Нов бран на зараза од непотизам, семејството на Шекеринска вдомено во државна администрација

Се случува нов скандал, се случува нов бран на зараза од непотизам.

Партиските вработувања кои се случуваат во предизборието откриваат фрапантни податоци за зараза од непотизам.

Институциите се полнат со роднини, пријатели на функционери на СДСМ, додека квалитетните не добиваат шанса.

Полнењето со нови вработувања во МЕПСО, ЕЛЕМ, владините министри донесоа зараза од нов непотизам.

Единствен критериум за вработување во Македонија е да бидеш во семејна релација со кланот на власт! Непотизмот е симболот на работење на оваа власт во заминување.

Почитувани, и Радмила Шекеринска е иста како Мира Дизел, како Кирацовски, Костадин Костадинов и редица други функционери уловени во скандалозни непотистички афери со семејни вработувања во државната администрација!

Заразата од непотизам открива.

Прв братучед на Радмила е Никола Наумовски – шеф на кабинет на Петре Шилегов, скопскиот градоначалник. Неговата сопруга е Сања Арсовска – сега прв синдикалец во културата. Катица Арсовска, мајката на снаата на Радмила, е директор, раководител на Агенцијата за вработување во Штип! До кај се стигнало, се да се вработело и напикало на функција во администрацијата! Ако не може во Скопје – тогаш низ државата!

Џабе беа метлите, џабе лагите, ниту се испита, ниту презеде нешто за вработувањата во МНАВ или ЕЛЕМ и сите институциите каде платите се неколку пати поголеми од просечната.

Затоа квалитетните се иселуваат, а децата на функционерите од власта се вдомуваат во државни јасли.

Почитувани, Шекеринска која се фалеше дека ќе ја формираат најмалата влада во Република Македонија, остана до крај во најбројната влада на Македонија, Влада на СДСМ која ја исцица економијата, ги скрати пензиите за да си ги качи платите и да ја наполни администрацијата!

Почитувани, за 4 дена Зоран Заев си оди; на 12 април ќе замине сета оваа мрежа. Обновата ќе почне, а одговорност – мора да има!

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи предлага нов човек во политиката и врвен професионалец

Веднаш после средбата со господинот Ахмети, имавме средба со премиерот во заминување господинот Зоран Заев генерално три теми би ги издвоил од нашиот денешен разговор. Првата тема беше името за техничкиот министер за внатрешни работи, втората тема беше поврзана со останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од техничката влада и трета тема беше, која што ја отвори господинот Заев, а тоа е околу можноста за промена на изборниот модел и настаните кои што се во собранието поврзани со тоа прашање, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-По првото прашање, разговаравме за името, му го презентирав, ја презентирав биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации кои што тоа треба да ги изврши јас не би го споменувал се уште нашиот предлог. Договоривме за отприлика час, час и половина од сега да се слушнеме телефонски и за конечна потврда, но вака на прва немаше никакви забелешки ниту пак имаше дополнителни коментари. Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава, рече Мицкоски и додаде:

„Поврзано со второто прашање, а тоа е со останатите предлози како што се техничкиот министер за труд и социјална политика, замениците технички министри во ресорите, земјоделие, финансии и администрација. Отприлика слушнавме од премиерот во заминување, господинот Заев за профилот на личностите да техничкиот премиер ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделник се договоривме дека пред да бидат имињата објавени ќе имаме телефонска консултација а дури потоа од кога ќе ја завршиме таа телефонска консултација ќе ги соопштиме на јавноста. Поврзано со третото прашање разговаравме и ние како ВМРО ДПМНЕ изразивме спремност да веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои и да бидат тогаш а јас сум убеден дека тогаш владата ќе биде формирана од ВМРО ДПМНЕ а тогаш опозиција ќе биде СДСМ, ќе седнеме и ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на таканаречените отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори посебно за листите на советници. Од прилика тоа беа трите теми кои што би ги издвоил од денешната дискусија“.

