Стоилковски:Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир

Почитувани, мина уште еден тажен и срамен ден за Македоднија со МВР под Оливер Спасовски. Ден во молк и ден во криење на одговори и факти, дали Ариф Асани, втор човек во БЈБ е оној во сината кошула на видеото  кој што го ослободува пукачот кон полицијата во Чаир? Измина уште еден ден без одговори и одговорност од Оливер Спасовски и МВР заради молк и сокривање на криминогени дејства, пукање, лажни извештаи, криење на видео снимка како доказ, учество на функционер во БЈБ од ДУИ во ослободување на лице приведено по пукање.

Полицијата е претворена во сервис на СДСМ за заштита на мафијата и криминалот. Само и само за гола власт, со Оливер Спасовски и СДСМ на чело на МВР, криминалци со врски во ДУИ вадат пиштоли и пукаат кон униформирани полицајци по контрола на автомобил на којшто има, внимавајте, таканаречени полициски флешери. Само и само за гола власт, Оливер Спасовски и СДСМ ја ставаат полицијата и МВР во подредена ситуација пред криминалот.

Оливер Спасовски и СДСМ мислат дека ако молчат, вистината нема да излезе на виделина. Така беше со дрогата во Прилеп, така беше со пасошите за мафијашите, така беше со убиството на ракометарот. Така молчат и сега. За Оливер Спасовски и СДСМ, системот Сејф Сити го има и постои само за набавка на софтвери и за политички притисок врз неистомисленици.

Почитувани, Оливер Спасовски е должен да одговори за видео снимката на социјалните медиуми, да одговори за вмешаноста на заменик директорот на БЈБ во случајот, да одговори дали за пукачот цела година имало документ за апсење заради одлежување затворска казна, да одговори дали и доколку е така зошто полицискиот извештај не се совпаѓа со снимениот настан?

Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир.

Почитувани премногу е. Со Спасовски и СДСМ полицијата стана срам за државата, само и само за гола власт на СДСМ. Полицијата со Спасовски и СДСМ е ставена во служба на мафијата само и само за гола власт. Наместо гарант за безбедност, полицијата стана гарант за криминогени дејства, само и само за гола власт на СДСМ. Оставки и избори веднаш!

Ефтимов: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи измени кои се однесуваат за „недела неработен ден“, но не и за другите шверцерски решенија

Денес, на Комисијата за труд и социјална политика, се наоѓа Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство.

Се работи за низа измени кои според Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се крајно проблематични и дискриминаторски.

Имено, со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.

Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството во Република Македонија.

Како дополнителен податок, според стандардите на Европската Унија, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем.

Дополнително,  сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот.

Овие позадински игри на СДСМ и ДУИ не се првпат и во овој случај кога функционира активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители се обидуваат да ги протнат преку измените за „недела неработен ден“.

Ние најавивме дека сите законски решенија кои што се штетни за граѓаните и државата ќе бидат блокирани од наша страна. Таков е случајот и со овој закон.

Бараме, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, со што ние како пратеничка група ќе дадеме допринес за измените кои се однесуваат за „недела неработен ден“.

Мицевски: Поднесовме интерпелација за Џафери, ги повикуваме сите пратеници да ги стават на страна партиските договори и заедно да застанеме во одбрана на човековите права и работата на Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес, официјално ја поднесе Интерпелацијата за работата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој то се случува во Собранието, а е под директива на Џафери и како резултат на се почестото кршење на Деловникот, како и самоволието кое што го спроведува Џафери во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција.

Во досегашната работа, односно неработа на Талат Џафери, како претседател на Собранието, како никогаш досега не се случувале скандали и понижувања на пратениците само заради тоа што очигледно Џафери дефинитивно не сака или не знае  капацитетно да води една демократска институција.

Ги повикуваме сите пратеници од овој парламентарен состав да се приклучат кон оваа интерпелација и заедно сите да ставиме крај на овој човек кој што си ја има присвоено оваа функција и се однесува како да има право да вреѓа, да пцуе, да омаловажува и да заклучува пратеници.

Апелираме до пратениците од СДСМ и мнозинството дека сега е моментот, кога треба да се стават настрана партиските договори и да застанат во одбрана на, пред се човековите права, а потоа и во одбрана на Собранието на Република Македонија. Во спротивно, доколку не ја поддржат оваа интерпелација ќе покажат дека, не само што го оправдуваат ваквото однесување на Џафери туку и дека се дел од него.

