Николов: Комисијата за заразни болести работи под диктат на Заев

Денеска бројката на новозаразени е над 80 – тина. Македонија влегува во нови пик. Во услови кога сите земји во регионот немаат заболени и по две недели, Македонија поради лошиот менаџмент на владата на СДСМ е остров на зараза во сред регион без корона, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Организирање на избори во ваков пик на коронавирус претставува масовно самоубиство. Деновиве стана јасно, дека постои силно политичко влијание и притисок врз Комисијата за заразни болести. Тие работат под политички диктат на Зоран Заев и Венко Филипче. Наместо заштита на здравјето на граѓаните, Комисијата се труди да му удоволи и да ја спаси политичката кариера на еден политичар во заминување.

И додека во земјите од регионот и во светот се прават јасно детерминирани и дефинирани планови за разлабавување на мерките, претседателот на Комисијата и членовите од кои 6 директори назначени од Филипче, и еден на листа за пратеници, сакаа да му удоволат на Зоран Заев. И тоа со убедување дека ќе изготват јасни протоколи кои ќе ја обезбедат и заштитат популацијата. За жал, само во последните три дена имаме 125 ново заразени и плус денешните 80-тина и 12 починати од кои 5 во текот на вчерашниот ден. Професионално размислување на лекар, никогаш не би потврдило и препорачало дека во вакви услови, можни се безбедни избори.

Македонија се претвори во земја која го има својот втор пик на корона вирус уште сега. Кампањата и делењето на пакети по штабовите на СДСМ си го сторија своето.

Статистиката говори дека Македонија, е на второ место во Југоисточна Европа по број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија. Имаме повеќе починати на 1 милион жители од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Земјите од опкружувањето како Црна Гора, Словенија и Хрватска, во последните неколку недели немаат ниту еден ново регистриран случај.

Стојаноска: ЈО со своето неделување во 2018, му овозможило на Дончев да го стои истиот криминал и во 2019 година

Зоран Заев и ЈО директно го штитат осомничениот за криминал Ден Дончев кој незаконски се стекнал со над 100.000 евра во два наврати. Медиумите објавија аргументи и докази кои индицираат на криминал кои сите го гледаат, само обвинителите од јавното обвинителство кои што се задолжени за гонење на криминал молчат, изјави денеска Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Јавното обвинителство молчи и со тоа директно го крие и го помага криминалот на Ден Дончев. Постапките на Јавното обвинителство се дрски и  директно ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. ЈО со своето не делување и непостапување дозволило Дончев во 2018 година незаконски да се стекне со 50.000 евра без за тоа да биде повикан барем на распит. На Дончев му биле префрлени 50.000 евра од муртинската Ремаркет на име консултантски услуги иако истиот немал право да врши таков вид на дејност додека директорувал со ФЗОМ. Дончев директно го прекршил член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и за тоа поминал неказнет. Ова е срам за ЈО!“

-Не делувањето во 2018 година му овозможило на Дончев да помине неказнет и да го стори истото дело и во 2019 година кога од страна на истата фирма од Муртино Ремаркет му биле префрлени 80.000 австралиски долари. ЈО кое според новата кривична постапка е главен орган во истата не преземало буквално никакви дејствија. Целосна угушеност на постапките против Дончев имаме и од државните институции под контрола на Зоран Заев како Управата за финансиско разузнавање, Финансиската полиција и УЈП, потенцираше Стојаноска и подвлече:

„До кога институциите ќе го штитат и нема да преземат ништо против криминалецот Ден Дончев? Со СДСМ на власт имаме само Рекет, криминал и корупција. Криминалците наместо на истражна клупа или во затвор, завршуваат со стотици илјади евра во џеб без притоа барем да бидат прашани како се стекнале со истите. Македонија не може да продолжи по патот на криминал на Зоран Заев. Потребна е итна стратегија за излез од криминалната жабокречина. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.“

Изнасилена нормалност кој ја нарача Заев и неговиот диктат на комисијата за заразни болести овие денови гледаме завршува со капитулација

Здравјето пред се, беше реченицата која што ја кажав во моментите кога беше поставено прашањето за важните политички случувања и изборите кои требаше да се случат во април. Јас сум сеуште на овој став, но проблемот е што Владата кон ова се однесуваше како чиста флоскула, а во позадина се одвиваше вистинска канонада на случувања кои говореа дека се глуми изнасилена нормалност, основана на нездрави основи кои овие денови гледаме дека завршуваат со класична капитулација, изјави на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Се што креваа во височините прикажувајќи го како лажен успех видовме дека се враќа како бумеранг соочувајќи не со грдата реалност. А реалноста е дека луѓето се препуштени самите да се грижат за своето здравје и дека системот не само што потклекна, туку е збришан од политички диктати, примеси на суети, дворски игри и желбата да се клекне државата, а сето тоа се прави во обид да се спасат неколку луѓе од одговорност. И така целата држава, сите ние станавме заложници на лудоста во пресметливоста на Зоран Заев за избори и тесен пораз, личните абиции на Спасовски и преголемата желба за пи-ар на пар други министри.“

