Македонија 24

Прва македонска интернет телевизија

Кирков: Катастрофални услови во зоолошката градина во Битола

Власта се однесува нехумано со животните. Спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, животни се измачуваат и живеат во нехумани услови во државни установи, изјави на денешната прес-конференција, Стефан Кирков, од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие слики кои ги гледате зад мене се направени пред само неколку дена во зоолошката градина во Битола, од нив може да се види дека животните се сместени во нехумани услови. Дел од животните подлежат на тортура, тоа можеме да го видиме од фотографиите, од кои се гледа дека дел од нив се гладни, ранети, без едно око или со оштетено крзно речиси без никаква нега. Лошите услови се фактичка состојба подолг период наназад. Три години апсолутно ништо не е направено во оваа институција Зоолошка градина Битола. Ситуацијата е дотолку катастрофална затоа што битолската зоолошка градина е полна со животни од скопската зоолошка градина, кои откако ќе бидат испратени таму подлежат на тортура и измачување. За измачувањето на животните од скопската зоолошка градина треба да понесе и директорот Ѓорѓи Галетановски, кој свесно дозволува престој на животните од скопската зоолошка градина во Битола, а притоа знаејќи ги условите во кои се наоѓа битолската зоолошка градина. Условите во ЗОО Битола се под сите стандарди. Оваа зоолошка градина не смее да продолжи со работа. Власта веднаш да ја затвори и да не се дозволи понатамошна тортура на животните, истакна Кирков.

Ги повикуваме сите друштва за заштита на животни заедно со нас да покренеме меѓународно внимание за ова установа и да иницираме веднаш оваа установа да се затвори а животните да се дислоцираат низ европските зоолошки градини каде ќе имаат пристоен живот. Ние ќе испратиме и повик до ОАЗА тоа е светската организација за зоолошки и аквариуми, нивни претставници да дојдат дирекно во Битола за утврдување на состојбата и ќе побараме истата да се затвори но да има и одговорност. Одговорност мора да има, додаде тој.

Мицкоски: Со Фондацијата „Конрад Аденауер“ работиме на идните политики и пренесуваме искуства на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Членови на извршниот комитет на партијата, членови на останатите структури на ВМРО-ДПМНЕ заедно со фондацијата Конрад Аденауер овие два дена ќе разговараат за предизвиците кој што се пред нас после 12 април, ќе разговараат и за она што не очекува и пред 12 април, практично е поврзано со предизборната кампања, изборната кампања и така натаму, посочува Христијан Мицкоски.

-За политиките во иднина кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ги рефлектира според современите текови на конзервативните центар десни политички партии, не само од национален карактер туку и сето она што е поврзано со тие центар десни конзервативни политики. Тука пред се мислам на економијата политиките од реалниот живот пред се тука мислам на политиките кои што подразбираат и поинаков пристап надвор од кутијата што би рекле, пристап на работите. Ценам дека ќе биде исклучително значајно ќе биде добро искуство за членовите на Извршниот комитет на партијата ова е дел од низата тренинзи кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ изминативе месеци и изминатава година и со фондацијата Конрад Аденауер но и со други фондации за нас ова е од исклучително значење големо искуство и се надеваме дека сето она што е извадено како заклучок ќе прерасне во политика на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, рече тој.

На новинарско прашање за мислење околу синоќешниот дуел, Мицкоски одговори: Не би било пристојно јас да давам оценка тоа го кажав и на дуелот ќе оставам граѓаните да судат едноставно се забавував кога зборував со господинот Зоран Заев.

