Арсовски: Време е да заврши шерифското однесување на Вице Заев и Зоран Заев

СДСМ очајно се труди по секоја цена да се постави над законот. Конкретно фамилијата Заеви мислат ја поседуваат целата држава и институциите.

Според дел од медиумите вчера во полициска акција МВР привело неколку луѓе кои го кршеле полицискиот час во Струмица. Инаку лицата се блиски до Зоран и Вице Заеви, а работеле до доцна во ноќта – до полноќ, подготвувајќи пакети брендирани од СДСМ, кои власта ги дели за масовен поткуп на граѓаните.

Ова е вест која што денеска осамна во медиумите.

Шерифското однесување на семејството Заеви кои мислат дека се над законот и дека поседуваат се и секого во државава, стигнало дотаму, да Вице Заев лично отиде во полиција да се заканува врз полицајците и на најшерифски начин да сака да го прикрие случајот.

Епа друже Вице Заев, за жал мораме да те разочараме, заврши тоа време кога можевте да криете и прикривате полициски случаи да не излегуваат во јавност.

Ова најдрско и најшерифско однесување на кршење на законите мора да заврши еднаш – засекогаш. Ништо повеќе не е семејството Заеви од било кој друг граѓанин во Република Македонија кој ги почитува законите на својата држава.

Дополнително, ако некој го прекршил законот ќе одговара и мора да одговара. И бараме сите кои го прекршиле законот вчера и кои што се приведени да одговараат, вклучително да одговара и Вице Заев доколку го прекршил полицискиот час, бидејќи отишол да ги извади оние кои биле приведени и да се обиде да го прикрие случајот. Никој не смее да биде над законите, па ниту блиските на Зоран и Вице Заеви, а ниту самиот брат на поранешниот премиер.

Инаку лицата кои го прекршиле законот и ги подготвувале овие пакети, целата јавност знае дека овие пакети се за масовен поткуп на граѓани кои треба да гласаат на изборите кога и да се одржат. Лицемерите од СДСМ ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните и под превезот на некакви си хуманитарни побуди, вршат масовен изборен поткуп.

Она што е најсмешно и најлицемерно е дека според сведоштвата на луѓе дека во пакетите кои ги дели СДСМ нема ниту еден, ама баш ниту еден македонски производ, сите коишто се ставаат внатре се увозни. Ете толку треба да се знае за лицемерието на СДСМ и на семејството Заеви.

Грубото кршење на законите мора да се санкционира. Заврши времето на шерифување на семејството Заеви.

Новинарско прашање: Генералниот секретар на СДСМ Николоски рече дека за избори приоритет е здравјето на граѓаните, но дека изборите ќе се одржат со заштитна опрема и дистанца меѓу граѓаните, како го толкувате ова, се подготвува ли власта за скорешни избори и ќе прифатите ли изборен процес без разлика кој датум би бил предложен?

Одговор: Малку е контрадикторен генералниот секретар на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не размислува за избори во ваква една здравствена криза на пандемија, во време кога секојдневно броиме мртви од коронавирусот, односно во време кога Република Македонија има една од највисоките стапки на смртност. СДСМ по секоја цена сака да организира избори ете како што гледате се врши масовен поткуп од страна на нивните структури и блиски луѓе до семејството Заеви, се со цел за да може да се лови во матно.

Новинарско прашање:  Дали функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои што се дел од техничката влада ќе се откажат од своите плати како што го направија тоа функционерите на СДСМ?

Одговор: Да, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се откажат во целост од своите плати, но со парите кои ќе ги земат како плати, ќе купат и ќе донираат заштитна опрема за луѓето кои што се борат во првите редови, во оваа пандемија од коронавирус. Очигледно во СДСМ воопшто и не им е гајле за платите затоа што нивните функционери кажуваат дека имаат странични бизниси, како што вчера кажа и самиот си потврди градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов дека тој не живее од плата, туку живее од своите странични бизнис. Она кое што можеме да го видиме во овие моменти е само едно огромно лицемерие од партијата на власт, СДСМ и семејството Заеви, бидејќи во време кога во првите три месеци ја задолжија државата, односно направија дупка во буџетот над 120 милиони евра додека граѓаните и економијата крахираат на економски план, тие со некои ситни и паушални моменти сакаат да придобијат политички поени.

