Нов тим за промени кои ќе ја донесат иднината која Македонија ја заслужува, доктори, економисти, експерти се дел од новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Живееме во време кога Македонија ја има се помалку, а сиромаштијата се повеќе.

Живееме во време кога за само дваесетина дена секое македонското семејство се задолжува за нови 200 евра од оваа иста влада која ги покачува цените на струјата и парното кое го има се помалку.

Живееме во време кога корупцијата е широко распространета, кога криминалот се простува, кога судот и обвинителството испорачуваат хајки, а криминалците и се смеат на правдата во лице.

Пазарџискиот менталитет е сеприсутен. Во односите со Бугарија, во проблемот со застојот на евро интеграциите. На домашната политичка сцена го гледаме овој пазарџиски менталитет.

На реалниот човек сето ова му предизвикува чувство на гадење, а илјадници семејства се будат и легнуваат со чувството на несигурност за својата иднина. Цените по маркетите вртоглаво растат, но не и платите. Владата не само што нема план, туку само купува време со истите смешни флоскули. И сето ова преставува навреда на колективната интелигенција на народот. И секогаш, како по учебник кога државата ја туркаат пред нов пораз, прстот го вперуваат кон сите други, освен кон самите себе. И не е прашање дали, туку колку Македонија ќе губи.

Нивната политика не е само деструктивна во поглед на уништување на се до сега што е сработено од сите минати влади, туку тие го уништуваат и духот на народот, неговата самодоверба и уривање на вредностите во кои нашата нација непоколебливо верува.

И нема поголема обврска во мојот живот од таа да се спротивставувам на она што се нарекува разградување на нашата колективна свест, уништување на иднината на цели генерации македонски граѓани и систематското обезличување на нашата Македонија.

И во име на тој долг кон сите мои сонародници, пријатели и граѓани, и во име сериозноста на времињата во кои живееме и на иднината која мора да ја обезбедиме денес заседаваше Централниот Комитет на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ која го избра новиот победнички Извршниот комитет на партијата со кои очекуваме да издвојуваме убедлива победа на следните предвремени парламентарни избори кои што мора да се случат.

Ова е Извршен комитет кој е засилен и проширен со луѓе со интегритет и докажани професионалци во својата област, како и нови луѓе на кои им се дава шанса,  продолжувајќи го трендот на давање шанса на нови генерации во политиката кои ќе имаат за задача да се борат за принципите на ВМРО, и да ја оправдаат довербата од народот која е наша најголема обврска.

Во составот на Извршниот комитет се дава шанса и се мобилизира интелектуалната сила во општеството која има за задача да ја прошири нашата заложба за промени, кои се чувствуваат и кои започнаа по локалните избори и мора да бидат комплетни по промена на централната власт, избори и нова влада за нова иднина за Македонија.

Ова е и Извршен Комитет кој мора да ја преземе улогата на оформување на сериозен и широк народен отпор против власта која ја уназадува земјава и шансите за напредок на секој поединец,

При предлагањето на овој состав на Извршниот комитет се водев според потребите на државата, отпорот кој мора да се организира, и промените кои мора да се случат за да државата излезе на прав пат и со иднина каква заслужува.

ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели. Тоа е Тимчо Муцунски, кој е универзитетски професор на Правниот факултет Јустинијан Први, и градоначалник на Општина Аеродром кој издвојуваше убедлива победа уште во првиот круг. Муцунски дел од своето образование го има стекнато во САД и Канада, и беше Заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски беше и пратеник во Собранието на Македонија, како и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Нов потпретседател е и Гордана Димитриевска Кочовска која е магистер по економски науки на УКИМ. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период беше член на Управниот одбори и директор за финансии во АД Електрани на Македонија.

Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. Борци против оваа неправедна власт и сметам дека ова е добар тим кој опфаќа повеќе области, релативно млади луѓе со богато искуство зад себе.

Генерален секретар продолжува да биде Ѓорѓија Сајкоски, доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Неговата задача е организација на партијата и подготовка за предвремените парламентарни избори.

Нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. Тој е прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од 1998 до 2008 година е застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Тој е прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија за периодот 2009-2010 година.