Арсовски: Зоран Заев е еден истрошен и исплашен политичар кој треба да одговара за стореното

На вчерашниот ТВ дуел кај Зоран Заев се виде еден истрошен и исплашен политичар кој треба да одговара за стореното и знае дека ќе одговара. Вчера видовме блед и дезориентиран политичар со истрошени тези и немање концепт и програма, човек кој е на крајот на својата политичка кариера и човек кој се служи со лаги, манипулирања и човек без чест и достоинство кој воопшто нема проблем да излаже само за да не се дознае вистината, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистината вчера за многу работи излезе на виделина и тоа директно од устата на Зоран Заев. Тој и самиот не верува дека ќе победи на изборите, па затоа побара вчера и техничка влада за по изборите, нешто што е невозможно. Никој нема да го спаси и амнестира Зоран Заев од криминалот што го сторил изминатите години. Заев е човек кој лаже и за среќа на граѓаните никогаш повеќе нема да имаат потреба да го видат и чујат после 12 април бидејќи доаѓа Обнова на Македонија. Заев е човекот кој заедно со СДСМ ја уништи и ја разнебити целата држава и ги разнебити клучните сегменти како економија, правосудство, образование, здравство, инфраструктура. Почитувани СДСМ изминативе години ги разочара граѓаните. Вчера Заев призна дека преку телефон го ослободил судството, истото судство за кое се обиде целата јавност да ја излаже дека таткото на неговиот најблизок соработник Маричиќ е во пензија, за подоцна да признае дека е виш јавен обвинител. Заев го замени Сваровски судството со Луј Витон судство, истакна тој.

Арсовски порачува дека Заев е човекот кој протестираше против своите Рената Дескоска, сопругата на Маричиќ, таткото на Бојан Маричиќ.

-Заев е човекот кој додека шири лажен морал се вози во тоа М. Заев е човекот кој наместо бројчаникот и да врати пари кај граѓаните, истите ти пари на граѓаните завршија во џебовите на неговите пајташи. Никогаш не им било полошо на граѓаните во Република Македонија. Замислете, вчера Зоран Заев не се сеќаваше дали потпишал записник за пријавата за Рекет, а само неколку пати пред тоа има кажано дека пријавил за случајот по телефон, па усно, а и самата Вилма има кажано дека нема записник. Вчера повторно излажа. Лага до лага, затоа што треба да се испере улогата на Заеви во случајот Рекет. Зоран Заев се обидува да зборува за економија и енергетика, а доаѓа од партија која мисли само и единствено на бонбона бизнис, криминал во ТЕ-ТО и негово потесно семејство кое крадело струја во минатото. Толку е од познавањата на Зоран Заев за енергетиката. Сламката за спас овој пат на Зоран Заев е коалицијата со БЕСА, но за жал и таму во тој електорат е прочитана книга, бидејќи и албанците знаат дека само ги лаже и дека нема ни К од канализација во Арачиново и ниту еден вработен пилот од оние 300 кои ги вети. Затоа овојпат кога беше во Арачиново на посета кај граѓаните само 15 луѓе му дојдоа на средбата, посочи тој.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ и Заев водат капитулантска политика.

-На следните избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е единствената македонска политичка партија во Република Македонија која ќе настапи на изборите и затоа ги повикуваме и македонците и сите граѓани од останатите етнички заедници во Република Македонија, да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат против Зоран Заев и СДСМ и конечно да му го покажеме местото на криминалот на Заев и СДСМ каде треба да се наоѓа. Да не дозволат да бидат изманипулирани уште еднаш од Зоран Заев и СДСМ. За крај и вчера и денес да повториме уште еднаш, да му порачаме уште еднаш на Зоран Заев после 12 април нема да има “трас трас без Заев не се може судство” и уште еднаш му порачуваме на Зоран Заев и СДСМ дека ќе одговара и он и сите околу него за целиот криминал кој што го направиле изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април и Христијан Мицкоски Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е иден Премиер на Република Македонија, тоа и вчера граѓаните го проценија на ТВ Дуелот, а верувајте после 12 април следува Обнова на Македонија, посочи тој.

