Владините мерки ги дискриминираат лекарите и специјализантите

И премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во ниту еден јавен настап на која ја третираат темата здравство не изоставуваат да ги споменат специјализантите како група на која и ги решиле проблемите.

Тврдењата дека прашањата за специјализантите се затворени се далеку од вистината. Сите т.н. мерки кои власта ги презема се популистички и некомплетни. Имено, една цела група на кофинансирани специјализанти не се опфатени со законските измени со кои се регулира времето на одработување во јавните здравствени установи по завршување на специјализацијата. Како и висината на финансиските средства кои специјализантите треба да ги враќаат доколку дојде до раскинување на договорот.

Ваков дискриминирачки третман не заслужува ниту еден лекар кој поминал години интензивно високо образование и бил спремен да остане и да придонесе во развојот на здравството во својата земја.

Дали се работи за недостаток на политичка волја или пак свесно оставање простор за манипулација со оваа група специјализанти е помалку важно, она што е суштински застрашувачко е дека заминувањето на младите лекари од Република Македонија до октомври 2019 година е најголемо во историјата од осамостојувањето на нашата држава.

Веќе не се во прашање само ниските плати и лошите услови за работа, се повеќе станува збор за одговор на потценувањето на интелигенцијата на младите лекари и секојдневните понижувања кои ги трпи лекарската фела.

ВМРО–ДПМНЕ се залага и ќе се залага за принципот – ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД СПОРТОТ

Владата на СДСМ како и во секоја област од општеството, така и во делот на спортот ништо нема реализирано на позитивно, напротив, сите реформи им се за уназадување на функционирањето и работата.

Со промената на Законот за спорт и Законот за данок од добивка се укина една мерка со која клубовите, федерациите и индивидуалните спортисти можеа под еднакви услови за сите да изнајдат начин за финансирање на своите годишни програми во делот на спортот. За жал наместо унапредување и суштински реформи, оваа мерка беше заменета со ваучерскиот систем кој ги стави спортските субјекти во нееднаква положба пред законот и се покажа како тотално нефункционален и неповолен за федерациите и спортските субјекти, каде државата за едни е мајка, а за други маќеа.

Мерката им е донесена во погрешен тајминг, беа поставени високи и дискутабилни критериуми што на крај резултираше со тешка имплементација на ваучерот за оние субјекти кои го добија и огромно незадоволство кај спортските субјекти кои не го добија истиот. Во текот на летото овие спортски субјекти добија ветување дека законот ќе се смени и критериумите ќе се изменат, за да и овој огромен дел на клубови и спортисти биде опфатен со истиот.

Нормално како и се останато во Владата се сведува на лаги и манипулации и еве поминува и месец октомври, а ништо од ова не е исполнето – пред се поради меѓукоалициски пазарења на партиите на власт. Жално, но вистинито.

За жал најавите на клубовите и спортистите од вторите лиги, како и сите младински категории дека ќе ги бојкотираат националните првенства се остварија.

Веќе неколку недели наназад, на дело е БОЈКОТ на овие првенства.

Едноставно сите треба да знаат дека во моментов освен прволигашки натпревари, спортските натпревари речиси и да ги нема. Како епилог на се, е најавениот протест на клубовите и спортистите пред Владата на Република Македонија во недела 3 ноември.

ВМРО-ДПМНЕ цело време будно го следеше овој процес и конструктивно се обидуваше да даде предлози за надминување на оваа ситуација. За таа цел беше поднесен предлог на закон за враќање на старите законски одредби во средината на месец септември.

Подготвени сме истиот да биде модифициран во деловите каде можеби се појавиле одредени проблеми со цел подобрување на функционалноста на истиот и сите заедно да го затвориме овој проблем.

Причината за овој наш став е ПРИМЕНЛИВОСТА и СПРОВЕДЛИВОСТА на истиот закон ВЕДНАШ.