Му порачуваме на ТалаЏафери да ја стави оваа интерпелација на пленарна седница, а не како предходната да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно да даде аргументи пред целата јавност, а доколку повторно избега и не ја стави на седница ќе даде до знаење нема ни грам одговорност кон функцијата што ја извршува.

Арсовски: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја за да има пари за криминалот на СДСМ

СДСМ и лично оваа влада предводена од СДСМ, изминативе неколку години ја креираше најголемата енергетска криза во Република Македонија. 

И нормално од СДСМ, сите можеме да чуеме како велат дека тоа било светска енергетска криза итн, но реалноста и фактите велат дека оваа енергетска криза е директно наметната од СДСМ и од нивното лошо и криминално работење и сите ценовни шокови и покачувања на цената на електричната енергија ќе ги платат лично граѓаните, впрочем, како што го плаќаат и до сега.

За жал, заради криминалното и неодговорно работење на СДСМ и оваа влада во енергетскиот сектор, граѓаните изминативе години плаќаат до 30% повисока струја, а сега од јули за жал, ќе плаќаат уште најмалку 10% повисоки сметки за струја.

Почитувани, тоа е СДСМ.

 Зошто е ова така?

Вчера можевме да видиме кои што ги објави претседателот Мицкоски, а укажуваат на недомаќинското работење во РЕК Битола и запуштеноста на комбинатот. 

Тие слики можат да ги погледнат повторно граѓаните за да се потсетат како изгледа РЕК Битола.

Цели поплавени рударски машини, поплавени транспортни траки, поплавени багери кои се користат за работа во рудникот  и практично ништо од овие машини кои се поплавени не е  нефункционално во моментов. Зошто? Затоа што никој од ова раководство кое го води ЕЛЕМ, односно ЕСМ и РЕК Битола не мислел и воопшто не се ангажирал како да се справи со водни поплави и слично, па затоа е парализиран целиот комбинат и не работи.

Надоврзано на ова, во извештајот на Регулаторна комисија покажува дека во 2021 година може да се забележи дека се произведени вкупно 3,17 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, а само две години претходно во 2019тата година произведени се 4,25 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ.

Што значи, за само една година намалено е производството на електрична енергија од страна на ЕЛЕМ за нешто повеќе од 1 терават часови електрична енергија. 

Ако се земе во предвид дека просечна увозна цена на струја според светските берзи е 250 евра за мегават час, тоа укажува дека оваа Влада со намаленото производство на струја од над 1 терават часови струја за една година, влегла, народски кажано во дупка повеќе од 250 милиони евра.

Тие пари ги плаќаат граѓаните преку плаќањето повисоки сметки изминативе месеци.

Ова е тажната реалност во Република Македонија и затоа граѓаните плаќаат до сега 30% повисоки сметки за електрична енергија, а од јули ќе плаќаат и над 10% повисоки од сегашните сметки за електрична енергија.

На крајот од денот, ниту еден обид за манипулација ниту од Владата, ниту од омилениот регулатор на СДСМ Бислимовски, нема и не смее да го оправда криминалот со тендерите во 4 очи во РЕК, нема да може да го оправда незнаењето за работење во енергетиката на оваа влада, ниту пак рекетот кој го правеа а беше пријавен во МВР преку РЕК Битола и испумпувањето на парите преку агенции за обезбедување.

Ете заради ова, граѓаните плаќаат повисоки сметки за струја и ќе плаќаат уште повисоки сметки за струја.

Решението е предвремени парламентарни избори, нова влада, а пред тоа сите граѓани кои што не се задоволни од ваквото криминално работење на оваа влада, ги повикуваме да ни се придружат на протестот во месец јуни.

Стојаноска: Поради нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе формално интерпелацијата за Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат  формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија.
Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание.
Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието.
Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење.


Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.


Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.


Исто така, иако со истиот член во Деловникот е предвидено претседателот да се грижи за примената на истиот, сведоци сме на најразлични прекршувања, воведување на различни пракси, кои досега не биле дел од работата на Собранието, при што самото тоа отвора простор за проблем во функционирањето на пленумот во иднина.


Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел – изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт.


Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот и тоа:
– Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции;

Понатаму:
– Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници;
– Ненавремено доставување на материјал до пратениците;
– Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата;
– Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието;
– Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело;
– Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија.


