Стоилковски: Прашањето за хациендата – дивоградба на Каевски јавен интерес, ДКСК и ЈО да отворат предмет

Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство по теркот на молкот за имотот на Шилегов, молкот за имотот на Филипче, па и молкот за имотот на Рашковски, молкот за имотот на кој се не од тимот на Заев, сега по истиот терк се однесуваат и за несразмерниот раст на имотот на Дарко Каевски.

Ниту една институција по цела недела пресови и јавни настапи не се произнесе дека отвора предмет како тоа именуван функционер – директор од СДСМ очевидно има имот којшто не е пријавен во анкетниот лист?

Ниту Јавното обвинителство не се заинтересира за потеклото на парите, иако постои основа за сомнеж?

Дарко Каевски се обидел да сокрие куќа во Волково, која што потоа ја руши и гради нова хациенда со базени, иако има основано сомневање дека за тоа нема документ.

Дарко Каевски е пратеник на СДСМ и со тоа овие прашања се од јавен интерес. Дарко Каевски во октомври 2020-та година кога од именуван директор станува избран пратеник, ја руши семејната легализирана куќа и на нејзино место гради луксузна хациенда. Ниту стариот објект, ниту пак новиот објект ги нема во Анкетниот лист – и за тоа Државната комисија за спречување на корупција молчи.

Јавното обвинителство не отвора предмет како тоа Дарко Каевски на 30 години по неполни три години директорување со административна плата во иста година купува стан во Скопје и гради луксузна вила со базени – која што не ја пријавува и за која досега не прикажал дозвола за градба.

Македонија тоне во криминал и во корупција, со години се нотира пад во борбата со високата корупција – корупција на функционери од власта. Народот е се посиромашен, функционерите од СДСМ се се’ побогати

Секој ден минат со СДСМ на власт за народот е поскап од предвремени избори!

Љутков: Министерството за култура и министерката Костадиновска имаат законска обврска да го почитуваат колективниот договор, се останато е неприфатливо

Културата е столбот на државата и на идентитетот, а вработените во културата не смеат да трпат заради неспособноста на власта којашто не размислува за последиците од своите популистички мерки.

Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници. Дописот од Министерството за култура е јавно признание дека владата  нема пари, дека не води грижа и дека не испланирала во буџетот исполнување на законската обврската за зголемување на платите согласно Колективниот договор.

Ќе нагласам – владата во допис до синдикатот признава дека нема пари во буџетот за плати во културата според Колективен договор.

Уште повеќе, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, признава дека доколку ја исполни обврската од Колективниот договор, тоа ќе биде на штета на проектите и ја префрла вината врз вработените.

Ова е срамен допис, срамно признание. Без никаква почит кон вработените во културата, Министерката бара измени во Колективниот договор за културата на штета на вработените и фактички откажување од законскиот раст на плата во услови на енормно поскапување на трошоците за живот.

Притоа, дописот содржи скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог, владата ќе ги скрати, укине парите за програмските активности и капиталните инвестиции во културата.

Повикуваме на разум и повлекување на ваквиот срамен предлог. Дописот со ваква содржина создава атмосфера на притисок и нездрави односи меѓу раководствата и вработените во институциите, односно се создава атмосфера на притисок од страна на директорите врз дел од вработените да бидат прифатени неприфатливи решенија на своја штета.

Наместо притисок и закани кон вработените и синдикатите во културата министерката, доколку навистина себе се гледа како министер за култура, да насочи притисок кон  министерството за финансии и да обезбеди финансии за исплата на платите согласно Колективниот договор и Членот 65, без притоа да биде прекинат ниеден проект или капитална инвестиција во културата. (се разбира доколку имале намера да ги реализираат веќе 5 години по ред најавуваните инвестиции)

Доколку министерката не успева да ги заштити интересите на вработените во културата и културата воопшто, нека си поднесе оставка. И онака власта во последните 5 години смени 5 министри за култура, со што се покажува целосна негрижа, безидејност и немање национална стратегија за културата.

Министерството за култура и министерката имаат должност и законска обврска да го почитуваат Колективниот договор, се останато не неприфатливо.