Доколку ова не се прифати, одговорност треба да понесе уште веднаш Директорот на АМС, Дарко Каевски и советникот за спорт на премиерот г-дин Даниел Димевски, кои дрско ги излажаа спортските субјекти, за на крај да се соочат со дебакл на мерките кои ги донесоа за што ние навремено предупредувавме. Освен хаос, за 2 и пол години немаат ниту еден единствен проект што може да го набројат како реализиран. И тоа што имаа од претходната власт го блокираа и стопираа.

Сакам да истакнам дека ВМРО–ДПМНЕ се залага и ќе се залага за принципот – ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД СПОРТОТ

Заради тоа изразуваме поддршка за организаторите на неделниот протест, кој е право загарантирано со Уставот на Република Македонија.

Повикуваме никој да не го злоупотребува протестот за политички поени. Спортистите и спортските субјекти имаат реални маки и проблеми кои мора да им се решат!

Мицкоски: Русковска уште еднаш ја потврди тесната врска со власта

Вилма Русковска уште еднаш ја потврди нејзината спрега и тесна врска со власта во Макеоднија. Сега ми е јасно зошто Зоран Заев толку многу се обидуваше веднаш да најде замена за катица Јанева и тоа да биде Вилма Русковска, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со последните информации изнесени од обвинителката.

-Русковска вчера во емисија во обид да ја одбрани власта и да скандализира нешто каде што нема простор да скандализира, изнесе груба вистина. Но каква е вистината- На 26 јули Русковска ми испрати СМС порака, во која ме замоли да се слушнеме, јас по СМС пораката и се јавив, ме замоли да се видиме, јас ја поканив во седиштето да дојде, таа рече дека не е пристојно да дојде во седиштето. Тогаш ја запрашав не кое друго место и што би била темата. Она ми одговори дека темата би била уште еднаш да поразговараме околку актуелната ситуација, но и моја изјава во врска со уцената која Катица Јанева ја испорача на еден наш состанок за кој ја претходно ја информирав јавноста. Она ми рече дека тој ден не е во можност и предложи некој друг термин, на што јас и реков дека не можам во деновите кои следат поради густиот распоред. И се договоривме да се слушнеме по годишниот одмор и го одржиме тој состанок. На 15 август и испратив СМС порака и и реков дека сум во Скопје и стојам на располагање, на што добив одговор дека ќе ме побара. На 11 септември беше прес-конференцијата која таа вчера ја споменуваше, каде што јас зборував за документите кои свиркач ги достави до ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски и додаде:

„Вчудоневеиден сум и разочаран од лошата состојаба во правосудствотои тесната врска меѓу власта, обвинителството и судството“.

Сето ова што го кажав денеска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го поседувам во форма на докази.

-Доколку уредно бидам поканет од Обвинителството, се разбирам дека ќе се одзвам на поканата.

Стоилковски:Симовски да одговори дали статистика лажира информаци?

Почитувани до ВМРО-ДПМНЕ постојано пристигнуваат индиции за злоупотреба на статистиката заради потребите на власта во заминување. Постојат сведочења за пиши-бриши економски показатели кои излегуваат од државната статистика, а по нарачка на власта за лажно подобрување на економскиот биланс.

Почитувани,

Државната Статистика наместо одговори, се заканува со тужби бидејќи беше објавено дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сведоштва од вработени, актуелни и поранешни вработени, за фабрикување и испорака на резултати по теркот на потребите на власта, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики коишто ги води оваа власт во заминување.

Ваквиот чекор, заканите со тужби од директорот, Апостол Симовски само ги засилува сомнежите во јавноста за недоследности во работењто.Заканите ги зацврснуваат индициите за пиши-бриши економијата во рамките на државниот заводот за статистика, индициите за манипулација со информациите за растот на БДП, индиции за манипулации за процентот на долгот на државата, што предизвикува лажна слика за граѓаните, но и за меѓународните финансиски институции.

Заедно уште еднаш оттука ќе го прашам Симовски:

Дали имало вработени кои поднеле оставки заради лажирање и недоследно работење на институцијата?

Дали се фабрикувани објавени резултати по претходен диктат од Илинденска бр.2?