Со ваквиот неодговорен пристап, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери покажа дека нема капацитет за правилно водење  на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците  од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот.


Поради овие причини, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, ја поднесуваме оваа интерпелација.
Ние не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски, ќе се охрабри и ќе ја изгласа оваа интерпелација, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери.


Но, добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на Талат Џафери.

Јовчески: Во Прилеп се асфалтираат улици, се реконструира старата водоводна мрежа се со цел градот да биде поубав и попристапен

Денес во присуство на потпретседателот на партијата, Александар Николоски направивме увид на тековните активности од кој што денеска можеме со гордост да се пофалиме дека имаме еден зафат на асфалтирање на три улици „Киро Пајмакоски“,  „Браќа Ламески“ и вклучувањето спрема старата општина на „Јоска Јорданоски“ во  должина од 400 метри, некаде околу 2.000 квадратни метри површина на нов асфалт.

Веднаш потоа се продолжува со асфалтирање  „Дабнички Завој“ во должина од околу 300 метри, исто со квадратура од околу 2.000 квадратни метри и акцијата продолжува на асфалтирање, гребење односно и рехабилитација на други улици, веќе од понеделник со нови улици кои што допрва ќе бидат рехабилитирани.

Исто така денес на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ од споменикот на Пеце Атанасоски до основното училиште „Кочо Рацин“ во должина од 230 метри треба да се започне рехабилитација, а воедно и реконструкција на старата водоводна мрежа  со нова, со дебелина од фи90 вода, водоводна мрежа. Површината е со нов плочник во некаде од околу површина од 3.000 метри квадратни за кој што обезбедивме средства околу 25 милиони денари, што значи Прилеп ќе го добие повторно својот сјај, воедно ќе започне и економски развој во нашата општина.

Нареден чекор ни е рехабилитација и на други улици кои што во овие 2 до 3 месеци навистина ќе одекне добро за Прилеп да изгледа поубав, попристапен и регулирање на сообраќајот.

Николоски: Доколку власта на СДСМ итно не ги исплати субвенциите на тутунарите ќе ги предводиме протестите на тутунарите

Денеска сме во посета на општина Прилеп како што веќе кажа градоначалникот започнува една голема инвестициска активност преку рехабилитација на улици, изградба на нови, изградба и рехабилитација на водоводни системи и за мене многу значајно довршување практично на чаршијата односно овој крак кој што води од плоштадот до основното училиште за Прилеп да си го добие сјајот кој што го заслужува. Исто така се работи во приградските населби и во селата кои што се во рамки на општина Прилеп.

Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.

Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар.

Би сакал и една, две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатата субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат.

Втората работа која што сакам од тука да ја споменам е дека за некаде од 18тина дена, тоа е за три саботи од денес ќе се случи голем општо народен митинг на кој што очекуваме десетици, па можеби и стотици илјади граѓани да дојдат и да јасно пред Владата на Република Македонија побараат предвремени парламентарни избори на кои што ќе се реши оваа политичка, економска и национална криза.

Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби ни е од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ, овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори за излез од кризата.

Стефковски:Во Гази Баба се работи на секоја област, се асфалтираат улици, се инвестира во комуналната инфраструктура, се градат спортски сали и детска градинка

Денес започнуваме со еден голем проект за асфалтирање на над 30 локални улица во општина Гази Баба. Во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година имаме определено 50 милиони денари наменети за асфалтирање на улици, за подобрување на патната инфраструктура.

Денеска пред да дојдеме овде во Ченто, бевме во населеното место Инџиково каде направивме увид во градежните активности кои се одвиваат за подготвување на улиците за асфалтирање, сега во моментот сме во населено место Ченто каде се асфалтираат краци од улицата Јужноморавски бригади.

Освен во патната инфраструктура општина Гази Баба инвестира во сите области. Инвестираме во комуналната инфраструктура односно продолжуваме со изградба на фекалните канализациони системи во повеќе населени места во Гоце Делчев, во Јурумлери, во Црешево и Смилковци. Интензивно работиме на подобрување на условите за живот, условите во училиштата, во изградба на спортската инфраструктура. Изминатиот период направивме комплетна реконструкција на училишната сала во Глигор Прличев во Железара.

