Арсовски: Криминалот и корупцијата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев

Секоја изјава на Зоран Заев, нов бисер.

Највисоката инстанца на САД во свој извештај тврди дека криминалот и корупцијата во Владата се на највисоко ниво и им попречуваат на бизнисот во Република Македонија.

Почитувани,

Ова е факт цели четири години наназад. Криминалот и корупцијата во СДСМ и во власта го заземаат највисокото можно ниво.

И кога Заев вели дека нема криминал и корупција во највисоките ешалони, со тоа им се смее во лице на Стејт Департментот и на граѓаните кои секојдневно го гледаат криминалот.

Кога Заев вели дека не треба да бара одговорност од Љупче Николовски за високото ниво на корупција оти добро си ја вршел работата, стотици бизнисмени плачат секојдневно од оваа Влада.

Да потсетиме, дека и правосудните органи и Антикорупциската комисија се партиски испостави на СДСМ и Заев, кои само работат под негов диктат и спроведуваат партиски нарачки. Нема ниту еден случај сведен до самиот крај каде што одговарал некој од власта за било каков направен криминал.

Ваква недоветност и вакво лажење од страна на премиер до сега не е видено никаде.

Замислете, Драги Рашковски кој му беше секретар на Влада, обвинет за висока корупција и криминал, Заев да вели дека не е прв ешалон. Венко Филипче, министер кој бркаше провизии на вакцини, кој заработи во време на пандемија, кој мести тендери секојдневно на клиника, Заев да вели дека не е прв ешалон. Криминалот во МВР каде што директно е одговорен Оливер Спасовски, кој што дели лични карти и пасоши и се останато на криминалци и нарко босови, Зоран Заев да вели дека и овој човек не е прв ешалон. Катица Јанева во СЈО чиј цел тим беше од блиски луѓе и од блиска средина на СДСМ која рекетираше бизнисмени и јавно се зборуваше дека парите и ташната завршиле кај семејството Заеви, повторно Зоран Заев да вели дека овие луѓе не се прв ешалон.

Не може за нивниот криминал да им се виновни шалтерски службеници кои само издаваат документи.

Тажната реалност во Република Македонија е дека криминалот и корупцијата го заземаат високото прво место во Владата и се уште никој не одговара. Но верувајте дека еден ден ќе одговараат.

Коруптивниот начин на работење на Заев и оваа Влада си го зема данокот во светските извештаи, а граѓаните се повеќе осиромашуваат и тонат.

За крај криминалот и корупцијата во Република Македонија почнуваат и завршуваат со Зоран Заев.

Панова: Од данок на имот се собираат милиони а никој не знае каде се трошат, затоа ВМРО-ДПМНЕ го предлага проектот “Мој данок, мој проект за мојата општина”

Само минатата година според завршната сметка на државата која опфаќа средства уплатени на име данок на имот на пример Градот Скопје собрал 726,224,243.00 денари, односно 12 милиони евра, Општина Битола – 138,773,068.00 денари или околу 2,3 милиони евра, Општина Прилеп – 75.914.184.00 денари или 1,3 милиони евра, Општина Охрид – 179,181,588.00 денари или околу 3 милиони евра.

Граѓаните кој што го платиле данокот на имот не знаат каде завршиле овие средства. Дали завршиле за луксузни патувања, скапи ручеци, возила за градоначалниците, партиски вработувања или за други непродуктивни трошоци, додека имаме градови кај што водата не е за пиење, имаме лоша инфраструктура, училишта кои се распаѓаат. Оттука легитимни се прашањата колку училишта можеше да изгради Шилегов со 12 милиони евра од данок на имот во една година? Колку улици можеше да направи Петровска во Битола, колку паркови и игралишта можеше да се направат во Прилеп и колку можеше да се инвестира во комунална инфраструктура во Охрид, или колку метри канализација можеше да се направи во општина Струмица, од парите уплатени од граѓаните како данок на имот во САМО ЕДНА ГОДИНА?

Затоа ВМРО-ДПМНЕ го нуди проектот „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ во рамките на концептот „Македонија за сите луѓе“, со кој им се дава можност на сите граѓани да бидат оние што ќе одлучат каде ќе се потрошат нивните пари.

