Приватните компании на Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата

Владата на Зоран Заев должи одговор пред јавноста за сите сомневања за незаконитости врзани со довчерашната министерка за финансии Нина Ангеловска.

Приватните компании на Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата.

Заев треба да одговори на кој начин неговата довчерашна министерка искористила над пола милион денари државна помош за нејзината приватна фирма додека стотици други имаат клуч на врата.

И фирмата на Заеви, Еленица доби државна помош од над 800 илјади денари.

Дали парите за државна антикризна помош се наменети за полнење на приватните џебови за политичари на власта.

Нина Ангеловска ја нема во составот на владата, но тоа не значи дека може да избега од одговорност. Зад Нина Ангеловска и Зоран Заев како нејзин шеф остануваат една пропадната банка и афера од 200 милиони евра, зголемен долг од 1 милијарда евра и 40 илјади невработени. Тоа е наследство на Зоран Заев.

Илјадници пензионери ќе останат без пензии, илјадници други без своите заштеди во Еуростандард банка, а Нина Ангеловска од позиција министер за финансии си ги извлече своите 250.000 евра пред да пропадне банката! Огромен скандал, огромна афера. Пропаѓа банка на која должник и се струмички фирми блиски до Заев, министер, односно Ангеловска си ги вади стотиците илјади евра, среде афера тешка 200 милиони евра!

И додека економијата тоне  селективноста на власта за делење помош го предизвикува тоа, министер за финансии Нина Ангеловска три месеци од државната каса си дели плати на своја фирма!

Бесрамно си додели државна помош на својата фирма од буџетот со кој треба да управува.

Среде епидемија луѓе трпат, енергенсите поскапуваат, економијата тоне, ама министерот за финансии си ги спаси парите од банка во пропаст и зема пари од буџет за својата фирма!

Дали владата на Зоран Заев ќе побара истрага од институциите за кривична одговорност за Нина Ангеловска за можни злоупотреби својата положба во два наврати? или ќе премолчи и ќе го крие скандалот чекајќи да помине, заради струмичките фирми кои влечеле кредити без покритие од банката но и заради помошта за плати земена за фирмите на фамилијата Заеви?!

Почитувани, министрите на Заев се негова слика и прилика- криминал, лаги и злоупотреби! Тоа мора да застане, државата тоне во долгови заради нивните злоупотреби. Одговорност мора да има!

Владата како бутик ништо ново, железни опинци, чист воздух, Гугл и Фејсбук, 5 пари не вреди

Се наоѓаме пред владата на нашата држава.  Оваа влада може слободно да се нарече бутик „ништо ново“, поради својот тендерашко криминоген менталитет и старите истрошени кадри од транзицијата.

Во овој бутик „ништо ново” како во минатите години така и во месеците што следат ќе можете да видете понуда: железни опинци на Заев затоа што викаше дека ќе ги облечел, ама 500 евра просек плата ќе имало, 500 евра просек плата нема, но затоа железни опинци има.

Во овој бутик „ништо ново“ може да се најдат и искинати чевли, оние чевли ги оставаше Заев пред владата за иселените млади.

Тука од овој бутик ќе видите и Фејсбук и Гугл кои само што не инвестирале. Санос автобуси, и секако славната Луј Витон чанта за продолжување на рекетот кој сега веќе е станат државно главно занимање. Ќе најдете и кесиња чист воздух, празна слама и многу лаги. Тоа оваа влада и го ветува.

И на крајот секако се прашувате колку чини овој владин бутик, чини 5 пари. Согласно признанието на самиот Зоран Заев. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ гласно и јасно кажува дека овој бутик има рок на траење и тој е многу краток.

УМС останува со младите, ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.

Нина Ангеловска сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати

Министерката на Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија.

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии Нина Ангеловска, во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма Вебспот, фирма регистрирана за интернет трговија.

Постојат сериозни сомневања дека Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој што беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата.

Фирмата Вебспот во сопственост на Нина Ангеловска на 08.07.2020 година земала 210.909 денари, на 12.06.2020 земала 224.750 денари и на 19.05.2020 земала 224.750 денари, од помошта од антикризните мерки за време на епидемијата од Ковид-19. Односно вкупно околу 600.000 денари.

