Панова: Избраната претседателката на Судскиот совет Дамева е партиски активист и поранешен член на партиска комисија на СДС

Партизацијата на судството не застанува. Во услови кога сите па и самата власт посочува незапирливо загрижувачко растечко ниво на криминал и корупција, денеска за претседател на Судски совет е избран активист и поранешен член на партиска комисија на СДС, Весна Дамева.

На изборот претходеше оставка на претседател на Судски совет којшто посочи на, цитирам, хајка од судско-бизнис елита.

Весна Дамева и денеска по изборот мораше да ја правда фотографијата на којашто таа е фотографирана со сета партиска комисија на СДС заедно со Зоран Заев. Скандалозно е нејзиното објаснување за фотографијата, кога вели дека тоа што е сликана во партиски простории на СДС, со сите членови на партиската комисија на СДС, со Зоран Заев од СДС, дека тоа не давало впечаток за нејзина партиска припадност. Понатаму продолжува дека „не било спорно“, и дека „ Ние како граѓани сме симпатизери, сме поддржувачи“ на политичка опција.  

Почитувани, за партиско политичкиот момент во овој скандалозен избор на претседател на Судски совет, не може да се изземе и претходниот избор на Дамева за член на Судскиот совет, кога од стручна соработничка во Основен суд, којашто никогаш не облекла тога и не влегла во судница, не донела ниедна пресуда, на предлог на СДС и Стево Пендаровски беше избрана да ги цени судиите во Основен, Апелационен и Врховен суд.

Поголем доказ за партизација и избор на судии и членови на Судски совет, како и на сега претседател на Советот по, со зборови на Дамева, „тевтерче“- едноставно нема! Тевтерчето од кое што таа е избрана го видоа сите на фотографијата!

Почитувани, Ова е четврти скандал поврзан со партизација на судството и судските органи во само две недели. По изборот на Весна Дамева за претседател на Судски совет продолжува да се девастира судството и да се уништува правниот систем!

Трипуновски: Со буџетот за 2023 не се решава проблемот со откупот, народот плаќа храна поскапа и за 50%, а родот на земјоделците скапува на нивите

6 години СДС во земјоделството, 6 години пропаст и разочарани земјоделци. Сега повеќе од било кога порано од државата си заминуваат земјоделците.

Државната земја наместо на вистинските земјоделци ја дадоа на блиски луѓе  кои истата не ја работат, а користат субвенции.

Овчеполието, Пелагонија и другите земјоделски региони се со празни ниви. Тие ниви се дадени во посед на луѓе блиски до власта и не се обработуваат.

6 години нема поголемо производство, и тоа што ќе се произведе нема каде да се продаде.

Во Македонија на нивите скапува храна. И внимавајте, скапува храна кога храната во светот поскапе и до 50%. Кај кого е вината? Кај земјоделците сигурно не е.

Во буџетот за 2023, како гломазен нема предвидено ниту средства, ниту има стратегија како ќе се реши проблемот со пласманот на земјоделските производи.

Доколку власта е неспособна да организира продажба надвор од државата, тогаш може да обезбеди откуп од нивите и барем во рамки на Република Македонија народот да плаќа поевтин зеленчук и овошје.

Сега како што е народот плаќа скапа храна. Произведеното од земјоделците скапува на нива, а на пазарите и маркетите има скапа увозна храна, овошје и зеленчук.

Почитувани,

Буџетот за земјоделие за 2023 година, со која власта денес се фали ќе заврши во џебот на луѓето околу Николовски, Ковачевски и Ахмети, но не и кај вистинските земјоделците.

Нема пари за исплата на заостанатите субвенции, нема пари за инвестиции во земјоделството, нема пари за инвестиции во водостопанството, ниту за исплата  на штетите од временските непогоди во изминативе неколку години.

Земјоделците од Стајковци, од Ресен, од Тиквешијата од цела Македонија и по 5 години чекаат субвенции и надомест на штети на своите посеви и насади.

Ќе чека и Екрем од Арачиново, ќе чека и Трајче од Струмица, затоа што Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски заедно заедно со Али Ахмети имаат други приоритети, но не и решавање на реалните проблеми.

Стоилковски: Данела Арсовска и СДС се во коалиција, Ковачевски потврди имале и средби, плод на коалицијата е директорот на ЈСП кадар на СДС

Данела Арсовска и СДС се во коалиција, Ковачевски потврди имале и средби, плод на коалицијата е директорот на ЈСП кадар на СДС.

