Стаменковска- Стојковски го информираше директорот на Агенцијата за администрација за пропустите во институцијата

Агенцијата за администрација е од стратешко значење за реформата на јавната администрација и за регрутирање и компетентна администрација, нејзината функција е да испорача професионални услуги за граѓаните, административните службеници и јавниот сектор, ова денеска во изјава за медиумите го истакна дополнителниот заменик министер за информатичко општество Невенка Стамнековска- Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Преку организација на постапките за селекција на кандидати за административни службеници спроведување на испитот за административно управување и остварување на правната заштита на административните службеници во втор степен, Агенцијата за администрација треба да овозможи развој и одржливост како и професионална и сервисирана администрација и квалитетна правна заштита за правата на административните службеници во втор степен, вели Стаменковска- Стојковски.

Таа додава дека денеска остварила состанок со директорот на Агенцијата за администрација и заменик директорот при што дискутирале за објавувањето на огласи за вработување на административци како и организацијата на постапките за административни службеници, постапување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен како и спроведување на испитот за административни службеници и испитот за административно управување.

Целата прес-конференција можете да ја погледнете во продолжение:

Сагата заврши, еве што се случува во овие моменти во Сити Мол

Пожар во една сендвичара и дојава за бомба се денешните причини за евакуација на вработените и купувачите во скопскиот трговски центар „Сити мол“.

МВР потврди дека денеска било пријавено во 12 часот дека добиле повик за дојава за поставена бомба во трговскиот центар.

-Екипи на МВР од Единицата за антитероризам се излезени на терен. Во тек е проверка на пријавата, информираат од МВР за КУРИР.

КУРИР од полициски извори на терен дозна дека избило и пожар во една од сендвичарите на вториот кат во трговскиот центар.

КУРИР инаку по евакуацијата на вработените и купувачите се упати кон трговскиот центар каде дел од атмосферата ја пренесе во живо.

Во овие моменти пристап во молот имаат само вработените лица кои влегоа во придружба на полицијата, додека булеварот „Партизанска“ и „Илинденска“ каде се врти за трговскиот центар се уште се затворени за автомобили и автобуси.

Мицкоски од Прилеп: Се сретнав со вработените од „Еурокомпозит“, по три години лаги од Заев нема решение, ќе работиме да се помогне!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во посета на Прилеп.

-Пред една недела од прилика најавивме на прес-конференција дека ВМРО-ДПМНЕ започнува теренски активности во периодот кој што следува „Обновата пред вашиот дом“, но и претседателот на партијата заедно со граѓаните во определени центри. Разговараме со граѓаните во тие центри за реалниот живот, за она што се случува. Да видиме што можеме ние како политика која што ќе биде дел од нашата предизборна програма да промовираме, да понудиме. Да видиме што можеме дополнително да додадеме во рамките на нашата програма. И мислам дека заеднички тука учиме со граѓаните, со бизнис заедницата, со други целни групи, со земјоделците. Еве бевме денес во „Еурокомпозит“ заедно со вработените во „Еурокомпозит“ разговаравме за сите оние лаги и неисполнети ветувања од страна на Владата на СДСМ. Тука можеме да научиме и да извлечеме поука од сето тоа и во иднина сето тоа да не го повториме, истакна тој.

Мицкоски порача дека имаат знаење, план и визија.

-Знаеме како најголемиот дел од тие проблеми да ги решиме. Нема да ветуваме чуда, нема да ветуваме нешто што не сме во можност да го испорачаме. Ние не сме ниту СДСМ, ниту Зоран Заев. Ние сме луѓе кои што пред се сакаат честито да настапат пред граѓаните со кои што комуницираат. Имаме конзервативен пристап, односно пристап – вети она кое што, можеш да го испорачаш, а не ветувај популистички само да останеш на фотелјата, а потоа сето тоа да го заборавиш. Така што мислам дека ќе биде или да не бидам претенциозен сигурен сум дека ќе биде препознаена од граѓаните, и дека после 12-ти април ќе можеме сето тоа што сега го зборуваме и за кое се обврзуваме со договор пред граѓаните да го испорачаме, истакна Мицкоски.