Нелоски: Нина даде налог да се бркаат работници од работа, Светска банка најави рецесија

Нина Ангеловска вчера им даде насока на газдите да бркаат работници од работа. Тоа е рецептот за спас на економијата. Рецепт за пропаст и осиромашување на граѓаните. Откако ја презадолжија државата и оставија товар на идните генерации, сега ги оставаат граѓаните и без леб, реагира Владимир Нелоски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Економијата само ќе тоне, а тоа го најави и Светска банка која прогнозира рецесија.

СДСМ направи дупка во буџетот и безмилосно потроши 120 милиони евра, ќе повторам 120 милиони евра народни пари во првите три месеци од годинава. Ова е буквална кражба. Уште пред да се случи економската криза поради коронавирусот власта потрошила 120 милиони евра повеќе со цел изборна корупција и поткуп на гласачи.

Само за првите три месеци секое македонско семејство е задолжено за 15.000 денари, трендот на задолжување со СДСМ ќе продолжи.

Целокупната буџетска празнина ќе изнесува и над 1.3 милијарди евра, пари кои ќе треба да се обезбедат од нови заеми, а кои нема да бидат вложени во инвестиции и развој, туку единствено само во преживување.

Економијата ќе продолжи да тоне.

Економската слика е уште полоша доколку на тоа го пресметаме падот што ќе го има економијата, а кој вчера го посочи и Светска банка, која најави дека земјава ќе влезе во рецесија. Рецесијата која што ја прогнозира Светска банка ќе оди и до 3.6%.

И додека економијата оди надолу и не генерира никаков раст, СДСМ продолжува да вработува партиски војници, се трошат пари на луксуз, владата нарачува 3 тони кафе и 700 килограми апетисани, што е еквивалент на пола  милион филџани кафе.

Едноставно лудилот наречено СДСМ не престанува да ја урива државата и буквално додека народот гладува тие да се хранат со лешници и бадеми и пијат скапо кафе.

СДСМ буквално тоа го прави. Нема за бизнисот, нема за земјоделците, нема за ниту една категорија граѓани, но затоа има за функционерите од власта и за нивен комотен живот.

Оваа аздисаност со народните пари ќе биде ревидирана и ќе има одговорност за секој потрошен денар.

Стоилковски: Шилегов го втурна Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинско тендерски спреги

Петре Шилегов го втурна Град Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби  со роднинска- тендерска спрега во Дрисла.

Град Скопје и Петре Шилегов мора да одговорат како и зошто заедно со Коста Начевски – директорот на ЈП Дрисла, во 4 очи ја одбираат Алпима ТИМ од Струмица на Александар Пиперевалиев, за да и дадат над 12 милиони денари за изнајмени градежни машини на три месеци?

Пиперевалиев е близок со кланот Заеви и е во роднинска спрега со Генералниот Секретар на Владата, Драги Рашковски. Директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски.

Додека во Македонија фирмите пропаѓаат поради кризата, се стимулираат фирми да отпуштаат работници, оваа братучедско- клановска спрега преку Град Скопје на Петре Шилегов во 4 очи си делат тендери над 12 милиони денари.

Почитувани,

Институциите бегаат од одговор, сакајќи скандалот во оваа вонредна состојба среде епидемија да биде незабележан од јавноста. Срамно и жалосно  е што додека државата мака мачи со здравствените и економски последици, СДСМ во секоја прилика гледа да намести по некој нов тендер.

Податоците се јасни, За само три месеци СДСМ смислено ограбила 120 милиони евра од буџетот, ги дозадолжи граѓаните, само и само за изборен поткуп за изборите кои што се одложија.