-Одма да споменам, навистина за мене е несериозно да се препукуваме преку социјалните медиуми или да си пишуваме статуси и прозиваме преку портали со лидерот на власта Зоран Заев, затоа што имаме многу посложена состојба од тоа оваа тема да ја претвораме во политичко препукување или во детска игра на обвинувања. Се работи за животи на илјадници граѓани. Стотици семејства кои во овие моменти треперат над своите најблиски зафатени од овој смртоносен вирус. Но, мора да ги кажеме работите, реално и онакви какви што се, потенцираше Мицкоски и подвлече:

„Луѓето со право се прашуваат зошто седеле дома повеќе од 2 месеци кога вака власта дозволи, поради брзи избори да глуми нова нормалност и да ги изложи сите граѓани на нов ризик. Но и во право се оние кои се чудат како е можно вака ноншалантно веднаш да заборави власта на ризиците, мерките и крантнините, само во функција на налог кој ќе го добие од Зоран Заев да глумат дека се е нормално.  Патем ние сме единствената земја во светот која веќе го живее новиот бран на Ковид 19 вирусот кој е последица на лошо менаџирање и политички притисок на еден човек. Ќе ве потсетам само на оние надри медицински пресметки на Зоран Заев кога точно ќе почнел вториот бран, како се имал под контрола, и се така како нему му одговаара наспроти реалноста и бројката на новозаразени која постојано одзвонуваше и се зголемуваше. Кога предупредував на сето ова, Зоран Заев ингорираше.“

Мицкоски вели дека секоја негова критика која е иста и издржана завршувала со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори:

„Секоја моја критика која и тогаш и сега е иста и издржана, завршуваше од власта со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори и дека состојбите биле под контрола, небаре системот не може да биде разнишан, во состојба кога гледаме како целиот буквално пред очи ни се распаѓа. Се потврди секое мое стравување дека недоволно се штити народот од корона и дека се пристапува премногу политички и непрофесионално. Овде не е стравот од избори во прашање, туку стравот за животите на граѓаните со кои Зоран Заев се коцка барајќи го својот спас од одговорност.“

-Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација, изјави Мицкоски и подвлече:

„Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен. Ќе кажам во продолжение збор два и за она салто мортале кое го прави Заев и промена на реториката за 180степени каде од фалење дека најсупешно се справувале со кризата сега велат дека виновен бил народот. А тук таму Наќе, јас за да биде целото бегство од одговорност комплетно и истата се префрли на друг и сето тоа да добие политичка примеса. Би рекол какво само потценување од Заев кон народот и оживување на онаа нивна позната за СДСМ теза препознатлива дека народот греши. Вистината е дека не е виновен народот, туку лошо водениот систем, а Наќе Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од Владата и за жал од онаа политизираната комисија за заразни болести. Работата на Чулев не е да му се допадне на Заев, тоа најмалку и на него и на мени ни е потребно туку да брка криминалци и спроведува закони, е тука Зоран Заев има вистински проблем и со мене и со господинот Наќе Чулев.“

Тој ги осуди вербалните напади врз Министерството за внатрешни работи:

„Би посветил внимание да внимаваат и би ги советувал во нападите кон припадниците на Министерството за внатрешни работи пред се затоа што тоа е напад на 10 илјади припадници на МВР кои пожртвувано и храбро беа на улиците кога ограничувањето на движењето на граѓаните беше во сила, одржувајќи ред и мир и ризикувајќи ги своите животи. А само ќе потсетам и на редицата други предизвици за овие луѓе кои 66 дена беа вопрвата линија во борбата против Ковид 19.“

-На тоа дека Заев мислејќи дека со измама ќе добие албански гласови сакаше да провоцира проблем со полицијата за време на  Рамазам Бајран, како и седењето 48 часа дома затоа што било опасно, а кое заврши со отворање на рестораните и укинување на полицискиот час ден потоа, затоа што според власта се се средило, па потоа гостите во истите тие ресторани беа виновни. Политизацијата на литијата во Струга, а да не зборам и за онаа неразбирлива мерка за превоз за пензионерите ризикувајќи ги нивните животи како и редица нелогични одлуки. Да не се релативизираат работите затоа што тие се премногу сериозни, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски ова е нечесна игра на Заев со човечки субини, која за жал станува се побрутална. 