Ја повикуваме ДКСК да отвори предмет по овој случај. Антикорупционерите мора да покажат храброст, без разлика дали постои притисок врз нив или не постои притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има.

Институциите мора да реагираат зошто ова е начинот како се трошеле парите една милијарда евра пари кои граѓаните ќе треба да ги враќаат со години.

Ова е втора злоупотреба во низа на Нина Ангеловска, откако јавноста дозна дека навреме ги извадила своите 250.000 евра од пропаднатата банка Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра; банка зад која стојат непокриени кредити исплаќани кон струмички фирми блиски до Зоран Заев.

Законите мора да почнат да важат за сите. Одговорност мора да има.

Дали ова зад мене е зградата каде Ангеловска има стан за кои пред време ги извади парите од Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра?

Граѓаните не знаат како да си ги вратат заработените пари од Еуростаднард банка, која пропадна и е дел крими афера во која е вмешан врвот на власта тешка 200 милиони  евра.

Нина Ангеловска, како министерката за финансии наместо да се грижи за народот и економијата, на време си ги извади парите од Еуростандард за да си купи стан.

Илјадници пензионери се во неизвесност како и дали ќе земат пензии, илјадници граѓани се туркаат по банки за да отворат сметки е малтретираат оние кои што можат да отвораат нови сметки среде лето и во ек на смртоносна епидемија. Сето ова можеше да се спречи доколку Нина Ангеловска наместо за својот повеќе се грижеше за интересот на граѓаните.

Но што е тоа важен интересот на граѓаните?! Важно е да се извадат парите на време од банка која што пропаѓа. Наместо за граѓаните на Ангеловска поважно и било, како вели да си го реши станбеното прашање, со луксузен апартман проценет на над сто илјади евра.

Нина Ангеловска мора да одговори дали ова зад мене е  зградата каде има стан за кој што ги извади парите на време од Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра?! Дали ова е зградата каде што купи стан и ги потроши парите кои што ги извади од Еуростандард, додека илјадници луѓе беа оставени да им пропаднат влоговите?

Ако тоа е точно, тоа е безочен безобразлук. Наместо за граѓаните министрите на Заев мислат само за себе. Да се трча да се обезбеди имотот на почетокот на јуни, период кога според Заев веќе имало информации за судбината на банката.

Да биде уште потрагично промените на состојбите на сметката во Еуростандард, Ангеловска ги пријавува во Антикорупциска два дена откако го обелоденивме случајот. И повторно институциите играат со зборови дека тоа било само- внимавајте – неетично, но без барање одговорност!

Јас од тука ќе прашам и дали Ангеловска ја имала информацијата за да ја сподели со други блиски кои имале сметки во банката пред пропаѓање, но и следното:

Ако Ангеловска ги чувала парите кои и биле за бизнис кој што наводно го ставила во мирување за време на министерувањето, зошто станбеното прашање не го решила во август лани, кога станува министер, туку во јуни годинава кога власта според Зоран Заев имале информација за состојбата и веројатната судбина на Еуростандард банката?

Не казнивоста на кадрите на Заев ги минува границите на секаква пристојност и рамки на функционирање во насока на грижа за државата и граѓаните. Доколку Ангеловска не одговори на прашањата, а институциите продолжат со своето поданичко однесување, Македонија ќе продолжи да тоне по сите параметри што значат правда и владеење на правото.

Инсистираме јулската плата во култура веднаш да се исплати

СДСМ повторно се истакнува со лаги, манипулации и неспособност!

Културата се бори за преживување! Денес, културните работници се сеуште без плата, а нема ниту најава кога или како ќе им се реши прашањето.
Не држат изговорите дека тоа е прашање од технички карактер. Министерството за култура имаше повеќе од 6 месеци да ги заврши административните работи.
Почитувани,
Помпезно промовираниот Колективен договор во предизборието, се покажа дека бил само во функција на предизборната кампања.
Уште тогаш алармиравме дека неговото потпишување по донесувањето на буџетот за 2020 година, без обезбедени финансиски средства и со негова примена со одложено дејство, денес се поврдува дека тој имаше една единствена цел – добивање изборни поени. Згора на тоа, не обезбедувањето на потребните средства и по два, нагласувам два ребаланси на буџетот годинава, го потврдува фактот дека Колективниот договор беше само манипулативен трик за целна група, а во случајов културните работници.
Почитувани,
Инсистираме власта да не губи ни еден ден повеќе и да ги обештети излажаните работници во културата. Со замирање на културата замира државата. Односот кон културата денес, го покажува односот кон сите граѓани утре! Јулската плата веднаш мора да биде исплатена! Владата ги крши своите закони! Тоа е комплетен дилентатизам!
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите легитимни форми на изразување на револт, се до постигнувањето на крајната цел – разрешување на сите тековни, правно-административни и финансиски проблеми кои во време на пандемија, уште толку го отежнуваат личниот и професионалниот живот на илјадници културни работници во државата.
И да! Одговорност мора да има!

Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра, што струмички градежни компании се богателе со кредити без покритие од банката

Имаме апсолутен молк од власта и очигледна намера да се сокрие аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра.
Владата бега од темата на кои компании блиски до власта им биле делени кредити без покритие.
Нашите сомнежи говорат дека кредити без покритие биле делени на компании уште пред 3 години. Тие кредити биле давани на компании кои биле основачи на други компании и тоа без прецизни и издржани планови за отплата. Кредитите биле наменети за изградба на згради и станови. Тие кредити се давани и на повеќе струмички компании блиски до власта, без соодветни хипотеки. Кога е направена ревизија и активирани хипотеките тие компании свесно се однесени во стечај што создава голема криза кај банката.
Оттука се поставува прашањето што правеле државните институции задолжени за контрола на банката? Освен министерката за финансии кои други луѓе од власта пред време ги извадиле парите од банката?
Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра, што струмички компании се богателе со кредити без покритие од банката, што денес имаме 100 илјади блокирани сметки, бизниси кои стојат, дваесетина илјади неисплатени пензии, и стотина нови невработени.
За 5 месеци имаме скоро 40 илјади нови невработени лица. Тоа значи крах и фијаско економија. 

Новинарско прашање: Како ја оценувате економската програма на СДСМ?
Одговор на новинарско прашање: Од она што утрово на кратко можев да го видам бидејќи колку што имам информации, синоќа доцна била доставена програмата, можам да забележам дека се што е ставено во програмата се однесува на некој иден период 2022-2023 година и ќе кажам многу несериозно од една влада која што треба да функционира односно да продолжи да функционира бидејќи тоа ќе биде нели иста влада промена нема да имаме. Тие многу добро знаат каква е во моментот ситуацијата во економијата и здравствена криза. Знаат дека нема да имаме брзо опоравување и очекував нешто повеќе да има на темата економија во овој период до крајот на годината. Имено најмногу сум загрижена и ние како ВМРО-ДПМНЕ во претходните денови направивме анализи на реализација на буџетот заклучно со јули месец и од она што може да се констатира е дека во ребалансот тие предвидоа 3,4% проценти намалување на буџетските приходи во однос на минатата година, но реалноста е дека заклучно со јули месец значи јануари-јули ние имаме намалување на приходите за 8% во однос на минатата година. Тоа значи дека од месец август до месец декември државата треба да направи вкупни приходи од 91 милијарда денари, а за споредба минатата година за истиот период сме имале 90 милијарди денари, значи не само што треба да бидеме на исто ниво како минатата година, туку треба да оствариме уште една милијарда повеќе. Сега нека ми каже власта и нека одговори бидејќи се уште нели тие се во Управата за јавни приходи прво каква е состојбата со месец август затоа што ние имаме сознанија дека и во месец август приходите повторно паѓаат што значи дека овие 91 милијарда се нереални, нема да се остварат и проекциите покажуваат помеѓу 150 до 200 милиони евра годинава ќе имаме помалку остварени приходи во однос на она што беше планирано со ребалансот. Мене ме интересира да видам Владата каков план има по однос на ова прашање, а не што ќе се случува во 2022-2023 година. Имаме компании во државава кој што треба да го пребродат периодот на криза. Прашањето е како тие ќе преживеат сега, за 2022 ќе разговараме понатаму, прво да одговорат што ќе планираат до крајот на годината по однос на приходите, по однос на мерките за стопанството, гледаме секој ден што се случува, гледаме бројот на невработени лица како