Државата тоне во долгови, а тие местат тендери. За ова некој мора да одговара и ќе одговара. Институциите мора да се одважат и да реагираат. Во спротивно, многу набрзо ќе има ревизија на сите тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте нив ги има многу

Арсовски: Славјанка лаже како што и наредил Заев, снимката од теретаната е стара, тоа го потврди истрагата, но и од фитнес центарот

СДСМ фалсификаторска сеуште не се извини за ширењето лажни вести кое што го прави изминатиот период.Истрагата на МВР покажа дека снимката со која манипулира СДСМ фалсификаторска датира од пред повеќе од половина година, а истото тоа го потврдија и до фитнес центарот за кој што станува збор. Свесно лажеа и свесно ја манипулираа македонската јавност со една единствена цел за прибирање на ситни политички поени и дефокус од реалната ситуација која што ни се случуваНаместо СДСМ фалсификаторска да ја пушта свесно да се бламира јавно Славјанка Петровска и да продолжува да лаже како што и наредил нејзиниот шеф Зоран Заев за да им го испере срамот, треба да земат уште веднаш да им се извинат на граѓаните што ги лажеа за снимката која што ја пуштија во јавноста.На лагата и се кратки нозете. Граѓаните веќе гледаат кој ги лаже и манипулира. Штом лажат за една ваква снимка, замислете како лажат за грабежот што и го направија на Република Македонија изминатиот мандат.Прво, најмалку што може да направи во моментот СДСМ фалсификаторска е да се извини на јавноста и на граѓаните и да си го собере срамот, иако таква партија со такви луѓе нема никаков срам. Да имаа срам, одамна ќе беа пензионирани политичари.Второ, какви структури на СДСМ фалсификаторска го следат Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дали тој и неговото семејство се предмет и цел на следење од структури на СДСМ фалсификаторска кои што се закана за нивната безбедност?Ова е класичен хибриден режим во кој граѓаните се предмет на тортура од страна на власта на СДСМ фалсификаторска и Зоран Заев. Одговорност за ова мора да има и ќе има. Бараме одговорност за сите инволвирани и бараме кривична одговорност за сторителите на ова.СДСМ фалсификаторска е непресушен извор на лажни вести за собирање ситни политички поени. Нема ден, а да нема по нова лага што произлегува од нивната кујна . СДСМ фалсификаторска е синоним за лажни вести во Република Македонија .Извинување е најмалку што можат да направат во моментов. Но, граѓаните веќе ја проценија каква фалсфикаторската партија и политика водат СДСМ и верувајте дека граѓаните ќе ги казнат на изборите кога и да се случат.Прашање од Канал 5: И покрај ставот на претседателот на Собранието дека не може да биде свикана седница на парламентот од СДСМ велат дека нивниот став останува непроменет и дека треба да се одржи итна седница на Собранието со аргументи дека е неопходна потврда на одлуката за вонредна состојба, но и поголема контрола над работата на Владата. Дали очекувате власта да посегне по други начин да го свика Собранието и како Вие би реагирале во тој случај?Одговор: Па дали власта ќе посегне по други алтернативни начини да го свика собранието сепак ќе треба да се постави ова прашање до власта од страна на медиумите. Нашиот став останува непроменет дека Собранието не може да се свика и не може да се оди против уставот бидејќи сепак се работи за поранешни пратеници. Тоа веќе го повторивме и неколку пати о нотиравме, но сепак не може да го разбере власта бидејќи е научена константно изминатите години да ги крши законите и Уставот во Република Македонија. Она што е важно во  моментот за ВМРО-ДПМНЕ е фокусот на здравствената кризата која што во моментот ни се случува и нормално закрепнување на економијата во Република Македонија која што беше и онака разурната, но во моментот крахира поради кризата од пандемијата од корона вирусот, но и сепак дополнително за кои што се виновни СДСМ е грабежот од над 120 милиони евра за само 3 месеци од почетокот на годината каде што мислејќи дека ќе има избори за да направат предизборен поткуп на граѓаните ограбија и потрошија над 120 милиони евра и направија една огромна дупка во Буџетот. Така што тоа е фокусот во  моментот на ВМРО-ДПМНЕ, најважни се граѓаните, здравјето и закрепнувањето ан економијата на Република Македонија.