Сите граѓани ќе можат самостојно да одлучат каде ќе се инвестираат нивните пари на локално ниво, дали тоа ќе биде ново училиште, нова улица, парк или било што друго, што сами  тие сметаат дека им е неопходно.

Со мерката нема повеќе да се дозволи на било кој општински функционер да троши народни пари на непотребни патувања, партиски вработувања или некои непродуктивни трошоци.

Почитувани,

Кога СДСМ ќе убедува дека нема доволно средства да реализира одреден проект или да реши еден проблем на граѓаните имајте во предвид дека милиони се влеваат во буџетите токму со уплатата на данок на имот.

Но парите се потрошени, а проекти нема.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди нов пристап, кој гарантира транспарентност и отчетност, но и обврска тоа за кое граѓаните уплатиле да се изгради. Проектите ќе бидат објавени на страната на општината и ќе има бројач, како ќе се полнат средствата за тие проекти, така тој проект ќе мора да се реализира. Мора домаќински да се трошат народните пари, а тоа го нуди концептот „Македонија за сите луѓе“ токму преку проектот „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“.

Арсовски: Пресудата за 27 април е неоснована, и е планирана со цел изживување со политичките непријатели на Заев, ќе дојде време кога ќе треба да се дадат одговори за ваквите одлуки

Додека е Зоран Заев на власт, до тогаш правдата нема да живее во Република Македонија.

Денешната одлука на судот е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја руши демократијата во државата.

Дополнително, додека политичките непријатели се казнуваат со неосновани пресуди, како што е случајот денес, власта на Заев ја дефокусира јавноста од сопствените криминали и корупција во која до гуша се заглавени функционерите на СДСМ и ДУИ.

Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие кој што според вештачењето се докажа дека воопшто и не бил присутен на местото за кое што сведочи.

Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски –  Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот „Рекет“ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен.

Ваквиот нарачан исказ врз основа на кој се темели пресудата само покажува дека еден ист центар на моќ ги диктира не само сведоштвата, туку и обвиненијата и пресудите. Оваа одлука на судот покажува дека во Македонија правосудство и суд не постојат, туку тоа е само обичен нотаријат во кој се верификуваат обвиненија базирани на нарачки.

Почитувани,

Судиите и обвинителите кои му слугуваат на Заев треба да знаат дека брзо ќе дојде време кога ќе треба да дадат одговор за сите вакви одлуки.

Што повеќе да се говори за правосудство во Македонија и правда кога на чело на Судскиот совет се именуваат лица од кабинети на политичари, без грам судско искуство кои на таа позиција дошле по партиски диктат. Еклатантен пример за тоа е Павлина Црвенковска, претседателот на Судскиот Совет која дојде на таа позиција откако порано извршуваше функција шеф на кабинет на премиер и владин функционер на политичка влада на СДСМ. Исто е и со последниот пример со советничката на Заев, која истовремено е финансиер на СДСМ и владин член на бордот на Телеком – Тања Чачарова Илиевска, и сето ова е само потврда за она кое што го говориме.

Нејзиниот предлог за наводен независен експерт за член на Судскиот совет покажува дека во Македонија нема правосудство, туку има партиско судство. Судскиот совет е тој кој именува и разрешува судии, а гледаме дека од таа позиција може и да влијае на нивната работа и нивните пресуди.

Муцунски: Според Извештајот на Стејт Департмент Македонија со СДСМ е земја со распространета корупција и земја која создава непредвидливи услови за странски инвестиции

Извештајот на Американскиот Стејт Департмент за инвеститициската клима во Република Македонија за жал го потврдува она што веќе подолг временски период го забележуваат голем број меѓународни владини и невладини организации, а тоа е  дека – Македонија е земја со распространета корупција и земја која создава непредвидливи услови за странски инвестиции.

Во споменатиот извештај покрај другото е нотирана фактичка состојба согласно која:

-Спроведувањето на антикорупциските закони на моменти е слабо, при што селективно се таргетираат критичари на власта и престапници од низок калибар. Има кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, обвинителството, судството и многу други државни сектори.