Нова членка на Извршниот комитет е и Маја Кадиевска-Војновиќ поранешна вице гувернерка на Народна Банка на Македонија, таа е магистер по економски науки и предавач на Американ Колеџ. Била дел и од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност како и експерт за анализи за макроекономските текови на државата.

Во овој состав на Извршниот комитет влегува и угледниот доцент доктор Ристо Симеонов. Специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплантација на бубрег кај дете во Македонија. Тој е и Претседател на Здружение на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи.

Нов член на Извршниот комитет е и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше. Инаку наш кандидат и победник на претходните локални избори, но поради условот за цензус се уште не е градоначалник на Маврово Ростуше. Тој е угледен доктор од оваа општина и активист на ВМРО-ДПМНЕ. Хуманист и професионалец во својата област.

Воедно во проширувањето на Извршниот комитет се водеше сметка да се даде шанса и на кадри од партијата кои ќе бидат новата сила која донесе свежина и надоградба на нашата битка за промени.

Нови членови на Извршниот комитет се и пратениците Ели Панова која доаѓа од Струмица и Миле Лефков од Кочани. Двајцата се со завршен правен факултет, доста активни пратеници во овој парламентарен состав и со долгогодишен минат труд во ВМРО-ДПМНЕ.Нов член на Извршниот комитет е и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од септември минатата година. Тој има завршено Правен факултет „Јустинијан Први“, спцецијализирал и е со повеќе годишно искуство од мас медиуми и корпоративни комуникации, а претходно работел и како советник во владата и беше дел од мојот кабинет како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.

Од вечерва нов член на извршниот комитет е и актерот Зоран Љутков, кој е од Велес каде е и претседател на советот на општината. Работи како актер во Драмскиот театар и има зад себе повеќе препознатливи и успешни телевизиски и театарски улоги и признанија.

Нов член на Извршниот комитет е и Марија Митева, актуелна портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е и секретар за меѓународна соработка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, инаку магистер по деловно право.Воедно членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните, пратениците со сериозно политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, како и пратеникот Драган Ковачки кој е и полковник во Армијата на Македонија. Членка на Извршниот комитет продолжува да биде пратеничката Рашела Мизрахи, докторката и пратеник Олга Лозановска од Битола.

Во Извршниот комитет останува и професор Трајко Славески кој е и претседател на советот на град Скопје, како и човекот со богато искуство зад себе Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид доктор Кирил Пецаков како и докторот Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.

По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на Унија на жени, Жаклина Пешевска, и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски како и координаторот на пратеничката група Никола Мицески.

Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуелен советник во градот Скопје, а нов шеф на мојот кабинет ќе биде Владимир Нелоски.

Почитувани,

Сакам да се заблагодарам на членовите на минатиот состав на Извршниот комитет, а на чиј труд и ангажман се надевам на други важни позиции на партијата.

Воедно во периодот што следи ќе посветам внимание и на зајакнување и проширување на тимот на моите лични стратешки соработници.Поминавме многу заедно, а не чекаат и многу значајни битки за промени и во времето кое претстои.

Овој состав на Извршниот комитет е сериозна додадена вредност на нашата задача да ја промениме реалноста за која говорев во првиот дел од говорот. И неспоредливо покомпетитивен од нај компомитиран и истрошен состав на актуелната влада. Заедно со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ покажавме дека можеме да се менуваме, имаме сила да ги движиме работите и дека заедно ќе победуваме со сериозен потенцијал кој го имаме и кој допрва ќе го мобилизираме.

Но, и покрај таквите првенствени задачи имаме и други актуелни предизвици и теми за кои како општество мораме да зборуваме, потребата од намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, заштедување на парите на граѓаните, пофункционален парламент и функционална демократија за една изборна единица, со праг кој заеднички ќе го договориме.

Содржината на разговорите за спорот со Бугарија, заштита на државните интереси, како и пред се да му помогнеме на народот кој тоне во сиромаштија.

Повеќе од кога било порано верувам дека ќе успееме да се избориме за промени кои за сите нас ќе обезбедат иднина каква нашиот народ и нашата татковина заслужуваат.