Димитар Ковачевски јавно призна дека имал средби со Данела Арсовска. А тоа се гледа и по кадровските политики на градоначалничката на Скопје, која за свои први соработници назначува луѓе од СДС.

Имено Александар Стојковски, директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска е кадар на СДС. Ова е фотографија од која се гледа Стојковски на партиските состаноци во централниот штаб на СДС.

Заедничкиот интерес на таквата коалиција се тендерите и договорите во 4 очи.

Зошто ЈСП троши повеќе нафта од тоа што трошеше со повеќе автобуси од пред 8 години?

Зошто фирмата на владиниот пратеник е победничката на милионскиот тендер за набавка на нафта за ЈСП?

Одговорите ги крие коалицијата Арсовска – Ковачевски, кои што се одговорни за хаосот.

Данела Арсовска молчи и за долгот на Клинички центар кон ЈП Водовод и канализација. Зошто молчи, ако не се во тајна коалиција?

Град Скопје му должи на ЈП Улици и патишта.

Данела Арсовска го заглавила градот во долгови, неподмирени обврски и во проблеми.

Еден од таквите проблеми е и застојот во јавниот превоз.

Додека делат тендери, Арсовска и Ковачевски ги ставија приватните превозници на милост и немилост, а скопјани со нарушен јавен превоз.

Скопје е блокирано, а скопјани заглавени во сообраќаен хаос, и тоа е вина само на СДС и на Данела Арсовска.

Очигледно е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја повлече својата поддршка за Арсовска. Никогаш нема да поддржиме некој кој тргнува во коалиција со криминалци за правење на матни зделки.

Петкова: Се уште нема разрешница за скандалот со 10 месечното бебе во Гевгелија, Тренчeвска да ја разреши директорката Стефановска и да си поднесе оставка

Скандалот со 10 месечното бебе во градинката во Гевгелија, кое се здоби со тешки повреди и гребаници, за време на дневниот престој во градинката, не добива соодветна разрешница.
Но затоа власта е силна на зборови, па упатува обиди за замолчување на јавноста, со опомена пред тужба.
Политичката одговорност со СДСМ на власт, стана мисловна именка, а нивните претставници немаат никакво чувство за морална одговорност.
Имено, директорката во чиј мандат се случуваат неколку скандалозни инциденти, не чувствува вина за настаните. Напротив, обвинува за навреда и клевета и се заканува со тужби.
Па затоа, јавно ја прашуваме директорката Елизабета Стефановска:
Прво, што презеде за да се надминат последиците од скандалот со 10 месечното бебе, и второ, дали се вистинити тврдењата дека, пред одреден период, истите одговорни негувателки, кога таа е директорка, заборавиле заклучено дете во тоалетот.

Воедно, сведоци сме дека извештајот кој го изнесе Министерството за труд и социјална политика на чело со Тренчевска е пристрасен и заштитнички кон сторителите на ова дело.

Изговорот дека станувало збор за “детска игра” меѓу 10 месечно бебе со негови врсници е крајно навредувачки, пред се кон родителите на детето, но и пред јавноста.
Наместо преземање на потребните чекори, институциите на чело со министерката Јована Тренчевска и директорката Елизабета Стефановска, се занимаваат со обид да го прикријат целиот случај, кој предизвика огромен револт кај семејството на детето, но исто така предизвика револт и кај нашите сограѓани.
Министерке Тренчевска, повторно јавно ве повикуваме да ја разрешите директорката Стефановска и да побарате одговорност од сите вклучени во овој случај. 

Нерасчистувањето на претходните настани во изминатиот период во оваа институција, направија повторно да се случуваат нови немили настани.

Стоилковски: Тежок скандал – Криминалци избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, Спасовски оставка веднаш

Оливер Спасовски, СДС и ДУИ се сериозна опасност за функционирањето на МВР и за безбедноста на граѓаните пред растечкиот криминал, насилството и самоволието.

Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле ИЗБРКАНИ од полициско одделение. Нема друг таков случај во светот. И Спасовски и МВР повторно се обидува да забошотат и премолчат случајот.

Ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага. Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи.

Вчера медиумите објавија за случувањето пред два дена, а МВР се уште молчи. Повторувам, само затоа што било сопрено лице со возило без валидни документи, вооружена група блиска до власта, еден полицаец и еден познат на полицијата, влегуваат во полициско одделение и полицајците морале, добиле наредба од претпоставен да се повлечат од Арачиново до Гази Баба!

