Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Изгоре автобус на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице.

Во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожарот, тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат.

Но, огнените јазици били силни и го зафатиле целосно.

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Почитувани, Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите на своја рака со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивоизградените објекти-платформи во езерото. Велам на своја рака затоа што ниту ги имаат превземено ингеренциите од локалната самоуправа на пример во Чаир за Мавровка, ниту пак за таму имаат елаборат за рушење.

Фарса и евтин крими театар!

Доколку Заев и ДУИ решиле дека со евтин крими театар се лаже државата дека се спроведува закон и дека има правна држава, нека го покажат тоа на дело и тука.

Зад мене се објектите на Матка изградени пред година или две, и кои што градоначалникот Блерим Беџети ете не ги руши, и се закани со распишување референдум доколку му се одземат ингеренциите.

Чудно е што градоначалникот на Скопје Шилегов велеше дека нема ингеренции за рушење на дивоградби, па откако се изградија и настапи фарсата во Мавровка се појави за собирање на политички поени.

Почитувани, заради овие платформи зад мене на Матка се сеќавате, Заев дозволи Антикорупциска да побара Обвинителски предмет од антикорупционерите за градоначалникот на Сарај. Градоначалникот потоа јавно проговори за барањата на Заев од него да влијае во судството, па Обвинителство потоа ја одби кривичната пријава од антикорупционерите.

Крими театар, ама платформите се уште стојат!

Оттука и прашањето, дали Заев стои зад оставањето на раат и на овие дивоградби, или сеќавањата на градоначалникот нема да го спречат Заев, ниту пак Ахмети, да ги пушти багерите и на Матка?

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Живееме во исклучително тешко време во кое на глобално ниво се соочуваме со сериозни предизвици, а кои истовремено имаат негативна рефлексија врз нашата држава и севкупно општествено живеење. Актуелните здравствени, економски и социјални предизвици во Македонија создаваат сериозен ризик за понатамошно нарушување на економско финансиските текови кои доколку брзо не бидат ставени под контрола можат да предизвикаат катастрофални последици. Во изминатиот шестмесечен период беше неопходно да бидат преземени повеќе конкретни мерки, активности и ефективни политики насочени кон зачувување на макроекономската и финансиска стабилност заради заштита на индустријата, земјоделското производство, туризмот и угостителството и редица други суштински дејности и во прилог на зачувување на што е можно поголем број работни места.
Од почетокот на пандемијата скоро 40,000 наши сограѓани ги имаат изгубено своите работни места – далеку повеќе од најлошо предвидените сценарија на старо-новата коалициона Влада на СДСМ и ДУИ.
Како резултат на нестручниот, неаналитички, неефикасен и ненавремен пристап во решавањето на сериозните економски тешкотии и неадекватната владина помош најтешко погодените сектори и дејности доживеаа сериозни и непоправливи штети, кои во голем дел го доведоа во ризик и нивниот опстанок.
Во наведениот контекст би сакале да ја запознаеме јавноста со неколку поважни економски индикатори кои укажуваат на сознанието дека доколку во претстојниот период продолжи да отсуствува еден таргетиран, брз и ефикасен системски одговор тогаш нашата држава ќе се соочи со невидена економска криза.
1. Индустриското производство во јули 2020 година споредено со јули 2019 е паднато за 9.5%; Дополнително на тоа и бројот на вработени во индустријата е намален за 6.2%.
2. Продолжуваат исклучително слабите резултатот во сегментит на привлекувањето на Странски директни инвестиции. Доказ за тоа е податокот дека во вториот квартал од 2020 година имаме нето одлив на странски директни инвестиции од 9.3 милиони евра. Посебно загрижува и податокот дека не се отвараат нови работни места, додека досегашните инвеститори го изнесуваат нивниот капитал и профит надвор од Македонија, да напоменам дека оваа Влада нема министер за привлекување на странски инвестиции.
3. Од јануари до август оваа година буџетскиот дефицит е 570 милиони евра.
4. Како во претходниот период така и понатаму продолжува слабиот тренд на реализација на капитални инвестиции, а доказ за тоа се реализираните само 8 милиони евра во месец август оваа година.
5. Во период кога Македонија се наоѓа на црвена здравствена листа и затворени граници, продолжува падот на прилив во буџетот. Буџетскиот прилив во месец август е за 20% помал од претходниот месец јули. Од тоа произлегува и заклучокот дека нашите граѓани без оглед што се наоѓаат во земјата, вклучувајќи го и користењето на нивните годишни одмори во домашните туристички капацитети сепак трошат помалку од претходно.
6..Во време кога сите влади ја намалуваат или задржуваат цената на струјата на исто ниво и непосредно им помагаат на нивните граѓани кај нас таа се зголемува со што се нанесува сериозен удар врз нискиот стандард на граѓаните.
Почитувани,
Во овие исклучително тешки времиња соочувањето на граѓаните и деловната заедница со кризата претставува сериозен тест за нашата издржливост, подготвеност и посветеност за взаемна поддршка и барање на одржливи долгорочни решенија. Со оглед дека отсуствува јасна владина стратегија за излез од кризата во следниот период изразуваме јасна и целосна подготвеност за вршење на интензивни и непосредни консултации со претставниците на деловната и академската заедница.
Истовремено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има намера да предложи поголем број на конкретни креативни мерки и политики, со крајна цел да помогнеме во процесот на интензивирање на севкупниот процес на развој на македонската економија. Крајно време е да се започне со креирање на реална економска политика и постигнување на позитивни резултати, што ќе бидат во интерес на нашите граѓани, нивната благосостојба и просперитетот на Македонија.