Македонија 24

Прва македонска интернет телевизија

Арсовски: Бараме обвинителите од СЈО да бидат суспендирани

Бараме обвинителите од СЈО и сите други кои што се инволвирани во сегашната истрага за проненеверата на парите од СЈО уште веднаш да бидат суспендирани од своите работни места за да не ја попречуваат во ниту еден момент истрагата за аферата Кеш и проневерата на над 10 милиони евра народни пари, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-СЈО на вработените и на физички лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра пари на граѓаните доделени од Буџетот на Република Македонија. Надвор од законот, против законски Катица Јанева и обвинителите си исплаќале сами на себе огромни суми на пари кои достигнувале и над 150.000 евра по обвинител, пари доделени надвор од законот, односно противзаконски. Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90 проценти од платата на Републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и Катица Јанева не смееле да имаат додатоци повисоки од 35 проценти од платата. За разлика од тоа гледаме дека Катица Јанева земала месечна плата и до 5.500 евра по основ на сите ставки. Тоа е далеку повеќе од она што требало да го зема согласно законот. Обвинителството уште веднаш треба да ги суспендира од нивните работни места, а обвинителите треба да се гонат за злосторничко здружување при која е направена проневера, финансиска штета во вредност од над 10 милиони евра државни пари. Бараме сите овие кои се офајдиле од СЈО да ги вратат парите назад во Буџетот и да одговараат за сето она што го сториле до сега. СЈО наместо да дели правда, создаде неправда и направи огромна штета на правосудниот систем и го оштети буџетот на Република Македонија. На пример сопругот на докторката која даде боледување на Катица Јанева во екот на најголемата афера Рекет, Методи Цилков од СЈО има земено над 25.000 евра по основ на хонорари односно 1.585.000 денари земал Методи Цилков сопругот на докторката која што издаде боледување на Катица Јанева. Катица Јанева практично си го купила сопственото боледување. Докторката Цилкова чии маж примал пари од Катица Јанева работела противзаконски и за истото треба да биде предмет на истраги и доколку нависни се увиде дека направила против законско дејание треба да одговора. Катица Јанева и СЈО заедно со СДСМ целиот свој мандат и постоење работеле спротивно на законите и проневерувале пари. Згора на тоа, гледаме дека уценувале вршеле притисоци и рекетирале. Гледаме дека секој ден се изигрувале законите на разно разни начини и се однесувале како да се богови, истакна Арсовски.

За ова одговорност мора да има и парите мора да бидат вратени кај граѓаните. Сите оние кои што се огрешиле пред законот и работеле против законски во СЈО треба да одговараат, додава тој.

Арсовски: Дали Примислав Димовски е вмешан во случајот „Рекет“?

