Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани.

Ова не е само политичка констатација, ова го кажуваат цените на рафтовите. И за ова не се виновни само некои трговци како што тоа сакаат да го прикажат Ковачевски и Битиќи, туку и самите тие, кои се 5 години на власт.

Пред една година литро масло се купуваше по цена од 60 денари, сега истото тоа масло од ист произведувач чини над 160 денари.

Килограм шеќер пред една година чинеше 35 денари, сега чини над 60 денари, ист е и случајот со брашното и млекото.

Еден леб пред една година чинеше 20-тина денари, сега истиот се продава и до 60 денари.

Почитувани,


Ова се цените на основните животни намирници и буквално сите бележат 100% зголемување.

Ова е реалната инфлација, која е речеси 100%. Основните намирници кои се неопходни за прехранување на едно семејство се со двојно повисоки цени сега, за разлика од пред една година.

И зошто е виновна власта? Затоа што Македонија во 2016 година имала доволно произведено пченица за задоволување на домашните потреби, а сега нема, и увезува над 60.000 тони годишно. Тоа влијае на цената на брашното, лебот и белите пецива.

Како што има пад во производството на пченица, така има и пад на произведената сточна храна, што пак влијае на поскап увоз и по неконкретно домашно сточарство, тоа е поскапо млеко, месо и јајца.

Лошиот однос на СДСМ кон домашното производство допринесе народот да не може да се прехрани.

Одговорноста за ова е директно на конто на СДСМ. Ја осиромашија државата и народот. Премногу е, затоа протест за промени и предвремени парламентарни избори.

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Денес на редовната седница на Советот на Град Скопје како млади советници со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ поднесовме предлог одлука за давање на овластувања за управување на објекти, односно за нејзина измена и овозможување на дискотеките кои се сега лоцирани во Градскиот парк, да можат да работат и истите да бидат место за забава на младите во градот и неговите посетители.


После две пандемиски години редно време е да го вратиме сјајот на ноќниот и на социјалниот живот во Скопје.

Ги повикувам сите млади советници од другите коалиции и партии да го поддржат овој предлог, и да го направиме ова лето подобро за сите нас.

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Од денес, етичкиот кодекс не постои.денес СДСМ го оправда однесувањето на Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност.

Ова што денес го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден.


Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или било која припадност.


Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ. Вака функционира во целата држава. Вака е со се во државата. Секогаш кога треба да понесат одговорност бегаат од истата.
Одговорност ќе има. Ќе одговараат пред граѓаните на Република Македонија.


На 18 јуни е општонародниот протест и е почеток на крајот на оваа аздисана власт и на ова безредие во кое што живееме, а на коешто за жал бевте сведоци и вие денес.

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Власта на СДСМ и ДУИ лошата економска состојба се обидува да ја покрие со весела математика и статистичка шминка. Но и тоа не им помага.


Од статистика и статистички вратоломии гледаме дека стапката на инфлација изнесува само 10,5%, што само по себе е една од најголемите стапки на инфлација во Европа, а притоа власта не кажува дека основните животни продукти и потреби на граѓаните се поскапи и до 100%.

Преку статистика го смалуваат процентот на реалната инфлација вметнувајќи производи кои граѓаните еднаш во годината или никогаш не ги набавуваат и така ја манипулираат јавноста. Стапката на инфлација на државата како статистички податок се пресметува со земање во предвид на цените на сите производи и услуги од кои прехранбените продукти и намирници се само мал дел. Во оваа пресметка се вклучени и производи и услуги кои не се користат секојдневно и граѓаните  имаат помала потреба од нив и тие производи имаат незначителен раст на цената, што допринесува за навидум ниската стапка на инфлација. Но, всушност реалната инфлација се крие во покачувањето на цените на основните производи кои што граѓаните ги користат за живот, а тоа се горивата, струјата, општите прехранбени производи како леб, брашно, зејтин, млеко, месо итн. А тие се покачени и до 100%. Тоа се гледа по самиот факт што денес со 1000 денари не можат да се купат намирници кои до пред една година се купувале само за 500 денари. Или народски кажано струјата поскапела за 30%, а услугите за железнички транспорт по 1% и така се добива средна вредност од 10% поскапување.

