужил да биде именуван за амбасадор? Кои се неговите квалификации?  

Ковачевски и Османи мора да одговорат дали дипломатскиот пасош за Рамчиловиќ е награда за корупцијата и антимакедонското делување? Дали е ова обид за сокривање на Рамчиловиќ од правдата за непотистичките вработувања?  

Антикорупциската комисија по втор пат отвора предмет за Рамчиловиќ, а корумпираната власт го праќа за амбасадор во држава членка на НАТО! 

Наместо постапка пред македонските институции за непотизмот, Рамчиловиќ е награден со амбасадорски, дипломатски пасош за него и неговото семејство! 

Македонија меѓународно доживува порази, тоне во скандали, а Ковачевски, Османи и антимакедонската власт се занимаваат со ухлебување на свои миленици и нивно сокривање од лицето на правдата.  

Ова е срамно и за МНР и за Македонија. Ова мора да има крај! 

Потребни се итни избори по коишто ќе бидат ревидирани сите случаи и ќе има одговороност за сите порази и девастација! 

Митева: Дуото Ковачевски наместо да произведува струја во Македонија, ја купува од странски држави по енормно високи цени

Дуото Ковачевски, Васко и Димитар Ковачевски ја донесе Македонија во состојба на недостаток на струја, и несигурност дали фирмите ќе може да ја платат струјата без да отпуштаат работници. 

Договорот за снабдување со струја од Бугарија, во количина од околу 5 гигавати дневно, по цена која циркулира во јавноста од 400 евра по мегават час, ќе ја чини Македонија, односно македонските фирми 2 милиони евра секој ден.  

Оваа струја доколку се произведеше во Македонија, доколку работеше РЕК Битола и Осломеј со полн капацитет, ќе чинеше не повеќе од 60 евра по мегават час, а во ТЕЦ Неготоно не повеќе од 170 евра по мегават час. Односно струјата која што Македонија ќе ја купува од Бугарија е за од 3 до 6 пати повисока цена. 

За период од 180 дена, колку што ќе трае договорот за увоз, кон Бугарија ќе бидат исплатени над 360 милиони евра.  

Струјата од 200 мегавати на час, е струја која може да се обезбеди од третиот блок во РЕК Битола, доколку власта обезбедеше јаглен и го оспособеше истиот. Тогаш наместо 2 милиона евра дневно за струја, ќе се трошеа не повеќе од 350 илјади евра. А за целиот период наместо 360 милиони евра, македонските фирми за струја ќе потрошеа не повеќе од 60 милиони евра. 

Истата струја од Бугарија, можеше да се супституира со вклучување на втората турбина во ТЕЦ Неготино, доколку се обезбедеше за неа навремено мазут, со што ќе се добиеја 110 мегавати, а за дополнителните 90 мегавати ќе можеше да се надоместат од ТЕ-ТО, доколку исто така навреме се снабдеше државата со гас по нормална цена.

Во овој случај доколку бизнисот се снабдуваше со овие 200 мегавати на час наместо од Бугарија, од ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, струја ќе го чинеше бизнисот 1 милион евра дневно, наместо 2 милиони евра како што е најавата за сега. 

Фирмите немаше да плаќаат скапа струја, доколку претходно владата не се трудеше да става провизии на увозот на јаглен и мазут и навремено се снабдеше. 

Струјата ќе беше поефтина и доколку владата навремено преговараше за закуп на дел од производството, како што сега го прави во Бугарија во истата или во некоја друга држава, но тоа да го направеше пред половина година, а не како сега во 12:05. 

Ако е ова планот на Ковачевски за справување на енергетската криза  тогаш Ковачевски немојте да правите повеќе планови, заради вашите планови сега илјадници фирми ќе бидат пред затворање.

Лефков: Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, и тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка 

Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, и тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка. 

Талат Џафери влезе во правни гимнастики и испокрши Деловник за работа на Собранието, Закон за рефеењндум и Устав, само за са му помогне на Ковачевски за да ја спаси фотелјата за некој месец. 

Имено Џафери според чл. 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието, не е овластен да го отфрли барањето, туку истото требаше да го проследи до претседателот на Законодавно правната комисија и до Комисијата за политички систем.  

Со отфрлањето е прекршен и чл. 26 од Законот за референдум, бидејќи според истиот предмет на референдум може да бидат и меѓународни договори, кои се ратификувани како закони во Македонија.  

И на крај Џафери го прекрши Уставот, кој го дозволува референдумот, како врвна демократска алатка. 

Талат Џафери помина низ сета оваа правна гимнастика и без правна основа го отфрли барањето, за да го спаси Ковачевски од дебакл. Бидејќи според нашите истражувања над 60% од Македонците ќе излезеа на референдум. И најголем број од нив ќе гласаа за поништување на договорот. 

Ковачевски се исплаши дека ќе му пропадне договорот, кој жестоко го бранеше, а потоа и дека и самиот тој ќе мора да си поднесе оставка и замина. 

Ковачевски можеби избега од референдум, но неговите денови во владата се броени, тој ќе биде жестоко поразен на наредните предвремени парламентарни избори. 

Андоновски: Арсовска во време на најголема криза од ЈП Водовод брка од работа 100 вработени

По агресивниот настап на градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска и противправното разрешување на директорот на ЈП Водовод, Златко Перински, градоначалничката Арсовска прави уште еден непромислен, избрзан и нечовечки упад.

Во нејзин стил, како познатата порака која кружи низ градот Скопје – „од утре да го нема“, градоначалникот најави прекин на договорите за работен ангажман на околу 100 вработени во Градот Скопје односно во ЈП Водовод.

Во време на најголема криза во најава, од работа се планира да се избркаат 100 работници од ова јавно претпријатие. Без објаснување каде овие луѓе згрешиле. Без замерки за нивната работа. Без аргументи. Знаеме дека во периодот од 05.07.22 до 07.07.22 во ова јавно претпријатие извршен е инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат на труд, за кој има записник, дека се во врска со работните односи е кристално чисто и дека Водовод е институција каде сите влезови и излези се евидентирани на електронски систем, како и со потпишани пропусници и за службен и за приватен излез на вработените. Значи нема отсуства од работа и нема недостатоци.

Но, Арсовска, спротивно на било каква логика или доказ, го разреши и директорот на ова јавно претпријатие. И сакаше и да го разреши и секретарот на Градот Ѓоко Велковски откога истиот си поднесе оставка, од се уште неразјаснети причини поврзани со јавното претпријатие.

И покрај успесите во работењето, проектите, позитивните промени, како и позитивните оценки од меѓународните кредитори, Арсовска реши да го разреши Перински.

Сега, истото го прави и на недолжни работници кои посветено си го вадат својот леб од работата во јавното претпријатие. Од работен ангажман се бркаат луѓе кои својата работа ја вршат повеќе месеци, а некои од нив и со повеќе години. Наместо нивната стабилност да биде гарантирана пред очекуваната криза, тие сега се бркаат.

На ова непромислено, избрзано, импулсивно и неаргументирано однесување на Арсовска реагираат и бројните синдикати на вработените во претпријатието.

Почитувани,

Гласно алармираме дека Градот не смее вака да се води.

Данела Арсовска нека се вразуми, и во духот на успешен менаџер за каков што се претставуваше нека се воздржи од вакви нагли и непромислени потези.

Луѓето заслужуваат да си ја задржат работата која си ја вршат со посветеност и чесност.

Градоначалник, запрете ја постапката. Заборавете на реваншизам кон недолжни работници.

Посветете се на реализација на проектите.