Дали врз основа на таквите објавени резултати лажно се подобруваат стартни позиции на власта за обезбедување на средства за буџетот, како и за други политики на оваа власт во заминување?

Ова се сериозни прашања за макроекономијата,прашања коишто навлегуваат во севкупното економско движење и живеење во Македонија, прашања коишто заслужуваат одговори од директорот на статистика. Но, наместо одговори од него стигнуваат закани со тужби.

Почитувани,

Се повеќе граѓани се охрабруваат и приоѓаат до ВМРО-ДПМНЕ со факти, со докази и со индиции. ВМРО-ДПМНЕ знае каде да ја лоцира одговорноста за ваквите случувања.Одговорност за ваквите лажирања мора да има и ќе има по предвремените парламентарни избори.

Законот не важи за функционерите блиски до Заев

Додека се Заев и СДСМ на власт нема ниту правда, ниту правдина во нашата држава. Законот не важи за функционерите блиски до Заев. Тие може да крадат, да малтретираат, да се закануваат и да тепаат луѓе, а органите на прогонот само ќе ја свртат главата и целосно ќе го амнестираат насилството.

Вчера слушнавме како Сенад Јашар јавно сведоци за насилството од страна градоначалникот на Шуто оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш врз него.

Сенат Јашар сведочи дека бил затворен во кабинетот на Курто Дудуш и дека бил тепан од него и неговиот советник со шамари и тупаници.

Шест месеци по обелоденувањето на оваа аферата нема никаков исход. Напротив се повикуваат и застрашуваат новинари кои што оваа афера ја обелоденија во јавноста.

Нема казна за насилникот Курто Дудуш и неговите пајташи, но затоа се шиканира новинарот кој посочил на ова насилие.

Вчерашното сведочење на Сенат Јашар го отсликува криминалот на оваа власт. Врз него е вршен систематски притисок за да го смени исказот и да го заташка овој случај. Полицијата на Спасовски е активен учесник во затскривање на овој настан.

Ваквото криминално однесување на власта, обвинителството и судството е срамно и недолично. Нема држава во Европа каде градоначалник претепува граѓанин преку кого претходно сакал да договара матни зделки, а да остане несанкциониран.

Ги охрабруваме сите граѓани на Република Македонија, не само Јашар, не се сами во оваа битка, секој еден граѓанин кој е репресиран од страна на власта време е да го крене својот глас.

Наскоро правдата доаѓа. Одговорност за секој еден прекршител на законите ќе има.

Шилегов крие колку до сега е потрошено за градба на градската куќа, не сака да се даде на увид на јавноста

Постапката по која се спроведува продажбата на градската куќа ги потврдува нашите сомневања дека зад нејзе се кријат можности за криминални интереси, и дека дефинитивно граѓаните на Скопје ќе бидат оштетени.

Се потврди и дека работната група која Шилегов ја најави, и требаше да обезбеди транспарентна постапка преставува само фасада која треба да ги покрие криминалните интереси на градските моќници.

Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ учествувавме во работата на таа работна група во која од Шилегов и Градот Скопје побаравме:

  • Прво, увид и копија од документација за тоа колку е потрошено досега за изградба на градската куќа.
  • Второ, отворање на градската куќа на увид на јавноста.
  • Трето, стопирање на постапката и јавна расправа.
  • Четврто, стручна комисија од архитекти кои ќе ги проценат просторните можности на објектот.

Ниту едно од овие наши барања не беше исполнето. Значи Шилегов крие колку до сега е потрошено за градската куќа, не сака да се даде на увид на јавноста, се плаши од јавна расправа и не сака стручна проценка на просторните можности. Сето ова го одбива за да се спроведе криминалниот интерес.

Токму затоа како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да бидеме алиби за криминалите на градот и нема да учествуваме во работата на работната група и легитимирањето на ваквиот сомнеж за криминал.

Оправдани се нашите стравувања дека однапред се знае купецот и дека најоштетени ќе бидат Скопјани.

2 години Шилегов, 2 години криминал, лаги и измами.