„Од власта да престанат да лицитираат датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓаните, и заштитата на стандардот и ништо друго, ама баш ништо друго. Мора да се носат одлуки кои нема да бидат под импресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост. И сосема на крај, кога го отворив проблемот дека малку се тестира затоа што излезот е масовно тестирање бев брутално, повторувам брутално нападнат. Кога кажав дека земјава најлошо се справува со Ковид 19 и е на врвот во регионот по смртност излезе ресорниот министер Филипче да каже дека не било точно и дека јас не ја говорам вистината.“

-Кога по лидерската кај Пендаровски се извинив на жртвите од Ковид пандемијата  затоа што ние збориме за избори кога дваесетина имаме ново заразени на дневна основа, Заев лицемерно се изнасмеа. Но се што кажав се покажа за точно. Затоа нека не ги повторуваат грешките кои ни се повторуваат како фарса. ВМРО-ДПМНЕ е различно и има зошто граѓаните да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваме заедно со народот да ги пребродиме овие сериозни моменти. Ќе предлагаме мерки кои се сериозни и издржни. И се ставаме целосно во зашита на здравјето на граѓаните, со сите наши сили, потенцираше Мицкоски.

Стојаноска: ЈО не повело постапка против Дончев во 2018 и му овозможило да го потврди делото и во 2019 година

Новото нормално на Заев и луѓето околу него е: додека Македонија брои жртви и починати од корона, институциите под нивна контрола да ги спасуваат криминалците како Ден Дончев. Целиот државен систем на Зоран Заев и ЈО на Вилма Русковска е ставен во функција на штитење на криминалот на Ден Дончев. Финансиските институции за истрага и прогон и ЈО со години не смеат да процесуираат предмет против главниот играч на Заев – Дончев, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Медиумите објавија аргументи во јавноста дека Дончев, спротивно на закон, во два наврати, еднаш во 2018 и втор пат во 2019 година, се стекнал со 50.000 евра и 80.000 долари наизменично. Аргументите и доказите кои ги посочуваат медиумите се очигледни! Дончев се стекнал со десетици илјади евра на нелегален начин! Криминалот го гледаат сите, само не институциите кои се должни да го санкционираат. Две години немало и сè уште нема никаква реакција, ниту од Управата за финансиско разузнавање, ниту од ЈО на Русковска.“

Како што потенцира Стојаноска ЈО не го санкционирало Дончев во 2018 година и со тоа дозволило  истиот повторно да го стори истото незаконско дело и во 2019 година.

„Обвинителството кое две години го штити Дончев, продолжува истото да го прави и сега, откако во медиумите излегоа сите аргументи, но и обвинувања дека за Дончев има комплет докази, и за трето, и четврто кривично дело во ЈО, како тој преку посредници годишно земал и до 2 милиони евра од приватни фирми кои имаат соработка со ФЗОМ, за истиот навреме да им плати за сработеното, но и за рекет врз Вера Иванова сопственичката на Диамед.“

-И покрај бројните криминали кои му се ставаат на товар и за кои јавноста дозна преку медиумите, а не преку институциите, и кои беа главната причина за оставката на Дончев, ЈО го спасува.  Имено, обвинителството го тргнало Дончев од стоп листа за излез од државата и со тоа практично му остава отворена можност истиот да ја напушти државата. ЈО со своето непостапување ќе биде директно виновно доколку Дончев се впушти во бегство и не се соочи со правдата во Република Македонија.  Со СДСМ имаме само криминал и корупција. Македонија тоне. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, подвлече Стојаноска.

Молкот на Нина Ангеловска и паушалните одговори од општината ги потврдуваат нивните намери за во иднина

Вчера јавно упативме прашања до Нина Ангеловска, СДСМ и Стефан Богоев, а одговор добивме само паушално соопштение од општината каде што се правдаа дека не ги тепале граѓаните на Трнодол при јавниот увид за кој имаше и снимки, и сите видоа дека ги тепаат.
Денеска, во функција на граѓаните, повторно ќе упатиме неколку прашања. министерката Нина Ангеловска, односно нејзиниот татко поседува парцела од 4.418 м2 во Трнодол, веднаш над населбата, односно на границата со постојниот ГУП, над обиколницата која треба да поминува над Трнодол.
Ова упатува на тоа дека многу веројатно е со отворањето на следниот ГУП од страна на Петре Шилегов, границата на ГУП-от да се помести и да влезе и семејната парцела на Нина Ангеловска во идниот ГУП, па дури потоа да може да се гради на таа парцела.
Во спротивно, доколку не е вистина дека ќе се гради обиколница која патем е влезена во урбанистичките планови, како што им говорат општинарите на жителите од Трнодол за да не го почувствуваат нивниот гнев на изборите, доколку не е вистина дека во иднина има простор и начин тоа земјиште на Нина Ангеловска да стане градежно, зошто тогаш се прави улица низ Трнодол која ќе води до обиколницата за која што велат дека нема да ја прават и непосредно до парцелата на Нина Ангеловска?
Зошто Нина Ангеловска молчи на оваа тема и не одговара на прашањата?
Затоа што има интерес кој би го реализирало нејзиното семејство во иднина. Цените по метар квадратен во тој реон кај Трнодол достигнуваат и над 500-тини евра по квадрат, а во иднина цената на семејната парцела на Нина Ангеловска би достигнала и вредност над 2.2 милиони евра.
Имајќи ги предвид сите лаги и невистини на СДСМ, имајќи предвид дека се што кажаа – излажаа и не си останаа на зборот, многу веројатно е, а и граѓаните се свесни дека овој ДУП има лукративни намери за во иднина да се офајдат и збогатат одредени луѓе.
Граѓаните на Трнодол не можете да ги лажете. Тоа се кротки луѓе и свесни се дека сакате да им го нарушите мирот за да се збогатите, вие функционерите од СДСМ. За жал ќе ви удрат шамар за ова. Не вреди ниту еден ќотек што им го удривте за да може да се богатат министрите на СДСМ.
Ова е скандал кој треба да се земе со сериозност и да се следи многу претпазливо во иднина. Министерката која што игра со државниот буџет како да е детска касичка, би можела во иднина сериозно да се офајди од овие урбанистички планови.
Додека Нина Ангеловска молчи, граѓаните нека ценат дали позади притисоците и ќотекот кој што го добија за носењето на урбанистичкиот план во Карпош има лукративни цели наменети за одредени луѓе да се збогатат.