Арсовски: Ако се точни сведочењата во „Рекет“, Кацарска треба кривично да одговара и да лежи во затвор

Ако се точни сведочењата во Рекет, Кацарска треба да одговара кривично и да лежи затвор. Впрочем ниту еден сериозен правник или обвинител со долгогодишно искуство не би сведочел лажно и би знаел дека за тоа се одговара. Што значи дали тврдењата се точни, тоа треба да го докаже судот. Добрила Кацарска веќе нема кредибилитет да суди и да пресудува на македонските граѓани, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Сведочењето на Лиле Стефанова отвори сериозен сомнеж како функционирало Луј Витон судството на Зоран Заев или народски познато Кацарска судство. Вредностите и вербата во институциите и системот се целосно загубени и затоа мора да се отвори сериозна истрага преку која ќе бидат санкционирани сите кои ја злоупотребувале службената положба и овластувањата за да се пресметуваат со политички неистомисленици, наместо да судат по словото на законот. Членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“. Обвинителката Стефанова на вчерашното сведочење под полна морална и материјална одговорност изјави дека судијата Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Стефанова сведочеше дека судијката Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката. Доколку ова не претставува потешка дисциплинска повреда, тогаш подобро да го избришеме законот или членот 75 од Законот за судови, истакна Арсовски.

Истиот член предвидува дека Претседателот на судот во рок од осум дена од денот на осознавање на сторената дисциплинска повреда е должен да го извести Судскиот совет на Република Македонија за истото, потенцираше Арсвоски.

-Вклучително истата судијка Добрила Кацарска според сведочењето на Лиле Стефановска треба да одговара по член 353 од КЗ на Република Македонија за злоупотреба на службена должност кооја што ја има. Затоа јавно го повикуваме Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев да не го чека крајниот рок, туку веднаш да постапи и да го извести Судскиот совет по службена должност. Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува јсе појасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираа партиски нарачки на Зоран Заев и СДСМ. Еве како Катица Јанева ја фалеше Добрила Кацарска. Кога веќе гледаме дека Катица Јанева учела од Добрила Кацарска, видовме и што се случи и како заврши Катица Јанева, додава тој.

Институциите не смеат да замижат пред овој случај. Одговорност мора да има. Сите овие луѓе под палката на Заев го урнисаа правосудниот систем и затоа е потребен закон кој нема да амнестира криминалци, подвлече Арсовски.

Неделковски: Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт

Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски и нововработените негови другарчињата не познаваат ниту еден законски пропис, особено при реализацијата на капитални инвестици, па три години не видовме ама баш ништо. Со тоа, претседателот на СДММ седнува на пиедесталот на неспособни кадри на СДСМ кои својата функција ќе ја напуштат без ниту еден реализиран проект, вели Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога го презеде кормилото на Агенцијата за млади и спорт во Јуни /2017, Каевски затекнал доспеани времени ситуции за претходно започнати проекти. И покрај тоа што во Буџетот за 2017 година биле предвидени средства за нивно плаќање, Директорот и неговите наредбодаватели одлучуваат да не ги платат во тековната година, туку истото го прават во текот на 2018-та година. Дали ова укажува дека само купувале време за да се пазарат и да ги рекетираат оние на кои Агенцијата им должи за веќе изградени објекти? Приказната за базенот во Охрид стана историска. Па како и не би станала кога на власт го имаме СДСМ и најнеспособниот директор во историјата на Агенцијата-Каевски. Се изнагледавме тепачки на градилиштетото кај Билјанини извори, но не видовме ниту еден потег на Каевски со кој ќе ја подобри динамиката на изградба и ќе го стави во употреба базенот до крај на 2019-та, како што впрочем и одговорил на пратеничко прашање во Собранието. Каевски сега мора да одговори дали потпишал Анекс за продолжување на рокот за изградба на базенот, наместо раскинување на договорот за изведба и наплата на пенали? Дали рокот за изградба е третпат продолжен и колку тоа ја чини државата? Крај на незаконието во агенцијата е последниот тендер за изградба на затворени пливачки базени. Каевски првично вети изградба на 29 базени кои ќе чинеле по 50.000 евра еден. Каевски, кој што семејно е во градежниот сектор би требало да знае колку чини еден таков проект, истакна Неделковски.

Тој посочува до сега три пати е објавен оглас за градба на базени.

