Стоилковски: СДСМ/ДУИ планираат долга и тешка енергетска криза?

Блокирање на патни правци и делници; Воспоставување нов режим на движење; Блокада на простор; Воспоставување на контролни пунктови; Пребарување и претрес на терен; Следење на социјални мрежи… и така натаму и така натаму.

Ова е дел од планот на мерки и активности на власта на СДСМ /ДУИ којшто е во сила и којшто јасно укажува на „недостаток на електрична енергија и пораст на цената на електричната енергија“, проследено со „реални безбедносни предизвици кои може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици“.

Ова е документ со којшто МВР веќе две недели се подготвува за долга и тешка енергетска и економска кризна состојба! И план којшто нема да заврши на 9 декември кога истекува кризната состојба во Македонија воведена заради енергетската криза. Бидејќи таа очигледно нема да заврши.

Планот што го држам во рака, јасно укажува колкава е вистинската енергетската криза, дека состојбата е катастрофална и дека СДСМ/ДУИ немаат стратегија за излез од неа. Напротив, овој план укажува на драматични долгорочни состојби со вознемиреност кај граѓаните и план кој предвидува нарушување на јавен ред и мир.  

СДМ/ДУИ ја сокриваат вистината. Овој план укажува дека кризната состојба не е воведена на кус рок за „вбризгување на финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија“ и дека тоа не ги надминува последиците. Зар за така кус рок – од 16 ноември кога е влезен во сила овој документ до 9 декември кога завршува кризната состојба, за само две недели, МВР изработува план за набавка дрва за греење и агрегати за струја за секоја станица или објект?

Планот укажува дека СДСМ/ДУИ се подготвуваат за долги рестрикции на струја, односно власта крие дека, го цитирам министерот Бектеши „не се предвидени рестриктивни мерки“.

Почитувани, наместо да се преземат конкретни чекори за излез од кризата, наместо да се преземат мерки за одговорност за ваквата состојба, СДСМ/ДУИ планираат воведување на рестрикции и притоа вистинска состојба на полициска држава со следење, блокирање, забрани за движење.

СДСМ се најодговорни за ваквата состојба, економомска енергетска криза, поскапување кое  и СДСМ/ДУИ не може да бидат дел од решението.

Митева: СДСМ и ДУИ да понесат одговорност наместо да ги штитат фирмите

Продолжуваме јавно да бараме одговори од власта која за автобуската несреќа во која 45 наши сограѓани ги загубија своите животи се уште нема никаква одговорност. Повторно ги слушаме старите добро познати оправдувања, да почекаме истрагата да заврши.

Помеѓу добро познатата тактика на СДСМ и ДУИ е и префрлувањето на одговорноста од една на друга институција, на крај луѓето на СДСМ вината ја побараа во луѓето само не во нив. Контрадикторни изјави, неспособност и корупција станаа обележје на нивното функционирање. Власта треба да даде одговор кој ја зборува вистината, дали сопственикот на Беса транс кој вели дека не се враќал во Македонија по несреќата или министерот Спасовски кој во петокот одговори дека сопствениците „се достапни и тука“? Власта треба да одговори дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно на повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?

Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс? Согласно законските прописи, согласно член 353-в од Кривичниот законик за несовесно работење во службата треба да се сноси одговорност. Дали директорот Хусеини штити и други фирми превозници? Дали е вистина дека во Гостивар 7 години не се унапредени луѓе кои исполнуваат услови за инспектори, а се држат на ниски позиции само за да нема кој да ги реализира инспекциите во фирмите?

Власта треба да одговори, а потоа неопходно е да понесе одговорност. Да понесе одговорност за сите неправилности, за сите пропусти кои се резултат на неспособноста да се справат со сите предизвици и да ги ослободат институциите да функционираат согласно нормите и прописите и истите да се почитуваат во целост.

Митева: Власта мора да даде одговори и да понесе одговорност за автобуската несреќа

За автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема одговори, а секојдневно се појавуваат нови дилеми. Јавноста се уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес, кој не засегаат сите нас, а обврска на власта е да даде одговори. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не  направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс?

Дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните? Повторно бараме одговор на прашањето дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите?