Почитувани криминалот и бандитизмот земаа се поголем замав токму заради самоволието и инволвираноста на Спасовски, СДС и ДУИ во нивното покривање на штета на полицијата, но и на општата безбедност и јавен ред и мир.

Бандитизмот и дрскоста заради неказнивоста одат до таму што човекот којшто според медиумот ја предводел вооружената група во полициското одделение во Арачиново, директно упатува закани до редакцијата којашто ја објави веста.

Почитувани, ако некој се чувствува моќен за неказнето вооружен да влетува во полициски објект и да брка и да се заканува врз полициски службеници коишто се повлекуваат, кој може да ја гарантира безбедноста на медиумите или на граѓаните после ова било каде?

Оттука, ги повикуваме професионалците во МВР да преземат мерки во насока на заштита на јавниот ред и мир, во насока на заштита на медиумите, но и за ставање крај на политичките злоупотреби на полицијата, вистински да застанат во функција на обезбедување на јавен ред и мир и справување со енормно нараснатиот криминал и да го расчистат случајот.

Оливер Спасовски мора да замине од МВР, затоа што по 7 негови години, криминалот цвета, полицајците се цел на потсмев, а полицијата е логистика на белосветската мафија.

Оливер Спасовски е најголемата закана по функционирањето на МВР и справувањето со криминалот, насилството и корупцијата.

Оттука, ги повикувам и новинарските и медиумските здруженнија да се охрабрат и да реагираат во заштита на новинарите и медиумите коишто ја пренесоа информацијата за Арачиново. Во моментов ништо не е поважно од ставање крај на бандитизмот, а додека Оливер Спасовски е на чело на МВР тоа е невозможно.

Муцунски: Младите од ВМРО-ДПМНЕ праќаат порака дека тие се позади принципиелно членство на Македонија во ЕУ, со вакви настани придонесуваме кон добра соработка со европските земји

Огромно задоволството е да се отвори овој настан организиран од нашиот политички подмладок, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и ЕДС која е најголемата студентска организација во Европа, но најбитно со официјалната студентска организација на Европската народна партија  чија што членка е и ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаме дека на овој настан придонесуваме кон добрата соработка со европските земји бидејќи сите претставници тука се или од земји членки на Европската Унија или од земји кои претендираат да станат некој ден членки на ЕУ.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ праќаат порака дека тие се позади принципиелно членство на Македонија во Европската Унија, базирано на вредности, базирано на правила и принципи.

Исто така радува што овој настан се реализира и со огромна поддршка на фондацијата Конрад Аденауер, верен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партнер кој постојано вложува во градење на капацитетите на нашата политичка партија.

Попов: Ќе ја искористиме оваа прилика да ја претставиме македонската вистина пред нашите меѓународни студентски партнери

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ од прво до четврти овој месец сме домаќини на Генералното собрание на Европски демократски студенти, тоа е официјална студентска организација на европската народна партија. Со одржување на овој настан токму во Скопје се праќа уште еден чин на валоризација на нашиот труд од страна на нашите меѓународни партнери. Во наредните неколку денови овде во Скопје ќе бидат присутни околу 46 претставници од над 20  политички партии наши сестрински политички партии ширум Европа.

Во наредните денови ние оваа прилика ќе ја искористиме да ја претставуваме македонската вистина пред нашите меѓународни студентски партнери, да зборуваме за лошиот студентски стандард, да ги претставиме сите оние проблеми кои ги имаат студентите во Република Македонија, да ги споделуваме искуствата кои тие ги имаат во Европската унија се со цел да дојдеме до убави решенија за младите луѓе овде во Македонија.

Благодарам за присутноста на вашиот медиум за овој настан. Ве повикувам да го проследите нашиот настан и во наредните неколку денови ќе зборуваме буквално за сите теми кои ги интересираат младите луѓе, ќе учиме и ќе ги даваме нашите примери.

Ковачки: Судот да отпочне одземање на деловната способност на Ковачевски, мора да се знае или е неспособен или лажоман

Судот веднаш да постапи согласно чл. 40 од Законот за вонпарнична постапка, кој вели дека постапката за одземање на деловна способност е итна и да отпочне постапка за одземање на деловната способност на дезертерот Ковачевски.