Сите обвинители и истражителите од СЈО кои биле дел од злосторничкото здружение и кои цицале народни пари да си дадат оставки за да не ја попречуваат истрагата за парите кои ги цицале од СЈО, а тоа се пари на граѓаните, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Одговорност за украдените милиони евра мора да има. Доколку не си поднесат оставки, Јавниот обвинител кој ја спроведува истрагата треба да побара истите да бидат суспендирани се до завршување на истата истрага. Јавните обвинители и истражителите кои биле дел од злосторничкото здружение и Катица Јанева заедно со нив, многу добро ги знаеле законите и затоа се сомневаме дека свесно влегле во незаконското делење на народните пари и молчеле за огромните додатоци. Имено, законите се јасни. Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90% од платата на Републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и таа, не смееле да имаат додатоци повисоки од 35% од платата. За жал гледаме дека милиони евра се делеле без никаков основ и без никакви критериуми. Што значи дека сите таму во СЈО свесно го кршеле законот, мислејќи дека никој нема да побара одговорност од нив. Обвинителството има обврска да ги замрзне нивните работни места за да не влијаат во текот на истрагата, и тоа мора да го стори уште веднаш. Злосторничкото здружение наречено СЈО, а составено од блиски луѓе на СДСМ и Заев кои рекетираа и трошеа наши народни пари на граѓаните, за плати, хонорари и додатоци околу нив потрошиле неколку милиони евра. Без никаква основа се делеле хонорари на обвинители, на роднини, на роднините на функционерите вработени од СДСМ во СЈО, и на многу други функционери на СДСМ од власта. Платите на обвинителите во СЈО биле многу повисоки од платите на обвинителите во Јавното обвинителство иако како што рековме по закон тоа не смее да се случи. Замислете, се јави за повикан да реагира за земените 40.000 евра од СЈО командантот на единицата Алфи од МВР, Примислав Димовски. Примислав Димовски наместо да дава емотивни и срцепарателни изјави за неговата работа во СЈО и за земените 40.000 евра народни пари нормално, надвор од платата, може да одговори на неколку прашања поврзани со случајот „Рекет“, во кој што е вмешано и СЈО? Дали Примислав Димовски даде изјава во случајот „Рекет“? Дали Примислав Димовски одговори на тврдењата и на медиумските написи кој од единицата Алфи разговарал со Боки 13 по земањето на парите? Наместо да говори за земените 40.000 евра, ова е негова одговорност да одговори. На пример, петтата управа во МВР и во ОТА има оддел за прислушување и следење каде што вработените се подложни на таа доверливост за која што земале пари обвинителите и истражителите во СЈО, согласно работата која што ја работат тие луѓе, а сепак немаат никаков додаток за доверливост кој што би го земале исто како што земале овие од СЈО. Исто како и докторите кои исто така располагаат со сензибилни информации за здравјето на граѓаните и тие не земаат никаков додаток за доверливост напротив нивните плати се десетина пати пониски од оние на СЈО, истакна Арсовски.

Правна држава мора да има. Одговорност за милионските проневери мора да има и мора некој да одговара и да сноси одговорност, се работи за парите на граѓаните, се работи за парите кои што ги имаат дадено сите граѓани на Република Македонија за да функционира СЈО. Наместо тоа гледаме дека рекетирале, уценувале и цеделе државни пари. По 12-ти април следува обнова на Македонија и ќе почне одново да се гради правната држава во Република Македонија. Веднаш потоа одговорност за сите криминалии на актуелната власт на СДСМ, на функционерите, на СЈО ќе има и мора да има, додава тој.

Ѓорѓиевски: МВР молчи иако ги знае вандалите од МНТ

Највисокиот врв на власта е најодговорен за срамното и вандалско однесување во МНТ. Недоличните сцени се со знаење на највисоките функционери во власта, рече на денешната прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

-Четири дена МВР молчи и ги крие вандалите кои го уништуваа објектот на МНТ. Четири дена ниту некој е приведен, ниту некој е пријавен, иако МВР точно го знае идентитетот на хулиганите. МВР ги има снимките од театарот и до сега можеше сторителите веќе да ги извади пред лицето на правдата доколку тоа не беше сторено со амин на власта. Зоран Заев лаже кога се колне дека не знаел за доаѓањето на шверцерите. Навивачката група шверцери со дозвола на власта една недела претходно ја има најавено прославата во новиот објект на МНТ. И Зоран Заев и Оливер Спасовски точно знаеле што ќе се случува. Впрочем за тоа говорат и неофицијалните информации дека 200 специјалци биле на готовс доколку се случат посериозни инциденти. Зошто веднаш по вандализмот внатре во објектот полицијата не направила обрач и не ги привела сите кои што учествувале во нарушување на јавниот ред и мир!? Ова е срам. Ова е понижување. Одговорност мора да има и од директорот на МНТ и од заменик министерот за култура, и од министерот за култура, но пред се одговорност мора да има од Оливер Спасовски и од Зоран Заев лично, истакна Ѓорѓиевски.

Одговорност веднаш. Казната за ова и други вандалски дејствија доаѓа на 12-ти април, кога Заев и неговата тајфа конечно ќе заминат во опозиција, додава тој.