-Тендерите во март за 14 базени и октомври за 6 базени пропаднаа, а на последниот од 01.11.2019 година, најниската понуда била за неколку десетици проценти повисока од проценетата вредност наведена во тендерската документација. Понудата се коси со одредбите од законот за јавни набавки и законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Останува отворено прашање како Каевски и СДСМ ќе реагираат на мислењето кое треба да го издаде управната контрола од Бирото за јавни набавки, која постапува по службена должност за секоја постапка за набавка на над 2.000.000 евра, согласно член 172 став (3) од ЗЈН? Јасно е дека или тендерот ќе биде поништен по трет пат и Каевски уште еднаш ќе ја покаже својата неспособност, или ќе добиеме екстремно скапи базени кои ќе треба да ги плаќаат граѓаните. Дека сето ова е вистина потврдува и фактот, дека нивото на реализација на капиталните инвестиции во спортот за 2019 со се кратењето во ребалансот е околу 53%. Во минатите 3 години кумулативно пропаднаа околу 4 милиони евра, средства кои неспособната гарнитура во агенцијата требаше да ги вложи во спортската инфраструктура, како што се и базенот и во Струга, Домот на спортови, предвидените сали за боречки вештини. За сето горенаведено, бараме да се поведе истрага и органите на прогонот да отворат постапки за овој и сите претходно обајвени скандали поврзани со злопотреба на службената положба на Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. СДСМ и Заев се виновни за поразите измамите и криминалот за што на 12-ти април следи одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе, вели тој.

Димитроска- Кочоска: Во новиот извештај на ММФ се нотира корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивни трошоци од страна на СДСМ

Владата на СДСМ се труди последниве години да не убеди дека економијата расте, а граѓаните живеат поубаво, ова денеска преку прес-конференција го истакна дополнителниот министер за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска.

-Сите ја знаеме онаа народната „на лагата кратки и се нозете“. И додека не убедува оваа корумпирана власт дека работите одат на подобро излезе извештајот на меѓународниот монетарен фонт за Македонија. Таму пишува уште еден неуспех, уште еден нотиран лош извештај, ММФ има извештај во кој како главни проблеми се корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивните трошоци. ММФ ја ревидира проекцијата за раст на економијата која е пониска од таа на владата и за жал ММФ нема многу пофални зборови во оние делови кои на долг рок треба да донесат раст и развој на економијата. ММФ потенцира дека институционалните реформи како зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата се основата за посилен раст и подобра конвергенција на приходите на жителите, вели Димитриоска- Кочоска.

Таа додава дека благодарение на власта корупцијата во државата цвета, а владеењето на правото е поим кој секој ден ни станува се подалечен.

-ММФ нотира дека фискалната политика треба подобро да се води и да се ориентира кон јавните инвестиции во физички и човечки капитал, да се подобри ефикасноста на институциите и владата. Во извештајот пишува дека капиталните инвестиции се ниски, а тековните трошоци зголемени. Дали има поголем доказ дека оваа ненародна власт прави непродуктивни трошења, вели Димитриоска- Кочоска.

Таа на новинарско прашање околу новото задолжување на Македонија во висина од 25 милиони евра вели дека прво на 14 јануари имале нето задолжување од  500 милиони денари, а денеска уште една милијарда и петстотини милиони денари.

-Со ова задолжување непродуктивните, ова истото можеме да го поткрепиме и со податокот од реализацијата на буџетот за 2019 година каде што јасно можете да видите дека за трошокот на стоки и услуги е зголемен во однос на 2018 година за 30 милиони евра. Што јасно укажува дека власта и понатаму непродуктивно троши и се задолжува за непродуктивно трошење, рече Димитроска- Кочоска.

Чулев тврди дека Спасовски изработил 1.750 решенија во декември, пред да замине од МВР

Од почетокот на декември до 25 – ти истиот месец во 2019 година донесени се 1.050 решенија, додека во последната седмица донесени се и изработени 1.198 решенија, некои за распоредување на пониски работни места, други за унапредување. Сето тоа се случувало, пред самото заминување на претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, без притоа да се почитува Законот за вантрешни работи и утврдениот систем за кариера.

За оваа состојба во МВР денеска на прес-конференција информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој потенцира дека со цел да се утврди фактичката состојба формирана е комисија, во која членувале претставници и на репрезентативниот и на независниот полициски синдикат. Комисијата ја разгледувала состојбата во периодот од 1 декември 2019 година заклучно со 3 јануари 2020 година, при што биле прегледани 1.750 решенија. Во изготвениот детален извештај комисијата констатирала дека во повеќе од 100 предмети се забележани отстапувања од доследна примена на Законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во МВР. Било утврдено и дека постојат поголем број решенија изготвени во периодот кога работниците биле отсутни од своите работни места, биле на боледување, платено или неплатено отсуство.

– Цели четири милиони евра минатата година се одлеале од касата на МВР како резултат на судски постапки кои вработени ги воделе против МВР, најчесто поради неисплатени прекуивремени часови, бонус плати, незкоански прераспоредувања и незаконски откази, изјави Чулев.