Стаменковска Стојковски: Граѓаните на Гази Баба не видоа ниту едно ветување од прeдизборната кампања на Борис Георгиевски

Изминува и втората година од мандатот на Борис Георгиевски како градоначалник на Гази Баба.

Со секој поминат месец се зголемува бројот на неостварени ветувања од неговата предизборна програма.Граѓаните од Гази Баба се прелажани како никогаш до сега од кога се спроведуваат локални избори во Република Македонија.

Борис Георгиевски е посветен на дневно политички игри за кои добива упатства од неговата матична партија, и се занимава само со протоколарни и безлични активности кои суштински не влијаат врз животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во оваа прилика се потсети на долгиот список на лаги на СДСМ и на Градоначалникот во Гази Баба.

Господине Георгиевски, до каде е ветената гасификација за жителите од нашата општина која беше гласно истакнувана во вашата изборна програма “Живот за сите”? Како планирате да ја завршите во 2021 година кога до денес ја немате и отпочнато?

Граѓаните од месната заедница Црешево и Стајковци прашуваат дали ќе го добијат спортско-рекреативниот центар кој го ветивте, а уште не сте го отпочнале?

Имате обврска да им одговорите на граѓаните од урбаната заедница Автокоманда зошто во годината која изминува не им изградивте поликлиника која ја ветивте во вашата изборна програма?

Дали е совесно да се лаже кога здравствената грижа на граѓаните е во прашање?

Во пресрет на 3 ноември-Денот на општината, како ќе ги погледнете во очи родителите од урбаните заедници Ќерамидница, Автокоманда, Ченто, месните заедници Стајковци, Трубарево и Питу Гули-Инџиково каде што ветивте дека ќе изградите нови детски градинки и училишта, и реконструкција на постоечките?

Мртво слово на хартија останува и ветениот трговски центар во Маџари, катната гаража во Ченто, ги изневеривте младите кои го очекуваа затворениот базен во Хиподром.

Гази Баба останува без асфалтирани улици, без ветени одводни канализации, за Гази Баба времето е застанато.

Борис Георгиевски и СДСМ ќе останат запаметени по реваншизмот, кадровите смени, непотизмот, затвореноста во неговата комфорна канцеларија и префрлувањето на вината за неспособноста на други.

Наближува зимата, а Гази Баба повторно ќе биде најзагадената општина во државата.

Долг е списокот на измамите од луксузната предизборна програма на Борис Георгиевски со 90% нереализирани проекти.Тоа е честитката од градоначалникот до граѓаните за 3 ноември Денот на општината.

ВМРО-ДПМНЕ остануваат доследни во промоција и заштита на интересите на граѓаните и понатака ќе го потсетуваме градоначалникот за неговата должност да работи за унапредување на нашата општина.Неговиот мандат изминува, на следните избори тој и неговата партија ќе ја добијат казната за неговата неодговорност.

Арсовски: Ангеловска за само 3 месеци ја задолжи Република Македонија за нови 200 милиони евра

Денеска Нина Ангеловска и Зоран Заев во пресрет на изборите ќе не задолжат за нови 41 милион евра. Нина Ангеловска, министерката со ниту еден проект откако е министер, што е срамота, за само 3 месеци ја задолжи Република Македонија за нови 200 милиони евра. 200 милиони евра одат во дупка, ниту еден единствен проект не е реализиран. Вкупниот долг енормно расте, граѓаните се се повеќе задолжени. Недомаќинското работење на Владата и министрите во Владата на СДСМ ја носат државата во амбис, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а дури два пати повеќе сакаат да си заминат од државата доколку имаат можност уште веднаш. На листите каде што се рангираат економиите во светот од државите, Македонија упорно тоне и оди надолу. На „Дуинг Бизнис“ паднавме за 7 места, од 10-то на 17-то место, и тоа единствено поради лошите политики на Владата и економскиот тим. Германските бизнисмени ни дадоа огромна 0 за бизнис клима и инвестирање во Република Македонија. Затоа сите странски ја заобиколуваат државата. Од лидер во регионот по странски инвестиции, станавме земја со најмалку странски инвестиции во регионот.“

Арсовски потенцираше дека од лидер во регионот по ново отворени работни места по глава на жител, станавме земја која заостанува зад сите останати земји во регионот. Граѓаните заради моменталната економска ситуација се принудени се повеќе да одат на работа во странство.