Томовски: Власта да одговори која фирма ќе го добие 19 милионскиот тендер во РЕК Битола

СДСМ забрзано турка криминал од 19 милиони евра во РЕК Битола, со тендерот за набавка на помошна механизација. Власта изврши низа законски прекршувања во постапката за јавна набавка за помошна механизација за потребите на РЕК Битола. Имено на 24.01.2020 година, на неполни 7 дена пред истекот на рокот за поднесување понуди, врши промена во тендерската документација, спротивно на закон и без продолжување на рокот за поднесување на понуди, изјави денеска Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„СДСМ го штелува и мести тендерот. Очигледно е дека извршените промени се со цел учество на јавно надавање да се ограничи на однапред определен број на фирми. Овој криминал во обид бил воочен од фирмите кои не се во шема со власта и истите го обжалиле процесот на јавна набавка до Државната комисија за жалби по јавни набавки.“

Томовски бара Заев и Ковачевски да одговорат:

1. Која е фирмата за која се крои 19 милионски бонбона бизнис во ек на кампања!?

2. Дали се брза да се додели тендер со цел испумпување на пари на сметка на фирми блиски до СДСМ за финансирање на кампањата!?

-До нас пристигнаа сериозни непотврдени информации дека се врши притисок врз членовите на Државната комисија за жалби по јавните набавки за отфрлање на жалбата на тендерот со цел да се обезбедат црни пари за кампања на СДСМ. Апелираме до Државната комисија за жалби по јавните набавки и АД ЕЛЕМ да не си играат со законите и за партиски цели да прават кривично дело. Одговорност за секој криминал ќе има, подвлече Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновска: Филипче со своите изјави создава само паника меѓу граѓаните

Ситуацијата со корона вирусот му излегува од контрола на министерот за здравство, Венко Филипче. Наместо смирување на населението и превенција, Филипче со своите изјави создава само несигурност и паника меѓу граѓаните. Остануваат многу дилеми меѓу населението, а Филипче не прави ништо по тоа прашање, изјави на прес конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ која запраша:

„Министре, нејасно е зошто се обидувате да релативизирате, наместо уште при првата појава на вирусот во Кина, да се подготвите сериозно и да се организирате, како што тоа го прават сите останати држави? Филипче вели дека има основи материјали, како маски, средства за дезинфекција, но сите луѓе се жалат. Овие основни работи како средства за дезинфекција на раце и соодветни маски кои треба да ги има вообичаено во и пред секоја здравствена установа и кои тој е лично должен да ги обезбеди, ги нема ниту сега?! Зошто министре? Зошто велите дека има, кога нема?“

-Зошто не се грижите да се набават овие основни средства да ги имаат сите од примарното здравство, матичните лекари па се до терциерното здравство, и болниците? Зошто сите лица кои работат на граничните премини немаат опрема за заштита? Како ќе се спроведува дезинфекцијата на јавните места како здравствени установи, јавен градски превоз и слично? Имате ли министре, евиденција колку лица влегле во државава од најзафатените подрачја со корона вирус преку граничните премини и аеродромите и зошто немате контрола на истите? Има уште многу прашања, но да почнеме од она што требаше да се знае и да биде уште одамна организирано, потенцираше Андоновска која подвлече:

„Да имаше контрола на границите сега ќе немаше толку страв и паника кај граѓаните, а надлежните ќе имаа помалку работа. Превенцијата е и поевтина, од лечењето! Одговори и одговорност треба да има зошто немало контрола на границата, и за тоа одговорен е токму министерот Филипче! Филипче потфрли со организација! На сета неорганизираност ќе се стави крај на 12-ти април.“

Стојаноска: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Почитувани,
Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко
Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос.
Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација
на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е
загрозено здравјето на граѓаните.
Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче
не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за
инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој
говори дали има контрола на граничните премини или не.
Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа „сама заминала
на Клиниката“, потоа кажаа „беше спроведена до Клиниката“, за да на последниот
прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека „не кажала
на граница дека е болна“?!
Загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита
меѓу кои и маски. Но, наместо да овозможи достапност на маските, цените се
енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција. Зарем и во ваква ситуација
профитерството е приоритет?!
Во целата ситуација, Владата покажува слабост и во делот на карантините.
Едноставно нема соодветни капацитети за спроведување карантин за да се одговори
на ситуацијата!
Подготвени сме да им помогнеме, им стоиме на располагање за помош.
Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е
навремена и соодветна здравствена услуга!