За неколку месеци лебот е поскапен за 100%, горивата исто така се речиси двојно поскапи, шеќерот само од април до сега се зголемил за 57%, млекото во споредба со лани е поскапо за 15%, маслото за јадење само од почетокот на годината е поскапено за 70%, брашното за една година е поскапо за 55%, струјата за 30%. 

Почитувани граѓани,

Токму овие продукти и потреби  опфаќаат 75% од трошоците за едно семејство во нивната месечна потрошувачка кошница и тоа само покажува каков драстичен пад на стандардот се случува.

Власта и покрај ваквото енормно поскапување кое граѓаните го чувствуваат по својот буџет ги убедува  дека инфлацијата е само 10%. Ковачевски и СДСМ го прават животот на граѓаните се потежок. Затоа, премногу е, протест за промени и предвремени избори се решението за излез од кризите.

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Овој прес е свикан во врска  на немилиот да не речам срамен настан поврзан со обидот за  насилното преземање на апаратот за  коронарниот стрес тест од Службата за спортска медицина  за во интерното одделение каде работам  и  мое видување како општински советник.

1.     Споменато во изјавите  дека одлуката е донесена после повеќе стручни состаноци. За стручен состанок за овај проблем во Интерното  одделение не сум известен и не знам кога е одржан ниту за тоа кој ќе работи и за обемот на работа.  Сите информации ги добив од медиумите.

2.Коронарниот стрес тест функционираше до пред 10 години додека имаше желба и ентузијазам. Дознав дека сега се сака да врати оваа дијагностичка метода  во комбинација со спортска медицина. Причина немање на апарат. Моето мислење , апаратот во спортска медицина сигурно е стар околу  10 години и ако се планира  заживување на методата во некаков обем  во Интерното одделение  да се направи со нов апарат. Оптоварување и ракување со стар  апарат од персонал од две служби, еден ден интерно одделение , четири дена спортска медицина ќе значи можност  да се остане и без тој апарат и да ја затвориме и Службата за спортска медицина со последици за многу спортисти.  И наместо да се војува треба да се седне и да се разговара.

Околу дијагностиката во болницата, главни места за дијагностика:

1.Интерното одделение организациски со дежурства на секоја четврта  вечер доведено е да работи со минимум или без термини за дијагностика како гастроскопијата  и секако мал финансиски ефект пациентите се снаоѓаат како знаат и умеат. Не сум сигурен и за планираните четири термини за коронарен стрес тест месечно 

2.Рендген службата е оставена со двајца лекари и во време на одмори работи еден лекар исклучиво на итни случаи помогнат од лекари од Битола и Скопје само за дежурства. Можности за термини  за преглед нема, освен за итни случаи упатени само од специјалист. Матичните лекари не можат да закажат за дијагностика и се оставени само на основен лабораториски пакет и издавање на рецепти и различни приоритетни упати за работи кои самите можат да ги решат.

Последиците ќе следат со општа незаинтересираност на младите лекари за работа како матичен лекар и дефицит на матични лекари. Проблемот ќе трае и наредните години до враќање на испратените лекари на специјализација. Ако и на тие лекари  им се дозволи да заминат проблемот станува траен и непоправлив.

Околу техниката, компјутерската томографија и мамографот не се во функција и пациентите ги праќаме низ градовите каде има термини. Болничките пациенти со возила се носат за дијагностика во Битола. Договарањето го врши менаџерскиот тим.

Магнетната резонанца е ставена во функција само за снимања на глава, рбет и колено  и упати од невролог, ортопед и физијатар, а кој ги чита наодите не знам.

Ситуацијата  не е добра. Треба објективно да се претстави состојбата и да се бараат решенија  И ако не можеме  да набавуваме  нова или тешко ни оди сервисирањето  на  опремата  добро би било  градот да ја знае финансиска состојба на прилепската болница.

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Општина Куманово од министерот за внатрешни работи Спасовски и началникот на СВР Величковиќ барам итно и неодложно разрешување на командирот Зорица Вукановиќ.

Не верувам дека постои друг командир кој што има повеќе причини за разрешување од кумановскиот. По неусвоена полугодишна информација за работа на полициската станица за 2021 година, пред неколку дена Советот не ја усвои ниту годишната информација за работата на полициската станица за 2021 година.