Вработените во културата, културните институции, столбот на државата повеќе не смее да ги трпи ваквите самоволијата на политичките епизодисти од СДСМ и ДУИ

Љутков: Владата призна дека нема пари во буџетот и бара последиците да ги трпат културните работници кои се колатерална штета на неспособното работење на министерката Стојчевска

Владата во допис признава дека во буџетот нема пари за нормални функционирање и исполнување на законските обврски. Владата признава дека нема пари во буџетот и бара последиците од тоа да ги трпат и културните работници и програмските активности како и капиталните проекти.

Mинистерството за култура на чело со министерката повторно во поход за омаловажување на културните работници преку предлог за неисполнување на колективниот договор за културата, сега, во паника преку допис бара измена на колективниот договор во културата.

Деновиве до СОНК и Синдикатот за култура на Република Македонија, пристигна допис – предлог за изменување и дополнување на Колективниот договор во културата.

Во дописот се наведува дека ваквото зголемување ќе предизвика дополнителни финансиски импликации, а со оглед на тоа што се уште е во примена Членот 65 од Колективниот договор за културата, а министерството за финансии не обезбедува дополнителни средства за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата, министерството бара измени во Колективниот договор за културата во Членот 65 со што по новата пресметка би била на штета на вработените.

Дали вработените во културата се колатерлна штета на неспособното и безидејно раководење на министерството од страна на министерката Стојчевска?  Нејзините политики, како и политиките на нејзините  претходници кои владата на СДСМ ги разрешува и поставува секоја година, се покажуваат како погубно дезориентирано водење на културните политики, секако на штета на вработените во установите од областа на културата, и пошироко на сите културни работници.

Ваквиот аматеризам стана причина за повторeн обид за  избегнување на скалестото покачување на платите, (иако со закон тоа е уредено) а непланското работење со финансиите се правда неможноста да се обезбедат дополнителни средства од страна на министерството за финансии.

Со ваквиот срамен предлог за изменување и дополнување на колективниот договор за културата се прави притисок врз вработените преку директорите на инстиуциите, кои прават обиди вработените да прифатат неприфатливи решенија врз своја штета со скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог тоа ќе биде на штета на програмските активности и капиталните инвестиции и се бара од синдикатите да дадат предлог од каде да се црпат средствата за плати.  

Ова е избегнување на одговорност и потврда дека ниту имале план и стратегија, ниту пак сега ја имаат.

Ветувањето за повисоки плати се претвори во игра на лаги без граници, избегунување на одговорност, која трае веќе две години, започната со министерувањето на министерката Стефоска, а продолжува и со новоназначената министерка Стојчевска.

Каква партија, таква власт, таква култура.

Стоилковски: Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково?

Цела недела СДСМ и од нив раководените државни институции коишто треба да се борат со корупцијата и да работат на градење правна држава со кредото „нема повластени пред законот“, молчат за случајот „Дивоградба во Волково“. Обидот за забошотување на случајот веројатно се должи затоа што станува збор за Дарко Каевски, сега пратеник и портпарол на СДСМ!

Толку од еднаквоста пред законите!

Ќе потсетам, 30 годишниот Дарко Каевски, со 3 години директорска плата во Агенцијата за млади и спорт, во 2020-та година несразмерно го зголемува семејниот имот.

Дарко Каевски по цела недела прозивки, не посочува документи, дозвола за градење.

На местото на стара легализирана куќарка од неполни 40 м2, во 2020-тата година никнува луксузна хациенда во медитерански стил со базен. Сателитските снимки од алатката Гугл се доказ за градежната активност во 2020-та година, дека се работи за целосно нов објект, а стариот целосно е срушен.

Во 2020-та година, Волково е администрирано од СДСМ, со градоначалникот Александар Наумоски.

Истата година, Дарко Каевски станува пратеник во Собранието, а во анкетниот лист и претходно како директор на Агенцијата за млади и спорт и анкетниот за пратеник, навел „неизградено градежно земјиште“ во Волково. Ниту пред 2020-та било неизградено, ниту во 2020-та било неизградено. Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково?

Во анкетниот лист Каевски навел дека истата година 2020-та, купил стан од 65 м2 во Скопје.

Ова се факти! Дарко Каевски пет години е носител на јавни функции. Во овие пет години Македонија тоне во мерењата на корупција, а институциите и сега молчат и не отвораат предмет. Институциите се должни и тоа е нивна работа да го испитаат случајот, пред се’, дали Каевски има дозвола за градба, со одобрение за копање базен, како и да се испитаат околностите, односно потеклото на парите. Индикативно е што Каевски не побарал дозвола за градба, крие изграден објект и претходно и по градбата, а лично не верувам дека станува збор за избегнување да се платат комуналиите заради нивната висина. Институциите се должни да го проверат случајот, тоа е нивна обврска. Да потсетам, злоупотреба на службена положба и овластување се прави и со постапување, но и со непостапување.