„МВР молчи додека полицајки се сексуално вознемирувани“

Власта на Зоран Заев е нефункционална и не може да ги заштити ниту жените вработени во МВР и армијата, а не пак останатите. Неспособноста и лицемерието на власта на Заев најдобро се гледаат кога ќе се слушнат нивните изјави поврзани со борбата против насилство врз жената. Како и за се останато, Заев ветува, се колне, а не презема ништо. Се е една голема лага и измама, рече на денешната прес-конференција претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

-Шест полициски службенички цела година биле вознемирувани, психички и сексуално малтретирани од страна на надредено лице, а властите не преземале ништо да ги заштитат жртвите. Сексуално вознемирување и мобинг врз жена на прагот на третата декада на 21 век е недозволиво и треба да подлежи под најстроги санкции. Нефункционалноста на власта си ги зема своите жртви. Функционерите во МВР наместо да работат вршат сексуално насилство врз своите колешки. Зоран Заев и врвот на власта носат директна  вина за оваа случка, во која страдале нечии ќерки, сопруги и мајки. Зоран Заев и луѓето околу него го поставиле и именувале лицето кое ја злоупотребило својата положба и сексуално малтретирало подредени. Заканувачот се заканувал со зборовите: – Оди си сега, гледам си уплашена ама знам дека и ти сакаш и пази за ова што ти го нудам да не си кажала на никој зошто не можеш да замислиш што ќе ти направам и кој сум јас. – Ова се зборови на личност која се чувствува заштитена од власта. Зоран Заев и врвот на власта треба да одговори, дали заканувачот е близок до еден градоначалник на една скопска општина и дали ја ужива заштитата на министерот? Доколку да. Дали неговата блискост му овозможила да малтретира свои колешки!? ВМРО-ДПМНЕ бара во најкраток можен рок сторителот да биде изведен пред лицето на правдата и да се соочи со соодветна казна. Злоупотребите на позициите мора да запрат. Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност за сите злоупотреби, сето насилство и мобинг, истакна Ласовска.

Истовремено даваме силна поддршка на жените жртви на овој брутален чин да истраат во борбата против сторителот и ги повикуваме надлежните институции во најкраток можен рок да преземат мерки против сторителите. Насилство врз жените е недозволив акт во 21 век, додава таа.

Трајановски: Шилегов форсира проект за Луна паркот кој е за 12 милиони евра поскап, односно изнесувa 18 милиони евра

Градоначалникот на Градот Скопје, господин Шилегов иако беше жестоко против, сега се согласува со идејата Скопје да добие панорамско тркало, и да го продолжи проектот оставен од претходно за нов Луна парк, со таа разлика што сега тој ќе ги чини скопјани цели 18 милиони евра, ова денеска преку прес-конференција го истакна Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Значи 18 милиони евра во споредба со 6 милиони евра колку што чинеше претходниот проект кој повеќе од половина беше завршен. Господинот Шилегов форсира проект кој е за 12 милиони евра поскап, односно да изнесувa 18 милиони евра. Повторувам 12 милиони евра поскап. Патем веќе се набавени 7 справи уште во 2017 година, кои се држат во магацин и за кои се плаќа за нивно чување и за истите постои соодветно партерно уредување и требаше само да се постават уште во пролетта 2018 година. Тоа значи дека ако овие справи беа поставени досега граѓаните на Скопје и туристите ќе можеа да ги користат овие содржини. Зошто господине Шилегов им ускративте на граѓаните да имаат Луна Парк уште пред две години, дали е поради тоа што беше од претходната власт, тоа не е добро за Градо Скопје. Да биде иронијата поголема СДСМ и господин Шилегов, кои фрлаа дрва и камења за ваквите проекти и истите ги нарекуваат непотребно и лудо трошење на народните пари, сега од позиција на власт тие нудат Луна Парк кој што е поскап за 12 милиони евра, а да биде уште почудно е што господинот Шилегов во тој Луна Парк ќе смести и панорамското тркало кое во кампањата секогаш го посочуваа како непотребно и екстремно скапа содржина во Градот Скопје, вели Трајановски.

Тој додава дека Шилегов, да ве потсетам дека во кампањата постојано ветувавте дека со парите од панорамското тркало ќе изградевте водоводи, канализации, улици, училишта, паркови, почист воздух и здрава вода за пиење.

