„Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13 кој на суд кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев?!“

Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев?!, ова денеска преку прес-конференција го прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина?! За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите! Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава. Ова е директна закана за убиство. Ова е кривично дело и ги повикуваме институциите веднаш да реагираат. Го повикуваме ЈО веднаш да постапи согласно своите надлежности и да ги открие заканувачите. Зошто и покрај ваквите закани по неговиот живот и животот на неговиот адвокат продолжувањето на исказот на Боки 13 е закажан за 03.07.2020 година, а не во разумен рок.
Зошто се остава толку простор помеѓу првиот и вториот исказ и дали со тоа не се остава простор за можно влијание врз Боки 13 и неговиот втор исказ?! Животот на Боки 13, единствениот човек кој беше главен извршител во случајот Рекет, кој само пред неколку дена од суд кажа каде завршиле парите од истиот тој Рекет е загрозен, а со тоа се загрозува и целата постапка, но и е ставена во опасност вистината, вели Стоилковски.

Тој додава дека ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт. На криминалот мора да му се стави крај. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Мисајловски од пустата индустриска зона во Куманово: Во градот нема ниту една странска инвестиција, нема проекти и нема нови работни места, но ВМРО-ДПМНЕ ќе го обнови сето тоа

Носителот на изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Куманово каде оствари неколку средби со граѓаните со почитување на сите препораки и мерки се со цел да не дојде до ширење на коронавирусот.

-Со кумановчани разговаравме за нивните проблеми, разговаравме за она што навистина сакаат да го слушнат, разговаравме и за она што не се случува во последниве децении тука во Куманово. Постојано се ветува од политичари дека ќе се направат многу работи, како што сите знаете СДСМ тука владее многу долго, но нема капитални инвестиции. На ова место тука зад мене требаше да има десетици и десетици странски инвестиции, бидејќи сите ветуваа голема индустриска зона и овој градоначалник и претходниот и централните влади, вели Мисајловски.

Тој додава дека кога бил министер за транспорт и врски биле одвоени средства за да проектирање на индустриската зона бидејќи без неа не се може, но ништо после тоа не било направено.

-Ако сакаме граѓаните да останат тука во Куманово треба да инвестираме во странски инвестиции, а не само сува реторика. СДСМ тоа постојано го прави со нивните ветувања дека ќе направат живот за сите и навистина ќе има многу проекти, но реалноста е сосема друга, реалноста е оваа зад мене. Реалноста е дека нема странски инвестиции, добро е што некоја нова инвестиција ќе се направи тука, кумановчани сакаат да живеат тука, нивните деца сакаат да им останат тука, додаде тој.

Мисајловски вели дека Куманово е град каде што нема доволно инфраструктура, нема доволно проекти и нема доволно работни проекти, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го обнови сето тоа.

Јанушев: Ќе понудиме надеж, ќе понудиме иднина, ќе понудиме извесност

Игор Јанушев носител на изборна единица 3 денеска беше во посета на Велес од каде порача дека ВМРО ДПМНЕ со новата програма ќе понуди надеж иднина и извесност преку огромен број на проекти.

„Ќе понудиме надеж, ќе понудиме извесност и ќе понудиме иднина. Ги нудиме надежта извесноста и иднината го нудиме тоа преку зголемувањето на платите и пензиите, преку инфраструктурата изградба  на државата, преку конечно ставање на ред на нешто што беше камен на сопнување на сите претходни влади, а тоа е вистинска реформа во правосудството но исто така реформа во сите останати сектори  образованието, здравството и се она што е битно за сите луѓе кои што живеат во Република Македонија. Да не ги заборавиме земјоделците, културните работници, спортистите. Буквално за сите  имаме издвоено по огромен број на проекти.Дали е тоа денар  за спортистите и  денар  во културата, дали е тоа зголемувањето на пензиите за 20%, дали е приклучок на гасификација за буквално секое домаќинство без пари. Значи со еден вид на кампања која што ќе даде повеќе за секого“.

Јанушев како носител на листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија “  истакна дека исто така во програмата како за цела држава така и има проекти кои се од огромна важност и за Велес.