Како советници укажавме негодување односно укажавме забелешки и на формата, и на содржината, и на методологијата со кои што е направена самата информација. Поставивме повеќе од 200 прашања, повеќе од 200 забелешки, препораки, меѓутоа и аргументирано укажавме на недостатоци и недоследности во самата информација.

За жал, не добивме одговор на ниту едно прашање, на ниту една препорака или забелешка од страна на претставниците на полициската станица.

Командирот Зорица Вукановиќ веќе во неколку наврати, во низа покажува елементарно непочитување кон Советот, и кон граѓаните кој што го избрале тој Совет. Командирот покажува непрофесионален однос, прекршување на член 25 од Законот за полиција, со свои постапки, како непрезентирање на самиот извештај пред Советот и пред граѓаните, доцнење неколкумесечно со доставување на извештајот за 2021 година и  неодговарање на ниту едно прашање, неодговарање на ниту една забелешка од страна на советниците. Ненајавено отсуство на командирот од седницата на Советот, на која што треба да го презентира  извештајот, и на која што треба да одговара на прашањата. И тоа на двапати. И на крај пуштање на претставник од полициската станица, кој што дојде целосно неподготвен, не успеа да одговори на ниту едно прашање поставено од советниците.

Заради сето наведено, меѓутоа и заради оние фрапантни показатели кои што ги добиваме со анализа на податоците наведени во информацијата. За еден поразителен, за еден константен и актуелен тренд на зголемување на кривични дела од дури 37% во второто за сметка на првото полугодие. Зголемување на сите кривични дела и прекршоци во кои што има елементи на насилство, прикривање и непишување на податоци во информацијата за тешки кривични дела како убиството, до ден денеска не добивме одговор зошто потфрлање и на превентивен план. Меѓутоа и во сообраќајот бележат фрапантни податоци кои што покажуваат на несериозен пристап. Во сообраќајот се зголемени бројки на случени сообраќајни несреќи во првото полугодие 7.05%, а во второто дури 17.42% за сметка на првото полугодие.

Меѓутоа казнената политика во сообраќајот бележи зголемена бројка од 41%, која што бројка ставена во корелација со зголемената бројка на случени сообраќајни несреќи пак покажува дека  казнената политика е непродуктивна или била спроведена погрешно, на погрешни места и на погрешни чинители во сообраќајот.

И во извештајот на Хелсиншкиот комитет има сериозни забелешки за условите и за состојбата во која што се наоѓа објектот на полициската станица, а кој што беше пуштен свечено со помпи, со сечење на ленти од страна на министерот на 06.09.2021 година.

Заради сето кажано и заради секојдневните забелешки на нашите сограѓани кумановци, дека безбедноста на територијата на општина Куманово не е задоволителна од министерот Спасовски кој е од Куманово и од неговиот „најдобар“ началник на „најдоброто“ СВР во Македонија бараме итно разрешување на командирот на полициската станица Зорица Вукановиќ.

Куманово и кумановци заслужуваат стручни, образовани и професионални старешини и кадри во полициската станица од општа надлежност.

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Денес во посета на Битола е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Д-р Христијан Мицкоски. Повод на денешната посета е увид во работните активности кои ги спроведуваме во локалната самоуправа, тоа се дел од проектите кои се веќе завршени, ревитализации на улици и инфраструктурни проекти пред се, дел со она што го работиме во моментот и нашите предвидувања и планови до крајот на идната година. 

Се наоѓаме на потегот на влезот, новиот влез современ према Охрид за Битола со кој Битола ќе добие еден современ влез во градот од страната на Охрид. Се работи за потег од должина од 600 метри, улицата цела беше во три етапи изведувана, двете етапи ги работевме со доаѓање на оваа локална самоуправа. Ревитализиран е мостот на реката „Курделец“ со делот од коритото, потполна нова инфраструктура, ново осветление, партерно уредување на страните, така да од еден коловоз од 8 метри сега имаме коловоз од 11 метри, ако ги додадеме на тоа проширувањата фактички патеките од едната и од другата страна имаме 14 метри проширена улица, современ влез како што реков во Битола.