Дополнително, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година па јавноста треба да слушне одговор дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите?

Конкретниот автобус 135 пати ја поминал границата без лиценца за меѓународен транспорт. Дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно за повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?

Срамно е што во јавноста луѓето кои се поставени од СДСМ и владата сметаат дека не е виновна корупцијата на институциите во случајот со фаталната сообраќајка, туку луѓето кој не ја забележале корупцијата.

Обидувањето да се прикријат сопствените пропусти и неспособноста со насочување на вината кон луѓето е уште начин на кој функционира коалицијата СДСМ-ДУИ. Повеќе од неопходно е јавноста да ги добие одговорите и конечно власта да понесе одговорност.

Стоилковски: СДСМ/ДУИ подготвени за рестрикции и ценовен шок за струјата

Во рака држам владин документ којшто покажува дека состојбата со енергетската и финансиската криза е катастрофална и е далеку од справување и надминување на состојбите.

За разлика од лажните тонови за смирување од СДСМ/ДУИ, овој документ, наречен „План за мерки и активности за функционирање на МВР во услови на постоење на кризна состојба предизвикана од недостаток на електрична енергија“, стои дека цитирам:

„Недостатокот од електрична енергија и порастот на цената на електрична енергија на пазарот, ќе предизвика реални безбедносни предизвици кои што може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици.“ Во документот се користат термини како „нов енергетски и економски шок“.

Почитувани

Овој план со којшто е опфатен делокругот на полицијата и безбедноста во услови на енергетска криза и рестрикции, е документ од 16-ти ноември за функционирање, цитирам, „Во услови на енергетски колапс и рестрикции“. И документ веќе во сила којшто предвидува: – „Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ЗАСИЛЕНО ЌЕ ГИ СЛЕДИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ заради откривање на лица кои поттикнуваат или повикуваат на нарушување на јавен ред и мир и вршење на други кривични дела“.

Во безбедносната проценка на состојбата, меѓу другото се наведува дека во случај на енергетски колапс и рестрикции на струја се очекува пораст на криминалот, но и нарушување на јавниот ред и мир.

Да сублимирам, со овој документ власта на СДСМ/ДУИ признава катастрофа во енергетската состојба, признава дека нема решение и дека се подготвува за најлошото – рестрикции и цена на струјата која што ќе предизвика нарушување на јавен ред и мир, дека се можни безбедносни предизвици, па се воведува документ за посебен режим на полицијата и следење на социјални мрежи и спречување на организирање на протести или други реакции за поскапувањето и рестрикциите на струјата

Почитувани,

СДСМ/ДУИ ја колабираа македонската економија, граѓаните ги изложија на здравствен, економски и енергетски колапс, а овој документ тоа го докажува. Ова е нивно признание.

СДСМ/ДУИ се извор на оваа состојба, заради нивно незнаење, неработење и лукративност и не може СДСМ/ДУИ да бидат дел од решението на овие состојби. СДСМ/ДУИ го имаат изгубено легитимитетот за водење на државата. Што поскоро се организираат избори, што поскоро се смени власта тоа побрзо Македонија ќе почне процес на излегување од кризите.

Жирито го прекина нејзиниот настап бидејќи мислеа дека таа не пее – Кога музиката престана, тие останаа без текст!

Аида Николајчук се пријави за украинската верзија на шоуто „Х фактор“.

Таа излезе на сцената и и беа поставени стандардни прашања, а потоа беше време да го покаже своето пеење. Музиката започна, а Аида ги маѓепса сите со својот уникатен глас.

Се чинеше толку професионално што тие помислија дека тоа воопшто не е нејзино пеење, но беше претходно снимено и обработено. Тие ја замолија да пее без музика и останаа без текст

Владев: Реконструкција на речното корито на Горобинска река во Свети Николе, работиме и на проекти со Светска банка