„Она што и те како е битно за Велес е инфраструктурата како еден особено значаен проект за велешани е поврзувањето на Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница. Но, исто така да не заборавиме дека исто толку битно е поврзувањето со коридорот 8 и конечно довршување на експресните патишта кои што за жал за 3 години од страна на оваа неспособна власт останаа на истото ниво на кое што беа и пред 3-4 години. Така да она што можам да го ветам пред велешани е еден чесен и искрен пристап еден директен пристап каде што се она што ќе го ветиме и што ќе го кажеме пред граѓаните ќе го исполниме во следните 4 години“.

Дополнително Јанушев кажа дека ВМРО ДПМНЕ огромен фокус става и на економијата и инфраструктурна експанзија и дополни дека ВМРО ДПМНЕ се обврзува да ги исполни своите ветувања.

„Една од можеби столбовите и една од најбитните работи во програмата е  ветувањето пред граѓаните дека во 4 годишниот мандат ќе овозможиме 4 милијарди евра домашни странски инвестиции тоа секако ќе бара многу работа и многу труд но од тоа не се плашиме располагаме со кадар располагаме со луѓе и знаеме како да го направиме и ќе го направиме“.

Носителот на изборната единица 3 Јанушев апелираше за почитување на мерките носење на маска и почитување на дистанца и дека ВМРО ДПМНЕ во својата кампања одговорно ќе биде помеѓу народот  за што подобро да ја претстави својата  програма.

„Кампањата ќе ја водиме буквално како што најавивме ќе бидеме цело време помеѓу народот. Секако апелираме и сега да се придржуваме сите до мерките како во носењето на маските така и во социјалната дистанца. Но, ќе бидеме цело време меѓу народот. Мораме да се преставиме што е можно подобро но исто така да ги запознаеме и граѓаните на Република Македонија со она што е наша понуда односно со програмата која што ја насловивме како Обнова“.

Стојаноска: Заедно со младите ќе ја започнеме обновата на Македонија и ќе креираме подобра иднина за нив

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица  6 при нејзината посета денес во Гостивар посочи дека како и сите други родители така и за нејзе најголема мотивација се нивните деца односно грижата за нивната иднина, нивното здравје , нивната сигурност и нивното образование.

-Иднината на младите во Македонија е ставена на коцка, а нивната сегашност не е воопшто она што едни млади луѓе го заслужуваат како млади луѓе кои што знаат и сакаат да вложат во својата сопствена држава. И затоа изминативе три години заминувањето на младите од Македонија воопшто не запре туку напротив. На списокот на млади кои си заминаа од Македонија има различни имиња како Александар, Аднан, Мухамед, Петар и други. На овој список имињата се различни, но има едно нешто заедничко, а тоа е дека сите овие млади заминуваат затоа што не сакаат во држава во која неправдата стана закон, а криминалот единствен клуч за успехот. Затоа како родители и како политичари треба да ја искористиме нашата мудрост и да ставиме стоп на ова заминување на младите од Македонија. Треба младите да ги задржиме тука и нивната креативност и нивната визија да ја искористиме за еден ден тие да ја градат иднината на Македонија. Еден ден тие да бидат оние кои што ќе се гордеат со својата држава, со нејзиното знаме, со нејзината химна и со нејзиното име, истакна Стојаноска.

Стојаноска при нејзината посета порача дека обновата и е неопходна на Македонија, а секоја обнова започнува со младите.

-Се обврзувам од името на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ и заедно со Унијата на млади сили сите заедно се обврзуваме  дека ќе ја градиме иднината на младите заедно со нив и дека ќе ја обновиме нивната сегашност. Затоа на 15 јули сите заедно масовно ќе излеземе и ќе го заокружиме бројот 14 за обнова на сегашноста и креирање на подобра иднина за младите. Млади во Македонија не заминувајте од земјата, туку нека замине власта од ова земја, додаде Стојаноска.

Стоилковски: Срамно, цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет!