Самиот факт што постојат сомнежи дека премиерот дезертер Ковачевски може да има нарушена деловна способност, а кој се темели на уверението за трајна неспособност кое сам си го поднел до АРМ треба да биде мотив за отпочнување на постапката.

Трајна неспособност не е состојба која може да се отклони, а земајќи во предвид дека дезертерот Ковачевски не кажува дали навистина е трајно неспособен или лажел пред институциите за да не оди војска, сомнежот дека навистина е трајно неспособен и можеби има нарушена деловна способност е оправдан.

Во моменти кога јавноста будно го следи случајот, и очекува одговори, судот мора да реагира, и врз основа на членовите од 34 до 38 од Законот за вонпарнична постапка да отпочне процес за одземање на деловната способност.

Јавноста мора да знае дали за премиер има трајно неспособна личност или човек кој лажел за да избегне воен рок, и за тоа приложил потврда односно лекарско уверение. Кое и да е од двете, дезертерот Ковачевски мора да си поднесе оставка.

Доколку судот не реагира, иако за тоа постои обврска, се отвора сомнеж дека го прикрива дезертерот Ковачевски.

Одговорност мора да има. Судот да реагира согласно законските обврски и да отпочне процес за одземање на деловната способност.

Митева: МОН платило пола милион евра за еднократна употреба на скрипти, кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа?

Сведоци сме на молк од МОН за потрошените половина милион евра за печатените привремени  учебници. Молк за огромниот скандал преку кој власта повторно наоѓа простор и начин како да спроведува експерименти кои скапо не чинат. Молчат и не одговорија на прашањата за кои јавноста чека одговори.
МОН наместо да обезбеди учебници за учениците согласно законските обврски, спроведува договор за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за еднократна употреба во основното образование во вредност од половина милион евра.


Почитувани граѓани, овие материјали, се со важност од само 3 месеци, внимавајте… за првото тромесечие од учебната година, и тоа само за прво, второ, четврто и петто одделение половина милион евра. Во бројка, тоа се скрипти за само 80.000 ученици. Дополнително, примената на овие привремени учебници во понатамошниот образовен процес се уште не е утврдена, најверојатно истите нема воопшто да се користат, или можеби ќе ги користат за адекватна замена онаму каде што ќе недостасуваат учебници бидејќи видовме, тоа годиниве стана пракса. Половина милион евра потрошени за една употреба.


Да биде состојбата уште по сомнителна, говори и фактот што овие т.н. скрипти се збир од материјали, кои власта успеала ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите. Имено, станува збор за само една скрипта- учебник, внимавајте, само една скрипта од стотина страни во кои се содржани сите наставни предмети. Дополнително, содржината на оваа скрипта е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници и само поделена во делови за да се направат материјали за учење.

Почитувани, Отсуствува чувство на одговорност од Министерот Шаќири, каде запрашан од новинарите колку ја чинеше државата печатењето на овие привремени скрипти – одговори дека не знае, го нема тој податок. Ние знаеме – тие привремени материјали чинат 530 илјади евра.


МОН е должно да одговори – кој ги одобрил овие материјали, зошто се плаќа за дупло печатење кога можеле да се испечатат учебници знаејќи дека оваа скрипта е збир на учебен материјал од минатата година и најважно кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа? Јавноста чека одговори.

Државната комисија за спречување на корупцијата мора да отвори постапка за испитување на вработувањето на сопругата и сестрата на сопругата на министерот Благој Бочварски во Клиничката болница – Штип.

Според јавно достапни информации, сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Министерот Бочварски се венчава во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа.

Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас.

Почитувани,

Бидејќи и Бочварски и клептоманската власт водена од неспособната антимакедонска СДС молчат за случајот, ДКСК мора да даде одговори:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница – Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?.

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се ухлебени во штипската болница речиси директно „од клупа“, со неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипска болница без оглас распишан од болницата?

Дали Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработат во штипската болница?

Почитувани,

Македонија се дави во корупција која што доведува до страшна и длабока сиромаштија. Една од функциите на ДКСК е да спречува корупција и да реагира навремено. Со затајување на ДКСК, институцијата станува соучесник во девастацијата на системот, соучесник во злоупотребите и соучесник во растот на корупцијата и со тоа во осиромашувањето на граѓаните.

Институциите и буџетот на Македонија повеќе не може да издржат ухлебување на семејства и миленици на антимакедонската власт. Ова мора да има крај!