Ден Дончев незаконски се стекнал со 130.000 долари, ЈО на Русковска го штити

Новото нормално за Заев е што неговиот директор Ден Дончев се стекнал со 130 илјади долари на лична сметка од аферата „Муртиногејт“.
Криминалната афера „Муртиногејт“ на Дончев има свое ново продолжение – „Муртиногејт 2“. Дончев, не само што незаконски се стекнал со 50.000 евра во 2018-та година, тој исто така на незаконски начин се стекнал и со дополнителни 80.000 австралиски долари во 2019-та година, но овој пат и без никакво формално покритие.
Дончев во 2019-та година зел пари од „Ремаркет“, иако договорот за консултантски услуги, кој му беше формално покритие, му завршил во 2018-та година. Врз кој основ му биле исплатени 50.000 евра, а кои не смеел да ги земе?
Дончев во 2019-та година се стекнал со 80.000 австралиски долари, кои му биле префрлени од истата фирма, од која на незаконски начин зел 50.000 евра во 2018-та година. Тоа е спротивно на чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, и од функција на директор на ФЗОМ остварил приход и се стекнал со пари кои немал право воопшто да ги земе.
Вака нелегално стекнатите приходи, кои му биле префрлени на лична сметка, Дончев не ги ни пријавил во својот анкетен лист како функционер, во кој е должен да ги нотира сите приходи кои што ги остварил во текот на времето додека врши јавна функција, исто како што не ги пријавил и претходните 50.000 евра.
Иако Дончев наплаќал огромни суми на пари од домашни и странски фирми, спротивно на Закон, Управата за финансиско разузнавање, УЈП и ЈО две години молчат и го оставиле Дончев да хара низ системот.
Иако, австралиската единица за финансиско разузнавање ги известила македонските колеги, кои потоа го информирале обвинителството, дека на средината од минатата 2019-та година австралиски „Мегантик“ му исплатил 80.000 австралиски долари на Дончев на сметка на Тутунска банка.
Конкретно, исплатата била извршена на 26-ти јуни минатата година, а институциите под контрола на Заев не реагирале.
ЈО на Вилма Русковска и институциите под контрола на Зоран Заев лично го штитат Ден Дончев и му помагаат да помине неказнет за неколкуте милионски криминални шеми во кои е вплеткан: „Рекет 2“, „Муртиногејт“ и сега „Муртиногејт 2“.
И, иако МВР го ставило Дончев на стоп листа, односно листа на луѓе кои не смеат да ја напуштат државата, откако беше објавена аферата во медиумите, ЈО на Русковска го тргнало Дончев од стоп листата и со тоа директно овозможува тој да ја напушти државата – за ова информираа медиумите.
Со ваквиот однос на ЈО спрема криминалот, за кој се сомничи Дончев, се овозможува овој криминал да остане нерасчистен и несанкциониран.
Ова е начинот на работа на СДСМ. Криминал, корупција и рекет. Македонија не може да продолжи со СДСМ. Потребна е стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Стојаноска: Да се зборува за избори во едни вакви услови е морбидно, ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Комисијата за заразни болести

На оваа прес конференција ќе се обратам на две теми. Првата е многу важна и е реакција на последните информации кои се објавија во медиумите поврзани со бројот на новозаразени од корона вирусот. Новото нормално за Заев и Владата на Спасовски е што денес имаме дури 58 новозаразени, и неколку починати, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзината прес-конференција може да ја погледнете во продолжение:

Ова е крајно сериозна и алараматна информација која треба да ја крене на нозе државата и да го сврти вниманието кон системот кој не функционира и се плаќа со животи.

Да се зборува за избори во едни вакви услови не само што не е нормално туку е и морбидно, и ВМРО-ДПМНЕ се противи на тоа да биде дел од сценариото на Заев за организирано убиство на граѓаните.

Ова е најсилен аргумент дека брзи избори ја движат државата кон изборна кланица, а не изборен и кредибилен демократски процес.