Мицевски: Почнуваат разговорите со политички партии за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик

Би сакал да Ве информирам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери од денес почнуваат суштински разговори со парламентарните политички партии, пред се’ со партиите потписници на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, а секако во текот на наредните денови ќе разговараме и со другите парламентарни политички партии.

Целта на средбите се измените кои што се предлагаат односно формирање на една изборна единица нешто што како Предлог – закон е стигнат во Парламентот потпишан од одреден број на наши колеги пратеници.

Во текот на денешниот ден имавме средба со Демократскиот сојуз претставуван од колегата пратеник Павле Трајанов и со ВМРО – Народна партија и на средбата беше колегата пратеник Љупчо Балковски, со кој што поразговаравме за овие актуелни теми за кои што разговараме сега. Една изборна единица беше темата на разговорите за која што се дискутираше на тие средби и секако можноста за размислување односно нивните предлози за поставување на одреден праг при тие изборни процеси.

Со различни идеи се политичките партии, на крај заклучивме дека овој процес треба да отпочне во насока на демократизација на државата. Гледаме дека се создава клима за оваа работа и процесот ќе продолжи и во наредниот период.

Секако со отворањето на самата тема односно со поставувањето на законот на Комисија, а потоа и на пленарна седница, ќе има можност за истиот да се разговара, да бидат употребени анализите од компаративното право кои што ќе дадат размислување дали и колку би требало да биде прагот и на кој начин да продолжи активноста односно целиот процес околу ова законско решение.

Во текот на утрешниот ден, како што напоменав ќе имаме дополнителни средби и со други претставници на парламентарни партии на кои што ќе размениме мислење и искуства во однос на ова законско решение.

Стоилковски: Како фирма блиска на Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла?

Како фирма блиска до Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла?

Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра?

Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра?

Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка?

Како тече постапката и како се мести тендерот за струмичката фирма? Одговор ќе ви дадам сега.

Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски. Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата.  

Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи.

Почитувани,

Додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, а бизнисите ги делат братучеди и роднини на функционери од владата. Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори.

Стефановски: Ова неспособна Влада, при буџет од 4 милијарди евра годишно, наместо да им помогне на граѓаните објавуваат тендери за бадеми и лешници

Повеќе од јасно е дека СДСМ од ден во ден се повеќе тоне, а доказ за тоа е фактот што апсолутно некомпетентни луѓе се поставени на важни позиции во Владата предводена од Ковачевски, кој за потсетување лажеше за своето образование и навиката за лажење е уште еден показател дека Ковачевски е само продолжена рака на Зоран Заев.

Ова неспособна Влада под раководство на СДСМ, при буџет од 4 милијарди евра годишно, наместо да им помогнат на граѓаните објавуваат тендери за бадеми и лешници, што е доволен показател за тоа дека луѓето кои ја предводат Владата не знаат за што се поставени таму и не знаат домаќински да раководат со парите на граѓаните.

На граѓаните им е јасно дека државата ја водат неспособни луѓе без кредибилитет, кои од ден во ден се повеќе придонесуваат за тонење на државата, не знаат да се справат со економската, енергетската и здравствената криза.

Јасно е дека СДСМ бара спас за своите поразителни и грешни политики, и континуирано го напаѓаат Градот Скопје и градоначалничката Арсовска. Не можат да се помират дека нема повеќе расипнички да се трошат пари на граѓаните за бифтеци и виски, при што директно се виновни за милионските долгови во градот и за сите лоши политики. Затоа граѓаните веќе ги казнија на изминатите локални избори, а бидејќи континуирано не работат во интерес на граѓаните, тоа ќе се случи и на наредните парламентарни избори.

Ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ симболично ќе им ги подариме овие гуми за спасување на СДСМ и Владата, бидејќи тонат во корупција и злоупотреби, 4 милијарди евра буџет наместо да ги употребат да им помогнат на граѓаните, тие сопствениот спас го бараат обвинувајќи ги сите наоколу наместо да понесат одговорност за лошите политики.