Крадци и криминалци не смеат да ја чуваат државна каса. Така е и со Владата и економскиот тим на Зоран Заев. Луѓе кои што мислат само како да наместат некој тендер и да украдат, не смеат да имаат пристап до парите на граѓаните, а најмалку да ги чуваат. Затоа и само се задолжуваме и се повеќе тонеме. Веднаш после 12-ти април, отпочнуваме сите заедно ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за „Обнова на Македонија, и граѓаните со обнова на Република Македонија. Тоа е најпотребно во моментот. Мора да се стави крај на целото ова неработење и хаос и мора да одговараат сите кои што манипулираат и крадат, подвлече Арсовски.

Златев: Спрегата на Јавното обвинителство и Јовевски со власта е очигледна и истата му дава порив за малтретирање на новинари

Утринава бев повикан во МВР по налог на Основното јавно обвинителство пред кое ја држам оваа прес-конференција, а бев повикан поради тоа што оваа година ја објавивме снимката од градоначалникот на општина Шутка Курто Дудуш на која се слуша како тој безправно лишува од слобода, односно киднапира човек и истиот физички го малтретира, ова денеска на прес-конференција го истакна новинарот Љупчо Златев.

-Ова е навистина иронично затоа што јас треба да сносам некаква одговорност затоа што сум објавил некаква снимка на која се гледа како функционер од власта тепа човек. Ме повикаа во МВР, морам да признаам дека службениците беа професионални и ми рекоа дека морало да ме повикаат затоа што имале налог од ОЈО. Ова обвинителство веќе во серија малтретира новинари, а јас како уредник на Економски Лидер сум поканет во истото, додека претходно имаше уште неколку новинари кои се теретени од ОЈО, вели Златев.

Тој додава дека спрегата на Јовевски со власта е очигледна и истата му дава порив да ги малтретира сите оние кои критички ја обработуваат и објавуваат снимки со тепање.

ВМРО-ДПМНЕ од денес со јавен повик за учество во изработката на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори во 2020 година

Граѓаните се гневни и разочарани од оваа власт. Граѓаните едвај чекаат оваа расипничка и ненародна власт да замине за да си ја вратат државата и за да почне да се решаваат нивните маки. Активностите во рамки на „Разговори за обнова на Македонија“ покажаа дека граѓаните не гледаат и не очекуваат никакви решенија од Зоран Заев.

Над 40.000 граѓани разочарани од криминалот, корупцијата и неспособноста на владата на Заев, се обратија во рамките на акцијата посочувајќи ги проблемите, но и нудејќи идеи и проекти. Огромното мнозинство од граѓани бараат обнова на Македонија.

Тие не сакаат да гледаат како Македонија под власт на Заев се уназадува и тоне во бесперспективност на секое поле. Граѓаните знаат дека ветувањата на Заев се обични лаги. Најавените реформи се претворија во милионски тендери за семејните фирми, а подобриот стандард на обичниот човек се претвори во торби Луј Витон за кои сеуште се крие каде завршуваа.

Оттука, а охрабрени од големата поддршка на акцијата „Разговори за обнова на Македонија“, ве известуваме дека ВМРО-ДПМНЕ од денес упатува јавен повик за учество во изработката на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори до сите невладини организации, здруженија на граѓани, синдикати, стопански и останати комори, и останати заинтересирани субјекти да се вклучат во нејзината изработка.

Сите заинтересирани своите проблеми, согледувања, предлози, идеи ги повикуваме да ги достават на е-маил адресата [email protected] најдоцна до 30.11.2019 година. Испратените материјали ќе бидат разгледани од страна на тимот на ВМРО-ДПМНЕ кој работи на изготвување на програмата, предводен од проф. Д-р Трајко Славевски.