До овде дојдовме затоа што Владата, Филипче и Заев глумеа нормализација, а новото нормално е 58 новозаразени и бројка која постојано расте. Здравјето на граѓаните мора да биде пред сечив политички интерес без оглед дали се работи за интересот на Заев или некој друг.

Се поставува сериозен сомнеж и за работата на комисијата за заразни болести, и препораките кои тие ги даваат во изминатиот период. Тие се под политички притисок, наместо да го гледаат здравјето на граѓаните. Најголемиот дел се директори поставени од оваа власт дури има и кандидат за пратеник. Но ова не е време за водење политика, туку за носење на одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Комисијата исто како и владата потфрли, а бројката на новозаразени потврдува дека е доведено здравјето на граѓаните во опасност. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на комисијата за заразни болести, и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Тоа е примарно да се направи во овие моменти.

Дали ДУП-от во Трнодол има лукративна цел од кој во иднина може да профитира Нина Ангеловска?

Денеска сакаме да поставиме јавно неколку прашања до локалните власти во Скопје, прашања што ги загрижуваат Карпошани, но и сите граѓани.
Според информациите кои ги добивме и пристигнаа кај нас, се отвораат многу сомнежи во јавноста, каде што одредени функционери од власта постои можност да профитираат.


Имено, за спорниот ДУП во Трнодол, за кој граѓаните за жал дознаа преку протестите на жителите од Трнодол и ќотекот што го добија од општината, се отвораат сомнежи и со право се загрижени жителите таму, дека истиот тој ДУП има лукративна цел, дека во блиска иднина би можел сериозно да профитира од него министер назначен од СДСМ.


За што станува збор? Ние ќе ги поставиме прашањата заедно со граѓаните, а власта е таа која што треба да одговори.
Дали е точно дека со спорниот ДУП во Трнодол е предвидена улица низ населбата која треба да води до обиколницата која е предвидена со ГУП-от?
Впрочем, дали е точно дека истата оваа улица практично ќе оди непосредно во близина до катастарска парцела со број 616, каде што сопственик е таткото на министерката Нина Ангеловска?


Еве наједноставно нека одговори министерката Нина Ангеловска, дали нејзиниот татко е сопственик на ваква парцела веднаш над Трнодол?
Истата таа парцела со големина од 4.418 м2 претходно и припаѓала на министерката Ангеловска. Повторувам 4.418 м2 парцела над Трнодол, каде што непосредно ќе води улицата предвидена во ДУП-от од Општина Карпош. Таму цената на земјиштето надминува над 500 евра по метар квадратен.
Оттука сакаме јавно да ги прашаме и Нина Ангеловска и Стефан Богоев, дали во блиска иднина, на оваа парцела ќе се најде начин, дали со проширување на ГУП кој што треба да се отвори наредната година, или некој друг начин да се пренамени оваа парцела во градежно земјиште и таму да никне дали некоја населба за домување или можеби некој објект кој што ќе носи профитабилност?


Дали ова е една од причините за притисокот на општина Карпош од летото, па се до денес за да се донесе овој спорен ДУП? Дали ова е една од причините заради која граѓаните претрпеа и физичко насилство од луѓе пратени од општинските власти и градоначалникот Стефан Богоев на јавната расправа и увид организирани од општината?


Граѓаните ќе имаат можност да ценат колку се искрени намерите за носење на овој спорен ДУП.
Буџетот на Република Македонија е празен, економската ситуација е полоша од било кога, но затоа ДУП-от од општина Карпош кој треба да се донесе за Трнодол има лукративни намери за да се офајдат во иднина одредени луѓе од власта. Конкретно семејството на министерката Нина Ангеловска.


Додека СДСМ да одговори, оставаме граѓаните сами да проценат за неискрените и лукративни намери на СДСМ.

Новинарско прашање: Коментар во однос до каде се преговорите за датум за избори?


Одговор на новинарско прашање: Како што одговори и претседателот Мицкоски канал за комуникација постои. Ние остануваме на нашиот став и тоа е непроменет дека сепак треба да се створат услови за избори. Здравјето на граѓаните е пред се но, да почекаме наредниот период да видиме како ќе се развиваат настаните вклучително и здравствената ситуација.

Андоновски: Димова призна дека направила прекршок, и дека недостасуваат пари на сметката на Агенцијата

Криминогеното однесување на раководството на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е надополнето со притисоци, уцени, закани, тензија и мобинг на вработените. Агенцијата која треба да биде пример во соработката на Македонија со Европската унија, затоа што е одговорна за распределување на европските фондови во образованието, младите и спортот, станува пример за коруптивно, недомаќинско и незаконско однесување. Директорката на агенцијата, Лидија Димова ги потврди наводите на ВМРО-ДПМНЕ за три аспекти – дека навреме не била поднесена годишна сметка, што е казнив прекршок, дека недостасуваат пари во благајната на Националната агенција и дека набавиле возила во вредност од околу 100.000 евра, реагира Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата прес-конференција ја пренесуваме во продолжение: 

Затоа, ги повикуваме основното јавно обинителство во Скопје, како и обвинителството за организиран криминал и корупција да ги истражат наводите, и да расчистат кој е одговорен за настанатата ситуација која не срами пред европските институции.