Стојаноски: На Филипче му оди со тендерите, ама не и да ги заштити граѓаните од корона вирусот

Корона вирусот е за жал реалност и речиси е пред вратите на Република Македонија. Прашуваме зошто, наместо целата енергија на министерството за здравство и министерот Филипче да биде фокусирана кон препораките на СЗО за справување со актуелната ситуација, се доцни дури и со основната организација на неопходно потребните минимални просторни и кадровски капацитети. Од друга страна ќе потсетиме, дека многу пати јасно се покажа како во текот на мандатот на актуелниот министер за здравство и оваа влада одлично и навремено функционираше на делењето, договарањето и реализацијата на сомнителни тендери, изјави на прес конференција Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Дали господинот Филипче и покрај премногу пропусти и грешки во својот мандат во секторот здравство до сега, кои на одреден начин влијаеле повеќе или помалку врз квалитетот на здравствената услуга што ја добиваат и заслужуваат граѓаните сега конечно ќе се почувствува повикан. Прашуваме во овие критични моменти кога Корона вирусот е веќе регистриран во нашето најблиско опкружување, кој ќе ја понесе одговорноста за последниот пропуст во организацијата на расположливите капацитети за справување со потенцијално кризна состојба од ваков вид и вакви размери. Дали со ваквиот лежерен пристап сериозно се загрозува здравјето на граѓаните на Република Македонија? За што всушност станува збор? Имено министерот тврди дека сме подготвени и дека се било организирано?!“

Стојаноски запраша што е тоа што е организирано?

1) Нема основни средства за хигиена во училиштата.

2) Патници од авион кој што слета на скопскиот аеродромот од кризното подрачје во Италија с поминаа без никаква контрола!

3) Дали некој воопшто ги евидентираше и контролираше овие патници во периодот на инкубација на вирусот?

4) Со колку респиратори располагаме во моментов? Колку од истите се функционални? Дали имате доволно адекватно обучен персонал за потенцијални критични случаи или за предвидениот карантин?

-Дали е функционална собата со негативен притисок и колкав е нејзиниот капацитет? Дали забранивте или ограничивте патување кон и од кризните жаришта? Дали патниците од кризните жаришта ги изолирате во карантин за периодот на инкубација на вирусот? Има ли доволно маски за здравствениот персонал кој ќе биде на првата линија на удар доколку се појави вирусот и кај нас? Има ли воопшто доволно маски за граѓаните на Република Македонија? Постои ли воопшто контрола на патниците, министре? Имате ли посебен режим за оние лица кои што доаѓаат од кризните подрачја? Што е со оние лица кои што влегуваат со возила во државата? За каква тоа организираност зборуваме?, потенцираше Стојаноски и посочи:

„Македонија во моментов не успева да задоволи еден од основните минимални услови кои ги препорачува Светската здравствена организација, а тоа е одржувањето на основната хигиена! Треба итна организација за ефективно да се одговори на сите препораки на Светската здравствена организација. Ова требаше да биде готово не утре, не денес, туку уште вчера. Власта носи бенефиции, но со себе носи и одговорност. Сега ни преостанува само единствена опција, да ви помогнеме во организирањето на мерките за превенција и справување со потенцијалната криза, а потоа да се понесете одговорност! Доаѓа 12-ти април и граѓаните ќе се уверат што значи навремена и квалитетна здравствена услуга!“

Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО

Зоран Заев три години владее криминално и деспотски во Република Македонија. Тој е главата на октоподот, кој штелува обвиненија, диктира пресуди и мести милионски тендери во исто време. Заев нарачува, Врховен извршува, а Катица Јанева е запознаена за се. Сите чувме како без Заев не може да помине одлука на Врховен суд. Како без Заев, Катица ништо не правела, како без Заев судскиот систем не може да одлучува самостојно, изјави на прес конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски кој додаде:

„Аудио снимката пуштена во јавност е доказ дека во изминативе три години во Македонија нема поделба на власта на извршна, законодавна и судска. Имало еден човек кој бил се, тоа е Зоран Заев, главата на октоподот, шефот на мафијата во Република Македонија. Ова не е европска иднина. Ова е само еден од редицата случаи во кои Заев директно се вмешал. За други случаи како што вели и тој самиот судиите кои ги притискал веќе знаат како размислува и носеле одлуки по негов терк и без да прашаат.“

-Ова е причината поради која угледниот магазин ЕКОНОМИСТ ја прогласи Република Македонија под Заев за хибриден режим. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да запрат. Македонија нема повеќе време за губење. Ве повикуваме сите граѓани на Република Македонија, кои не сакате криминалот да продолжи да царува да ни се приклучите на протестниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот кој започнува од пред ЈО на платото на МОБ, до Врховниот суд на Република Македонија, потенцираше Ѓорѓиевски.

Јанушев: Денес граѓаните видоа како Заев командува целокупниот правосуден систем

Продолжуваме со посетите за обнова на Македонија, денеска сме во посета на Кочани и кочанско. Ги посетивме населените места Тркање, Грдовци и Бели.

Разговаравме со населението во овие села, и она што можам да го споделам со целокупната македонска јавност е дека на народот му е едноставно преку глава од сите овие работи кои што се случуваат во последните 3 ипол години.

Впрочем имавме и денеска да видиме можност една снимка каде што главата на рекетот, главата на оваа криминално рекетарска банда Зоран Заев како го командува целокупниот правосуден систем.

Народот повеќе ова нема да го трпи и на 12-ти април обновата доаѓа. Обновата доаѓа после 12-ти април со сите они проекти кои ги најавивме, доаѓа преку зголемувањето на платите, преку пензиите, намалувањето на даноците, намалувањето на невработеноста за под 10%, инвестициите во инфраструктурата, во новите автопатишта, во експресните патишта, инвестициите за подобра животна средина и намалувањето на загадувањето.

Народот знае дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува, тоа и го исполнува. Затоа на 12-ти април да ја донесеме обновата во Република Македонија.

Мисајловски: Вистината излезе на виделина, Заев си договарал да биде деспот на Македонија

Денеска имавме убава можност да бидеме тука во Ѓорче Петров да разговараме со граѓаните да продолжиме со нашиот проект, нашиот концепт, а тоа е „Обнова на Македонија“.

Разговараме за она што ние го нудиме во новата програма, дел од проектите да ги спомнеме, но и секако се разбира да разговараме со граѓаните и да ги слушнеме нивните маки, нивните критики но и нивните очекувања за наредниот период.

ВМРО-ДПМНЕ е македонска партија и ние тоа гордо го кажуваме, ние не сме како Зоран Заев и неговата партија да се срамиме да кажеме дека сме македонска партија.
Во ВМРО-ДПМНЕ вратата е отворена за сите. Ние ќе се избориме за македонскиот интерес, ние ќе се бориме за македонштината. Ние сме ВМРО-ДПМНЕ, ние сме брендот за проекти, ние сме брендот за економија, ние сме оние што ќе ја донесеме обновата на Македонија.

Затоа овие средби ни даваат енергија, ни даваат стимул да продолжиме по нашиот пат. Она е тој патот со граѓаните заедно да успееме на 12-ти април да победиме сите заеднички и почне навистина обнова на Македонија.