-Ништо од ветувањата, а проектот за панорамското тркало во него, останува. Сега граѓаните со право се прашуваат зошто наместо 12 милиони евра поскапиот Луна Парк не изградевте водоводна мрежа во населбата Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Хиподром за кои патем има и готов проект. Водоводот во сите овие населби, а има околу 30.000 жители чини околу од три и пол милиони евра. Или зошто со тие 12 милиони евра не го решите водоснабдувањето во високата зона во Ѓорче Петров или фекалната канализација во Волково. Со овие 12 милиони евра поскап Луна Парк можевте да ги изградите ветените средни училишта „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров и „Кузман Јосифовски Питу“ во Општина Аеродром и да ви останат пари за реновирање на многу други средни училишта. За потсетување булеварите „Илинденска“, Теодосиј Гологанов“ и булеварот „3-та македонска бригада“, сите заедно коштаат околу 12 милиони евра. Ова е лицемерие на дело. Едно зборуваат пред избори, друго прават откако ќе дојдат на власт. Граѓаните гледаат и граѓаните ќе ве казнат за хипокризијата, неработењето и недомаќинлукот на следните избори на 12-ти април, вели Трајановски.

Јаулески: Пендаровски само ја потврди суровата реалност во која живееме

Пред 4 години овде Зоран Заев и СДСМ како тогашна опозиција оставија стотици чевли, како симбол за иселените млади од државата, ветија дека не само што ќе го запрат иселувањето, туку и дека ќе ги вратат иселените. Веќе 3 години Заев е премиер и не само што не ги врати иселените млади, туку и претседателот на државата јавно говори дека доколку не би бил претседател и тој би се отселил од Република Македонија, рече Јован Јаулески, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изјавата на Стево Пендаровски е потврда за суровата реалност во која ја живееме денес. Никој, ниту функционерите предложени од СДСМ не сакаат да живеат во држава на која тој и е премиер. 3 години откако Заев е на власт, младите се повеќе бегаат, а бегаат заради криминалот, корупцијата и рекетот, бидејќи во Македонија под Заев функционираат криминалците кои во Луј Витон ташни носат милиони, пари кои не знаеме каде завршиле и дали и Заев лично не е крајната дестинација на милионите од најголемата рекетарска афера до сега. Младите бегаат затоа што наместо деца кои едвај врзуваат крај со крај, а имаат висок просек, стипендии за студирање во странство добива ќерката на Никола Димитров. Младите бегаат затоа што отвораат фирми, се борат на пазарот и едвај собираат за плати, додека луѓе блиски на власта со фирми отворени непосредно пред да биде распишан некој јавен оглас, добиваат милионски тендери и преку ноќ стануваат милионери. Младите бегаат затоа што нема правда. Нема функционален систем. Нема надеж. По 12 април ќе почнеме со обнова на Македонија. Македонија ќе биде земја каде младите ќе сакаат да остануваат, истакна Јаулески.

Господине Пендаровски не се, додека ви помине мандатот како претседател, ВМРО-ДПМНЕ веќе ќе биде на власт 3 години и ќе се чувствуваат придобивките од обновата, и нема да мора да си заминете од државата, додава тој.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандализмот и хулиганството од страна на група граѓани во МНТ

Целата македонска јавност е згрозена од синоќешниот вандализам и поганење на македонскиот народен театар, обвинува актерот Зоран Љутков.

-Болно е за Заев и неговите соработници тоа што со секој изминат ден се повеќе се гледа нивната неспособност нешто да изградат, но недозволиво е заради тоа да сквернават се што некој друг пред нив изградил. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандализмот и хулиганството од страна на група граѓани во МНТ. Снимката која излезе во јавноста, а од која се гледа како се оштетува имотот на МНТ е срамна и доказ дека со оваа власт е пробиено дното. МНТ е институција за одржување на театарски претстави и културни собири, а не сцена за дивеење на навивачки групи. Директорот на МНТ мора да одговори како можел да дозволи изнајмување на театарот на навивачка група, и по кој основ е издаден театарот, колку е платено за неговото издавање и руинирање, и дали воопшто е платено? Како може да се издава театарот само со јавување на телефон, па нели има правилник и процедура за тоа, и на крај кој ќе сноси одговорност и кој ќе ја плати штетата? И зошто никој од обезбедувањето не реагира кога поединци почнаа да дивеат и да се качуваат по седиштата, порача тој.