Ковачки: Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што содржи пакетот 5+1

Бугарската влада соопшти дека се преговара за вметнување на Бугарите во Уставот на Република Македонија и тоа не за дали, туку кога Бугарите ќе бидат впишани во Уставот.  Од друга страна, и покрај пресудите на ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија, изјавуваат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав и истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди.

Во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ.

И токму затоа, Ковачевски и Османи бегаат и не доставуваат што точно доставиле до Софија.

Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание.

Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена. Ниту тогаш Заев, ниту сега Ковачевски нема легитимитет да преговара и договара менување на највисокиот правен акт на државата затоа што за тоа нема никаква општествена оправданост, туку истото служи за купување на уште некој ден или месец плус на власт, и претставува  блед обид за глумење на допадливост.

Почитувани граѓани,

За се’ што се преговара и распродава македонската јавност и ние како политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, дознаваме од изјави на бугарски политичари и новинари.

Османи и Ковачевски можат да реферираат пред комисијата за надворешни работи, на затворена седница, но тие бегаат од опозицијата, исто како и од македонската јавност заради националното предавство кое го прават.

Преговори за македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ не смее да има, а процесот мора да се води врз база на реципроцитет, во спротивно, Заев, Ковачевски и Османи ризикуваат поларизација на состојбата во државата за што лично ќе бидат одговорни.

Прашање: Ваш коментар околу средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија од Бугарија.

Одговор: По однос на првото прашање во врска со средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија кои што тој ги нарече здруженија на граѓани, значи се продолжува со таа анационална политика на Зоран Заев, Ковачевски, Османи во координација на Стево Пендаровски. Тоа е само блед обид за допадливост. Ги повика за да ги понижи и за да се додвори на бугарската страна. Со тоа го покажува неговото вистинско лице.  

Прашање: Ваш коментар за предлогот на претседателот Мицкоски за 90 пратеници во македонското Собрание.

Одговор: Што се однесува до второто прашање поврзано со изјавата на претседателот Христијан Мицкоски во вчерашното интервју, остануваме на ставот, значи ги каниме сите политички партии и политички фактори во државата да разговараме за намалување на бројот на пратениците од 120 на 90 во македонското Собрание. Со што цениме дека ќе се подобри функционалноста на македонската демократија и ќе се намалат трошоците.

ДКСК чека инструкции од СДСМ дали смее да отвори случај за Калеска-Ванчева

Трет ден молк и трет ден ни трага ни глас од СДСМ во врска со случајот за адвокатското друштво на нивната пратеничка и претседателка на форумот на жени, Калеска-Ванчева. Тоа што молчат значи дека потврдуваат дека нивната пратеничка инкасирала 55.000 евра од државните институции кои ги раководеле кадри на СДСМ.

Молчат и не негираат бидејќи се свесни дека се фатени со рацете во медот, па велат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле разочарување. Вака, не се покрива скандал. Зошто, затоа што работат по 20 часа на ден и затоа што не ѝ даваат паушали од општините и јавните претпријатија на Калеска-Ванчева? Најверојатно затоа мислат дека се разочарување.
Не, напротив, не се разочарување, туку се пример како треба да се водат и раководат институциите.

Замислете, колку е неетички и лицемерно и срамно, да продаваат памет во јавност, да сеат ветер и магла овие лица од СДСМ кои секојдневно ги гледаме, кои што ги крадат граѓаните и државата, да говорат за правна држава, некорумпиран систем и како тоа треба, како тие практично се чесни, а од друга страна гледаме дека ѝ се смеат на целата јавност и држава во лице преку вакви случаи и скандали каде што инкасираат нивните функционери и нивните фирми пари од државата и од јавните претпријатија, односно локалната самоуправа додека биле под водство на СДСМ.

Пет институции кои ги воделе кадри на СДСМ, блиски до Калеска-Ванчева, блиски до Зоран Заев, блиски до сегашниов Димитар Ковачевски, платиле на адвокатското друштво на Калеска-Ванчева една од најгласните пратенички во Собранието која го брани криминалот на Владата на СДСМ, а никој од нив сѐ уште никаква реакција нема до јавноста, во најмала рака барем да се извинат.