Нелоски: СДСМ да им објасни на граѓаните како се троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата ни тоне на економски план

Партијата во заминување СДСМ за само две недели потроши повеќе од над 1 милион евра за рекламирање по национални медиуми. Зоран Заев кој е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе, сеуште молчи и не кажува од каде му се над 1 милион евра за рекламирање на своите неуспеси прикажувајќи ги како успеси, истакна Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги трошат? Дали можеби торбите Луј Витон од РЕКЕТ се изворите на финансирање на СДСМ? Дали можеби начинот на финансирање се тендерите кои секојдневно завршуваат во џебовите до блиски на СДСМ и функционерите?, праша Нелоски и додаде:

„СДСМ треба да им објасни на граѓаните како се троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата ни тоне на економски план. Ова се потрошени над 1 милион евра за класична манипулација на граѓаните и за обид да се поткупат и подмитат националните медиуми. Она што е добро е дека Зоран Заев ќе е премиер само уште 5 дена и никогаш повеќе, а СДСМ партија на власт уште 4 месеци и никогаш повеќе“.

Одговорност, потенцира Нелоски, за се мора да има и ќе има по 12-ти април.

Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докажува од каде им се над 1 милион евра за две недели рекламирање по медиумите.

Стоилковски: Наумовски го уништува централниот парк на општината само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира

Среде најголемата еколошка катастрофа градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски го уништува централниот парк на општината само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира. Иако негираше, демантираше и велеше дека нема да фали ниту педа зеленило, за дозволата за градба на цела зграда среде парк сега црта цела улица до зградата! И покрај бројните реакции и противења на жителите на Ѓорче Петров во централниот парк на населбата да се гради станбена зграда. Семејството Наумовски на местото за градба, поседува семеен објект, но под него е речиси 1000 м2 земјиште. Сега заради зградата Наумовски низ паркот гради улица, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„По ветувањата на Наумовски дека нема да биде уништена ниту една педа од паркот, од паркот сега прави зграда и улица. За тоа сега ќе се потрошат 45 милиони денари и за што општината се задолжи 14,5 милиони денари. Наумовски сега вели дека целта на оваа ткн, сервисна уличка, е да креира корзо со кафетерии, како сам го нарекува, од кое потоа можеби ќе оствари лична корист. Општината која руши рекорди во Скопје по загаденост, сега губи голем дел од единствениот голем парк. Наумовски во кампањата за градоначалник на жителите на Ѓорче Петров им ветуваше планска изградба на згради, нови зелени површини, а како еден од поголемите проекти во неговата предизборна програма беше темелно реновирање на централниот парк во општината.“

-Да биде апсурдот поголем пред неколку месеци на истиов овој потег кој што сега е преоран градоначалникот потроши огромни пари за садење на дрва и поставување на детско игралиште, за сега ќе бидат уништени. Ова е трета интервенција на истиов овој зелен простор во рок од 6 месеци. Скопјани, Ѓорче Петровци, се излажани од Наумовски, предизборно добија лажни ветувања, нема ниту нови паркови, загаденоста на воздухот во зимскиот период е на рекордно ниво и не се реши урбаниот хаос. Дополнително се уништи и централниот парк во ЃП. Ова лажење и ова самоволие и чувство за неказнивост е поттикнато од однесувањето на Зоран Заев. Нему му истекуваат последните денови. За 5 дена, Заев заминува, на 12 април власта заминуваат лагите и самоволието. Македонија ќе победи, започнува Обновата. Одговорност мора да има и ќе има!, потенцираше Стоилковски.

Арсовски: Се кријат докази за Рекет, се уценуваат луѓе да внимаваат што говорат, се закануваат и тужат новинари

Вчера низ медиумите можевме да сретнеме неколку теми поврзани со случајот РЕКЕТ, кои по се го склопуваат мозаикот што не сака да го види ниту Русковска, ниту Јовевски, бидејќи му слугуваат на Зоран Заев во моментов. Се кријат докази, се уценуваат луѓе да внимаваат што говорат, се закануваат и тужат новинари, истакна портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Од 21 април, моментот кога Заев наводно дознал за случајот РЕКЕТ, до денес поминаа точно 8 месеци, а се уште обвинителството и судот кои се приклештени од Заев ловат во матно и се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот рекет односно нарачателите. Вчера целата јавност можеше да прочита како писмото за кое што сите видовме преку медиумите и дознавме кое го испратила Катица Јанева од притвор до Љубомир Јаневски содржи сведочење од истата Јанева дека Вилма Русковска можно е да ја сокрила нејзината изјава и не ја пријавила кај Љубомир Јаневски, рече Арсовски и додаде:

„Затоа прашуваме што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Вилма Русковска и зошто никој не ја споменува во постапката оваа првична изјава на Катица Јанева? Дали во таа изјава Катица Јанева ја разоткрива целата шема на рекетирање и ги открива сите детали и сите инволвирани на луѓето од врвот на СДСМ и Власта во најголемиот случај на рекетирање? Дали можеби во таа изјава која Русковска ја сокрила од Јовевски се споменува и Зоран Заев или некој друг од врвот на власта од страна на Јанева?“.