Зоран Заев преку обвинителството в скут, го амнестираше Ден Дончев! Одлуката на ЈО да не поведе постапка по видеото на кое Ден Дончев, Директорот на најбогатиот ФОНД во Република Македонија, човек вплеткан во процес за „Рекет“, видео во кое Ден Дончев зема снопче пари и го става во чанта – Е СРАМ за сиот правосуден систем во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е срамна одлука, срамна изјава дадена од ЈО, ова е срам за секој обвинител во Република Македонија! Одлуката на Љубомир Јовески и Вилма Русковска е одлука на Заев за да го спаси својот Ден Дончев, веројатно само затоа што Ден Дончев знае многу повеќе и можеби ќе му го загрози сиот рекетарски октопод на Зоран Заев сега при кампања! Оваа амнестија за Ден Дончев следи по амнестијата на Зоран Заев за „Поткуп“, неговото криење за „Рекет“, следи по амнестијата за Рашковски, следи по амнестиите на Венко Филипче.Ова не е Јавно Обвинителство, ова е марионета на Заев, за исполнување нарачки! Јавното прислушувано обвинителство не ја исполнува својата должност, не ја исполнува својата основна функција, да го брани јавниот интерес и да постапува по предмети. Јовески и Русковска, како марионети на Заев го претворија ЈО во ФИОКА за застарување и воопшто не отворање на предмети со јасна поврзаност со Заев и неговата забегана банда! За Заев и неговата банда, не се вештачат телефони, барањето мито е донација, видеото за ставање пари во чанта не е доказ, истакнува Стоилковски.

Тој обвинува дека Јовески и Русковска не се ненадлежни, тие се надлежни, но со непостапување до сега повеќе пати направиле злоупотреба на службената положба и овластување!

-Ден Дончев е амнестиран, помилуван, за снимка каде става пари во чанта, за него нема потреба да се отвора предмет. Тој е близок на Заев, а Заев се фали дека судството му е во пупка, нели без Заев не може! Цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет! Цел свет го виде Заев како бара пари во Струмица, ама Русковска и Јовески го ослободија!     Сега цел свет го гледа Заев како го амнестира Ден Дончев, а Русковска и Јовески исполнуваат! Цел свет го слушна исказот во судот парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, ама Јовески и Русковска не смеат да вештачат телефони! Каков срам за сето правосудство во Република Македонија! „Луј Витон“ и „Трас Трас“! Цел свет гледа и слуша како се рекетираат и како за рекет се злоупотребуваат институции полиција, финансиско разузнавање, како муртинската врска е најсилниот рекетарски момент, ама Русковска и Јовески не гледаат случај! Русковска и Јовески се исполнители и марионети на рекетарското СДСМ, тие се марионети во рацете на криминалот и корупцијата. СДСМ и Заев покажаа дека единствено што можат повеќе – е повеќе криминал, повеќе корупција и повеќе порази и девастации во Република Македонија, порача Стоилковски.

Мисајловски од Куманово: СДСМ не знае да одговори каде им се проектите бидејќи не постојат, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што ветува истото го остварува

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Изборна Единица 2, Владо Мисајловски денеска е во посета на Општина Куманово, каде што истакна дека граѓаните се повеќе разочарани бидејќи во Македонија цветаат криминал, корупција, рекети и торби Луј Витон и време е на тоа да се каже доста е и да одговара секој еден што се огрешил.

Мисајловски изјави дека време е еднаш да се смени ова што се случува како во Македонија така и во Куманово кое СДСМ го запостави иако со години го има под своја власт.

 Потребно е едно ново модерно Куманово бидејќи сега тоа е запоставено иако го имаат со децении под нивна контрола. Куманово заслужува многу повеќе, капитални проекти, поголеми плати, овие граѓани заслужуваат подобар живот да останат во Куманово. Во нашата програма има над 1000 проекти, ќе ги поминеме сите населени места, ќе ги слушнеме сите проблеми кои ги има Куманово и  утре заеднички тие проекти заеднички ќе ги браниме во Собрание и новата влада. Ние тоа го можеме, го ветуваме и ќе го направиме, потенцираше Мисајловски

Тој посочи дека СДСМ не знаат да одговорат што направиле, постојано лажат во лице дека нешто е направено, прво беа 500 километри автопат, па 600, за да станат 230 и не знаат да одговорат каде се и тие 230, бидејќи не постојат.

