Арсовски: Воено профитерство во време на криза – Хуманоста на Владата граѓаните ја плаќаат стотици евра

Денес Владата преку официјално соопштение објави приватни разговори помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Ова денеска што граѓаните можеа да го прочитаат во медиумите е обид за амнестија на Владата за целиот сомнеж за криминал кој го прави, пропратен со лажни грижи за граѓаните. Нема хуманитарна акција каде што граѓаните сами си плаќаат.

Незаконското објавување на приватни разговори самото по себе повлекува одговорност пред судовите, но еве јавно изјавуваме да не се вознемирува дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да го тужи Драги Рашковски за изнесените разговори во јавност, затоа што добро е граѓаните да знаат дека ние сме единствените кои сме против сомневањата за криминалот и авантата на Владата на Заев и Рашковски и печалењето пари на грбот на граѓаните кои се враќаат во својата татковина.

Она кое што сакаме да го потенцираме во јавноста од изнесените пораки е дека постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство, дури и во кризни моменти кога се работи за здравјето и безбедноста на нашите граѓани кои се враќаат од секаде од светот во Република Макединија.

И да, мораме јавно да потврдиме, секогаш кога ќе има сериозни сомнежи за криминал од страна на Владата, бидејќи се работи за граѓаните и државата, ќе вршиме притисок во рамките на можностите да не се врши грабеж на маката на граѓаните.

Изминативе 2 дена имаше стотици сведоштва од граѓани докази кои се вратиле во државава со превоз организиран од Владата, кој се нарекува хуманитарен од страна на владата а не е хуманитарен бидејќи граѓаните сами си го плаќаат превозот и враќањето во државата, сите сведоштва, дел од нив и јавни лица од јавниот живот познати на целата држава кои сведочеа за нечовечките услови со кои се третираат граѓаните на патот од аеродром или од граница до карантин.

Со часови чекаат во автобуси, никој не ги пушта во тоалет, не им се носи храна и вода.

Други сведоштва велат дека на патниците им било кажувано дека превозот ќе чини многу помалку од што им се наплатил, а им се наплатил многу повеќе од што им било кажано 100тина евра повеќе, по што дел од патниците јавно се побунија на социјалните медиуми.

Почитувани,

Еден ден се ќе излезе на виделина. И криминалот на маката на граѓаните и авантите кои се земаат со одредени фирми и се што трпат граѓаните на нивниот грб.

Тогаш ќе мора да се сноси одговорност, а тоа ќе биде многу набрзо кога канџите ќе бидат тргнати од институциите кои што треба да донесат правда во Република Македонија.

Мисајловски: Остануваме блиски во комуникација со народот, испратете ги вашите проблеми заеднички да доаѓаме до решенија, затоа што ја сакаме Македонија

На прагот сме на најголемата криза до сега, здравствена и економска.

Народот со право е загрижен затоа што кризата значи загрозено здравје, помалку пари во џебовите, несигурност и неизвесност.

Државата постои за граѓаните, и таа нејзина улога не смее да се заборави.

Тука сме да разговараме и помагаме, да доаѓаме до решенија за сите работи кои го мачат обичниот човек. А тоа го правиме меѓудругото зошто мора да ја смениме и сликата за политичарите во Македонија, а народот да знае дека тука сме да си помагаме еден со друг.

Во вакви времиња на криза и кога останувањето во домовите е една од најважните препораки на експертите за здравје, народот мора да биде слушнат, а за нас како партија блискоста со народот ни е исклучително важна.

Затоа од утре почнуваме со иницијатива “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”. Иницијатива преку која овозможуваме контакт со граѓаните, каде ќе може преку електронска пошта, која ќе биде официјално достапна да ни праќаат проблеми, нивни мислења и нивни предлози. Сите иницијативни што ќе пристигнат внимателно ќе ги разгледаме, анализираме со комисиите и експертите и ќе понудиме решенија пред институциите со можност да бидат имплементирани.

Имаме сериозни предизвици во однос на здравствената заштита, во однос на економијата особено малото стопанство, сериозни проблеми во земјоделието, општините. Повикот е отворена врата и подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја која сакаат да се имплементира. Сега е време да им помогнеме на вистинските херои кои секојдневно се на првата линија во борбата со вирусот. Да им одадеме сите почит на здравствените работници, докторите, полицијата, армијата, медиумските работници и новинарите, комуналните работници, администрацијата, продавачите и продавачките во маркетите и низ пазарите, земјоделците, транспортерите, фармацевтите и сите останати што макотрпно помагаат и работат. Ајде сите заедно да помогнеме со мерки и предлози и на угостителите, малите и средни претпријатија, културните работници, турустичките работници, занаетчиите, на невработените лица и на сите останати кои имаат потешкотии во својата работа и егзистенција. Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност.

Тука сме да помогнеме. Не е време за пресметки, време е за работа и одлучност. Мора и владата да покаже зрелост. Од она што ќе го покаже наредните неколку недели, ќе зависи иднина што ќе ја обезбедиме. Ние сме со народот. Уште еднаш ќе повторам тука сме да помогнеме, затоа што ја сакаме Македонија и затоа што треба сите заедно да победиме.

Стојаноска: Од заразените во Македонија 12 проценти се лекари и тоа поради несоодветна заштита

Комисијата  за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, поради ситуацијата со корона вирусот, е во постојано заседавање.

За жал, дојдовме до една неповолна статистика за Македонија. Државава е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот, по број на жители.

Пред нас е само Хрватска или таму има 102 заразени на милион жители, потоа следи Македонија со 88 заразени на милион жители. На третото место е Црна Гора со 83 заразени на милион жители, на четврто е Грција со 71 заразен на милион жители, на петто е Албанија со 55 заразени на милион жители. По ова следат Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Турција.

Од заразените во Македонија, 12 проценти се лекари, и тоа поради несоодветна заштита.

Проекциите и прогресијата на ширење на вирусот покажуваат трендови кои се загрижувачки. Очекувањата се такви, што секој мора да постапува, за да се заштити себеси, да ги заштити своите блиски и секако јавното здравје, односно здравјето на сите граѓани.

Оттука предлагаме:

Прво, сите здравствени работници да имаат доволна количина на заштитни материјали.

Второ, да се подготви Бел план за здравствените институции во земјава, за да се подготват за најлошото сценарио. Овој План значи зголемување на капацитетите и разработено сценарио при ескалација на состојбата.

Трето, масовно тестирање на ризични групи, на повратниците од дијаспората, тестирање на младите преку тестирање на репрезентативен примерок од оваа група, редовно тестирање и планска заштита на лекарите и здравствените работници.

Четврто, организирање на карантини со соодветни услови.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за сите медицински и здравствени лица.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита.

Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на медицинските лица. Мора да се обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!