Интензивно се работи на изградбата на спортската сала во Стајковци, се надевам дека до почетокот на учебната година учениците ќе имаат можност во комплетно нова сала да ги  одржуваат своите часови по физичко и здравствено образование. Во овој момент најавувам дека во завршна фаза ни е проектот за изградба на нова училишна спортска сала во населеното место Булачани.

Исто така инвестираме и во изградба на нови паркови, изградба на нови игралишта и во завршна фаза ни е процедурата за изградба на една детска градинка. Инвестиции се случуваат насекаде во Гази Баба, во оваа прилика би сакал јавно да се заблагодарам и на претседателот, Христијан Мицкоски кој што ни ја дава поддршката и ни е поткрепа во реализација на сите проекти и заедно со него ќе ги реализираме сите оние проекти кои што ги имаме ветено во нашата изборна програма.

Во Гази Баба повеќе нема да им заборавени населени места.

Мицкоски: Промените се чувствуваат во Гази Баба, ако власта не се издигне над корумпираните интереси, Општината ќе ги изгради градинките и со свои средства ќе го плати лиценцираниот воспитувачки кадар

Најпрвин еве благодарност од мене до Боби, до градоначалникот на Гази Баба, што ја имам таа можност денеска да бидам овде, да видам од лице место како се реализира ветеното за време на кампањата.

Можеби Боби не оддаде едно, еве јас сакам да додадам една работа, како Општина детските градинки ќе ги направиме. Тоа не се проекти ниту на ВМРО-ДПМНЕ, нити на СДСМ, тоа се проекти на граѓаните на Гази Баба. Но, не сум сигурен дека министерството ќе даде одобрение за вработување на кадар кој што ќе ги воспитува нашите дечиња и кадар кој што ќе може онаа неопходно знаење на децата уште од најраната возраст да им го всади.

Но, тука е знам Боби, он е мотивиран, он е сериозно амбициозен, убеден сум и доколку оваа корумпирана и криминална власт  сепак не успее да смогне сили да се издигне над партиските интереси дека Општината од сопствени средства ќе обезбеди вработувања на соодветен и лиценциран воспитувачки и образовен кадар во градинките. И повеќе нема да има деца на листите за чекање овдека во Гази Баба.

Не е проблемот да го изградиме, ние ќе го изградиме, проблемот е што имаме партизирани институции, партизирани министерства и многу лоши министри и членови на кабинетот на Ковачевски. И затоа ние бараме да има предвремени парламентарни избори за да може Владата и локалната самоуправа да ги реализираат проектите непречено наместо да договараат тендери во четири очи и да го крадат народот како што тоа го прави оваа Влада.

Така што градинките се само еден од проектите, улиците се друг дел од проектите, има комунална инфраструктура, многу фекална и атмосферска канализација, водоводи, спортски сали итн.  

Се работи насекаде во Македонија, промените се чувствуваат. ВМРО-ДПМНЕ е помеѓу народот и така ќе продолжи, ние сме народна партија и нашето место е овдека помеѓу народот. А, јас сум тука заедно со градоначалниците секогаш кога е тоа потребно и секогаш кога ќе треба поддршка и од мене но и од структурата на партијата.

За крај, ја користам оваа прилика уште еднашка на Боби да му честитам и да му посакам уште многу вакви успешни проекти на него и на неговиот тим овде од Општината. Сигурен сум дека може уште на половина на мандатот ќе го реализираме најголемиот дел од ветеното за време на кампањата на минатогодишните локални избори.

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат Интерпелација на Претседателот на Собранието Талат Џафери.

По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден Автократ кој што си дозволува да се однесува како собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права.

Талат Џафери, со своите диктаторски и непринципиелни методи не смее ни ден повеќе да го води законодавиот дом.

Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја вреѓаше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за кои се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала.

Почитувани граѓани, ова се крици на еден немоќен  и неспособен човек кој што не може да изгради сопствен авторитет ниту кај службата ниту кај пратениците и затоа незнаејќи што да прави се дрзнува насила да спроведува режим кој што е далеку од демократски.

За Талат Џафери, не постои Деловник, не постојат човекови права. Овој автократ е влезен во филм дека никој ништо не му може и дека е недопирлив и затоа мора да си оди подалеку од храмот на демократијата.