Она што го ветивме во предизборниот период за време на кампањата на локалните избори, веќе веднаш почнуваме да го реализираме. Денеска го започнуваме проектот реконструкција на речното корито на Горобинска река со која долго време граѓаните на општина Свети Николе имаат големи проблеми како што можете да видете и од самото лице место. Значи се работи за голем потег, оваа е прва фаза, 76 метри од горе до мостот на основното училиште ќе биде извршено комплетно реновирање на овој потег, со армирана подлога, а потоа со ставање на каменска подлога и покрај дното на реката и покрај самото речно корито. Значи ова е само почеток а за втората фаза веќе се предвидени средства од буџетот на општина Свети Николе за 2022 година и планираме до крајот 2022 година да биде комплетно реновирано речното корито. Паралелно со оваа работа планираме да направиме и уште неколку работиме за да биде разубавен животот на граѓаните на општина Свети Николе. Значи почнуваме од тука, планираме паралелно со ова да направиме асфалтирање на овој потег позади мене за да овозможиме паркинг места, бесплатни паркинг места нормално. Надолу покрај кејот на речното корито откако ќе биде направено, планираме да го исчистиме потегот покрај речното корито, да направиме една модерна пешачка патека, тоа се работи во самиот потег на градскиот парк во општина Свети Николе, значи пешачка патека со клупи, со канделабри и на крајот каде што е сега остатоци од детско катче, детско игралиште планираме да направиме едно модерно детско игралиште каде што родителите и децата ќе може да уживаат во нивното слободно време. За детското игралиште можеме да кажеме дека веќе  се обезбедени средства од донаторите предводени од генерал Хаџи Јанев. Утре од 9 часот во општина Штип имаме средба во која ќе го официјализираме овој дел односно донацијата меѓу 10 и 15 илјади евра од страна на овие донатори на чие чело е генерал Хаџи Јанев. Паралелно со ова продолжуваме и со другите работи. Претходно веќе кажавме дека потегот од неколкуте улици од Рудина и Бел камен заедно со изведувачот со кој што направивме веќе договор до нова година треба да биде комплетно тампониран и да се стават ивичници за да може во зимскиот период граѓаните кои што живеат во тој потег да не газат во кал како што пред да дојдеме на власт во општина Свети Николе. Затекнавме хаос таму, значи доста луѓе, зборуваме за 50-60 семејства приклучени на канализационата мрежа. Овој период претходно го искористивме да ги поврземе луѓето со канализационата мрежа за да не правиме дупли трошоци како што беше претходно, значи ги поврзуваме, дали останаа уште неколку семејства кои што останаа неповрзани со канализационата мрежа, верувам дека во текот на наредната недела доколку послужат временските услови да ги врземе на канализационата мрежа за да може изведувачот да ја заврши својата работа како што беше договорено. Наидовме на проблеми и кај граѓаните, не беше извршена добра експропријација, нема потези, не беа направени како што треба но еве веќе тргна работата и верувам дека до нова година тоа ќе биде завршено. Понатаму можам да кажам дека граѓаните кои што живеат на улица Живко Чинго која што беше хаос, со неповрзана канализација, неповрзана со  атмосферска канализација, со ровови, дупки, вода, не знам една година како работеле, значи денеска, во петокот беше завршена комплетно значи врзување и атмосферска и канализациона мрежа, утре имаме закажано примопредавање со надзорот и веднаш потоа да можеме да го истампонираме потегот за овој период од годината за да не газат во  кал. Продолжуваме да ги тераме и другите работи кои што ги наследивме од претходно но и нови проекти. Можам да кажам дека чекаме до 15ти од Светска Банка, претходниот градоначалник и локална власт имаа 40 милиони денари од Светска Банка заем за правење на улици и асфалтирање на улици, беа потрошени само 20 милиони. Затоа, стапивме во контакт со Светска Банка и веќе во петок на совет ќе се донесе одлука за да може да се до искористат овие 20 милиони за изградба на неколку улици на потегот Горобински и Сопотски пат, се работи за нови работи кои веќе петта година немаат ниту атмосферска канализација ниту асфалт. Затоа зборувам дека после петтата година тие имаат можност да ја тужат општината бидејќи  општината мора да им ги овозможи тие услови. Се надеваме до 15ти да биде сето тоа завршено и веднаш со истиот изведувач кој што го работи потегот на Бел Камен и Рудина под истите услови, под истите цени веднаш да почне со работа. Градинката во Ерџелија веруваме дека почетокот на 2022 ќе почне со изградба, веќе имаме известување од министерството за Труд и Социјална политика, истото се однесува и за адаптација на просторот на основното училиште Гоце Делчево селото Горовинци за адаптација за изградба на градинка. Со балон салата во село Ерџелија ќе започнеме 2022 година, веќе е започната процедурата за распишување на тендер за балон сала и веруваме еве очекуваме вчера имаше конститутивна седница на вардарски плански регион и може со задоволство да кажам дека за општина Свети Николе е предвидено донесување на ново противпожарно возило и одобрување на проектот на поврзување со асфалт на потегот на село Кнеже – село Ѓузумелци во општина Лозово. Работиме и на други проекти, можам да кажам дека во 2022 мора да се започне со асфалтирање барем по една улица во селските средини таму каде што има канализациона мрежа, зборуваме барем за поголемите села. Поради искористување на заемот од Светска Банка веќе ни имаат одобрено 5,7 милиони денари за изградба на водовод во село Орел итн. Ќе работиме, се трудиме да биде се што ветивме во изборната програма да го реализираме во нашиот мандат.