Од самиот почеток, подвлече Арсовски, како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме на неколку работи, се потврди дека се вистинити.

-Најпрвин дека се кријат докази и дека се остава простор сите кои што можат да ги прикриваат, се со цел да се спаси главата на октоподот, за која што сите знаеме која е. Катица Јанева имаше доволно простор и време да брише докази и да прикрива докази уште пред да влезе во притвор. Еве сега гледаме дека Вилма Русковска има сомнеж дека сокрила изјава од Катица Јанева каде што ги открива деталите, само за да ги спаси инволвираните од врвот на СДСМ и власта. Второ, Јовевски и Русковска тврдеа дека нема вмешани политичари во РЕКЕТ јавно на прес конференција и замолија да не се злоупотребувале имињата на функционерите од власта. Нормално и таа прес конференција беше само и само за да ги заштитат функционерите на СДСМ и луѓето од врвот на власта. Потоа видовме дека под притисок на медиумите и јавноста сепак се потврди и се обелодени дека бил вмешан и политичкиот врв на СДСМ, а од вчера слушнавме и јавно од сведоците на сведочење во Рекет, кои потврдија дека домот на Бојан Јовановски многу често го посетувале и Венко Филипче, Александар Кирацовски, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев и многу други политичари од врвот на СДСМ и на владата, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и истакна:

„На крај, на Заев му требаше многу време да се сети и да одговори на новинарско прашање, кое му го поставија а тоа е кога го пријавил случајот РЕКЕТ. Главното прашање е, зошто кога го пријавил случајот РЕКЕТ дали усно дали писмено, бидејќи самиот не знае како го пријавил нема никаква писмена белешка во институциите од неговото пријавување на овој случај? И дали Заев е сигурен дека го пријавил во надлежната институција, а не некаде на друго место? Најверојатно во периодот додека чекавме да одговори Заев тој не можеше да се сети дали го пријавил кај Русковска или можеби на некое друго место за да предупреди некого дека веќе луѓето знаат за случајот Рекет и за рекетирањето од страна на инволвираните. Иако Заев знаел за целиот случај, тој и 2 месеци откако наводно пријавил, се уште ја поддржуваше Катица Јанева, ја штитеше и ревносно се бореше таа да биде нов шеф на новото обвинителството. Дали Заев со таа поддршка се пазареше со Јанева да не ги открива деталите од целиот случај, останува да одговори Заев или пак доколку молчи како за се друго оставаме јавноста да процени што е точно и што била намерата“.

Според него, очигледно е дека Заев и СДСМ и сите инволвирани се повеќе се заплеткуваат во сопствените лаги.

-Ги охрабруваме сите сведоци, сите оние кои што знаат нешто во врска со случајот Рекет да не ја кријат вистината и да ги изнесат сите детали, бидејќи ако некој се обиде некого да скрие автоматски станува соучесник во целиот случај. Тоа никому не му одговара, најмалку на вистината и на правдата. Редно време е се да се обелодени. Случајот РЕКЕТ мора да се расчисти и ќе се расчистат многу дилеми за многу брзо откако Зоран Заев сакал или неќел ќе мора да ги тргне своите канџи од институциите кои што ги има поставено дали со уцени или закани. Времето на Заев и на СДСМ завршува. Зоран Заев е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе. Во ликот на Зоран Заев можеме да видиме еден исплашен човек кој што се плаши и е убеден и веќе знае дека не само што нема да биде премиер туку сите матни, сомнителни и криминални дејанија кои што ги работела оваа влада за многу брзо ќе излезат на површина. А, веднаш по паѓањето од власт на Заев и СДСМ, следува одговорност за сите сомнителни случаеви на криминал. Обнова на Македонија мора да има и Република Македонија мора да тргне напред. Сето тоа ќе почне да се случува веднаш после 3 јануари а ќе продолжи со брзо темпо Обновата по 12 април по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и по доаѓањето на Христијан Мицкоски како премиер на Република Македонија.