Митева: Наместо нови учебници, МОН платило 530.000 евра за привремени материјали за учење, компилација од минатогодишните и дел од новите учебници

Во Министерството за образование и наука се е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Јавноста добро е запознаена дека наместо нови учебници, се изготвија привремени материјали за учење и верувале или не истите тие привремени материјали чинат 32.581.158 денари или 530.000€. Овие експерименти во МОН се со следниов тек.

Половина милион евра се плаќаат таканаречени скрипти, кои ќе служат еднократно. Се покрива неспособноста на власта навреме да се обезбедат учебници, и се создава простор за профит на поединци.

Да тргнеме со ред, како почнува сагата од половина милион евра.

1. Министерството за образование и наука објавува конкурс преку педагошка служба. Согласно концепцијата за дигитализација, за прво и четврто одделение беа предвидени дигитални учебници кои не успеаја да ги дигитализираат, па ги повлекоа. Согласно податоците со кои располагаме ги повикале истите автори годинава, кои се јавиле на конкурс и истите тие книги, што требаше да бидат дигитални, ги поделиле во делови и така ги направиле привремените материјали за учење за прво и четврто одделение.

2. За второ и петто одделение ги повикале истите автори, тука додале неколку нови и тие по наставните програми подготвувале учебници. Од овие учебници кои пак најверојатно уште се преведуваат и не се финални, сепак од нив биле искористени делови за да се подготват привремените материјали за да имаат барем нешто спремно за први септември.

Почитувани,

Ова буквално значи дека децата ќе учат од материјали, кои власта успеала да ги скрпи пред самиот почеток на учебната година, затоа што со години ништо не превземаат. И наместо нови учебници имаме компилација на привремени материјали од минатогодишните учебници и дел од новите која Министерството за образование и наука ја платило 530.000€.

Додека наставниците, учениците и родителите се обидуваат да се справат со тоталниот колапс, експериментите што се целосна алтернатива на учебникот чинат илјадници евра. Тука се поставуваат три сосема логични прашања за кои Министерството за образование и наука е должно да одговори. Прво, кој ги одобрил овие материјали да бидат составен дел од образовниот процес на ученикот и второ, кој и зошто ја определил оваа енормно висока цена за привремени материјали за учење од кои дел се збир од учебен материјал од минатата година? И трето и најважно, кој профитира од дупло печатење кога можеле да се испечатат учебници наместо привремени материјали? Дали два пати се плаќа за иста работа и дали за ова некој зема голема провизија?

Ова е уште еден огромен скандал во образовниот систем каде криминалната власт на СДСМ заработува, додека се случува тотален распад на системот и на институциите. Јавноста очекува одговори  –  кој профитираше 530.000€ за привремени материјали за учење? 

Стоилковски: Сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница директно „од клупа“?

Продолжуваме со објавување на скандалозни непотистички вработувања и злоупотреби на позиции од клептоманите на власт, додека Македонија тоне во сиромаштија и во кризи!

Штипската болница не е изградена, но тоа не го спречува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од антимакедонската клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопругата. Бочварски да е појасни се венчава во мај, а веќе во јуни, неговата сега сопруга добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра.

За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа.

Оттука, Благој Бочварски должи одговори:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас?

Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница?

И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, ухлебена  во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?

Почитувани,

Благој Бочварски нема одговор зошто не е готов автопатот Скопје – Блаце што требаше да биде завршен, ниту автопатот Кичево – Охрид којшто исто така требаше да биде завршен, нема ниту изграден современ пат до Прилеп и Битола. Ништо од секторот на миленикот и протежето на Зоран Заев не е сработено и изградено, ама затоа за неговата сопруга и за нејзината сестра итно е отворена работа во штипската болница. Нема градба, нема капитални инвестиции, одговор од Бочварски затоа нема, бидејќи одговорот веројатно е едноставен, човекот веројатно се грижи за семејните вработувања. Здравството е во колапс, луѓе умираат во болничките ходници дури и на клупите пред болниците ама затоа министерските семејства мора да бидат ухлебени на буџет!

Со секој изминат ден со антимакедонската клептоманска СДС Македонија тоне се подлабоко во кризи и сиромаштија, а расте единствено бројот на злоупотребите на буџетот од клептоманите!

Потребни се оставки, потребно е одговорност, потребни се итни избори!