Заевизмот удри по народот, испорача честитка пред Нова Година со над 15% поскапа струја

Евтината тарифа беше една од главните точки во програмата на СДС на парламентарните избори во 2016 година во делот за енергетика. Додека го лажеа народот дека само тие се грижат за него, бидејќи без евтината тарифа се празнат џебовите на граѓаните, ветуваа дека тие ќе ги вратат парите кај народот, со тоа што ќе се зголеми периодот на користење на евтина тарифа од 14 до 16 часот. Народот слепо им поверува на лагите и својот глас го даде на СДСМ.

Но, на лагата и се кратки нозете. Така вели народната поговорка. Лагата на СДСМ траеше само четири години. Откако во 2020 ја зголемија цената на струјата за 7,4%, па летото во 2021 за уште 12,5 % сега се случи нов ценовен шок. Зголемување за 9,5 %, па и укинување на дневната евтина тарифа.

Народот треба да знае дека зголемувањето на струјата кај домаќинствата и малите потрошувачи од 9,5% не е точно. Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот цената на електричната енергија дополнително се зголемува за 5-6%, што значи дека вкупното поскапување ќе биде од околу 15%. И не само тоа. Кај малите потрошувачи зголемувањето ќе биде уште поголемо  од 15% ако се земе и цената на врвната моќност, кај која најмногу се манипулира. Кога ќе им дојде сметката за јануари 2022 година на малите потрошувачи, тогаш ќе се фатат за глава и ќе разберат што ги снашло, споредувајќи ја јануарската сметка со  сметката од декември 2021 година. Поскапувањето кај нив ќе биде многу поголемо од  15%.

Почитувани,

Заевизмот удри по стандардот на граѓаните и им ја честиташе Новата Година со над 15% поскапување на струја. Таму кај што Заев застана, Ковачевски продолжи со уништување на стандардот на народот. Поскапувањето на електричната енергија за 9,5% плус укинувањето на дневната евтина тарифа значи дека секое домаќинство ќе плаќа за 15% повеќе од својот џеб поради неспособноста и неодговорноста на власта.

Поради недомаќинлукот и криминалот на кланот Заеви останавме без домашно производство на електрична енергија. Доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно, ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните. Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите, ќе произведуваше домашна електрична енергија по цена три до четири пати поевтина од увозната. Со тоа немаше да дојдеме до оваа мизерна состојба:

– Македонија денес се соочува со уништени енергетски компании доведени пред банкрот, без домашно производство на електрична енергија и осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај.

 За ова одговорност мора да има.

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

Почитувани сограѓани, годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. 2021 беше година на големи предизвици, но и на големи промени. Промени кои ги донесовте – вие!
Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси.
Успеси и среќа за секој еден човек, затоа што Македонија е за сите луѓе. Да ја подобриме екологијата, да ја развиваме инфраструктурата, да го унапредуваме образованието, спортот и културата. Да бидеме подобри луѓе, повеќе да се почитуваме и да создадеме поубава иднина за нашите деца.
Колку повеќе создаваме, толку повеќе ќе им олесниме на нив. Колку се тие посреќни, толку сме ние помотивирани. Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби.
2022 година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности. Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати. Повеќе радост, светлина и среќа во секој еден дом.
Драги пријатели, ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да биде подобро. Искрено и од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам најубави празнични денови. Топол дом исполнет со ведрина и оптимизам. И многу љубов и насмевки со вашите блиски.