-Законите не се пишуваат врз основа на статистички податоци или анализи и најчесто се донесуваат со користење на скратена постапка. Во извршувањето и на законите недостасува универзалната имплементација, што претставува проблем за бизниснот и граѓаните;

-Бизнисисот се жали за долги и скапи трговски спорови, кои се предмет на судски систем што создава правна непредвидливост;

-Примената на договорите и перцепцијата за не-транспараетни јавни набавки останува предизвик за бинисот.

Почитувани,

Горенаведените извадоци јасно го потврдуваат фактот дека во последните четири години владеење на СДСМ и ДУИ не можеме да забележиме некој посериозен и позначаен исчекор во реформата на правосудниот систем и јавната администрација, а со цел да се создаде подобро деловното окружување и соодветни услови за унапредување на економските активности. Продуктивна,  ефикасна  и високо конкуретна економија може да се создаде единствено преку деполитизација на правосудството и администрацијата и креирање на соодветни услови во прилог на барањата на бизнис заедницата, што за жал оваа владина коалиција во изминатите четири години не успеа да го направи. Дополнителен доказ во прилог на искажаните аргументи е и фактот дека во овој Собраниски состав кој наскоро ги заокружува активностите од првата година од својот мандат, Владата не понуди ниту еден суштински закон кој на преден план ја има реформата на правосудството и администрацијата.

Наведените аргументи упатуваат на едноставниот заклучок дека брзите промени се неопходни, бидејќи без опипливи реформи, без создавање на  подобри и предвидливи услови за деловната заедница и обезбедување на  поквалитетни и подобро платени нови работни места за нашите граѓани нема да има ниту видливи економски резултати и одржлив економски развој. 

Големиот број на меѓународни економски, финансиски и инвестициони извештаи за жал само ја потврдуваат суровата реалност во Македонија, која секако дека би можела да биде промената преку беспрекорна, квалитетна, одговорна, чесна и континуирана работа. 

Претставниците на бизнисот, работниците и граѓаните очекуваат да им биде понудена соодветна економска и развојно инвестициска програма, заснована на реално остварливи проекти, кои не само што ќе бидат дополнителен поттик за внесување на нова енергија, туку истовремено ќе ги зголемат и нашите заеднички очекувања, оптимизам, извесност и перспективност во прилог на остварување на поставените стратешки економски цели и приоритети.

Панова: Мерката „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ ќе им даде право на граѓаните тие да одлучат на кој проект ќе се трошат нивните пари

СДСМ се однесува неодговорно со парите на граѓаните кои се собираат во буџетите на општините и државниот буџет. Четири години гледаме корупција, криминал и расипништво. Време е за реалната моќ на одлучување да се врати кај граѓаните. Проектот – „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ ќе го направи токму тоа.

„Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ е мерка со која ќе им овозможиме на граѓаните парите кои ги уплаќаат на име на данок на имот да изберат за каков проект сакаат да бидат потрошени.

Граѓаните ќе може да одлучат кај ќе се инвестираат нивните пари на локално ниво, дали тоа ќе биде ново игралиште, нова улица, парк или било што друго, што тие сметаат дека им е неопходно.

Нема повеќе некој од општината да одлучува во име на народот, а тој да мора да прифаќа зошто така кажал некој во општината.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи парите на граѓаните да бидат трошени на патувања или некои непродуктивни трошоци на општинските функционери. И токму затоа им даваме на граѓаните, тие да одлучат и тие да бидат господари на своите пари.

Мерката „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ ќе значи и транспарентност и отчетност на општинските власти. Општинската администрација ќе биде обврзана на транспарентност, проектите ќе бидат објавени на страната на општината и ќе има бројач, како ќе се полнат средствата за тие проекти, така тие проекти ќе се реализираат.

Време е за поинаков пристап. Време е за одговорност, отчетност и работа. Време е за Македонија на сите луѓе!

Ќе им овозможиме на граѓаните сами да одлучат за каков проект да се потроши нивниот данок и ќе направиме децентрализација на институциите

Денеска сме тука во Охрид, продолжуваме со концептот да ги презентираме политиките Македонија за сите луѓе.