Ќе ги прашам каде е Клиничкиот центар, бидејќи и за тоа велеа дека е готово во припреми, а да не ги набројувам и другите случаи. Велат дека 95% од програмата е завршена, си поигруваат со нашата интелигенција. Никој не смее повеќе тоа да го дозволи, нагласи Мисајловски

Дурловски од Охрид: Обновата на Македонија ќе го стави јазикот на пиедесталот, онаму каде што припаѓа како најважното и идентитетско обележје

Утринава носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски даде изјава од Охрид каде што посочи дека обновата на Македонија ќе го стави јазикот на пиедесталот, онаму каде што припаѓа како најважното и идентитетско обележје

-Во изминативе три години се што ни беше свето беше предмет на пазар. Покрај сите понижувања без тронка достоинство и гордост дозволија македонскиот јазик да се третира како некоја писмена регионална норма на друг јазик. Ова е најголемото предавство кое што може да се случи на еден народ, нагласи Дурловски.

Дурловски додаде дека за ова предавство никој не може да биде амнестиран. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи македонскиот јазик да биде некаква регионална норма на конструкција.

-Во поновата македонска историја се донесени неколку државотворни акти со кои се зацврсти неговата вредност. Идната Влада ќе биде таа која ќе ги негува и поддржува македонските јазични вредности. Обновата на Македонија ќе го стави јазикот на пиедесталот, онаму каде што припаѓа како најважното и идентитетско обележје. Ќе се изготви корпусот на македонскиот јазик која ќе биде ризница која постојано ќе се надополнува, истакна Дурловски.

Дурловски појасни дека силна поткрепа ќе биде и етимолошкиот речник на македонскиот јазик, кој ќе го систематизира потеклото на зборовите, а академската граматика ќе даде нова свежина во теориските поставки на јазикот., достојни за 21 век.

-Ќе го сочуваме јазикот, ќе си ја сочуваме Македонија, порача Дурловски.

Мисајловски од Чаир: За да ја промениме оваа власт да ги натераме граѓаните да излезат на избори на 15 јули- нека победи Македонија!

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 2 денеска оствари средба со граѓани од Чаир каде што истакна дека големата поддршка во оваа општина гарантира убедлива победа која ќе донесе промени во Македонија и со која сите црнила и неправди ќе станат минато.

Мисајловски  посочи дека СДСМ и сега како и минатите избори ветува се и сешто, но сведоци сме дека ништо од тоа не исполнува, додека за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на тоа што ќе го вети и истото го исполнува.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ има зголемување на плати, пензии, намалување на трошоците кои ги прават извршителите. Многу проекти во инфраструктурата, а не оние кои ги ветуваат 230 километри автопати кои никој не ги видел или илјадници километри патна мрежа која исто така никој не ја видел. Ние тоа што ќе го ветиме тоа и ќе го исполниме, истакна Мисајловски.

Тој додаде дека повеќе од јасно е дека СДСМ дојде на власт со единствена цел да го смени името на Република Македонија.

Тие дојдоа само за една цел а тоа е за промена на името. Велеа дека не постои таков човек кој ќе дојде и ќе го стори тоа. Ги знаете и начините, прогонот што се вршеше врз ВМРО-ДПМНЕ, симпатизери итн. Народот сега е охрабрен многу луѓе излегоа да ни се придружат. Вистинската опција е ВМРО-ДПМНЕ за да има подобра иднина за сите, изјави Мисајловски.

Мисајловски на крај посочи дека за да се спречи иселувањето на цели фамилии особено од Чаир мора масовно да се излезе на 15 јули и да се казни СДСМ.

 Нема друг начин, мора да има избори и ќе бидеме максимално внимателни со почитување на сите мерки. Да ги замолиме граѓаните да ни ја дадат довербата да видат дека она навистина што го говориме е реално и искрено. Јас она што ќе го ветам пред вас, навистина ќе го исполнам и ќе се борам не само во Собранието туку и во владата, тоа да се исполни. Граѓаните заслужуваат убав живот, заклучи Мисајловски.

Николоски од Струмица: Обновата значи инфраструктурен бум, силна економија, повисоки плати во образованието и здравството

Александар Николоски, потпретседател и носител на изборната единица 4 денеска на почетокот на изборната кампања од Струмица порача дека е време да се случат промените за да може народот да ја види разликата, потенцирајќи дека во тригодишниот мандат на власта на СДСМ, државата е национално опустошена и економски уназадена.