Значи кога се даваат пари на луѓе блиски до СДСМ и функционери од СДСМ тоа е чесно и етички, а во секој друг случај каде што парите не завршуваат во џебот на СДСМ, тоа не е во ред и е проблем.

Директорите од СДСМ го ангажираат друштвото на Калеска-Ванчева и му плаќаат 55.000 евра. Толку пари обичен човек или адвокат на толку лесен начин не може и нема можност да заработи ниту за два животи. Напротви, обичниот човек и обичните адвокати кои немаат вакви повластувања, треба да се откорнат од работа за да заработат. Но, затоа овие од СДСМ можат на едноставен и лесен начин.

Сакаме јавно да ги прашаме СДСМ:
Дали овие 55.000 евра се единствените пари што ги инкасирало друштвото на Калеска-Ванчева додека се на власт или има и други институции каде што биле закачени на државна сметка?
Дали ќе чуеме некаква, било каква реакција, макар и извинување од повиканите директори и министер кој што бил во образование и наука од СДСМ, што им ги потпишале овие 55.000 евра или пак евентуално да чуеме било каква реакција од Калеска-Ванчева?

Антикорупциската комисија дефинитивно спие или евентуално не добиле инструкции дали смеат да отворат случај за овој предмет, а можат да отворат уште денес.

Ако на некој не му е јасно зошто сме на дното по индексот на корупција, тоа е затоа што не добиле сѐ уште антикорупционерите инструкција да отворат случаи за вакви работи и едноставно да ги средат и санираат.

На целата држава и јавност им е јасно како функционира антикорупциската комисија.Дали можеби нивниот молк е затоа што корупцијата потекнува од таа институција?

Скапи јадења, специјални нарачки и алкохолни пијалоци барикирано 12 години плаќале Јанчева и Шилегов преку сметката на Град Скопје

Љубица Јанчева и Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалоци стари 12 години.

Во предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани.
Дополнително, одговорната администрација во Град Скопје при секторот за Финансии за оваа фактура се обидела да се спротивстави и да укаже дека е спротивно на Закон да се доставува фактура за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Односно, во повеќе наврати на надлежните сектори им било посочено дека доставата на фактура со дата и архивски број, а без склучен договор од претходната година е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола. За таа намена, Секторот за финансиски прашања доставил службена белешка за ова до Шилегов и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ.
Ова е брутално кршење на законите од страна на функционерите на СДСМ кои спротивно на укажувањата на стручните лица, сепак одлучиле да потпишуваат сметки за реализирани средства за репрезентација.

Од документот со потписот на Јанчева oд кој се гледа дека на два дена пред Нова Година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафана потрошиле 6 минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот.

Од фискалната сметка  се гледа што нарачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски Џони Вокер барикирано 12 години, виски Џејмисон и Џeк Дениелс, но и Чивас Ригал.

Ова специјално друштво имало и специјална нарачка од кујна во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа нарачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој нарачувал бифтек на путер од 2.400 денари една порција.

Внимавајте само за една порција Шилегов потрошил 1/5 од минималната плата на голем број работници низ државата. Тоа се пари со кои голем број на граѓани треба да живеат неколку дена, а Шилегов од градскиот буџет ги троши за едно јадење.
Почитувани,Ова се причините за нервозата во СДСМ, кај Љубица Јанчева, Петре Шилегов, и другите поранешни градоначалници и локални функционери кои не можат повеќе да ги злоупотребуваат привилегиите на нивната функција.
СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што им е нарушен комодитетот и луксузот.

Советниците на СДСМ на сметка на Град Скопје трошеле пари за скапи порции по кафани

Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на Транспаренси интернешнал денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа.

Имено, на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани.

Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари.

Според наведеното во барањето за одобрување на средства за репрезентација лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство за цитирам: “промоција на скалата- возило”.

Или ова би подразбирало прослава за „добрата“ зделка со противпожарната скала во вредност од 1,7 милиони евра. Да потсетиме дека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор беше и командирот на скопската противпожарна бригад. Владимир Симоновски ова задоволство го чинело 29.400 денари, пари од буџетската каса, пари на сите скопјани.