Славески: За 3 месеци е акумулиран нов долг од 120 милиони евра, а капиталните инвестиции се само 8.45 проценти

Денешното обраќање до македонската јавност може да биде насловено како:  Трошење буџетски пари како да ќе нема утре или Зошто владата на Македонија, предводена од СДСМ, предоцна и премалку, засега само на хартија, нуди помош за македонските граѓани и претпријатија во борбата со актуелната тешка економска криза?Или пак прашањето може дополнително да се преформулира како: Зошто Владата на Македонија ја зголемува акцизата на горивата, кога други земји ја намалуваат како антикризна мерка во истиот период?Одговорот на прашањето, почитувани, лежи во податоците за приходите и расходите во државниот буџет за првите три месеци од годинава, објавени во понеделникот од страна на Министерството за финансии. Да потсетиме, во периодот јануари-март 2020 година остварениот буџетски дефицит изнесува 7,4 милијарди денари, што претставува 42,6% од вкупниот планиран дефицит за 2020 година. Ако оваа цифра се стави во однос со БДП за 2020 година според новите, кризни проекции, произлегува дека во првите три месеци од годинава е реализиран буџетски дефицит, т.е. акумулиран нов јавен долг, за над 1% од БДП, или нови 120 милиони евра. Нов долг за секое македонско семејство во просечен износ од 15.000 денари.Почитувани, ова безмилосно трошење на средствата на македонските плаќачи на даноци е невидено во поновата историја на земјата. Да не одиме подалеку, во трите изминати години пред оваа, 2020 година, од кои некои се и изборни години, просекот на остварен буџетски дефицит во првото тримесечје, како разлика меѓу буџетските приходи (или чергата популарно кажано) и буџетските расходи (или нозете), изнесува околу 18% од планираниот дефицит за цела година, наспроти веќе спомнатите 42,4% во тековниов период. Што може да се види од графиконите на панелот. Само во март оваа година, кога бројот на заболени од новиот корона вирус растеше од ден на ден и беше сосема јасно дека е на повидок сериозна економска рецесија, владата потрошила за 50 милиони евра повеќе од остварените приходи, од кои ниту еден денар не е наменет за поддршка на македонските граѓани кои останаа без работа и за македонските претпријатија кои сé помасовно започнаа да ставаат клуч на врата. Значи, средства од близу половина процент од БДП на земјата, се расипнички потрошени за предизборен поткуп, кога светските медиуми ја вбројуваат Македонија како земја која издвоила најмалку средства за борба со последиците од пандемијата предизвикана од новиот корона вирус. Само 0,2% од БДП. Дури и овие средства фирмите ќе почнат да ги користат од наредниот месец, во мај.Цифрите јасно говорат дека безмилосно се трошеле буџетски пари како да ќе нема утре. И тоа во период кога речиси сите земји во светот се дадоа на рационално користење на расположливите фондови за да можат на соодветен начин да ги поддржат своите граѓани и претпријатија во борбата за зачувување на здравјето, животите, работните места и живејачката. Парите отишле во ветер за откуп на гревовите направени во изминатите три години, во надеж дека граѓаните ќе се откажат од намерата да ја казнат власта на претстојните избори за лошото владеење и направените немерливи штети.Се трошело за плати за нови партиски вработувања во преоптоварената јавна администрација,  и за алиментирање на растечките социјални трансфери. Ова повисоко трошење воопшто не е поврзано со последиците од здравствената криза. Загрижува податокот за високиот годишен пораст од дури 18% на ставката „други трансфери“, ставка позади која се кријат сериозни намери за предизборен поткуп на гласачите. До 31 март, последната дата за која се однесуваат податоците, ниту еден денар не беше насочен за борба со последиците од здравствената криза. Ниту еден евро не се одвои за приватниот сектор во текот на овој период на бесполезно задолжување, а мерките за кредитирање на компаниите се  претставуваат со помалку од 1% од бројот на активни претпријатија за 2019 година се околу 76.000 претпријатија.