Во врска со тоа дека во Агенцијата недостасуваат пари на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на Европската унија, има три алтернативи:

Првата, е дека Лидија Димова не знаела дека лица за кои се смета дека се нејзина „десна рака“ неовластено земале пари од институционалната благајна без покритие. Што, како одоговорно лице, најмалку ја прави небрежна во работењето.

Или можеби Лидија Димова знаела дека нејзината „десна рака“ неовластено зема пари и се обидувала да ја сокрие состојбата? Ова ја прави Димова соучесник.

И третата алтернатива, Лидија Димова учествувала во неовластеното трошење на парите од институционалната благајна, со ова дали станува Лидија Димова соизвршител?

Не би сакале да веруваме, дека Лидија Димова, познатиот шарен револуционер за правда, сега станува соизвршител во вакви кривични дела. Но, тоа треба да го покажат обвинителството, Државната комисија за спречување на корупција, како и другите надлежни органи.

Покрај дводневните лични дисквалификации и навреди кон ВМРО-ДПМНЕ, Димова не одговори дали возилата од 100.000 евра се употребувале за лични потреби? И дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?

Наместо Димова да се заканува, отвора дисциплински постапки и неосновано да доделува откази на вработени во Националната агенција, нека соработува со институциите за да го расчисти срамот во кој ја втурна Националната агенција за европски образовни програми. Вработените, исплашени од нерешавањето на објавените скандали минатата година, не веруваат во заштитните механизми на Националната агенција и затоа пријавиле до сите надлежни институции преку емаил. Лагите на Лидија Димова се прочитани!

На крајот, затоа што Димова не е подготвена на личен морален чин на оставка, бараме од Управниот одбор на Националната агенција, кој е информиран веќе подолго време за незаконитото работење на агенцијата, да ја разреши од функцијата. Тука во игра стапува членот 17 од Законот за Националната агенција кој вели дека Управниот одбор може да го разреши Директорот и ако се утврдат сериозни неправилности во неговото материјално-финансиско работење поради што е нанесена штета на Националната агенција.“

Време е за одговорност!

Илиеска: Владата вчера нé задолжи 700 милиони, а за 6 години со камати ќе треба да вратиме 870 милиони евра

Лошото менаџирање со кризата и погрешните проценки, воедно, кога и какви мерки треба да се преземат, ќе допринесе до крајот на годината, буџетската дупка да достигне и до 1.3 милијарди евра, реагира Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера владата повторно ја задолжи Македонија на меѓународниот пазар преку издавање на еврообврзница, вредна 700 милиони евра. На овие средства стапката на принос е 3,95 отсто, што значи околу 166 милиони плус камата на овие средства, кои што сите ние ќе треба да ги враќаме во рок од 6 години.  Ако уште во месец март, кога ВМРО-ДПМНЕ апелираше до владата тие пари да се позајмат, каматите ќе беа пониски, државава ќе заштедеше, а секој граѓанин ќе плаќаше помалку, вели таа.

Илиеска оценува дека и вака скапите пари, за жал нема да завршат кај стопанството.

-Цената за ненавремените и неправилни одлуки во економијата за време на криза, ќе ја плаќа секое семејство и тоа 1.500 евра до крајот на оваа година. Дополнително во следните неколку години, граѓаните и нивните поколенија ќе плаќаат и камата на тие пари. За апсурдот да биде поголем, за задолжување од 1.500 евра по семејство за само една година, владата најави ваучер од 150 евра за еднократна употреба за најранливите категории на граѓани. Растечкото задолжување, до крајот на годината ќе изнесува 1 милијарда и 50 милиони евра. Со тоа јавниот долг, како дел од БДП за една година ќе порасне на 7%. И покрај ваквото огромно задолжување, реализацијата на капиталните проекти за првите 4 месеци од оваа година е 13%, рече таа.

Посочува дека во првите три месеци од годинава, оваа влада вешто направи буџетска дупка од 200 милиони евра, средства за кои ќе треба да се задолжуваме и години понатаму да ги отплаќаме.

-Најголем дел од овие средства се потрошени уште пред здравствената криза, а со самото тоа не се потрошени за справување со истата. Најавениот трет сет мерки кој е чист предизборен поткуп, СДСМ го ветува од пари кои што ги нема. На граѓаните им е потребна работа, плата и реална помош, но не по цена на нивното достоинство. Секој ден работниците остануваат без работа, без плата, фирмите секој ден се обидуваат да ги спасат своите бизниси, а одговорот на СДСМ е ново задолжување со виски каматни стапки. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Потребна е итна стратегија за обнова на државата. ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како, затоа што секогаш ги слуша потребите на граѓаните, порача таа.