Според него, одговорноста за, како што наведе, ваквиот хаос, е во Оливер Спасовски и неговото политичко раководење со МВР.

– Со партиски и политички одлуки мојот претходник се обидел да го прегази достоинството и угледот на полицајците, рече Чулев и апелираше до професионалците и до оние кои работата си ја работат чесно и одговорно, дека заврши времето на притисоци, закани, делење решенија и откази по партски и политички заслуги.

Министерот Чулев најави дека ќе се преземаат активности за отстранување на незаконитостите за секое решение поединечно.

Тој изрази загриженост затоа што бил злоупотребуван и институтот „наредба“ за распоредување на работни места, кој може да согласно законските одредби да трае најмногу 30 дена, а во некои случаи било применувано и подолго од една година.

Меѓу другото информира дека се изготвени решенија за распоредување во МВР на 130 лица од претходната УБК, кои не биле преземени од Агенцијата за национална безбедност, а примале плата на работно место во непостоечки правен субјект УБК.

На прашањето за набавката на обрасци за лични документи, министерот Чулев информира дека се води постапка во внатрешна контрола на МВР и посочи дека се соочил и со проблемот со недостаток на обрасци за лични карти за што се чекало од 26 декември до 17 јануари за издавање на личните карти.

Информира дека имало недостаток и на возачки дозволи и се уште не е пристигната новата пратка, а се очекува да пристигне крајот на овој месец. Има недостаток и на образец А за пасоши, подвлече министерот Чулев, за што веднаш бил алармиран за овој проблем, испратил писмо до претседателот на германската компанија што е надлежна за дистрибуција и производство на овие лични документи до МВР.

Обрасци за патни исправи има до средината на февруари, подвлече Чулев, како резултат на лошата анализа што била направена, но обрасците за патните исправи треба да стигнат крајот на март.

– Во анализите не е предвидено дека ќе има во овој период побарувачка на лични документи од неколку причини. Прво имаме избори, второ истекот на 10 години на документите и трето за издавање лекови согласно регулативата не може да добиете лек без идентификација со личен доклумент, појасни министерот Чулев.

Трипуновски: Мајката на градоначалникот на Конче спротивно на закон земала субвенции, а не плаќала закупнина

Нема населено место во Македонија, каде функционерите на СДСМ не ја злоупотребиле својата положба и не овозможиле противправна имотна корист за себе или за своите најблиски, ова денеска преку прес-конференција го истакна дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Мајката на градоначалникот на Конче, Благој Илиев, Сузанка Илиева која има земено под закуп земјоделско земјиште со вкупна површина од 37.9 ха, земала субвенции во два наврати во вкупна висина од 403.845 денари без притоа да го има платено закупот. СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ 51-2498/18 ОД 23.08.2019 ДОСТАВЕН ОД ПЕ РАДОВИШ ЛИЦЕТО СУЗАНКА ИЛИЕВА Е ЕВИДЕНТИРАНА КАКО ДОЛЖНИК ЗА 2017 И 2018. За 2017 година закупот е платен 14 месеци откако на истата и се исплатени субвенции, а за 2018 година закупот е платен 3.5 месеци подоцна. Кој и исплатил на Сузанка Илиева, мајка на градоначалникот на Конче субвенции без да ги има подмирено обврските кон МЗШВ!? Ова е жално. Додека земјоделците мака мачат да одвојат пари за да ги подмират своите обврски кон државата, роднините на функционерите биле толерирани. Доколку некој земјоделец доцни со плаќање на закупнината, тој не може да земе субвенции се додека не го подмири долгот кон државата, н не и мајката на градоначалникот на Конче, рече Трипуновски.

Тој додава дека Љупчо Николовски и Трајан Димковски го прекршиле законот и овозможиле на мајката на градоначалникот на Конче да и бидат исплатени субвенции, иако истата не ја платила закупнината за земјата која ја обработува. Имено согласно, член 19 став 1 од Законот за земјоделско земјиште, земјоделецот е должен да ја плати закупнината најдоцна до 31 Јули во тековната за претходната година. Министерството е должно за сите корисници на финансиски средства да достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски. По што Агенцијата не врши исплата.

-Николовски и Димковски го прекршиле законот. Николовски и Димковски мора да одговараат за сите незаконитости. Го повикуваме ЈО и ДКСК да го испитаат случајот. Одговорност ќе има, рече Трипуновски.