Љутков прашува: До каде оди лудилото на оваа власт!?

-Одговорност мора да има и од заменик министерот за култура, министерот за култура, националниот координатор за култура, како и советниците за култура на Зоран Заев. Со овие луѓе на чело, културата одамна е пропадната. На местото каде во петокот вечерта се дивееше големите имиња на македонскиот театар поминуваат часови, денови и месеци во проби и претстави. Творат и работат. Ова е потценување и понижување и на нивниот труд. МВР мора најбрзо да ги пронајде сторителите на вандалскиот чин и да ги казни согласно законот. Се друго ќе биде само потврда дека овој вандалски чин е свесно организиран. И за едно сте во право господине премиер, манифестацијата и не била баш културна, порачува Љутков.

Мисајловски од Јагуновце: Македонија и овој честит и достоинствен народ заслужува обнова

Денеска тука сме општина Јегуновце да разговараме со граѓаните, да видиме што имаат да ни кажат, продолжуваме со нашиот караван „Обнова на Македонија“ , разговараме на сите актуелни теми и добро е да се слушнат граѓаните и во што помасовен број да не искритикуваат, но и да ни дадат идеи како да продолжиме понатаму, рече во своето излагање пред насобраниот народ во Јагуновце потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Добро е што голем број на граѓани доаѓаат и кажуваат што да предложиме во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ ,која треба да биде една од најдобрите програми и да допре до сите граѓани, затоа сме внимателни овој период да бидеме со народот. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била со народот, но овој пат за кратко време ни доаѓа техничка влада, ни доаѓаат многу предизвици и затоа целото раководстсво на ВМРО-ДПМНЕ е на терен, заедно со многуте граѓани ја исцртуваме програмата. Затоа и додека сме во техничката влада, но и потоа ќе покажеме во изборната кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ги има најдобрите кадри, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е спремна за избори да ја води Република Македонија во новата влада, стакна Мисајловски.

-Ние сме амбициозни луѓе и сакаме амбициозни проекти, затоа насекаде во Република Македонија се случува оваа „Обнова на Македонија“. Им благодариме на сите граѓани коишто излегуваат, коишто ни даваат поддршка, а од друга страна ни даваат позитивна енергија за да продолжиме. Сведоци сме на многу погрешни политики коишто ги води оваа власт, сведоци сме на една изјава вчера што ја спомна првиот човек којшто треба да води Република Македонија, господинот Стево Пендаровски. Наместо позитивна енергија да шири како Врховен командант, како човек што треба да обединува, ние слушаме дека сака да си замине што побрзо. Епа да си заминете, ние ви велиме да си заминете сите, и затоа ќе работиме за што побрзо на 12-ти април следната година да ве испратиме во пензија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев: Она што имаме да го порачаме од победничко Пехчево е дека Обновата доаѓа, на 12 април Заев паѓа, а Република Македонија конечно почнува да оди напред

Продолжуваме со Разговорите за Обнова на Македонија и денеска сме во посета на Пехчево каде што имавме можност да поразговараме со граѓаните, за реалните проблеми кои што се случуваат во секојдневното живеење. Она што е слика за целата држава, можеби најдобро е да се забележи во овој крај од нашата држава, она што вчера ја слушнавме катастрофално лоша изјава на претседателот Пендаровски всушност е секојдневие во последните година дена овде во Пехчево. Зборувам за иселувањето особена на младите кои што секојдневно ја напуштаат државата и за жал овие убави градови во можеби најубавиот дел од Република Македонија, остануваат празни, ова денеска од Пехчево го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Она што како ВМРО-ДПМНЕ го преземаме како обврска од разговорите со граѓаните е да направиме се што можеме, да создадеме услови во нашата држава за прво да ги спречиме младите да се иселуваат, а секако дека и во блиската иднина сите оние кои што се иселиле да ги мотивираме преку работа и само работа да се вратат назад во нашата држава. Неработењето и неспособноста на оваа влада како на централно, така и на локално ниво е нешто што го гледаме буквално секој ден.Иако во Пехчево имаше огромни ветувања од страна на локалната власт, овде сме на градскиот плоштад каде што можеме да видиме дека буквално едно камче не е помрднато, една шајка не е закована, една светилка не е заменета. Ниту градскиот плоштад е реновиран, ниту е средено речното корито овде во Пехчево, ниту се реализирани кружните текови кои што ги најавуваа и ги лажеа и манипулираа граѓаните во време на предизборието, вели Јанушев.