„Само сврти се“ – Балада со темел од емоции и уметност на Лара Иванова и

Панче Касапски

Во преостанатите денови од последниот месец од годината, македонската
музичка сцена на крајот на 2021ва, започнува да добива сè пооригинален лик и форма.
Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го
подготвија видео записот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со
изразен бит, чиј темел се емоциите и уметноста.
Во видео спотот Лара е претставена како сликар, — мотив, кој што е целосно нејзина идеја како
начин за визуелизирање на тематиката на песната, а драматичноста на испеаните стихови е
преточена во секој кадар од новото видео.
Зад првиот дует на Лара и Панче стои квалитетен и искусен тим. Музиката и аранжманот се на
Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на
Робин Зимбаков. Режисерската палка на видео записот му припаѓа на Ѓорги Вацев, а уникатното
сценарио за видеото се должи на креативноста на целиот тим.
„Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица
од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Како мој прв дует со
македонски артист, моите очекувања се дефинитивно надминати, а снимањето на песната во
студиото на Лазар Цветкоски секако делумно допринесе за истото. Со помош на музиката и
желбата да креираме нешто сосема поинакво и оригинално, и со моќните стихови, кои што Робин
Зимбаков совршено ги вклопи во оваа песна и кои што пренесуваат автентична емоција, –
заеднички успеавме да создадеме оригинално уметничко дело. Видеото изобилува со црно-бел
приказ, но вистинскиот колорит на песната се чувствува во самата мелодија и во мојата и
изведбата на Панче, — нешто кое Ѓорги Вацев умешно успеа да го долови. Спотот е снимен во
Музејот на Град Битола, можност за која што сум многу благодарна, како на институцијата, така и
на Битолчани,“ изјави Лара.
Името на песната „Само сврти се“ само по себе е доволен повик очите на јавноста и фановите да
се свртени кон новиот видео запис и да уживаат во ова ново музичко дело за време на
празниците.
„Да се соработува за прв пат, со вокал и музички талент каков што е Лара, е вистинско задоволство
и привилегија. Секако истото важи и за легендарниот тим, кој што е и повеќе од заслужен за
реализирање на овој дует и видео спот, а за кој што ми е искрено драго што сум дел и како
композитор. Како пејачи, со Лара совршено се надополнуваме во „Само сврти се“ и емоциите, кои
што ги пренесуваме низ песната, се целосно доловени и евидентни во секој испеан стих,“ изјави
Панче.
Стајлингот на пејачите во видеото за „Само сврти се“ се должи на Викторија Бурсак со креирање

Поднесовме барање да се одржи седница за пратенички прашања, носителите на функции да дадат одговори

Мицевски: Поднесовме барање да се одржи седница за пратенички прашања и носителите на именувани функции и да дадат одговори на пратениците и граѓаните

Снежно а капела изненадување од Sarah Mace & The Christmas Girls

Освен како сезона на споделување убави нешта и зближување со најблиските, зимскиот период е познат и како време за уживање во звуците на најубавите празнични евергрини, достапни низ целиот свет со илјадници изведби во различни стилови и јазични верзии од голем број на пејачи и музичари.

Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска, на прагот од 2022ра година, на македонската јавност ѝ подготвија вистинско празнично музичко изненадување.

Новата изведба на познатата „Santa Claus is coming to town“, во оригинална а капела преработка, е дел од новогодишниот проект на Sarah Mace & the Christmas Girls, насловен како „A Cappella Christmas Carols“.
Аранжманот е на Теа Богатинова, песната е снимена во студиото „Алшар“, а видео записот е снимен за време на снимањето на албумот, кој што брои вкупно 8 песни. Истите ќе бидат откриени до крајот на оваа година и дополнително ќе ги разубават празниците на сите генерации.

Стоилковски: Три дена нема оградување од Заев за рекет во РЕК Битола

Бојан Јовановски, осуден сопственик на телевизија за случајот „Рекет“, во отворено писмо посочува и обвинува дека семејството на Зоран Заев од секој тендер на РЕК Битола имало корист од определен процент. Тоа со еден збор е рекет! И веќе три дена нема ниедно оградување од Заев, од неговиот брат, именуван во отвореното писмо, ниту од било кој од енергетските власти коишто, да потсетам ја втурнаа државата во тешка енергетска и економска ситуација со катастрофални последици, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Бојан Јовановски е неспорно близок соработник и човек со директен контакт со раководството на СДСМ и особено со Зоран Заев.

Во писмото, Јовановски сведочи и посочува на „Рекет“ во којшто семејството на Зоран Заев добивало проценти од тендерите токму на РЕК Битола, додавајќи дека за сето тоа имал докази во неговиот мобилен телефон. За потсетување, мобилниот телефон на Јовановски е одземен од обвинителството за случајот „Рекет“, но не е направено вештачење досега, ниту беше искористен во обвинението, ниту пак му беше даден за да користи во одбраната на Бојан Јовановски.

Цитирам дел од писмото на Бојан Јовановски до Зоран Заев, „Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари стотици илјади евра од страна на и тука – стои име на добитник на тендер – кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен сојуз“, пишува Јовановски за случајот со тендерите токму во РЕК Битола.

Изнесените тврдења на Бојан Јовановски следат откако среде судница во своја изјава Бојан Јовановски гласно и прецизно посочи цитирам, „Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“. Сега во отворено место сведочи дека Вице Заев земал пари од газдите на фирмите кои што добивале тендери во РЕК Битола, за што како што вели постојат докази во неговиот мобилен телефон.

Молкот на Заеви и молкот на институциите не е одговор, институциите мора да ги истражат ваквите наводи, бидејќи се поинаку е соработка во тонењето на државата на сите листи на мерењата на криминалот и корупцијата, подвлекува Стоилковски.

На дното на Охридското Езеро поставена подводна елка во знак на поддршка на лицата со ретки болести

На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.

Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови.

– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.