Останува потегот мостот на Довлеџик, тоа е во вредност од 50 милиони денари, инвестиција на ТАВ кој треба скоро да отпочне, фактички она што не беше предвидено од нашите претходници, девијација на мостот за да граѓаните едноставно можат да ја поминуваат реката „Драгор“ во период додека тој мост се санира.

Значи тоа ќе биде современ мост со должина од 30 метри, широк  21 метар, така да целиот тој влез во Битола ќе биде сосема современ, нов и осветлен. Инаку целиот овој потег кој го гледате во должина како што кажав од 600 метри е во вредност од 22 милиони денари. Ова се само дел од работите кои ги работиме во моментот, тоа е проектот од 23 ревитализација, реконструкција и изградба на нови улици во Битола, 23 како што спомнав, моментално на 13 се работи од кои 5 се завршени, останатите се во тек на доработка или асфалтирање. Сега со претседателот ќе направиме увид и на неколку локации каде што веќе се асфалтира.

Вкупно улиците кои досега се направени, 5 завршени се во должина од 8 километри, да бидам попрецизен, во изминативе 6 и пол месеци, а  во тек на изведба деновиве се улица Штипска, Брегалница, Бранислав Нушиќ, Христо Узунов, значи тие за наредниве 10 дена ќе бидат завршени, а до средината на месецот и потегот Македонска фаланга, заокружување на фактички доизградба на офицерскиот дом.

Исто така да напомена дека селото Дихово се асфалтираше потег, еден крак од Логоварди, иако на сето тоа ги додадеме проектите кои ги работиме проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ како што е противпожарната зграда за која веќе е објавен повик за проектирање.

Проект исто така за прифатилиштето за бездомни животни, работиме на просторот на спортски терен како што е спортски комплекс, така да можам да кажам дека Битола  е во овие месеци едно големо градилиште, така и ќе продолжиме, и ако ги запрашате не само граѓаните , туку и вработените во локалната самоуправа кои имаат полна капа со работа ќе ви кажат дека во период  до половина од годината когаш до сега немало толкуинфраструктурни проекти. Тоа е наша заложба, тоа е она што го ветивме на граѓаните и работиме за подобра иднина за сите нас, за нашите деца.

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Денеска сме во Битола да видиме како се реализира она кое што беше ветувано за време на кампањата на локалните избори.

Градоначалникот го кажа отприлика сето она кое што е сработено во овие би рекол шест месеци во оваа прва полу година откако тој е избран од страна на битолчани за градоначалник.

Навистина за овие први шест месеци во делот на инфраструктурата резултатите се импресивни, и ја користам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим за проектите кои што ги реализираат и да посакам така да продолжат па дури и со степен повеќе да ги реализираат сите оние ветувања кои што беа дадени за време на кампањата на локалните избори, бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори на кои што ние ќе ја бараме довербата од граѓаните каде што ќе покажеме дека не сме сите исти и ако некој сака и се обидува таа кампања да ја води без разлика дали ќе биде овој или оној сите политичари биле исти. Но, не. Не се сите политичари исти различни се. Не можеме ние да бидеме исти со оние кои криминално владеат веќе петта година, толку пет години поминаа откако се избрани, без реформи, без проекти и кои што на отворена сцена ја понижуваат и омаловажуваат нашата Македонија.

Навистина можам да кажам дека од она што го гледаме денеска, но и од она кое што го гледавме изминатиот период е дека од Битола се очекува еден и веќе е во тек еден инфраструктурен бум, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија.

Ја користам оваа прилика да ги повикам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен  собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне победува, и тоа е практично целта на тоа за која што ние ќе протестираме.

Ќе имаме протесно лето што поскоро да има предвремени парламентарни избори за да може конечно да излеземе од оваа летаргија во која што се наоѓаме, да излеземе од рацете и канџите на криминалот и криминалците.

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари.

Високата цена на брашното и лебот  пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од  250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство.

Погрешните политики на СДСМ ја направија Македонија увозно зависна на храна и поранлива на ценовни шокови.


Почитувани,


Доколку продолжи ова темпо на негрижа на власта, ни се заканува глад. Затоа предлагаме: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз.

Имено доколкu не се превземат итни мерки преку пуштање во оптек на пченица од државните резерви, цените ќе растат и лебот и брашното буквално ќе бидат луксуз за нашите сограѓани.

Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена.

Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари.

Почитувани,

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза.

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес поднесе барање до Претседателот Талат Џафери, за закажување итна седница на која на дневен ред ќе се најдат законите кои што ги поднесовме до Собранието. Тоа се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи.

Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро со оглед на тоа што секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за годивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните.

Почитувани,

Нашите граѓани страдаат. Нашите граѓани се доведени до ситуација, да очекуваат некој нешто да превземе бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави граѓаните, тие можат да преживеат одвај една недела, а не цел месец.

Владата знаејќи каква штета ќе предизвика со укинувањето на антикризните мерки предизвика вртоглав раст на цените на горивата и основните продукти и додека многу влади во далеку поразвиени држави водедуваат дополнителни мерки за нивните граѓани да не трпат големи загуби, нашата Влада и Димитар Ковачевски мува не ги лази за граѓаните.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  „Обнова за Македонија„ вчера поднесе два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

Го повикуваме собраниското раководство, веднаш да ја закаже итната седница.

Ја повикуваме Владата и парламентарното мнозинство да застанат на страната на граѓаните, заедно да ги донесеме овие закони кои ќе бидат големо олеснување во оваа кризна ситуација бидејќи ситуацијата секој ден станува се полоша и полоша и мора итно да се делува.

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Една минимална плата не е доволна ниту за основно преживување.

Една просечна плата не е доволна ниту за просечно живеење.

Инфлацијата е последица на неспособноста на владата да ги решава проблемите. И таа не е увезена, туку исклучиво автентична.

Состојбите се повеќе од алармантни, а државата влегува во колективна сиромаштија.

Една минимална плата во однос на куповната моќ за едно просечно семејство изгледа вака:

10 килограми зеленчук, еден пакет масло за јадење, еден резервоар со бензин, пакет млеко, 30 леба и 5 колограми овошје е еднакво на една минимална месечна плата.

Во ова не спаѓаат ниту парите потребни за месечни сметки за режиски трошоци, пари за училиште, градинка, а не се ни помислува за културен или спортски живот. СДСМ наместо живот, донесе сиромаштија.

Потребно е итно делување и активизам. Потребно е веднаш владата да донесе мерки за стопирање на двоцифрената инфлација.

Затоа бараме предлог-закон со кој прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година. Ценовниот шок кој сега се случува е само распламтување на веќе постоечкиот ценовен шок.

Дополнително, бараме ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година со што владата итно ќе влијае директно на пад на цените на горивата.

Одбивањето на овие две мерки би значело одбивање да се помогне на загрозените граѓани.

Ако Владата не преземе мерки следува живот на рати, сиромаштија и глад.

Доколку не се преземат итни мерки се заканува ценовен колапс. Не е поентата неколкумина од власта да се богатат додека народот трпи за леб.

Затоа велиме премногу е. Потребна е акција за промени.

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Ова е документот – официјален извештај од проф. др. Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 02.01.2020 година, помеѓу него и министерството за одбрана.

Во овој документ кој го потпишал проф. Ристески, а подоцна ја потврди и неговата автентичност и содржина тој со овој документ Министерството за одбрана го известува за сите негови партиски активности кои ги извршил, а кои како што самиот пишал доаѓаат како обврска од неговиот договор со Министерството.

Проф. д-р Темелко Ристески, кој сите ние граѓаните на Македонија преку буџетот го плаќаат граѓаните да дава експертско мислење и помош на Министерството за одбрана, ја следел кампањата за време на парламентарните избори 2020 година.

Тој како што наведува во Извештајот напишал и 10 објави на фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ.

Овој Извештај, заедно со признанието од страна на проф. др. Темелко Ристески е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него, и против неговите претпоставените во МО, но и против владата на Димитар Ковачевски која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.

Оттука се поставува и прашањето, уште колку примери како овој постојат во институциите, и уште колку вакви професори ангажирани, наводни експерти работат за следење на кампањи и објавување на фејсбук, уште колку наводни експерти работат за СДСМ и ДУИ, а земаат пари од буџетот?

Очекуваме покрај враќање на парите од буџетот кои биле искористени за плаќање на партиски активности, да има и кривична одговорност, но и политичка за сите инволвирани во случајот.