Почитувани,Натамошната анализа на состојбите во државниот буџет во првите три месеци од годината укажува на уште еден поразителен факт, кој стана еден од белезите за бројните промашувања на владата предводена од СДСМ, на економски план. Имено, и во услови на безмилосно трошење буџетски пари во првото тримесечје, процентот на реализација на капиталните расходи од само 8,45% еден од најниските во историјата на независна Македонија, што може да се види на еден од графиконите на панелот. Практиката парите наменети за подобрување на условите за живот на граѓаните да се пренаменуваат за политички поткуп, сега само ја достигнала својата кулминација.Со најновата вест за пренамена на кредитот од Светска банка во износ од околу 50 милиони евра, кој првично беше предвиден за изградба и рехабилитација на локални патишта во земјава, значи за есенцијална инфраструктура која значи живот за голем број наши сограѓани, владата, соочена со празен буџет, од немајкаде, со тие средства, наместо да гради патишта и со тоа да ја стимулира градежната активност, ќе исплаќа средства за плати во претпријатија погодени од кризата. Последиците од ваквиот пристап се економски штетни на краток и на среден рок. Сето ова, почитувани, се прави додека повеќето од земјите веќе развиваат планови за справување со различните сценарија околу исходот на економската криза, а нашата влада се уште тапка во место со реализација на основната помош за граѓаните и претпријатијата.И покрај направените штети, почитувани, сепак не треба да ја губиме надежта. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи напори колку што може повеќе да ја намали штетата од ваквото несовесно и нечесно работење на сегашната влада, и ви ветувам дека ќе ја закрепнеме економијата набрзо по смената на власта на претстојните парламентарни избори.Новинарско прашање од ТВ Сител: Како ја коментирате најновата владина мерка за исплата на минимална плата од 14.500 денари, која е надоградена и пофлексибилна, односно ќе опфати повеќе дејности погодени од корона кризата. Дали оваа мерка ќе биде доволна за помош на фирмите?Одговор: Колку што се сеќавам и колку што следам ова е трето менување на условите за поддршка на претпријатијата за минимална плата во износот на платите погодени од кризата. Како што кажав претходно, на денешниот прес г-ѓа Нина Ангеловска кажа дека средствата се обезбедени или ќе се обезбедат од Светска банка, како што беше кажано на пресот од средства кои што беа наменети за изградба на локални патишта низ Република Македонија. Имено ова е поразително затоа што зборува дека Владата не обезбедила средства за платите за помош на претпријатијата и сега наместо да се градат проектите да се ангажира градежната оператива за тие локални патишта за кои биле обезбедени средства од Светска банка,  средствата се наменуваат за тековни расходи. Тоа е првата негативност. Второ, како што кажав самиот факт  што по трет пат се менуваат условите. Кога ние веќе требаше да имаме на два пати досега алоцирани средства да ги добијат фирмите, наместо да им кажуваме ова се новите услови коишто пак се комплицирани, пак ги збунуваат тие што се заинтересирани. Наместо да дополнуваме средства за поддршка на претпријатијата ние се занимаваме со условите и кажуваме дека средствата ќе почнат да се распределуваат после аплицирањето таму некаде во месец мај, не знаеме ни кога. Повторувам во услови кога земји и од соседството и од Европа и од светот веќе на големо ги поддржуваат претпријатијата кои што беа зафатени со кризата.