Македонија тоне во задолжувања, сиромаштија и кризи, само функционери од власта го множат имотот. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап од предвремени избори.

Стоилковски: СДСМ да одговори, а ДКСК да отворат предмет за хациендата на Каевски

Дарко Каевски, пратеникот и портпарол на СДСМ се уште не одговара дали има документи за градба на луксузната хациенда со базен во скопско Волково. Уште повеќе, нема доблест да одговори како во иста година со директорска плата се купува стан од 65 м2 во Скопје и се гради луксузна вила со базен? И сето тоа во кризната, пандемиската, карантинската 2020-та година?

Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ, па молкот за скандалот не е доблест ниту за пратеничката група ниту за партијата СДСМ која што ја претставува.

Прашањето како Дарко Каевски го намножил имотот и дали има документи за градба е прашање за кое што не смеат да молчат ниту Љупчо Николовски, како екс министер за борба со корупција, ниту пак актуелната министерка Славица Грковска за истото, сега со име „за политики за добро владеење“.

Имотот стекнат во 2020-та година на Дарко Каевски мора да е предмет и во Државната комисија за спречување на корупцијата, но и да е предмет на Јавното обвинителство, бидејќи е прашање од јавен интерес – директор на Агенција за млади и спорт, избран и именуван функционер, со административна плата несразмерно намножува имот, гради луксузна хациенда во медитерански стил, за што има сомнеж дека поседува или не поседува градежна дозвола.

Корупцијата не е перцепција. Корупцијата е болест на општеството. Без одговор и со бегање од темата поврзана со Дарко Каевски се само уште еден показател за тонење во корупција и неказнивост пред органите за функционери од СДСМ и за функционери од власта.

Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори.

Имате портокали кои ви седат и скапуваат по дома? Направете го овој вкусен десерт за минута со малку состојки!

Дали имате портокали кои ви седат по дома? Направете го овој вкусен десерт за една минута со неколку состојки! Со сок од портокал можете да го направите овој вкусен десерт, брз и лесен десерт кој секој може да го направи. Подобро од слатко купени од продавница ќе уживаат сите! Само 3 состојки и неколку минути работа, резултатот ќе ве воодушеви! Состојки за рецептот:

240 ml (1 чаша) сок од портокал

Кора од 1 портокал

200 гр (1 чаша) шеќер 120 g

(3/4 чаша) пченкарен скроб

Прстофат сол

½ лажичка (10 g) путер

Стоилковски: Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потекло на парите?

Дарко Кaевски, најмладиот милионер во СДСМ, на 30 години и со административна плата од Агенцијата за млади и спорт успева во иста година, 2020-та, да се стекне со нов стан во Скопје и да изгради луксузна куќа, хациенда во медитерански стил, со базени и сите удобности, во скопско Волково.

Дарко Каевски три дена не кажува дали има документи за градба на луксузната вила, ниту пак кажува дали има одобрение за копање базен, ниту пак за рушење на стариот објект.

Да потсетам, на имот на потесното семејство на младиот милионер и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски, легализиран е објект, којшто во 2020-та година, според фотографии од Гугл е срушен, а на негово место никнува луксузна хациенда.

И тука се две главни прашања: Дали Дарко Каевски има документ за градба издаден од општината тогаш водена од СДСМ? Како прашање за изворот на парите, како со административна плата гради луксузна хациенда и се купува стан од 65 квадрати во Скопје во иста година?

Дарко Каевски може да продолжи да молчи, но институциите не смеат да молчат. Мора да се отвори предмет и да кажат дали ова е резултат на самоволието на СДСМ, дали е резултат на аздисаноста на функционерите на јавните функции, дали ова е резултат на неработењето на министерот за борба со корупција, дали ова е резултат на посветеноста на личното богатење наместо грижа за државата западната во тешки кризи?

Институциите за тоа се должни бидејќи Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ партијата на власт, носител на јавни функции пред и за време на градбата на луксузната вила. Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потекло на парите. Молкот на институциите и молкот на СДСМ не смее да се гледа подалеку од обид за забошотување на скандалот.