Мицкоски: Промените се случуваат во општините каде ВМРО-ДПМНЕ управува, на народот му е преку глава од политиканство

Продолжуваме низ Македонија, онаму каде што сме ветувале да испорачаме тоа што сме го ветиле.  Во Свети Николе градоначалникот Дејан Владев, беше прилично исцрпен и даде силна, јавна презентација на тоа што се тековни проекти и она што е во процес на изработка и се планира во периодот да се работи.

Навистина сето ова делува импресивно, многу се мотивирани што е важно, мотивацијата е на исклучително високо ниво.

Од тоа што можам тука да го видам во Свети Николе е дека изминатиот период многу малку се сработило, а тоа што се сработило се направило неквалитетно. Затоа нашите заложби во периодот кој следи ќе  бидат динамични и сакаме да го зголемиме интензитетот и динамиката на реализација на проектите, на тоа што сме го ветиле пред светиниколчани и во централниот дел, но и во руралните средини и селата кои се составен дел на општината.

Градоначалникот информираше и за проектите кои ќе ги работи заедно Светска банка. Зборуваше и за населбите кои се уште немаат ниту атмосферска ниту фекална канализација. Зборуваше и за насушна потреба на 21 век а тоа е водовод во село Орел.

Навистина импресивно сето ова делува и јас сум тука да ги поддржам сите проекти кои на чесен и транспарентен начин ќе бидат изработени со многу дисциплина и голем мотив.

Преку глава им е на граѓаните од политиканство и сето она кое политичарите изминативе 30 години го прават во Македонија, а тие го гледале. Потребно е да ги засукаме ракавите и да работиме. Јас го охрабрувам градоначалникот и сите кои се дел од општинската администрација да продолжат по тој пат и да испорачаат она кое што го ветиле за време на кампањата за овие локални избори.

Митева: Трагедијата го покажа нефункционалниот систем, дали власта го штити Беса Транс?

Поминуваат деновите од автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема одговори, а за понесување одговорност не ни размислуваат.

Институциите под раководство на власта доколку знаеле овозможиле, доколку не знаеле не го спречиле конкретниот автобус 135 пати да ја помине границата без лиценца за меѓународен транспорт.

Покрај досега утврдените контрадикторности, во јавноста се јавуваат и нова дилеми. Директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година па дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите? Откако се случи катастрофалната незгода, директорот Хусеини изјави дека писмено ќе се обрати до Беса транс за да му овозможат инспекција, а доколку тоа не му биде дозволено дури тогаш ќе побара асистенција од МВР иако согласно законот за инспекциски надзор истото не може да го стори од причина што тој не е инспектор и не смее да врши инспекција. Надлежниот Државен инспекторат за транспорт воден од Руфат Хусеини, поранешен градоначалник на Зајас, дава образложение дека не може да влезе во Беса транс и тоа го оправдува со изјавата дека немало кој да им отвори.