Мицкоски: Направен е смислен и организиран грабеж на буџетот, за три месеци потрошиле 120 милиони евра од буџетскиот дефицит за корумпирање избори, економијата е пред колапс

Дозволете најнапред да ја изразам мојата најсериозна загриженост за економската состојба во која се наоѓа Република Македонија. Податоците кои дојдоа до мене и анализите кои ги направивме недвосмислено покажуваат дека веднаш зад здравствената криза, постои многу сериозна и опасна економска криза.И да не се случеше пандемијата со корона, податоците говорат дека македонската економија од неодговорната влада на Спасовски и Заев се туркала кон чист банкрот.Должен сум да ја известам јавноста дека анализите покажуваат дека врз буџетот од страна на Владата е направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари. А, тоа го покажува и реализацијата на буџетот кој што министерството за финансии го објави во текот на вчерашниот ден. Не можам никако поинаку да го оквалификувам ова, затоа што е трошено безмилосно, расипнички и недомаќински. И ова нема никаква врска со политика, за ова што денес го говорам постојат конкретни бројки кои денес ќе ги споделам со македонската јавност, а кои секој граѓанин треба да ги разгледа за да ја сфати штетата која и е направена на државата.Извршен е буквално смислен грабеж на економијата во првите три месеци од годината со цел да се покријат изборите кои требаше да се случат, кога се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра, потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, додека нас не убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден.  Или со други зборови го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек само од почетокот на годината заклучно со крајот на месецот март.Оваа состојба денес надополнета со корона кризата е уште полоша. Да одиме со ред.Под број еден. Во првите три месеци, јануари, февруари и март од 2020 година владата на Зоран Заев и СДСМ изврши практично грабеж на буџетот и со тоа свесно ја турна Македонија во кризна состојба и подредена положба. Кога беше јасно дека пандемијата со Ковид-19 вирусот ќе ја зафати Македонија, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ играјќи all in со буџетот, нашата заедничка иднина, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ мотивирани од лукративни мотиви и желбата по било која цена да се обиде да оствари подобар резултат на предвремените парламентарни избори потроши за еден квартал речиси половина од буџетскиот дефицит планиран за цела фискална 2020 година. И тоа за периодот од 1-ви јануари до 31 март во 2017 година потрошени се околу 19% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто повеќе од 21% од планираните капитални инвестиции. Повторувам за истиот период 2017-тата година потрошени се  19% од тогаш планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 21% од тогаш планираните капитални инвестиции. За истиот тој период пак во 2018 година потрошени се околу 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од планираните капитални инвестиции. Во 2018 година за истиот тој период потрошени се 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од тогаш планираните капитални инвестиции. Во 2019 година, исто така изборна година, беа претседателски избори, во истиот период во првите три месеци 01.01 до 31.03  потрошени се нешто над 18% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 7% од планираните капитални инвестиции. Доаѓаме до 2020 година, месеци јануари, февруари, март, период 01.01 заклучно со 31.03, Зоран Заев и СДСМ практично реализираат смислен грабеж трошејќи нешто помалку од 43% од буџетскиот дефицит, а притоа реализирале околу 8,5% од планираните капитални инвестиции. (Слика 1).Слика 1 Замислете во исто така изборна година 2019-та буџетскиот дефицит во првите три месеци, односно тоа се средства помалку собрани од буџетот, отколку потрошени, во периодот јануари, февруари и март, изнесува нешто над 18% , а за истиот тој период во 202 година Зоран Заев и ова раководство на СДСМ водејќи се исклучиво од лукративни мотиви , а со цел да постигнат подобар резултат на предвремените парламентарни избори во услови кога низ светот владее пандемија со Ковид – 19 вирусот извршуваат грабеж на народните пари во буџетот и трошат 43% од буџетскиот дефицит. Односно да бидам попрецизен во првите три месеци СДСМ и владата на Зоран Заев потрошиле 120 милиони евра, народни пари, повеќе отколку што за тој период собрале во Буџетот.Ако се анализираат трите години наназад 2019,2018 и 2017 ќе може да се забележи дека тој буџетски дефицит во првите три месеци се движи помеѓу 50 и 57 ипол милиони евра. За два ипол пати повеќе е направен грабеж од страна на СДСМ и Зоран Заев на народните пари преку буџетот на Република Македонија, а со една цел обид за поткуп и постигнување подобар резултат на предвремените парламентарни избори кои што требаше да се случат на 12-ти април оваа година.Само во месец март буџетскиот дефицит во 2020 година потрошиле 50 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот. Ако тоа се спореди со месец март во 2019-тата година кога потрошиле 7 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот преставува фантастична бројка од 7 пати повеќе.  