расте значи тоа е резултат на проблемите со одредени компании како резултат на здравствената криза. Да видиме повторно ќе кажам нека одговорат во тој дел и се разбира да одговорат зошто ја надминуваат кризава со непродуктивно трошење. Зошто го велам тоа? Повторно со јули кога ќе погледнете да ги видите капиталните расходи тие се поголеми во однос на минатата година за некаде 15 милиони евра ама буџетскиот дефицит е 520 милиони евра. Како размислуваат да ја надминат кризата со непродуктивни трошења и капиталните расходи вака да се влечкаат како на желка. Така да повторно ќе речам ќе ја погледнеме во идниот период подетално штом ја добиеме но не би се фокусирала на две години однапред кога во моментот кај нас имаме сериозна криза и врз основа на која што се погодени многу компании и многу лица ќе останат без работа. Ова е почеток само.
Новинарско прашање: Со оглед на тоа дека бизнисот отвора нов пакет мерки, има ли доволно пари за да им се помогне на стопанството и дали се спрема нов ребаланс кога ќе седне на ова место новиот министер за финансии? Дали очекувате прво што ќе направи е да биде новиот ребаланс?
Одговор на новинарско прашање: Јас верувам дека ребаланс ќе направи новиот министер за финансии веднаш штом ќе седне на столчето ајде така да кажеме, од која причина затоа што гледаме дека 150- 200 милиони евра ќе фалат и тој мора соодветно на тоа да ги подеси и трошоците не може да троши повеќе од тоа што е планирано.
Во однос на она што го зборуваме за стопанството од овој аспект гледајќи ги бројките и ако не се скратат непродуктивните трошења но притоа ако го погледнеме буџетот ние ќе видиме сега дека тие непродуктивни трошења кои што требаше да бидат скратени не ги скратија и тие се реализираа со динамика како да имаме иста реализација на приходите, а приходите уствари заостануваа. И сега не знам каде тие би скратиле за да можат да остават пакет мерки за стопанството. Да не заборавиме уште една работа ако го погледнете ребалансот ќе видете дека на крајот на годината беа планирани депозити да останат околу 320 милиони евра но беше предвидена еврообврзницата во 800 милиони евра како што првично нели потпишавме заедно со министерката за финансии. За жал на крај земаа 100 милиони евра помалку што значи дека депозитите се предвидени веќе на ниво од 220 милиони евра, а не 320 и ако велам дека помеѓу 150 и 200 милиони евра ќе имаме намалени приходи ситуацијата е алармантна, тука не се предвидени нови мерки за стопанството. И ако не се направи ребаланс нема да може ни ова да го исфинансираат.
Новинарско прашање: Очекувате нова еврообврзница до крајот на година со оглед на тоа дека нема пари?
Одговор на новинарско прашање: Во овие услови искрено па видете они ќе мора да посегнат по некакво финансирање дополнително затоа што ќе не може да се издржи не верувам дека ќе успеат со еврообврзница до крај на годината. Ние сме мала земја отворена економија, нестабилна и до крајот на годината уште една еврообврзница мислам дека како да кажам, народски е крупен залак за државата и дека тоа нема да се оствари. Но, она што ме загрижува е што еден голем сериозен дел од компаниите ќе почнат да се префрлаат, со да го префрлаат својот терет на државата. Значи имавме сознание дека дел од државните фирми кои што не можат де ги исплатат своите кредити веќе бараат од министерството за финансии тоа да ги сервисира. Е сега тие не се планирани како трошоци во буџетот, тоа дополнително ќе ја оптовари целата ситуација. Министерот за финансии ќе одлучува што понатаму меѓутоа не очекувам дека до 31.12 ќе успее воопшто да се земе било каква нова еврообврзница.

Владата на Заев не е никаков нов почеток, туку продолжување на спрегата на стари истрошени и транзициски кадри, криминалот и корупцијата