Можевме денеска да слушнеме како Зоран Заев си договара пресуди, си договара обвиненија, си договарал да биде деспот во оваа држава. Насекаде да договара свои потреби само со една цел за да он да биде деспотот во Македонија и да направи хаос во општеството.

Граѓаните тоа не смеат да го дозволат, затоа како што сите велат вистината мора да излезе, вистината веќе секој граѓанин ја знае. Затоа ние од тука од Ѓорче Петров може слободно да кажеме и да го повикаме македонскиот народ да ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за да започне обнова на Македонија. Бидејќи македонскиот народ тоа го очекува и тоа му треба.

Експлодира аудио бомба за мафијата:”Договорено е паѓаат случаите, Катица знае, Врховен суд ќе донесе одлука, без Заев не се може”

Пратеникот Антонио Милошоски денес од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ објави нова аудио бомба од која може да се слушне гласот на Зоран Заев кој целосно оркестрира со одлуките на Катица Јанева и Врховниот суд.

Од аудиото се дознава дека постои мафијашка спрега помеѓу Врховен суд, СЈО и Катица Јанева и договарања за да паднат предметите. Заев ги споменува и бегствата кои беа актуелни прво на Кочан, а потоа и на Груевски.

Зоран Заев признава дека се договарал со претседателот на Врховен суд Јово за да паднат предмети кои ги води Катица Јанева.Еден од начините тоа да се случи бил преку законот за СЈО, а ако не се случи тоа Заев вели трас – трас готово одлуката на Врховен суд ќе биде донесена донесена.

Тој посочува дека Јанева цело време знае дека така треба да биде и така се однесува во својата работа.

 

Интегрален текст од аудио записот-

ЗЗ.; Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…

З.З.; Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

З.З.; Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.

З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал

З.З.; Ова е политичка нбитка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

Арсовски: Шекеринска призна дека платиле многу повеќе, каде завршиле 250.000 евра?

Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска не негираа дека ги преплатиле двете машини грејдери за сума повисока од 150% од нормалната, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Под изговор дека навистина била повисока цената на машините, но министерството и Шекеринска биле транспарентни, Шекеринска и одбрана потврдија дека проневериле над 250 000 евра. Нас искрено ни е жал што ви го обзнанивме во јавност и овој бонбона бизнис, но сепак се работи за парите на граѓаните и се додека вие чепкате од парите на граѓаните, ние ќе обзнануваме. Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска од српската фирма „Корковадо“ набавиле 2 машини грејдери од кинеско производство за потребите на Армијата на Република Македонија во вредност од 464 853 евра, додека пак истата фирма „Корковадо“ истиот грејдер на српска институција го продава за 108 000 евра по парче. Очигледна е разликата од над 250 000 евра во набавката на двата грејдери каде што Радмила Шекеринска и министерството за одбрана ги имаат преплатено машините. Еве јавно упатуваме прашање до Радмила Шекеринска, а граѓаните нека ценат. Бидејќи Шекеринска од уста не ги извади НАТО стандардите, кои веруваме дека не ги погледнале во СДСМ, прашуваме дали и оваа набавка е согласно НАТО стандардите? Дали е согласно НАТО стандардите да се набават овие две машини од кинеско производство за цена повисока 250 000 евра од основната на кинеската компанија? Не, нормално дека ова не е согласно НАТО стандардите, како и целото раководење на Армијата на Република Македонија, истакна тој.

ВМРО-ДПМНЕ бара од надлежните институции, да го истражат овој случај детално, Јавното обвинителство да отвори истрага и да видиме во чии џебови завршиле над 250 000 евра.

-Почитувани обвинители, охрабрете се, не се плашете, затоа што вака ако молчите станувате соучесници. Оваа Влада на Зоран Заев се покажа како најкриминална до сега и како Влада која за само 3 години успеа да опустоши, колку што не опустоши и целата транзиционата Влада на СДСМ во 90тите години. Одговорност мора да има и ќе има по 12 април, порача Арсовски.