Тој додава дека исто така да не заборавиме и да ги потсетиме граѓаните дека нема ништо од модернизацијата, односно унапредувањето и пуштањето во функција на водоводниот систем.

Она што имам да го порачаме овде од Пехчево а се однесува на земјоделците е дека граѓаните се жалат на селективна и ненавремена исплата на субвенциите, без разлика на сите пофалби и обиди за манипулации и предизборен поткуп што го слушаме од страна на власта.Она што имаме да им го порачаме од победничко Пехчево е дека Обновата доаѓа. На 12 април Заев паѓа, а Република Македонија конечно почнува да оди напред, рече Јанушев.

Арсовски: Заев го руинираше правниот систем преку уцени, закани и поткупувања вршат влијание врз правосудниот систем

Зоран Заев класично си ја поткупувал Катица Јанева. Јавноста е сведок дека Зоран Заев преку Владата на лична сметка на Катица Јанева префрлале пари во висина и до 600 евра и тоа последната исплата била на само 10 дена пред апсењето на Катица Јанева во сред екот на најголемиот случај во историјата на Република Македонија за рекетирање во случајот Рекет, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Замислете Катица Јанева примила пари на лична сметка од Владата на СДСМ и тоа по основ за учество во Советот за реформи и тоа не било единстена исплата. Имало исплати и неколку години претходно. Ако се земе во предвид дека веќе ја имаше депонирано својата оставка Катица Јанева од СЈО во тој период, која е причината за исплатата на овие средства на личната сметка на Катица Јанева од страна на владата каде што премиер е Заев во сред случајот РЕКЕТ? Да потсетиме дека Катица Јанева по разни основи од СЈО за 4 години има заработено и инкасирано замислете, потенцирам над 340.000 евра. Другите обвинители во СЈО имаат инкасирано помеѓу 270.000 и 290.000 евра за 4 години. Неколку милиони евра пари на граѓаните се имаат слеано во џебовите на овие јавни обвинители кои што беа избрани да носат правда, а не да рекетираат, додаде Арсовски.

-Основите биле плата над просекот на обвинителската плата, приход по основ на доверливост, приход по основ на плаќање кирија конкретно кај Катица Јанева, каде што самата таа имала ексклузивно право да си ги одредува висината на своите приходи во СЈО. Небулозата оди дотаму да ја пуштат од притвор со образложение дека е невработена и нема примања, а гледаме дека примала пари од Заев од Владата на само 10 дена пред апсењето. Ова е срам за правосудниот систем и ова е класичен поткуп од страна на Владата каде што Катица Јанева на лична сметка прима пари од Зоран Заев, настрана од примањата во СЈО. Бараме овие пари Катица Јанева да ги врати на граѓаните назад. Ова е класичен поткуп кој што го правел Зоран Заев кон Катица Јанева, рече портаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Одговорност за сето ова мора да има и ќе има по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април кога ќе следи Обнова на Македонија и исправање на сите грешки од изминатите години кои ги направи оваа Влада на СДСМ и Заев, порача Арсовски.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ ќе работи за силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ втор ден е на Конгресот на христијанско-демократската унија тука во Лајпциг, имаме интензивни средби со нашите пријатели од ЦДУ, владеачката партија во Германија којашто 15 години успешно ја води Германија.

-Разговараме за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, разговараме за промените коишто треба да се случат во Македонија, разговараме за сите штетни политики коишто ги направи владата на Заев, ги информираме за криминалот и корупцијата на Заев, за обидот да шират лажни вести и паниката којашто ги снајде. Ги информираме за подготовката за предвремените парламентарни избори коишто треба да се случат на 12-ти април, на коишто ВМРО-ДПМНЕ очекува да понесе убедлива победа, после којашто новата влада на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ и со Германија, ќе се обиде да привлече што поголем број германски инвеститори, да дојдат и да инвестираат во Македонија. Основно за Македонија се нови работни места, а за оние коишто работат повисоки плати. Втората цел е воспоставување на силен систем на владеење на правото и борба со корупцијата, тука исто така ќе ги користиме искуствата на ЦДУ, значи силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата, тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Николоски.