Денес тука во Охрид ќе ја имам честа и задоволството да го претставам и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и иден градоначалник на Охрид, тоа е доктор Кирил Пецаков.

Ќе зборуваме малку за актуелната политичка состојба, ќе зборуваме за два клучни проекта кои што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира и на локално, но и на централно ниво кога ќе ја преземеме владата се разбира од најкорумпираната политичка елита која што некогаш се појавила во независна Македонија.

Првиот проект е мојот данок за мојот проект во мојата општина. Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран.

Еден проект кој што до сега во Македонија не бил запаметен и вториот проект кој што ќе го презентираме е етапното институционалното децентрализирање, односно по преземањето на власта имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид е на светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје практично тука во Охрид, вклучително во крајна мерка и самото министерство за култура, така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање  на институциите, односно институционална децентрализација.

Денеска малку повеќе ќе зборуваме овде во Охрид на таа тема, чувствуваме дека ќе биде интересно и ве поканувам да останете до крај на трибината ќе има што да слушните.

Како да си направите клима уред сами

Во денешно време кога деновите се жешки, а имаме на располагање се што ни е потребно, за еден ваков експеримент се што ни е потребно е малку време, и желба за да го оствариме овој експеримент.

Планираме поевтина струја, гасификација на домаќинствата и враќање на парите од акцизата назад кај граѓаните, еколошката такса ќе ја блокираме

ВМРО-ДПМНЕ почнува со презентација на концептот Македонија за сите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија како од Македонија да направи понапредна, поразвиена и постабилна земја. Во делот на енергетиката нашата цел е поевтина струја за сите граѓани, почист воздух и поздрава животна средина.

Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е заштитата на животната средина и поздрава околина.

Планираме идните општински и градски власти да спроведат гасификација на домаќинствата со што ќе се овозможи секое домаќинство да добие можност да избере бесплатен приклучок на гас коешто идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство, нашиот план е во еден четиригодишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, а со тоа и загадувањето на воздухот ќе се намали.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна методологија како да го зголеми производството на струја кое сега е некаде на ниво од 60% од тоа што беше во 2017-та година со тоа што ќе извршиме модернизација и инвестирање во еколошки филтри и десулфуризација во двете најголеми производни постојки на јаглен – РЕК Битола и РЕК Осломеј, со што ќе го продолжиме на нивниот животен век до 2040 година, а со тоа ќе овозможиме поголемо производство на струја и ќе се превенираат отпуштања на сега вработените, кои ако се оди по планот на СДСМ ќе останат на улица без работа.

Со ваквиот начин на работа ќе има поевтина струја за сите и егзистенцијата за илјадници семејства чии членови нема да останат без работа.

Штетите кои СДСМ ги нанесе се големи на секое поле. Удрија по народот со акцизите, а не даваат ништо назад кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ планира зголемената акциза од три денари плус ДДВ за дизел горивото, и парите кои сега непродуктивно се трошат, дa ги вратиме назад кај граѓаните. 120 милиони евра за еден мандат ќе бидат вложени во образованието, реконструкции на училишта, реконструкции на игралишта, инвестиции во културата. Еколошката такса која сега ја заговараат или т.н. кризен данок од околу 4 денари на бензините и нафтените деривати ние ќе го блокираме.

Ова е дел од нашиот план за енергетиката, кој што ќе значи поевтина струја, евтин гас за домаќинствата, и поздрава животна средина и чист воздух, а во исто време зачувување на работни места.

Ова е нашиот концепт за енергетика во Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе!

Филип Темелковски е кандидиран од СДСМ за да изгуби – во октомври Кисела Вода ќе има нов градоначалник

Обзнанувањето на Филип Темелковски за кандидат на СДСМ во Кисела Вода е уште една потврда дека СДСМ како партија ја има отпишано општината и поразот на СДСМ таму е неминовен. Тој од својата партија е кандидиран за да изгуби, а во октомври граѓаните на Кисела Вода и Кисела Вода ќе имаат нов градоначалник кој што ќе одговори на реалните потреби на граѓаните.