Владата која ја предлага Зоран Заев не е никаков нов почеток, туку продолжување на спрегата на стари истрошени и транзициски кадри, криминалот и корупцијата.
Коалицијата за криминал и тендери не може да донесе реформи, ниту пак свежина.
Коалицијата за криминал и тендери ќе донесе поделби, стагнација, неспособност и афери.
Уште незапочнатата и неизгласана, новата влада ја тресат афери како Еуростандард, тешка 200 милиони евра, Ковид криза која одзема секојдневно животи, и дупка во буџетот, од нова една милијарда евра потрошена на поткуп. Ќе имаме влада која на само неколку дена пред почеток на училишната година нема никаков план ниту програма. Имаме влада и предлог за премиер кој денес гледаме дека заборави на реалните проблеми, а говори општи флоскули и фрази за почвата, воздухот и водата. Заборави на сите негови ветувања.
Составот на предлог владата гарантира дека следува период каде ќе се повторат рекетите, роднинските тендери, и заштитата на криминалците. Зоран Заев не може да испорача ниту еден случај на спроведување на правдата, а изговорите ќе ги бара во судството и обвинителството кое тој ги владее. Што однесува до економијата следува најцрниот период за стопанството и оправдувањето неосновано ќе го бара во својот коалиционен партнер кој ќе ги владее ресорите кои нема да работат ништо. Впрочем ќе бидеме некој нов јули каде ќе каже оправдување дека пет пари не вреди ДУИ додека граѓаните ќе тонат во сиромаштија.
Нема простор за оптимизам. Граѓаните не добиваат нова влада туку добија повторување на старите и истрошени кадри, кои се компромитирани со афери и криминали. Добија влада која веќе меѓународните институции ја прогласија за најкорумпирана во Европа. Го добија Оливер Спасовски кој не реши ниту едно убиство, Радмила Шекеринска која е транзициски кадар со еден тон афери зад себе. Никола Димитров кој си делеше стипендии за своите деца, советникот за неправда Маричиќ кој стана министер за правда со цело едно дрво непотизам во судско обвинителската сфера, Венко Филипче кој најкатастрофално се справи со Ковидот во Европа повторно станува министер, Љупчо Николовски кој правеше најголеми криминали сега ќе се бори против корупцијата. Ова е влада за криминал и економско фијаско.
Што се однесува до предлогот за потпретседатели на Собранието, на површина излегува лукративноста и пазарџискиот менталитет на Зоран Заев. Во исто време кога се фали дека се кратат министерства треба да каже дека се трошат пари за нови тела и секретаријати преку кој ќе продолжат да функционираат тие министерства и се воведуваат 5 потпретседателски места во Собранието кои ќе ги трошат народните пари додека народот осиромашува. ВМРО-ДПМНЕ нема да го легитимира нечесниот предлог на Заев кој е само за коалиција, трговија и пазарџиство и од тука нема да го прифати неговиот предлог. Парите треба да се трошат за народот, а не за трговија на Заев.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ го осудува недозволивото кршење на Деловникот на Собранието од страна на пратениците на СДСМ и коалицијата при постапката за избор на нови пратеници.

Новоизбраните пратеници се нелегално и нелегитимно одбрани со кршење на Деловник. Неделовнички е изборот на новите пратеници. Затоа ние ќе поднесеме тужба до управниот суд на државата.

Верификационата комисија постои исклучиво само за време на конститутивната седница согласно член 12 од Деловникот на Собранието. За верификација на мандати на остатокот на мандатите во Деловникот треба да се чита членот 17 кој што вели: Верификација на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листа на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот од Државната изборна комисија како предлог од Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Што значи, мандатот е завршен и со тоа надлежностите на верификационата комисија се исцрпени.

Новинарско прашање: Моето прашање се поврзува со следната седница на Собранието е гласање за новиот состав на Владата. Вие имате критики за составот на новата Влада, дали ќе присуствувате како пратеници во Собрание на седницата кога ќе се изгласа новата Влада и дали ќе предложите потпретседател на Собранието. Имаше најава од Илија Димовски, но ми треба коментар од партијата дали ќе предложите потпретседател на Собранието?
Одговор на новинарско прашање: Во однос на првото прашање да ќе присуствуваме на таа седница и ќе се пријавуваме за говор со цел да ги разобличиме сите стари и транзициски истрошени кадри на оваа не би рекла нова Влада. По однос на второто прашање јас веќе во пресот го одговорив дека овој па и сите останати предлози на Зоран Заев кој што значат трговија, раскусурување со неговите незадоволни коалициони партнери, пазарџиство ниту сега, ниту во иднина од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат прифатени.