Пет години се на власт, пет години се тоне во криза и сиромаштија, само функционери од СДСМ го множат богатството и уживаат во луксузи. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап од предвремени парламентарни избори!

Лефков: Костадинов е пример за од голтар преку функционер на СДСМ до милионер, скапи мотори, часовници и станови, кои ги нема во анкетниот лист

Костадин Костадинов е уште еден пример како од голтар во СДСМ преку функција се станува милионер. Скапи часовници, мотори, станови се само дел од имотите со кои Костадинов располага откако е на функција.

Иако неговиот анкетен лист е скромен, доколку го погледнеме Костадинов заклучуваме дека зад тоа се крие поголем и полуксузен имот.

Па така во сред КОВИД пандемија додека сите бевме затворени во нашите домови заради мерките можевме да го видиме Костадинов на социјалните мрежи како вози скап мотор Дукати од 20.000 евра, кој не е впишан во анкетниот лист на Костадинов.

Тој никогаш не ги расчисти дилемите во јавноста ниту за неговиот луксузен стан во комплексот Џевахир во Аеродром, каде според пишувањата на медиумите живееше Костадинов. Станот во комплексот Џевахир исто така не е впишан во имотниот лист на Костадинов.

Луксузот на Костадинов може да се забележи и на фотографиите на настани како градоначалник на кои го гледаме со часовник од марката Гармин, за кој лесно се доаѓа до податок дека чини 71.480 денари. Тој часовник го нема во анкетниот лист на Костадинов, иако заради неговата вредност тој требал да го пријави.

Ова е само дел од имотот на Костадинов, кој тој го нема пријавено во својот анкетен лист, а постојат сомневања дека е негов личен имот.

ДКСК треба да отвори случај за Костадинов, а претседателката Билјана Ивановска да каже дали и Костадинов е дел од функционерите за кои зборуваше дека поседуваат станови и друг имот кој не е впишан на нивно име, туку се води врз други лица?

ДКСК веднаш да отвори случај за Костадинов, исто како и за Каевски, Ковачевски, Богоев и Заев.

Граѓаните не сака политичари кои во политика влегуваат голтари, а од истата излегуваат милионери на грбот народот.

Одговорност мора да има.

Стоилковски: Над 1 милион евра не платиле данок фирми поврзани со Заеви

Фирмите „Сара Инженеринг“, „Сара Јавор“ и „Дравас“, најзвучните фирми коишто се поврзуваат со семејното име Заев, должат над 1 милион евра данок, долг кон државата. Според мартовската листа на должници, фирмата „Дравас“ должи над 43.230.000 денари, „Сара Инженеринг“ должи над 19.104.000 денари, „Сара Јавор“ околу 2.190.000 денари. Трите фирми задно вкупно должат над 64.500.000 денари. Над еден милиони евра долг за данок кон државата!

Фирмите поврзани со Заеви редовно се на листата на должници кон УЈП.

СДСМ државата ја втураат од криза во криза, Нема пари за субвенции, нема пари за помош, дури и помошта што ја дадоа на трговците им ја бараат назад, ама фирми коишто се поврзуваат со семејните фирми со предзнакот Заеви – може да должат данок.

Во време на тешки кризи за коишто одговорноста на СДСМ понатаму ќе се испитува, во време на безмилосни ригорозни рестриктивни мерки кон граѓаните, фирмите поврзани со бате или член на фамилијата должат над милион евра за данок! 

Фирмите на Заеви на годишно ниво вртат над 50 милиони евра. Дел од семејните фирми добиваат државни лиценци и дозволи од државата, и се дел од бизниси со големи добивки, но на крај тие редовно не си ги сервисираат долговите кон државата.

За граѓаните и оние коишто не се дел од мрежата на фамилијата им се блокираат фирми и сметки и им се запленува имот кога должат, а тоа не важи за фирмите поврзани со познатото презиме. Дури и паричната помош ја бараат назад!

Почитувани,

Македонија не може да издржи ниту еден ден повеќе вакво однесување, граѓаните не смеат повеќе да бидат делени на повластени и граѓани од втор ред. Предвремени избори се поевтини од било кој еден ден поминат со СДСМ на власт.