„На првиот ден од кампањата кои што ќе се случат на 15 јули, тука сме во Струмица. Решив кампањата да ја стартувам овде од Струмица како носител на четвртата изборна единица затоа што сметам дека промената мора да тргне токму од тука од Струмица. Во Струмица имаме едно континуирано 18 годишно владеење на една структура, на еден човек и едно семејство и време е за промени. Време е да се случат промените за да луѓето ја видат разликата. Во Македонија имаме повеќе од тригодишно владеење кое што е окарактеризирано со национални опустошувања, економско уназадување и корупција која што цвета“, рече Николоски.

Николоски пред Струмичани ја презентираше програмата за Обнова на Македонија, додавајќи дека главен фокус на програмата е економијата, односно како што рече тој главен фокус ќе биде економијата, затоа што тоа е срцето на секоја една држава и тоа е срцето на подобриот живот.

„Се обврзуваме со нашиот тим на чесни луѓе, со нашиот тим на експерти кои што работеа на програмата за Обнова на Македонија дека во следниот четиригодишен период ќе реализираме преку 1000 проекти за доброто на Македонија. Наш главен фокус ќе биде економијата, затоа што тоа е срцето на секоја една држава и тоа е срцето на подобриот живот. Во делот на економијата се обврзуваме дека невработеноста ќе ја спуштиме под 10 проценти. Се обврзуваме дека платите ќе растат и ќе пораснат најмалку за 25 проценти во следниот четиригодишен период. Се обврзуваме на кратење на даноците, сегашните даноци пред се данокот на доход и персоналниот данок, како и данок на профит ќе се намалат на 8 проценти рамен данок. Во делот на економијата одвојување од најмалку 1 денар од акцизата на горивата за развој на спортот, нешто што ни е насушно потребно како држава, особено надвор од Скопје, затоа што потребно е да се развиваат спортските клубови“, вели тој.

Николоски најави вистински инфраструктурен бум во Изборната единица 4.

„Во делот на инфраструктурата, инвестиции за четири години од над 4 милијарди евра. Довршување на она што е започнато и изградба на нови решенија. Во четвртата изборна единица изградба на капиталниот проект за Македонија кој што треба да ја отвори Централна Македонија, а тоа е автопат од Велес преку Прилеп и Битола. Во четвртата изборна единица довршување на експресниот пат од Штип до Радовиш, како и изградба на исти таков од Радовиш до Струмица и ревитализација, реконструкција и проширување на патот од Струмица до Ново Село и до бугарска граница, со што Струмица и Скопје, како и Струмица и Бугарија и Струмица и на север Србија автопатски ќе бидат поврзани што дополнително треба да го забрза економскиот раст. Интензивна гасификација, ама не гасификација како што видовме во Струмица каде што гасот од најевтин енергенс стана најскап, туку гасификација која што ќе значи дека граѓаните и стопанството ќе го користат најевтиниот реагенс, тоа е гасот. Поврзување на слободните технолошко и индустриски развојни зони со гасоводна мрежа која дополнително ќе го намали трошокот во истите тие зони. Силен инвестициски бум, а не празни економски зони како што за жал имаме во Струмица“, посочи Николоски.

Носителот на изборната единица Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на враќање на функционална правна држава и одговорност за криминалот и корупцијата, односно како што рече нулта толеранција за корупција.

„Враќање на функционалната правна држава во овие три години на СДСМ, но и 5 години од политичка криза целосно е погазен системот на владеење на правото. Се обврзуваме на воведување на функционална правна држава и одговорност за криминалот и корупцијата“, вели Николоски

Во однос на образовниот и здравствениот систем, Николоски нагласи дека ќе има повисоки плати за образовниот кадар, како и силен инвестициски бум во здравството, но и зачувување на лекарите и медицинскиот персонал во државата.

„Во делот на образованието силен раст на платите на наставниот кадар со цел да имаме подобро образование деца. За основното и средното образование плата од 36.000 денари, а за високото образование плата до 100.000 денари. Во здравството силен инвестициски бум во делот на ревитализација на постојните капацитети, изградба на нови, но уште позначајно задржување на лекарите и медицинскиот персонал дома и инвестирање во нови“, рече Николоски.