Обвинителството треба да истражи дали моќници од Струмица под политичка закрила на Заев и неговите луѓе свесно ја пропаѓаат Еуростандард банката под стечај

Македонската економија ја тресат два големи скандали, првиот пропаѓањето на Еуростандард банка тежок 200 милиони евра, и вториот скандал е очајно лошите макроекономски показатели кои јасно покажуваат раст на државниот долг за една милијарда евра за 6 месеци, и рекорден буџетски дефицит од 520 милиони евра за првите седум месеци!
За 5 месеци останале без работа 36 илјади граѓани. Со пропаѓањето на Еуростандард банката остануваат без работа неколку стотина вработени во банката и македонски пошти.
Неодминлив е впечатокот дека власта активно помага при пропаѓање на Еуростандард банката. Мотивите за тоа мора да се бараат во два показатели, луѓето од власта кои предвреме ги извадиле парите од банката и во тоа кои се најголеми корисници на кредити без покритие поради што и банката пропаѓа.
Отворено е прашањето зошто не е дозволена продажба на банката кога сопственикот изјавува дека имало заинтересиран инвеститор. Се говори дека постоело свесна намера и мотив во тоа да пропадне банката, штедачите да се изневерат и да отиде во стечај. Времето ќе покаже но и обвинителството треба да истражи дали моќници од Струмица под политичка закрила на Заев и неговите луѓе свесно ја доведуваат Еуростандард банка под стечај.
Пропаѓањето на Еуростандард е капка во морето лошо цунами економија.
Пропадна банка и нема одговорност за никого, се покачи цената на струјата и повторно власта вели дека не е одговорна. Сега се случува вистински грабеж и во економијата каде државата е задолжена за една милијарда евра повеќе и повторно власта не понесува одговорност. Имаме влада чија основна задача е корупцијата, немањето на план и аматеризам во економијата.

Во секоја друга држава кога министерката за финансии ќе извлече пари од банка која пропаѓа и има скандал од 200 милиони евра е огромна афера во кој се бара кривична одговорност и оставки, кај нас антикорупциска со контрадикторна и небулозна одлука

Небулозна, контрадикторна и обременета со политички мотиви е констатацијата на државната комисија за спречување на корупција за улогата на министерката за финансии Нина Ангелоска во врска со скандалот со Еуростандард банката вреден 200 милиони евра.
Констатацијата дека имало повреда на етичките норми, дека таа би можела да знае за пропаѓањето на банката, ама нема кривична одговорност преставува потценување и поигрување на здравиот разум со јавноста и граѓаните. Правото почива на етички норми, и самата констатација дека има повреда на етичките норми ама нема кривична одговорност е контрадикторно. Оттука реалната ситуација налага дека денес ние имаме сериозен крах во економијата тежок 200 милиони евра, сто илјади сметки кои се блокирани, 40-тина илјади пензионери кои останаа без своите пензии, измамени штедачи, над 50-тина милиони евра дадени во лоши кредити без покритие, меѓу кои и на компании од Струмица блиски до власта, државни институции кои затаиле во алармот и делувањето банката да не пропадне, а за државната комисија за спречување на корупција нема кривична одговорност. Се добива впечаток дека исто како што молчеше НБРМ и гувернерката, исто како што молчеше агенцијата за финансиско разузнавање и министерството за финансии сега државната комисија за спречување на корупција се впушта во одбрана на ваквиот скандал тежок 200 милиони евра. Несомнено се констатира дека министерката за финансии Нина Ангелоска знаела за пропаѓањето на банката бидејќи знаел и премиерот за тоа, и министерката ги извлекла своите пари од Еуростандард банка на само месец ипол пред прогласувањето на стечајот. Во секоја друга држава во светот кога министер за финансии ќе извлече пари од банка која пропаѓа и има скандал од 200 милиони евра е огромна афера во кој се бара кривична одговорност и се поднесуваат оставки.
Како тоа никој во државата не се заинтересира да истражи кои се тие кредити кои се давани без покритие поради кои банката пропаѓа, какво е учеството на власта во сето тоа и како пропаѓа банка, а никој нема кривична одговорност.
Потребно е обвинителството да ја истражи улогата на премиерот во тоа време Зоран Заев, на министерката за финансии Нина Ангелоска, на финансиските институции кои сериозно затаиле во својата работа.
Кога државата молчи а ни се случува скандал од 200 милиони евра и стотина илјади граѓани и компании со блокирани сметки, или нема институции или тие се силно криминализирани.