МОДЕРНО ОНЛАЈН ШОПИНГ ИСКУСТВО – МИНИСО со нова онлајн продавница за македонските потрошувачи

Јапонската компанија за онлајн шопинг МИНИСО, денес официјално ја отвори својата нова онлајн продавница, за македонскиот пазар МИНИСО Македонија,  со голем број на лајфстајл производи во 11 достапни и разновидни категории, која се наоѓа во ГТЦ НА  1 кат,ГТЦ, ул. 13ти Ноември, но и на нивната веб страна MinisoMacedonia.com.mk.  Водејќи се по светските трендови и потребата на купувачите во нашата земја за заштеда на време и можност за купување од било каде во било кое време, новата онлајн продавница на МИНИСО Македонија е веќе достапна 24/7 за сите љубители на онлајн шопингот, а црвенато лого со знак за намигнување е веќе препознатлив симбол кај голем број на македонски купувачи.

Глобално распространет, со мастер франшизи во повеќе од 80 земји во Европа, Азија, Латинска Америка, Океанија, Африка, и со над 30 под-франшизи исто така низ светот, МИНИСО веќе повеќе од 3 години постои на македонскиот пазар со уникатна палета на модерни и практични производи за различни вкусови по достапни цени.

Водејќи се по светските трендови и потребата на купувачите во нашата земја за заштеда на време и можност за купување од било каде во било кое време, новата онлајн продавница на МИНИСО Македонија е веќе достапна 24/7 за сите љубители на онлајн шопингот, ацрвенато лого со знак за намигнување е веќе препознатлив симбол кај голем број на македонски купувачи.

Адаптирајќи се согласно потребите на потрошувачите, онлајн продавницата на МИНИСО Македонија нуди повеќе од 8000 производи, за различни возрасти и интереси, во голем број разновидни категории како канцелариски материјали, козметика, ароматични производи, чанти и аксесоари, електроника и електрични уреди, играчки, нега на кожа, и други.

На МИНИСО онлајн шопот, со само неколку лесни чекори, можете да го направите најдобриот шопинг досега, од било кое место каде што се наоѓате и имате достапност до интернет, — додека одмарате во опуштена атмосфера од комфорот на вашиот дом, или пак можеби од вашиот мобилен уред додека сте во движење или го пиете вашето омилено кафе со пријателите, каде главна тема е кои МИНИСО производи се најомилени и зошто.

„MINISO со повеќе од 4.200 отворени продавници во над 80 земји и региони од 2013 година, има цел да прерасне во бренд, совршено усогласен со денешните млади, појасно разбирајќи ги нивните ставови и однесувања, за да им го донесе најпријатното можно искуство за купување. Станува збор за еден од најфлексибилните бизнис модели на малопродажба – почнувајќи од структурата на работење на франшиза, па сè до материјалите од светска класа за набавка на синџири на снабдување и производство кои истиот ги нуди, што за нас, на некој начин, беше еден од клучните фактори да го донесеме Минисо во Македонија,“ изјави Кристина Маркоски Зимбакова,  генерален директор на Минисо Македонија.

Интересен е фактот што основачот на МИНИСО, Ye Guofu, инспирацијата за својата нова компанија ја добил додека бил на одмор со своето семејство во Јапонија во 2013та година. Тој ја започна приказната на овој глобален продажен ланец, како бренд којшто допира и се истоветува најмногу со младите луѓе, во време на период на кинеската економска трансформација, кога ја искористи можноста да започне нов бизнис модел во Кина, кој речиси го монополизирал офлајн протокот на купувачи во земјата.

МИНИСО својата инспирација за производите воглавно ја црпи од јапонската мода и животен стил, а она што посебно го издвојува од останатите е и соработката со светски познатите имиња како Coca-Cola, Marvel, Hello Kitty, Sesame Street, Mickey and Minnie, Pink Panther и We Bare Bears.

Онлајн продавницата на МИНИСО Македонија, покрај онлајн поддршката достапна 24/7, вклучува и други големи придобивки за корисниците, како бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, безбеден систем при плаќање и 100% поврат на средства, односно до 15 дена враќање на пратка.

Овој онлајн шоп е почеток на сѐ она што МИНИСО има во план за во иднина, а целта ќе биде секогаш иста, – лесен и брз начин на купување на модерни и практични производи и гаџети по достапни цени за секого.

Новата онлајн продавница на МИНИСО Македонија е достапна на следниот линк: https://minisomacedonia.com.mk/