Ѓорѓиевски: Дали зад ПИН ПЕТРОЛ стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски!?

Власта во заминување ограбува се што може да се ограби. Секој денар мора да заврши во џебовите на функционерите на СДСМ или пак на нивните спонзори, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-ПИН ПЕТРОЛ, фирма која отвори бензинска, а камен темелник фрлаше Оливер Спасовски, си доби тендер за технички преглед на моторни возила. ПИН ПЕТРОЛ е сопственост на таткото на доскорешниот советник на Оливер Спасовски, Никица Петрушевски. Неговиот татко е главен финансиер на СДСМ Куманово. Ова е извадок од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, од каде се гледа дека МВР после лиценцата му дала и тендер на татко на Петрушевски за отворање на технички преглед за моторни возила. Бизнисот на фамилијата Петрушевски со Спасовски на чело на МВР рапидно расте, подвлече Ѓорѓиевски и прашува:

„Во една година се отворени и бензинска пумпа и станица за технички преглед за моторни возила. Јавноста шпекулира и отворено се прашува, дали зад ПИН ПЕТРОЛ стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски!? Кога веќе ЈО не истражува ја повикуваме Антикорупциската комисија да го истражи случајот со бензиската станица и доделувањето на лиценцата за технички преглед. Институциите треба да истражат дали бизнисите на Пин Петрол се отвораат по легален или нелегален пат со нелегални пари!? Дали бизнисите на Пин Петрол, како што е и скорешната лиценца за технички преглед се резултат на влијание од страна на Оливер Спасовски и неговиот советник и дали истиот има материјален интерес од разработувањето на оваа фирма!?“.

Бизнисите на ПИН ПЕТРОЛ, според него, се крајно сомнителни. -Потребно е итно да се испитаат сите индиции, а доколку тоа не се стори сега, ќе биде сторено по 12 април.

Јанушев: Заев го празни буџетот, „САРХЕМС“ ќе се финансира со пари на граѓаните

Власта во заминување го празни буџетот и прави ненадоместливи штети. Договорот на Зоран Заев и Драги Рашковски со новоформираната фирма „САРХЕМС“ ќе ги чини граѓаните 72 милиони евра, а нема да биде без никакви трошоци, како што лажеа. Ова е барање од компанијата до Владата за носење на соодветна уредба со која што ќе се пропише регулатива за утврдување и овозможување на прибирање на надоместокот од столбовите за финансирање предвидени во договорот за јавно приватно партнерство. Барањето е потпишано лично од партнерот на Заев и Рашковски, Саша Џаковиќ и испратено до владата на 17-ти декември. Освен на спорниот договор, партнерот на Заев и Рашковски се повикува и на одредби од Законот за јавни патишта со што се потврдува сомнежот кој во повеќе наврати го искажавме дека еден од начините на финансирање е можно да биде и преку наплатата на патарините. Во второто барање адресирано до владата, Саша Џаковиќ го моли Заев да обезбеди локација за сместување на хеликоптерите и неговиот персонал. Уште една работа на која што укажувавме кога велевме дека физибилити студијата предвидува и директен трошок од државата со оглед на фактот што компанијата сака да и се даде на користење објекти, инфраструктура и опрема на Центарот за обука на пилоти. Повторно ќе напоменам дека во самиот Центар досега се инвестирани 10-тина милиони евра, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Третото барање испратено до владата во истиот ден се однесува на молба до Заев и Рашковски да овозможат склучување на меморандуми за соработка со државните институции и тоа министерството за одбрана, министерството за внатрешни работи и за министерството за здравство, М-НАВ, ЦУК и АЦВ, Дирекцијата за заштита и спасување и другите државни институции засегнати со овој проект. Приватната компанија меѓу другото очекува со овие меморандуми да се регулира и упатување на персонал од составот на наведените институции на должност кај приватниот партнер. Веќе предупредувавме дека скандалозниот договор на Заев и Рашковски предвидува ангажман на персонал од МВР и АРМ за приватниот партнер со што се доведува во прашање оперативноста на службите, но и се наметнува прашањето околу плаќањето на персоналот, а и самата потреба со оглед на фактот што МВР веќе извршува и овој тип на мисии. На сите три барања, приватниот партнер очекува да им биде позитивно одговорено, а сето тоа да биде сторено во координација со нив, вели Јанушев.