Или пак ако тоа се спореди со 2018-тата година истиот тој месец март буџетот имал суфицит од 2.65 милиони евра. Или повеќе имало во буџетот собрано отколку што се потрошиле за  истиот тој период. Или пак ако анализираме 2017-тата година и месец март тогаш можеме да заклучиме дека во буџетот има суфицит од 2 милиони евра или повеќе биле собрани 2 милиони евра отколку што биле потрошени. Оваа година обидувајќи се да направат масовен поткуп вршат грабеж и трошат само во месец март 50 милиони евра повеќе народни пари, ваши пари од тоа што го собрале во буџетот. А, за целиот период од јануари до месец март цели 120 милиони евра, со што од почетокот на годината го задолжија секое македонско семејство со дополнителни 15.000 денари.  (Слика 2).Слика 2Број 2. Уште една лага на Зоран Заев и СДСМ заврши неславно, имено во првите три месеци од фискалната година од буџетската сметка беа сервисирани задолжувања во вредност од околу 308 милиони евра и тоа, 170 милиони евра долг кон доверители од странство, 18 милиони евра долг кон доверители од Македонија, а дополнителни 120 милиони евра кои што ги споменавме беше сервисирање на буџетскиот дефицит, односно за толку помалку собраа од тоа што потрошија во првите три месеци. Зоран Заев ја убедуваше македонската јавност дека долговите ќе ги сервисира со средства кои ќе ги позајми од странски доверители. Ние тогаш велевме дека е потребно ликвидноста да се бара дома, да се ослободат благајничките записи, да се запишат државни обврзници, државни хартии од вредност. Но тогаш тоа беше грубо одбиена и надмено би рекол одбиено од страна на владата на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но каква е реалноста овие 308 милиони евра, 98% се сервисирани од обврски направени и задолжувања заради раздолжување кое што е реализирано на домашниот пазар. А, само 2% се средства кои што се обезбедени како странски заеми. Повторувам и покрај тоа што ја убедуваше македонската јавност, и покрај тоа што примитивно надмено ги одбиваше понудите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и препораките дека треба парите да се бараат на домашниот пазар, тој ни велеше дека ќе барал пари надвор од Македонија. Но додека ни велеше дека ќе бара пари надвор од Македонија безмилосно ја задолжуваше Македонија токму внатре и 98% од задолжувањето поради раздолжување го направи во македонскиот домашен пазар. А, само 2% се средства обезбедени како странски заем.Трета работа која што сакам да ја истакнам. Во првите три месеци полнењето на буџетот е нешто над 20%. Доколку дојде до смирување на пандемијата и постепено нормализирање на економската активност на компаниите со сигурност може да се очекува реализација на сценариото 1 кое го најави ресорниот министер на прес конференција одржана на 1 април кога кажа дека ќе недостасуваат околу 20% од планираното или околу 700 милиони евра повеќе од планираниот буџетски дефицит. Доколку на ова се додадат околу 514 милиони евра планирано задолжување поради раздолжување и тоа 246,5 милиони евра домашен долг и 267,7 милиони евра надворешен долг и доколку на ова се искалкулира планираниот буџетски дефицит за до крајот на годината во износ од околу 162 милиони евра, доаѓаме до бројка од 1 милијарда 376,2 милиони евра кои е потребно буџетот да ги обезбеди од задолжување, доколку не се случи некое подраматично и поголемо кратење на расходната страна кои што гледаме дека не се случува. Овие средства се доволни само за покривање на стари долгови и буџетскиот дефицит без некоја посериозна поддршка на компаниите. При намалување на бруто домашниот производ од 4% колку што предвидуваше ММФ и дополнителните задолжување поради сервисирање на буџетскиот дефицит без посериозно намалување на расходната страна, неминовно ќе доведе до зголемување на јавниот долг. Повторувам задолжување поради покривање на дупката во буџетот и буџетскиот дефицит без било какво посериозно задолжување, а со цел поддршка на реалниот сектор и на македонската економија. Неминовно ќе дојде до зголемување на јавниот долг во однос на БДП ако се има во предвид и предвидувањето на ММФ  дека македонската економија во оваа 2020 година ќе ја заврши со стапка од 4% намалување.Почитувани,Ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев може да понуди само три работи. Првата работа овој обид за поткуп кој што го правеа изминатиов период, а кој што кулминираше со првите три месеци од 2020 година надевајќи се дека на тој начин граѓаните во нашата држава ќе го заборават сето она понижување, сиот оној срам, криминал и корупција изминативе три години кои што ги предводеше СДСМ и Зоран Заев. Е, на тој начин мислеа дека ќе ја купат поддршката на вас, на македонските граѓани. Втората работа, која што ќе ја понудат и која што ја нудат е Луј Витон обвинителството и трас – трас судството преку закани и уцени и да се добие глас повеќе, преку закани и уцени да се отргне гласач повеќе кој што го чувствуваат дека ќе го даде глас за опозицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ. И третата работа која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев може да ви ја понудат е грабеж, грабеж онаков каков што беше прикажан на денешната прес конференција.Ја користам оваа прилика, да ве убедам дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со десетици бил рекол стотици експерти од земјава и странство работат на изготвување на сериозен план кој што ќе ја врати Македонија повторно на победничките патеки.Бидете спокојни и верувајте дека ВМРО-ДПМНЕ како зрела и државотворна политичка партија има еден приоритет, а тоа е како да се спаси Македонија. Македонија може да се спаси, ако се спасат повеќе човечки животи, ако се спаси економијата во државата и да се донесе благосостојба во целата држава.