Да разјасниме од самиот почеток, Филип Темелковски во Кисела Вода е завршена приказна. Сега само го трча последниот круг од маратонот, а јасно е дека ќе биде поразен и тоа со огромна. Неговиот мандат завршува во октомври.

Кандидирањето на Филип Темелковски за Кисела Вода од страна на СДСМ е само доказ дека во СДСМ немаат никаква намера да горат нов кадар, туку го ставаат повторно Темелковски, за кој што знаеме дека не направи ништо и кој што нема никаква доверба од граѓаните за кој што и птиците низ Расадник знаат дека ќе ги изгуби изборите и тоа со огромна разлика.

Човек кој што е пример за неработник и човек кој што аминувал криминогено работење во општината, не може и не смее да се надева на нов мандат. Може да се надева единствено на правна помош доколку се докаже дека работел криминогено. Не е коректно да се потценува интелигенцијата на граѓаните на Кисела Вода.

Сите се сеќаваме дека во населба Драчево прекопуваше тазе асфалтирани улици, само затоа што беше фатен во криминал и асфалтирање со тенок асфалт и тоа на лице место. Значи потенок асфалт од спецификацијата каде што била изгласана на тендерот во Комисијата за јавни набавки во Општината. Ова е сериозно.

Темелковски за 4 години не го реши ниту проблемот со градинките. Не само што не се реши и што не изгради ништо, дури и над 400 деца секојдневно чекаат да бидат примени во градинки.

Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век се уште нема вода за пиење во Каменик кое што е на само неколку километри од центарот на градот.

Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век се уште немаат канализација и се уште користат септички јами граѓаните во населба Пинтија.

Темелковски за 3 години не успеа ниту еден денар да вложи и не успеа да направи ниту еден единствен проект за млади. Нема ниту една инвестиција, Кисела Вода е слепо црево и за инвестиции, но и општина без поликлиника и запуштени игралишта.

Темелковски не успеа за 4 години ниту еднаш да го исчисти Усјански канал, кој е извор на зарази секојдневно за илјадници граѓани.

И многу други работи не успеа, односно не сакаше да ги направи, затоа што најверојатно паметот повеќе му беше во маркиците за градба кои што ги издаваше Општината, наместо во реалните потреби на граѓаните, но за тоа ќе му пресудат самите граѓани.

Почитувани граѓани,

Во овие моменти на граѓаните на Кисела Вода им е јасно дека СДСМ си поигрува со нивната интелигенција и јасно им е дека Темелковски не е повеќе опција за градоначалник на Кисела Вода.

За крај, да заклучиме, јасно е дека Кисела Вода ќе има нов градоначалник во октомври кој ќе одговори на потребите на граѓаните и проблемите, и јасно е дека за СДСМ Кисела Вода е отпишана како општина за изборите. Залудно ги манипулираат нивните членови, кога и тие самите веќе им откажуваат послушност од кога видоа кој им е кандидат.

ОД ИГРАЧКА ПЛАЧКА: Поради оваа снимка на „Тик-Ток“ завршиле во затвор и тоа 3 години (ВИДЕО)

Потреба на младите лица да се експонираат на социјалните мрежи со разни шеги во последно време особено на „Тик-Ток“, завршила во овој случај со солзи за главниот јунак од видеото, но и за двајца негови соработници.

Судот во Казабланка му доделил три години затвор додека останатите по две години. На пресудата немаат право на жалба, па така ќе минат зад решетки.

Возачот на трамвајот добил оштета, а на социјалните мрежи почнала расправа дали казната е навистина доволна за овој злочин.

На младите момци им пало на памет да го прекинат трамвајскиот превоз така што на пругата поставиле маса и пиеле кафе.

Возачот успеал да сопре во последен миг, а судот ова го оценил и како загрозување на патниците, и дека возачот ќе се соочува со доживотни трауми доколку дошло до трагедија.

Стоилковски: СДСМ ветуваа парк и ги излажаа скопјани, ќе се градат облакодери!

Почитувани

СДСМ на скопјани им ветуваа парк, и ги излажаа скопјани ќе градат облакодери!

На паркингот кај ГТЦ ќе никнат објекти, згради, а не парк или било што што ветуваа и излажаа од СДСМ. Ќе потсетам на изјавата на еден од идеолозите на СДСМ, пренесена на четврти декември 2018-тата година.

„Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план, доколку има волја за тоа“, вели универзитетскиот професор и архитект Мирослав Грчев, по иницијативите во јавноста земјиштето спроти ГТЦ да се пренамени од згради во парк. Според него, висококатниците се вцртани на незаконски начин и треба да бидат избришани бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот – затворен цитат од пласирана вест на медиумите од четврти декември 2018-та година од идеологот на СДСМ, архитектот Мирослав Грчев.

Одиме понатаму, изјава на Благој Бочварски, министер за транспорт и врски од СДСМ.

„Доколку се работи на суспензија на цел план, има можност за суспензија од 12 месеци додека се донесе нов план. Доколку се работи на суспензија на само еден дел од тој план тогаш има можност за шест месеци да биде суспендиран тој план и во тие шест месеци да се донесе промената која што би била адекватно и соодветно за таа матична општина“, министер од СДСМ за транспорт и врски Благој Бочварски.

Префрлањето на топката и заплеткувањето во лагите продолжува.

„Во интервјуто за МИА, Богдановиќ рече дека од Министерството треба да им се дообјасни за одредени методологии како да пристапат, бидејќи, како што посочи, елаборат е општ поим. Од Министерството за транспорт и врски, за МИА одговорија дека од страна на општина Центар до нив нема доставено елаборати за суспензија“.

Почитувани, три години минаа во лажење и ширење лаги за ситни дневни политички поени, за лагите кај ДУП-от кај Холидеј Ин одговорни се само СДСМ и нивната машинерија за креирање на лаги за потребите на Шилегов, за потребите на Богдановиќ, за потребите на Бочварски, како и на нивните идеолози како Мирослав Грчев.

Почитувани,

Имаа цели три години да го направат сето тоа што го ветуваа за овој ДУП. Ништо не направија, само ја замајуваа јавноста. И за тоа цената ќе ја платат на изборите. СДСМ ветуваа парк тука на ова место и ги излажаа скопјани, ќе се градат облакодери!

Ниту Центар, ниту Скопје, ниту Македонија, нема ништо полошо од СДСМ за цела држава!

Д-р Зафировски: Филипче да направи мапа на болници кои ќе лечат КОВИД болни, да не се доведеме во ситуација целиот систем да лечи само болни од корона

Светот е пред предизвикот на делта сојот на КОВИД-19 вирусот, а ризикот од нов голем бран на есен е огромен. Покрај предложените мерки кои ги адресиравме до Филипче со цел да се превенира експлозија од нови случаи од октомври, Филипче мора да го подготви системот, со цел болниците да бидат спремни на секакво сценарио.

Според наши сознанија власта не работи ништо во насока на подготовка за можниот есенски бран. 

Филипче да каже дали болниците се подготвени за новиот КОВИД бран, и ако не се зошто до сега ништо не е преземено?

Дополнително мора веднаш да се направи мапа на болници ќе бидат вклучени во проектот на КОВИД центри, со цел да не се доведуваме во ситуација целиот здравствен систем да лекува само КОВИД болни, а другите пациенти да ги оставиме на милост и немилост.

Веднаш да се подготват протоколи, да се обезбедат доволно лекови, и лична заштитна опрема, како маски, скафандери, ракавици, но и средства за дезинфекција. Истовремено да се подигне и нивото на хигиена, и да се извршат потребните санации или поправки онаму каде што тоа е потребно.

Зачудува леснотијата и негрижата со која Филипче и Заев се однесуваат во ек на најголемата пандемија на нашето време.

Потребно е да се набават  сите неопходни хемиско и биохемиски тестови, да бидат во функција сите рентген апарати, како и компјутеризирана томографија. Со тоа не би ги довеле граѓаните да плаќаат приватни болници.

Додека има време да се направи едукација на медицински тимови со меѓународна конференција со цел размена на искуства.

Апелираме Филипче и Заев да го напуштат системот на паушалност и да се посветат во борбата против КОВИД-19 вирусот.

Имаме одлична можност поради големината на земјата да превенираме големи бранови, но за тоа е потребна посветена работа и многу труд.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!