Тој прашува доколку ова не е сомнителен и коруптивен договор, тогаш што е?

-Доколку ова не е криминал на власта во заминување, тогаш што треба да направат за Јавното обвинителство да се освести и да преземе мерки? Го кријат договорот и неговите анекси како што змијата ги крие нозете, но повторно се фатени живи. Безмилосно земаат се што можат пред да ја напуштат власта. Избегнуваат да одговорат што добиваат граѓаните за 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!? Бараме итно да се отвори истрага пред да се направат дополнителни обврски и штети за Република Македонија, одговорност за ваквото расипничко однесување ќе има по 12-ти април, рече Јанушев.

 

Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски спротивно на Закон за полиција прават тампон во командната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици

Зоран Заев и Оливер Спасовски спротивно на Закон за полиција прават тампон во командната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици, се со цел да го опструираат техничкиот министер и неговите наредби временски да се забават и развлечат, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со новата систематизација спротивно на Законот за полиција се определува секоја полициска станица да стане ОВР и истата да добие началник, кој ќе му биде надреден на командирот на полициската станица. И истиот тој началник ќе ги опструира наредбите од началникот на СВР. Спасовски ги обезглавува позициите на началници на СВР, бидејќи поголемиот дел од нив тие се поставуваат од техничкиот министер. Началниците на ОВР ќе бидат луѓе на Спасовски и ќе имаат за задача да ја оневозможат работата на техничкиот министер. Работа за која ако некој се обиде да ја направи ќе одговара согласно законот. Партизацијата на МВР е на сите нивоа. Вчера Спасовски почна да си ги распоредува советниците на клучни позиции во министерството. Имено во помошен директор на БЈБ и шеф на одделот на крим полиција е поставен Оливер Лукаревски, а досегашниот помошник директор Марјан Коцев е поставен на местото началник на СВР Штип, додека за началник на Секторот за меѓународна соработка е поставен Рефик Ќерими, додава Ѓорѓиевски.

Тој додава дека партизацијата е буквално на сите нивоа. Но тоа нема да им помогне, ниту на СДСМ, ниту на Спасовски, ниту на Зоран Заев на 12-ти април СДСМ губи и тоа е повеќе од извесно во Македонија. По 12-ти април следува обновата на Македонија.

Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и го враќаат МВР 15 години назад

Зоран Заев и Oливер Спасовски, директно го кршат Законот за полиција и прават криминал. За кој што криминал подоцна ќе треба да одговараат. Промената на систематизацијата во МВР е незаконска, тоа го знаат сите полицајци и старешини во МВР, а нормално го знаат и Зоран Заев и Оливер Спасовски, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и ја враќаат МВР 15 години назад. Уредувањето на полициските станици во ОВР е директна опструкција на техничкиот министер и тие се брана помеѓу началниците на СВР и полициските станици, и нормално тоа има за цел да ги спречи наредбите на новиот технички министер. Вчера во само еден ден се прераспоредени над 300 бивши вработени во УБК, кои не беа распоредени во АНБ на места според старата систематизација, која веќе не е во сила. Оливер Спасовски вчера подели 300 решенија кои се незаконски и кои немаат правен основ. Дополнително распоредува над 1.000 службеници во МВР спротивно на законот, за само еден ден има поделено над 1.000 нови решенија, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека Спасовски врши класична злоупотреба на Законот за полицијата. Спасовски наместо министер сега во моментов е во улога на партиски кадровик.

-Треба да знаат дека го кршат законот и многу брзо ќе има одговараат за ова незаконско работење. Апелираме до сите вработени да не подлегнуваат кон притисоците и заканите на Оливер Спасовски. Игрите и опструкциите мора да запрат. Демократијата не смее да се попречува. Сите злоупотреби кои сега се прават ќе бидат испитани и ќе следат соодветни кривични пријави за сите инволвирани, завршува Ѓорѓиевски.