Исто така претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. 

Оттука сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87то место на извештајот на Транспаренси интернешнал. 

Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во 4 очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција.

Последица на се ова е неефикасната администрација и партизираното судство што е нотирано во извештајот на Стејт Департментот.

Ова се причините за лошите извешти кои ги добива Македонија и со СДСМ на власт Македонија ќе продолжи да нижи неуспеси на секое поле.

Арсовски: Молкот на СДСМ и Калевска – Ванчева е потврда за инкасираните 55.000 евра

Се уште до денеска до оваа прес конференција не слушнавме реакција од вчера до сега, ниту од СДСМ, ниту од Калеска – Ванчева, ниту пак од институциите кои што го ангажирале адвокатското друштво на Калеска – Ванчева кое што било во нејзина сопственост пред да стане пратеник.

Преку пет државни институции по основ на паушали адвокатското друштво кое е поврзано со пратеничката на СДСМ и претседател на форумот на жени во СДСМ, инкасирало 55.000 евра за три и половина години. Министерството за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите од кои што ова адвокатско друштво на Снежана Калеска – Ванчева инкасирало 55.000 евра.

Нема човек, нема дел од јавноста, ниту пак близок и член до СДСМ што може да биде убеден дека ова е случајно и дека за ова не е заслужна токму пратеничката од СДСМ Калеска – Ванчева. Притоа на чело на овие институции бил еден човек или луѓе од СДСМ, блиски до пратеничката. Но за оваа поврзаност од утре па натака.

Најважно е што, додека граѓаните немаат леб да јадат, некој кој е во власта, нашол начин да заработува преку државата и на грбот на граѓаните. Срамота. Наместо местото да си го бараат на слободен пазар и успехот да го манифестираат преку приватниот сектор, едвај чекаа да дојдат на власт, за да заработуваат на грбот на граѓаните. При тоа да бидат повластени и да имаат предност пред било кое друго адвокатско друштво, токму адвокатското друштво на пратеничката Калеска – Ванчева.

Единствен трошок на ова адвокатско друштво од овие 55.000 евра кои што ги земале по основ на паушали од овие пет институции кои што претходно ги најбројував се даноците што ги плаќале и хартијата која што можеби ја трошеле, или интернетот кој што го трошеле и плаќале. Чиста заработка на грбот на граѓаните во време на сериозна криза изминативе три ипол години.

Дали е ова случајно? Не е, нормално дека не е случајно. За ова чекаа и се бореа да дојдат на власт во 2016-тата година.

Оттука сакам повторно да ја повикам заспаната антикорупциска комисија да се разбуди и да отвори постапка, бидејќи ова се парите на граѓаните и мора да дадат отчет како, зошто и на кој начин се доделени и за што се потрошени овие средства.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со донација за Рашковски преку делење на мекици

Денес, во центарот на Скопје како УМС на ВМРО-ДПМНЕ поделивме мекици на случајни минувачи.

Со оваа наша акција сакаме да помогнеме на поранешниот  генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега од кога повеќе не е на функција генерален секретар и од кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени.

Затоа прашуваме:

Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни?

Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје?

Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка Доџ?

Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип Волво?

Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, Хонда и Кавасаки?

Ова се само мал дел од работите кои наводно Рашковски ги стекнал од родендени, крштевки и мекици.

Имајќи предвид дека парите на сметките на неговите блиски беа од делење мекици, сега ние, „собраните средства“ ќе ги уплатиме исто на тие сметки, па да се надеваме дека со овој мал придонес ќе успееме да ги надополниме сметките на неговите најблиски за неколку милиони денари.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ строго го осудува секое криминално работење, стекнување без основ и богатење од парите на граѓаните! Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залагаме за да спречиме секаков вид на криминал, како и никогаш повеќе расипничкото владеење на СДСМ!