Оваа трагедија го покажа нефункционалниот систем кој владее во Македонија, оваа трагедија потврди дека во Македонија секоја една институција е раководена со низа пропусти во системот, со сомнежи за злоупотреби, со криминал и корупција. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето дали и колку пати досега МВР пријавила преку службени белешки до Инспекторатот за недостатоците на автобусите на Беса Транс, а од страна на инспекторатот не било ништо преземено односно не бил направен вонреден инспекциски надзор на Беса Транс. Ако МВР има доставено и само една белешка зошто не ја објави истата пред јавноста, со што Инспекторатот ќе има обврска да одговори зошто постапил спротивно на добиените белешки. Дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните? Јавноста треба да добие одговор дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите?

Додека надлежните институции се препелкаат во оправдувањата, граѓаните бараат одговорност. ВМРО-ДПМНЕ бара и одговори и одговорност од власта, но и итни вонредни мерки со цел да се превенира и да не се случат слични катастрофи.

Дополнителните мерки, надвор од редовните мерки, да бидат на товар на државата. Само така ќе бидеме сигурни дека сме направиле нешто да ги заштитиме граѓаните во јавниот превоз. Неодговорноста на власта ја видовме на дело и во оваа трагедија и во случајот со тетовскaта болница и за жал таа чини човечки животи, но наша должност е да ги спречиме идните несакани катастрофи.

Ристески: Нема да дозволиме власта да продолжи да ужива во комфор и црвени теписи, а земјоделецот да се дави во пот и солзи

Земјоделците повторно ќе бидат на удар и во 2022 година. Во најважниот програмски документ, предлог на буџет за 2022 година, кој го предлага владата, земјоделците повторно се понижени.

                  Имено, во вака конципираниот буџет, оваа салонска влада ги има тотално заборавено земјоделците кои уште една година ќе останат без помош од власта и премиерот во заминување. Во овој буџет во ниту една ставка нема да најдете ниту едно евро плус кое што ќе оди во насока на зголемување на стандардот на земјоделците и засилување на земјоделските капацитети во Република Македонија.

                  Тутунарите, лозарите, оризопроизводителите, јаболкарите, сточарите, овоштарите, едвај ќе врзуваат крај со крај, без никаква државна помош, во услови кога го имаме најголемиот буџет во Република Македонија и кога функционерите на СДСМ и на ДУИ константно се богатат.

                  Поради овие причини, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со предложените околу 220 амандмани, ќе побара од владината коалиција целосно да се рекомпонира делот од буџетот кој што е наменет за поддршка на земјоделството во државата. Не може повеќе да има милијарди и милијарди евра за набавка на мебел, луксузни возила за функционерите, партиски вработувања, договорни услуги и разни трансфери, а да нема за навремена исплата на субвенции, за набавка на современа земјоделска механизација, за зголемување на земјоделските капацитети и за потенцијална исплата на евентуални штети кои би им се случиле.

                  Нема да дозволиме власта да продолжи да ужива во комфор и црвени теписи, а земјоделецот да се дави во пот и солзи.

                  За таа цел, ги повикуваме пратениците од коалицијата СДСМ и ДУИ да се вразумат, за миг да заборават на тендерите и личните удопства, и да му помогнат на напатениот македонски земјоделец и сточар кој што во изминативе 5 години го донесоа до питачки стап.

Ковачки: Заев си оди, заевизмот останува, СДСМ нема да избере лидер, туку заштитник на криминалот на Заеви и продолжување на заевизмот

Заев си оди, т.н. заевизам останува, СДСМ нема да избере лидер, туку заштитник на криминалот на Заеви и продолжување на заевизмот.

Синоќа СДСМ приреди театар, со кој зад завесите се избира маша и продолжена рака на Заев.

На Заев му треба човек преку кој ќе продолжи т.н. заевизам и ќе ги штити бизнисите на семејството Заеви.

СДСМ не избира, Заев избира. Тој веќе им одбрал кандидат кој што членовите на таа партија треба само да го изгласаат.

Однапред се знае кој ќе биде наследник на Заев.

На Заев му треба човек кој што ќе продолжи да го брише Вице од кривични пријави кога е жив фатен и пријавен во рекетирање на фирми.

Му треба човек кој ќе продолжи да ги штити Драги Рашковски и Ден Дончев.

Заев на чело на СДСМ ќе постави човек кој ќе молчи за нерасветлените провизии на Филипче.

Заев ќе продолжи да ја контролира СДСМ и затоа само за неколку дена ќе избираат кандидати.