Николоски: Заев бега од избори зошто се плаши од пораз и одговорност, ако одложи ќе се соочи со гневот на народот

Заев сака да одбегне пораз и да одложи соочување со одговорноста за своето работење, смета Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев работи на сценарио за одложување на изборите затоа што се плаши од избори и се плаши од соочување со народот. Зоран Заев многу добро знае дека изборите за него значат крај на политичката кариера, а потоа следи одговорност. Зоран Заев знае дека сето ова негово владеење, кое е препознатливо по виткање на кичмата, рекет, изнуди, уцени, трговија со националните интереси, тепање на граѓаните и праќање на рекетари, народот не го одобрува. Затоа Зоран Заев не сака соочување со народот. Сака да одбегне пораз и да одложи соочување со одговорноста за своето работење, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова што го говорам има и свој редослед. Имено на Зоран Заев во овој момент очајно му е потребно алиби за одложување на изборите. Првото алиби му беше усвојувањето, односно ратификувањето на протоколот за влез во НАТО, кое не му успеа, затоа што таквото алиби беше лесно разобличено од ВМРО-ДПМНЕ. Следното алиби кое што го креира Зоран Заев, на неколку недели пред распуштањето на Собранието, е поднесувањето на стотици закони во собранието, повеќето од нив со скандалозна содржина, штетна за граѓаните и апсолутно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Ќе потсетам таму има закон за промена на изборниот законик односно изборниот модел, за кој нема политички консензус. Потоа има закон за армијата, каде ние велиме ќе го прифатиме, освен промената на името на Армијата, што преставува обезличување на истата. Ние нема да прифатиме закон за обезличување на столбот на Македонија, АРМ по ниедна цена, а  особено не сега не треба да и биде променето името и тоа не може да го бара никој од нас, подвлече Николоски и додаде:

„Шверцерското и насилничко туркање на законите без дебата по брза постапка има за цел Заев да создаде криза во државата, со цел да се одложат изборите. Таа намера ја потврдува и вчерашната негова изјава но и пазарџиските неформални услови и уцени кои доаѓаат до нас да сме ги прифателе законите инаку немало да има избори. Се поставува логичното прашање – што работеше Заев и неговиот тим овие три години, зашто не ги донесоа законите во изминативе три години туку на сила ги туркаат сега на еден месец пред распуштање на Собранието. И зошто бараат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ си имаат мнозинство, а во секоја демократија мнозинството ги носи законите. Или можеби го немаат мнозинството? Дополнително ваквото сценарио е надополнето со паничната партизација на полицијата, масовни вработувања на партиски кадри во здравството. Направена е и незаконска и криминална систематизација во МВР. Службениците во МВР по цел ден куцаат решенија за прераспределување и за нови позиции, 1.200 решенија се поделени за еден ден, спротивно на закон се укинува единицата АЛФА, се формираат нови одделенија, а воедно на спорен начин се прераспределуваат луѓе“.

Во здравството, потенцираше тој, испратен е допис со кој се бара сите здравствени установи да достават барања за вработувања за да може да се истите процесуираат до Министерство за финансии.

-Овде се работи за стотици вработувања на партиски кадри, роднини и пријатели на функционери на власта. Такви веќе, над 150 по број се случуваат во МЕПСО и во ЕЛЕМ. Меѓу другото се продолжува со задолжување на државата, на скандалозен начин се предлага амнестија за кодошите оние кои што беа илустрирани и укинување на истата таа лустрацијата што значеше расчистувања со темните страни на комунизмот. Сакам да ги предупредам сите раководители и останати лица кои имаат овластувања и потпишуваат масовно акти во овој период – да внимаваат. Многу да внимаваат. Да го следат законот, зашто за секое незаконско дејство ќе има одговорност без разлика за кого се работи, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Заев е уплашен и се плаши од соочување со народот. Го повикуваме да не ја носи Македонија во длабока и тешка политичка криза за која само тој ќе е одговорен! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати коцкарската игра на Зоран Заев и нема да прифати уцени. Зоран Заев одамна не е во состојба да поставува услови. Тој нема кредибилитет и изборите се единственото решение. И доколку овој пат ги стави своите интереси пред интересите на државата и на народот со цел да се спаси од одговорност и да продолжи со пљачката на државата, ќе се соочи со гневот на народот, гневот на ВМРО-ДПМНЕ и гневот на цела Македонија. Ние ќе дејствуваме во заштита на демократијата без прифаќање на уцени и заедно со народот. Ударот ќе е голем и ќе е народен. Затоа ајде на избори за доброто на Македонија, народот нека одлучи!“.