Тој додава дека можам да кажам дека сум задоволен што во овие два дена тука во Лајпциг, како и претходно во Загреб, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има силна меѓународна поддршка, тоа не може да го помати никаква прес конференција на СДСМ или лажни вести, или лагите на Заев и неговите компањони. Сите во Македонија знаат дека Заев е виновен за пропаста на Македонија, сите во Македонија знаат дека Заев Македонија ја води назад, како што исто така знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилен тим, тим на стручњаци, на експерти, на докажани луѓе од партијата и на нови лица коишто доаѓаат, коишто ќе ја изведат Македонија на прав пат, економски силна и стабилна, и Македонија во којашто ќе владее правната држава. Продолжуваме денеска со средбите тука да ја продлабочиме соработката помеѓу Македонија и Германија , помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ.

Арсовски: Правосудниот систем во Македонија е руиниран од рекетари и политички властодржци кои наредуваат како да бидат затварани и решавани судските случаеви

Правосудниот систем во Република Македонија е руиниран од рекетари и политички властодржци кои наредуваат како да бидат затварани и решавани судските случаеви, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Рената Дескоска вчера јавно призна дека Вилма Русковска е под контрола на Зоран Заев. Дескоска вчера пред граѓаните на гостување во национална телевизија призна дека се правело амнестија на пратеници кои биле обвинети токму од Вилма Русковска, кои неколку часа по ослободувањето гласале за уставни измени и против волјата на граѓаните, а во насока на волјата на Зоран Заев и СДСМ. Очигледно е дека се монтираат случаеви за да може Зоран Заев да прави што сака во Република Македонија. Режим, диктатура и авторитаризам се мали зборови за ова што го прави СДСМ и Заев. Како што вели Дескоска на сите ни било јасно дека законот за амнестија бил донесен во време кога чекорите кои се преземале биле преземени во насока на уставните амандмани. Нема поголем срам од тоа да еден министер што треба да спроведува правда сам си признава пред граѓаните јавно дека спроведува неправда. Рената Дескоска не треба да чека да дојдат изборите на 12 април, туку треба уште веднаш да си поднесе оставка и да си замине од местото министер за правда, бидејќи ова што го прави не е правда, туку класична неправда, вели Арсовски.

Тој додава дека срамот на Десковска е срам за целата држава кој од нејзе очекува спроведување на правда, а не личен интерес на Заев, СДСМ и останатите.

-Дали и е јасно на Рената Дескоска дека јавно призна пред целата јавност дека Вилма Русковска работи под диктат на Заев? Дали ова признание значи дека Русковска, Заев и Дескоска секој еден случај го работат на принцип на уцени, закани и притисоци само за да извлечат лична политичка корист? Дали на Дескоска и е јасно дека за ова еден ден некој ќе сноси одговорност? Јасно е кој е принципот на работа на Русковска во случаите кои ги води во изминативе 2-3 години. Заев наредува, а Русковска и Кацарска исполнуваат и на крај Луј Витон торбите полни со пари никој не знае каде завршуваат. Истото се случува и во случајот РЕКЕТ. Користејќи го влијанието кон Русковска, Заев се обиде на секој можен начин да се заштити сам и политичкиот врв на власта и СДСМ. И беше овозможено на Катица Јанева да брише докази, да губи телефони, да форматира компјутери и за целиот период додека го прави тоа па и откако е отворена истрагата за Рекет да зема пари од Владата на Република Македонија. Значи обвинета за дело и зема пари од граѓаните. Зоран Заев и СДСМ го имаат корумпирано, поткупено, уценето и заробено цел правосуден систем. Потребна е обнова на Македонија и потребно е одново градење на правосудството во Република Македонија, без Русковска, Кацарска, Заев и Луј Витон торбите. Тоа следи по 12 април, потенцира Арсовски.