Со наводното заминување не може да прикаже друга реалност. Народот е сиромашен.

Пет години неговите структури прават криминал, не само тој лично туку и целиот тим луѓе околу него се виновни  за неодговорноста и трагедиите со загубени човечки животи, за инфлацијата и намалениот стандард, за повисоките сметки за струја на фирмите, за кризата која им се заканува на граѓаните и воопшто за нефункционирањето на системот, затоа што целиот систем работеше за мафијата, а не за народот.

Не е доволно Заев да не биде премиер и претседател на СДСМ, потребни се предвремени избори и нова влада за работите да почнат суштински да се менуваат.

Лефков: Пет дена власта бега од одговори и одговорност за низа пропусти на системот, неопходни се итни мерки

Пет дена од катастрофата со автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема конкретни одговори, а камо ли пак одговорност.

Власта не кажува како е можно конкретниот автобус во кој загинаа 45 лица, без лиценца за меѓународен транспорт да ја напушти државата? Тоа е исто како човек без соодветен документ да ја помине границата и да отиде во друга држава. Патем да биде уште посомнително е како овој автобус од Беса Транс поминал во 2020 и 2021 година вкупно 135 пати по нашите гранични премини.

Како е возможно Царинската управа на кобното патување овој автобус и останатите три од конвојот да не ги евидентирале во системот? Тука има и уште една контрадикторност. Министерот Бочварски тврди дека според неговите информации во конвојот патувал само еден автобус на Беса транс, а другите три биле изнајмени, а директорката на Царина Кутиров посочува дека сите автобуси биле од една иста компанија? Ако сите автобуси биле од една иста компанија, тогаш како може на толку далечно патување да се испратат четири автобуси, од кој еден не ни имал лиценца, а компанијата да има пријавено само четири  возачи?

За какво владеење на правото можеме да зборуваме кога надлежниот Државен инспекторат за транспорт воден од Руфат Хусеини, поранешен градоначалник на Зајас, не може да влезе во Беса транс и тоа да го правда дека немало кој да им отвори?

Како е возможно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да забранува прашања за оваа несреќа во која животите ги изгубија 45 лица и како се’ да е нормално да држи пресови за буџетот?

Овде веќе се работи за низа пропусти во системот, сомнежи за злоупотреби, криминал и корупција.

Додека директорката на царина крева раменици, додека Бочварски се препелка во лаги, додека директорот на инспекторатот Хусеини не може да отвори една вратa, додека Спасовски бега од прашања, граѓаните бараат се повеќе одговори и одговорност. Ова е веќе безобразно однесување на власта. Сите овие гореспоменати да имаа грам морал ќе поднесеа веќе оставка.

Беса транс не можела да вози на диво без заштита од врвот на власта. Кој ќарувал од овој криминал? Кој ќарувал од заштитата на системот на мафијата?

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори и одговорност од власта, но и итни вонредни мерки со цел да се превенира за да не се случат слични катастрофи.

Да ги повториме мерките кои ги предлагаме:

1.  Вонреден технички преглед на сите патнички автобуси и средства за јавен траспорт на патници на трошок на државата. Да се провери во какви услови се превезуваат луѓето.

2.  Вонредна контрола на станиците за технички преглед, во поглед на условите и начинот на работа.

3.  Истрага за тоа како поминал автобусот на граница без да е впишан во регистарот на автобуси. Неприфатливо е префрлањето на одговорност царина-полиција-инспекторат.

4.  Јавно објавување на регистарот на автобуси и негов најнов апдејт.

5.  Во иднина сите автобуси постари од 8 години наместо 2 задолжителни технички прегледи годишно да имаат најмалку 3, а автобусите постари од 12 години да имаат 4.

Дополнителните мерки, надвор од редовните мерки, да бидат на товар на државата. Само вака ќе бидеме сигурни дека сме направиле нешто да ги заштитиме животите на патниците во јавниот превоз и безбедноста во сообраќајот. Неодговорноста на власта ја видовме на дело и во оваа трагедија и во случајот со тетовскaта болница и за жал таа чини човечки животи, но барем да извлечеме поука и да спречиме нови катастрофи.