Ова е човек што си дозволува да фрла амандмани на опозиција во контејнер, да омаловажува вработени во Собранието, луѓе професионалци кои се криви само затоа што одбиваат да ги примаат неговите наредби кои се незаконски, насилно да ги заклучува пратениците во Собранието, да крие закони и интерпелации во фиока и да го ускратува уставно загарантираното право на пратеник да ги застапува граѓаните кои што го бирале.

Сакаме да додадеме дека сето ова случува со амин и знаење на СДСМ кои што секојдневно ги бранат постапките на Џафери сакајќи најлошиот претседател на Собранието во историјата да го претстават како најдобар. Ова е одговорност и на СДСМ, кои заедно со Џафери ги приредуваат овие циркуси во Собранието.

Нас ни е јасно дека Џафери и СДСМ ќе направат се, повторно да избегаат од одговорност како многупати досега и исто така им порачуваме дека оваа Интерпелација не смее да заврши повторно кај него во фиока и никогаш да не ја стави на седница како што се случи со предходната што ја поднесовме.

Редот и функционирањето на Деловникот мора да се вратат во Собранието на Република Македонија. Самоволието, деспотското раководење и сите други методи на кои е навикнат Џафери може да си ги применува само во својата партија и кај него дома.

Ги повикуваме пратениците од СДСМ да да се ослободат од ова заложничко однесување на Талат Џафери и да ни се приклучат заедно да кажеме СТОП на овој човек кој што секој ден се повеќе го урнисува законодавниот дом.

Исто така, го повикуваме и премиерот Димитар Ковачевски, еднаш барем да се заинетесира и да се постави како вистински премиер, а не да молчи и да бега од јавноста бидејќи ова што се случува е и негов срам.

На македонската јавност и е повеќе од јасно дека Ковачевски е само пиун, човек кој што не е биран од народ и затоа мора да се распишат предвремени парламентарни избори за Македонија да се ослободи од овие луѓе кои секој ден ја уништуваат државата и народот, без око да им трепне.

Арсовски: Кога ќе приложат писмен доказ од Влада дека службениците не патувале како новинари?

Трет ден Владата на СДСМ молчи за екскурзиите на шестте владини службеници кои биле во Софија, најверојатно запишани како новинари.

Шест службеници на чело со директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, биле 3 дена во Софија на трошок на државата, за да помогнат во организација како што велат на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија, а притоа на седница на Владата на РМ никаде не било изгласано  дека и тие може да одат на државен трошок, туку било изгласано  само дека патните трошоци, превозот и сместувањето се покриени за новинарите. 

Очигледно овие 6 луѓе од СОЗР биле на државен трошок 3 дена во Софија, во редот со новинарите. Зошто од Владата и од СОЗР не приложат писмен доказ од седницата каде што е изгласано да одат и шестмината вработени во СОЗР во Владата  како организациска поддршка и да потврдат впрочем дека не биле впишани како новинари?

Владата одамна е само една испостава за луксузирање и испостава за екскурзии на државен трошок.

Луксузот на грбот на граѓаните е начин на живот на функционерите на СДСМ.

Во време на сериозна економска криза, нерационално трошење на непродуктивни трошоци, ниско ниво на капитални инвестиции, немање идеја и визија како да се решат проблемите на граѓаните, немање идеја и визија како да се заштити стандардот на граѓаните од вртоглавата инфлација, но затоа Владата на СДСМ се професионалци и махери за скандали.

Скандалозно е вработени во државни институции да се вбројуваат во редот на новинари и така да патуваат на службени патувања, само за да си ги покријат трошоците.

Како што порачавме и вчера, штури деманти без докази се само потврда за овој скандал.

Најмалку што можат да направат е да ги вратат парите во државната каса и да сносат одговорност за овој скандал.

Стојаноска: Талат Џафери да се извини и да поднесе оставка

Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило.
Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал.
Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието.
Сакаме да му порачаме на Џафери дека колку и да бега од одговорност и да пробува да се заборави овој скандал дека дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетуваме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели што ги имало Собранието.
Исто така го повикуваме господинот Панчо Минов да не одолговлекува и да закаже седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што ќе се расправа за санкции по повот прекршувањето на етичкиот кодекс од страна на талат Џафери.
Доколку Џафери не понесе одоговрност за ваквото однесување ќе даде до знаење до сите пратеници дека етичкиот кодекс на кој што сите заедно работевме, повеќе не важи во законодавниот дом.