Јанушев: Синот на Цветанка Ивановска заработил тендер кој може да достигне вредност од над 300 илјади евра, а владата и СДСМ молчи

Синот на Цветанка Иванова добил тендер од државата преку фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица од државата за чистење на патиштата во источна Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нормално, СДСМ и Владата молчат, него никаде го нема, а мајка му која е генерален секретар на Собранието на Република Македонија не знае дека синот и заработил тендер кој може да достигне вредност од над 300.000 евра. Веројатно станува збор за новогодишно изненадување па затоа не знаат. Штом молчат, значи нашите изнесени информации на вчерашната прес конференција се вистинити. Синот на Цветанка Иванова, кој воедно е и бизнис партнер на Трајче Заев, под сомнителни околности добива тендер, без да ги исполнува потребните услови и критериуми кои се бараат во истиот. Имено, фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ СТРУМИЦА која е во сопственост на синот на Иванова, најпрвин го добила тендерот после повторна евалуација на 8 ноември годинава, па дури после 12 дена на 20 ноември склучува договор со грчка фирма за набавка на потребната механизација од тендерот која имено требало да ја поседува пред добивањето на истиот. Дополнително, банкарската гаранција од фирмата „ДИКОР ЦД“ кон грчката фирма за 25 машини во вредност од околу 200.000 евра од една македонска банка била уплатена дури на 27-ми ноември и дури потоа возилата влегле во Република Македонија. Во моментов истите се распоредени на неколку пунктови низ источна Македонија, и тоа Струмица, Штип, Сарамзалино итн, вели Јанушев.

Тој додава дека според нашите информации фирмата „ДИКОР ЦД“ на синот на Цветанка Иванова земала под закуп вкупно 25 возила од грчката фирма и целата сума на закуп за сите возила за цела сезона е во вредност од околу 40.000 евра.

-Што значи, синот на Цветанка Иванова, со вложени 40-тина илјади евра ќе заработи над 300.000 евра само за неколку месеци. Очекуваме одговори, но и одговорност. Дали е вистина дека најпрвин тендерот бил добиен од страна на фирмата „ДИКОР ЦД“, а дури потоа се набавувале машините, што е спротивно на условите и критериумите што ги налага самиот тендер? Зошто молчат и Владата, СДСМ и Цветанка Иванова, молчат за овој спорен и сомнителен тендер каде што требале да заработат стотици илјади евра на грбот на државата и граѓаните? Дали обвинителството ќе отвори случај и дали инволвираните ќе сносат одговорност? Кога планира Владата овој тендер да го раскине и да распише нов? Ова се прашањата на кои владата треба даде одговори и да не молчи. Доколку сега не се расчистат сите овие сомнителни работи, веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април, доаѓа и обновата на Македонија. И со обновата на Македонија ќе се стави крај на ваквото криминално работење на СДСМ, рече Јанушев.

Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски ги кратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена

Зоран Заев и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да му ги скратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена.Власта врши предизборна злоупотреба и на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР. Со новата систематизација се зголемува старешинскиот кадар, факт кој што е проблематизиран и од ЕУ. Зоран Заев и Оливер Спасовски заради заситување на некои лични партиски апетити ќе ја жртвуваат Македонија да трпи критика од ЕУ, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски кој додаде:

„Според новата систематизација која што стапи на сила вчера секаде се објавени интерни огласи со траење од само два дена за пријавување. Со тоа се врши чиста партизација во очи на избори по брза постапка. Ќе бидат унапредувани луѓе на Заев и Спасовски, кои ќе ги заземат највиталните позиции и ќе треба да го кочат новиот технички министер. Заев и Спасовски ја укинаа и единицата „Алфа“ и воведуваат нови единици за внатрешни работи. Заев и Спасовски му ја сечат контролата што треба да ја има техничкиот министер и постапката на процесуирање на информации целосно ја развлекуваат.“

-Заев и Спасовски прават се само за да ја забават правдата и да го отежнат патот кон демократијата. Времето на криминалци поминува, попусти се сите обиди за опструкција. По 12-ти април конечно доаѓа обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Ѓорѓиевски.