Андоновски: Димова, пуленот на Заев, трошела стотици илјади евра на самопромоција без тендер и доделувала финансии на свои блиски организации

Во изминатите денови ја информиравме јавноста за криминогеното однесување на раководството на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Оваа Агенција е одговорна за распределување на европските фондови за финансирање на образование, мобилност, млади, спорт и граѓански сектор. Во паника од откривањето на незаконското работење, директорката на агенцијата, Лидија Димова ги потврди наводите на ВМРО-ДПМНЕ и не демантираше ниту една поента од вчерашната прес конференција, реагира Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата прес-конференција ја пренесуваме во продолжение:

Обзнанивме дека Димова, пуленот на Зоран Заев, трошела стотици илјади евра на самопромоција без тендер и доделувала финансии на свои блиски организации. Фрапантно е и дека Димова признава дека од благајната на Националната агенција недостасуваат пари, но таа не се согласува дека се работи за десетици илјади евра без покритие.

Затоа, ја повикуваме Димова да ги прикаже на македонската јавност документите со кои се покажува дека во Агенцијата недостасуваат пари на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на Европската унија. Зошто таа, како одговорно лице, нема покритие зошто недостасуваат овие пари?!

Исто така, помеѓу редовите навреди и лични дисквалификации, Димова не успеа да одговори дали набавила возила во износ од 100.000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби? И дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени од лица блиски на Лидија Димова?

Во меѓувреме, сведоци сме на информации од страна на вработени во Агенцијата кои се жалат на притисоци, мобинг и закани заради изнесените информации во емаил порака која е доставена до сите домашни и странски надлежни институции.

Денес, прашуваме и дали се точни наводите во емаилот дека Националната агенција должи илјадници евра кон приватни и државни организации со кои има потпишано договори за грант? До нас стигнуваат поплаки дека средствата не се исплаќаат, а во исто време се бара и нивен поврат.

Истовремено, прашуваме и дали директорката Димова врши влијание врз надворешни експерти при оценувањето на апликации и финални извештаи, при што фаворизира нејзини блиски организации и лица. Подоцна таа ги ангажира истите како тела за вршење анализа и спроведување обуки за кои исплаќа баснословни суми. Според овие информации, овие обуки се спроведуваат со ресурси на Националната агенција, а темата на обуките е предмет на работа на вработените, за што не мора да се плаќаат дополнителни надоместоци од илјадници евра на нејзините блиски лица.

Во целиот изминат период, Димова се заканува, уценува, отвора дисциплински постапки и неосновано доделува откази на вработени во Националната агенција. Ова, според информациите, е за да ги спречи вработените да не изнесуваат информации за незаконитото раководење на истата. За жал, Димова не може да излезе од матрицата на самобендисаниот квазиинтелектуализам и да сфати дека својата месечна плата ја добива на грбот на нас граѓаните на кои ни должи одговори, а не навреди. Таа очигледно покажува авторитарно, противзаконско и малициозно однесување.

Сепак, до нас пристигнаа информации дека за ова поведение на Димова, информирани се службите на Европската комисија, ОЛАФ како и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

По официјалното признание за незаконско работење во Национална агенција, бараме надлежните институции да покренат соодветна постапка против раководството на Националната агенција. Бараме и неодложна оставка на Лидија Димова!

Мицкоски: Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, а сега делат ваучери од 150 евра поткуп кој не може да го исплатат

После 66 дена рестриктивни мерки во државата имаме полоша здравствена и економска состојба од таа која ја имавме на моменти кога се воведуваа овие мерки. Ова подразбира дека системот не функционира, а владата не ги презема најефикасните методи за заштита на стандардот и здравјето на граѓаните, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Денес нема да зборувам за здравствената состојба тоа ќе го препуштам на стручните лица од таа област. Но ќе говорам за економијата каде добиваме се позагрижувачки податоци. Од она што досега можеме да видиме е дека со првите два пакети на мерки не се помогна на бизнисот. Тие мерки се недоволни. Ненавремено преземени, а сето ова го потврдува  и слабата половична и потпросечна искористеност.

Повеќето средства отидоа кај големи компании додека средните и малите бизниси едвај преживуваат. Што се однесува до третиот пакет на мерки тоа е магла која владата ја сее пред избори. Тие говорат за пари, за средства кои не можат да ги исплатат и истите имаат манипулативна природа. Создаваат надежи кои не се во состојба да ги реализираат и од тука има една тажна но реална порака која секој бизнисмен ја разбира и си има работа со владата на Заев и Спасовски, а тоа е дека вистинска помош нема.

Заеднички за сето ова е дека владата троши пари. Но граѓаните и бизнисот не гледаат никаков бенефит од сето тоа. Парите се потрошија непродуктивно. А, нема ниту една компанија која е задоволна. Ниту еден единствен стопанственик кој објективно ќе го пофали ангажманот на владата. И состојбата не се подобрува, а тоа го говорат и најновите податоци кои ќе ги презентирам денес.