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог за закон за изменување и дополнување на Законот за тутун по скратена постапка

Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог за закон за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.
Со постоечкиот закон кој е изменет во 2019-та година од страна на Владата на СДСM и ДУИ, во овие неколку години, има големи проблеми во откупот на тутунот. Пред се, тука мислиме на забрана на увозот на тутун од страна, склучување на договори со сите коминтетнти и оние кои во изминатите години поднесле жалби за да нема реваншизам кон тутунарите и да се зголеми контролата врз откупувачите од страна на државата, бидејќи се врши очигледен грабеж на тутунарите.
Со континуирани консултации со тутнопроизводителите дојдовме до предлог промена на Законот за тутун и производи од тутун, со тоа што би се забранило увоз на надворешен тутун до оној момент додека не се откупи и последниот килограм на домашниот тутун. Со тоа би ги заштитиле тутунопроизводителите чиј што живот и егзистенција зависат од тој тутун.
Не е проблем со увозот на тутун што легално се увезува, но имаме информации дека и лани, а и сега дека се дозволува огромен шверц на тутун од Бугарија и од Албанија. Се носи тутун по многу евтина цена, 60-90 денари и плус за тој тутун, кој се предава како домашен, а дополнително се земаат и субвенции.
Поради недоследноста во примената и извршувањето на постоечкиот Закон, потребите на граѓаните се причината за овие предложени измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се во функција на допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун.
Целта на Предлог законот кој што ќе го поднесеме е да се надминат проблемите и да се обезбеди правна сигурност при откуп на тутунот и покрај поднесен приговор и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.
Имено, за увезениот необработен тутун, увозникот ги избегнал сите споменати обврски во Глава II, III I IV од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и не гарантира за потеклото, безбедноста и контролата на производот, што е спротивно на Европската Регулатива 40/2014 како и Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО која ја имаме Ратификувано во 2006 година. Должни сме да ги почитуваме одредбите на истата, потсетувајќи на член 15 од Рамковната конвенција за контрола на тутунот од СЗО, потписниците се обврзани за елиминирање на сите форми на недозволена трговија со тутун и тутунски производи, вклучувајќи криумчарење и нелегалното производство, што е суштинска компонента на контролата на тутунот.
Сметаме дека со предложеното изменување и дополнување на Законот ќе се создадат услови на целосно и подобро спроведување на Законот и истовремено ги повикуваме пратениците од парламентарното мнозинство да дадат поддршка на измените и дополнувања кои што ги бараат и истовремено ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите.

Адвокатско друштво на Калеска-Ванчева од СДСМ земало 55.000€ од државни институции за 3 и пол години

Општо позната тајна е дека СДСМ брзаа да дојдат на власт за да ги сместат нивните фирми да работат за државните институции и на тој начин да заработуваат пари.

Тоа е случај и со адвокатските друштва во СДСМ.

Класичен пример е адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра.

Имено, адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска – Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева.
Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ, инаку претседател на форумот на жени во СДСМ. Исто така како пратеник голем таканаречен борец за правда држава која што гледаме дека не функционира.

Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ.

Како е можно баш ова адвокатско друштво да земе за 3 и пол години 55.000 евра?

Кој е одговорот на пратеничката Снежана Калеска – Ванчева што токму адвокатското друштво каде што е таа основач и содружник до пред да стане пратеник, земало над 55.000 евра од овие институции во текот на овие три и пол години?

Очигледно е.

Ова е начинот на СДСМ како заработуваат пари на грбот на граѓаните.

Калеска во Собрание објаснува за правните норми и правна држава, а позадински нејзиното адвокатско друштво што го основала претходно, пред да стане пратеник земала 55.000 евра од државни институции по основ на паушали.

На кој начин овие институции, каде и во најголем дел од директорувањето бил само еден човек директор од СДСМ и цело време токму оваа фирма ги добива паушалите? На кој начин токму оваа фирма ги добивала паушалите?

СДСМ има вакви безброј канали за испумпување на парите на граѓаните по било кој основ. Тоа мора да се прекине

Ја повикуваме Антикорупциската комисија под итно да отвори постапка и да провери дали сето ова е направено во рамките на законот. Можеби е направено во рамките на законот, но дали има судир на интереси и дали е етички морално и по законот за судир на интереси?