Нина Ангеловска и Антикорупциска молчат за станот од над 100.000 евра

Три дена министерката Нина Ангеловска од СДСМ молчи и не даде одговор на јавноста дали изминатава година се стекнала со стан од околу 100 квадрати во висина од над 100.000 евра во непосредна близина на Градскиот парк во Скопје? Атрактивна локација што е релативна скапа.

Три дена молчи и Антикорупциската комисија и не отвора постапка зошто Нина Ангеловска не го пријавила станот стекнат од над 100.000 евра со кој како што реков се стекнала изминатиот период.

Ова е премногу сериозна сума на пари во недвижен имот за кој Нина Ангеловска има законска обврска но и морална обврска кон граѓаните и институциите да пријави како го стекнала и кога го стекнала овој стан.

Почитувани,

Зошто Нина Ангеловска го крие станот од над 100.000 евра и зошто воопшто антикорупциската комисија молчи за овој случај и не отвора никаква постапка?

Криењето на недвижен имот од страна на министер од над 100.000 евра е сомнителна постапка и сомнителен случај кој што треба веднаш да се истражи.

Во случај кога еден министер крие стан од над 100.000 евра тоа е доволен показател дека или е стекнат под сомнителни околности или пак има некоја друга сомнителна причина поради која што го крие станот од институциите и граѓаните.

Антикорупциската комисија како и секогаш е нема и глува за сите сомнителни случаеви поврзани со функционерите на СДСМ.

Очекуваме реакција во најбрз можен рок и очекуваме постапка.

Во спротивно, антикорупциската комисија е соучесник во овој случај на прикривање. Молкот е потврда на нашите сомневања. Молкот е и од министерката и од антикорупциската комисија, три дена наназад.

Не за долго, се ќе се дознае и расчисти по смената на власта на 15-ти јули.

Мисајловски: Ќе ја исправиме Македонија само ако го победиме ова зло наречено СДСМ

Некој ни ја свитка кичмата, заедно да ја исправиме. Тоа го можеме само ако го победиме ова зло, наречено СДСМ, порача носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој денеска за започна изборната кампања.

Тој им порача на граѓаните дека сите се потребни.

Ни се случија мене и на моето семејство некои неубави работи, на локалните избори беше запалена мојата куќа. Сакаа да ме исплашат, да престанам да работам, да одам на терен. Да им порачам на сите, јас сум Владо Мисајловски Кендо ме викаат и не се откажувам. Гордо кренат насекаде, со исправена кичма ќе одам насекаде. Ќе бидам со граѓаните, со народот, тие со нивните криминалци, а јас со граѓаните во секое место, секој двор, на секоја улица. Јас, Владо Мисајловски ќе продолжам со позитивна кампања, јас сум таков. Што е подобро за Македонија, како да ја измениме Македонија. Да престане криминалот и корупцијата, ова што го прави Заев, Оливер Спасовски, Александар Наумоски и оние нарачатели на црни сценарија. Ќе разговарам со граѓаните за она што ги интересира, колку повисоки плати и пензии ќе добијат, колку инфраструктурни проекти ќе има насекаде во Македонија, истакна Мисајловски.

Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на предизборните активности ја посети црквата „Свети Петар и Павле“, која е симбол на Ѓорче Петров каде присуствуваше на молитва.

Стојаноска: Ќе барам решенија за проблемите на граѓаните, ќе се трудам тие да се исполнат

Носителот на листата во изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Дафина Стојаноска од соборниот храм „Свети Кирил Методиј“ во Тетово ја почна изборната кампања. Таа им порача на политичките противници дека фер кампањата ќе зависи од самите носители на листите.

– Јас во оваа кампања нема да навредувам, омаловажувам и понижувам. Доколку некој се обиде тоа да го направи кон мене, нема да одговарам. Ние треба да бидеме пример за сите други. Како цел мој живот ќе ја зборувам вистината и ќе се обидам да излезе на виделина, изјави Стојаноска.

Таа се обрати и кон граѓаните од кои рече дека не бара само глас, туку сака и да го чуе нивниот глас.

– Сакам да ги споделам маките и проблемите и да се потрудам за наоѓање на решенија за нив. Се обврзувам дека решенијата  дека ќе бидат исполнети. Ќе бидам човек кој сака да го одржи својот збор, истакна Дафина Стојаноска.

Таа порача дека во следните 19 дена од кампањата ќе ги почитува здравствените протоколи.