Имено, во текот на вчерашниот ден министерството за финансии го објави практично Извештајот кој што опфаќа реализација на Буџетот во првите 4 месеци т.е. периодот први јануари – 30-ти април, 2020-тата година. Кога се уште ефектите од вирусот Ковид – 19 или Корона пандемијата не се видливи во економијата.

Ќе започнам најпрвин со дефицитот кој што изнесува рекордни ќе потсетам рекордни 200 милиони евра или од прилика нешто повеќе од 12 милијарди денари. Како е тој дистрибуиран по месеци, во месеците јануари 20 милиони, во месеците февруари – март 50 милиони, и рекордни 80 милиони евра во месецот април. Тоа е доволен показател дека владата немала ниту во момент намера да помогне на граѓаните и бизнисот туку единствена цел била поткуп т.е. обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават сето она кое што беше погрешно направено изминативе три години пандемија под раководство на СДСМ  и Зоран Заев.

Само во првите четири месеци оваа влада и ова раководство на СДСМ го зголемија долгот на граѓаните за 1.8% од БДП. Наместо да имаме намалување на јавниот долг ќе имаме зголемување на јавниот долг само во првите четири месеци од 1.8%. Секое семејство го задолжија за од прилика 25.000 денари, само во првите четири месеци од почетокот на годината. А, кога зборуваме за долгот би сакал да потсетам дека обврските кои ги имаме по однос на заемодавателите од минатото, а до крајот на годината треба да се сервисираат во износ од прилика 30 милијарди денари или нешто помалку од 500 милиони евра. А, обврските по однос на планираниот дефицит кој што владата ќе го направи до крајот на годината, почнувајќи од први мај завршувајќи со 31 декември се нешто повеќе од 34 милијарди денари или нешто повеќе од 550 милиони евра што значи дека до крајот на годината се потребни околу 1 милијарда и 50 милиони евра за да бидат сервисирани обврските кон заемодавателите со цел задолжување заради раздолжување и обврските кои што треба да се сервисираат по основ на дефицитот кој што ќе го има буџетот до крајот на годината. Тука не се опфатени првите четири месеци, а дефицитот до крајот на годината е составен како резултат на збирот на планираниот дефицит на почетокот на годината и намалените приходи во буџетот кој што ќе бидат до крајот на годината.

Тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон стопанството и тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон граѓаните. За тоа ќе имаме дополнителен буџетски дефицит. Или до крајот на годината зголемувањето на долгот, на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1.8 во првите четири месеци тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020-тата година без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е некаде околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година.

И третата работа која што сакам денеска да ја споменам и анализирам. Тоа е реализацијата на капиталните инвестиции бидејќи секаде ги гледаме од Владата со полна уста дека зборуваат за робусна и интензивна реализација на капиталните инвестиции тоа, нешто на кое ние како ВМРО-ДПМНЕ на почетокот од пандемијата, на почетокот од кризата силно апелиравме. Но кога станува збор за бројките тие се немилосрдни и го демантираат сето она кое што го зборува оваа лажлива Влада и функционерите кои што се именувани од оваа лажлива Влада.

А, какви се бројките? Во првите 4 месеци од 2020 година, во услови на техничка Влада реализацијата на капиталните инвестиции е околу 13 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината. Во 2019-тата година за истиот период реализацијата на капиталните инвестиции била 11.25 проценти, кога немаме техничка Влада. Да потсетам тоа е период кога исто така имаме изборен циклус, а тоа се претседателските избори. Во 2018-тата година реализацијата на капиталните инвестиции е 14.23 проценти. во 2017-тата година во истиот период, во првите 4 месеци кога исто така имаме техничка Влада, капиталните инвестиции се реализирани со интензитет од 27 проценти во однос на тие што биле планирани на почетокот на годината.

Во 2016-тата година кога исто така имаме техничка Влада капиталните инвестиции се реализирани во износ од отприлика 19 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината. Разликата е евидентна и лагите се распрснуваат како меур од сапуница, а бројките се немилосрдни и ги демантираат лагите на оваа Влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.

Македонија преживува тежок период и со оваа власт нема да биде подобро затоа што не знаат, не умеат и немаат план. Ние сме различни од сето ова кое што е за жал наша денешна сурова македонска реалност. Нам интересот на граѓаните ни е пред и над се. Мора поинаку, мора подобро. На Македонија не и се потребни пакети за лажлив ПР туку вистинска помош на стопанството и оддржлива стратегија. Не и се потребни еднократни ад хок мерки туку сигурност план и стратегија. Ние тој план го имаме и тој план го понудивме на граѓаните, а на следните предвремени парламентарни избори повторно ќе го понудиме. На Македонија и е потребна обнова во секоја пора во ова општество и нова енергија која ќе ги решава вистинските проблеми. Имаме стратегија, а економијата мора да се развива, средствата да се трошат наменски со вистинска цел за развој на нашата држава. Гаранција за сето тоа е обновата која ќе ја започнеме и за која заедно со народот на следните предвремени парламентарни избори ќе ја победиме оваа три годишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.