По што ќе стапиме во контакт со сите заинтересирани субјекти и ќе договориме средби и начин за понатамошна соработка.

Очекуваме оваа нова алатка на комуникација да даде нов и квалитативен придонес во рамки на нашата акција и подготвувањето на изборната програма. Ние сме убедени дека граѓаните и сите чинители во државата кои и сакаат подобра иднина на Македонија ќе се вклучат и ќе помогнат во изготвување на победничката изборна Програма. Која без сомнение ќе биде темелот на кој принципиелно ќе се гради идната владина програма.

Почитувани,

Како што истекува времето на оваа криминално рекетарска банда на власт предводена од Заев, така и истекува и времето на неговите лажни ветувања, погрешни политики и катастрофални последици. Доаѓа времето на обновата која Заев ќе го прати во историјата и ќе донесе нов поттик на развојот и напредокот на Република Македонија.

Европската иднина може да се обезбеди само со многу труд, работа, посветеност и обнова кои ќе донесат благосостојба на граѓаните на Република Македонија. Заев заминува заедно со куферите Луј Витон, заедно со сомнителните тендери, заедно со принципот евро за Вицето.

Доаѓа времето на прогресот кој заедно со граѓаните и нивните идеи ќе го обезбеди ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.

Заев и Нина Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија за нови 41 милион евра

Република Македонија во моментов ги доживува своите неславни мигови во економијата. Од врвот на листите за економија и бизнис каде што бевме пример за останатите држави, сега гледаме како тонеме од година во година, од месец во месец, од ден во ден.

Граѓаните тоа најдобро го чувствуваат на свој грб.

Додека земјата паѓа од 10 на 17 место на листата на „Дуинг Бизнис“, додека 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата, Зоран Заев и Нина Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија за нови 41 милион евра.

Ова е четврто задолжување и четврт проект воедно на Нина Ангеловска како министер за финансии откако е дојдена на функцијата. За само 3 месеци успеа да ја задолжи Република Македонија 200 милиони евра.

Психолошката граница на задолжување одамна е помината.

Затоа прашуваме, каде завршуваат овие милионски суми од задолжувањето, кога гледаме дека не е реализиран ниту еден единствен проект? Сите, целата јавност гледа дека половина од парите се покрадени од актуелните функционери владини преку наместени тендери и провизии.

Почитувани,

Сите економски параметри и индикатори одат надолу и државата тоне.

Над 200 милиони задолжувања за 3 месеци, а целата економија оди во пропаст, компаниите едвај врзуваат крај со крај, а пак граѓаните безизлезната ситуација ја бараат во напуштањето на државата. Според последните анализи повеќе од половина граѓаните да имаат можност би ја напуштиле Република Македонија и иднината би си ја барале надвор. Нема студент кој својата иднина не ја гледа надвор од својата држава.

Нивото на странски инвестиции е најниско до сега, нивото на капитални инвестиции е најниско во историјата, растот на БДП е далеку од очекуваното.

Заев како премиер јавно вели на телевизија дека давањето пари во плик од страна на работодавците е законски и нормално, а Нина Ангеловска молчи и срамежливо кажува дека се бори против сивата економија со скенирање на фискални, смешно.

Ќе сноси ли некој конечно одговорност за сето ова што ни се случува на економски план?

Ќе сноси ли некој одговорност за ова задолжување кое што се прави без план?

Ќе сноси ли Заев одговорност кој ги храбри бизнисмените да даваат плата во плик велејќи дека е законски? Дали истото можеби го прави и фамилијата Заеви со нивните фирми и со нивните вработени?

Почитувани,

Затоа следи обнова на Македонија после 12 април и конечно ќе се стави крај на целиот овој хаос што ни се случува.

Стојаноска: Власта на Заев во пресрет на изборите спроведува масовна партизација на администрацијата

Власта на Заев е во очај. Катастрофата која ја создадоа се обидуваат да ја покријат со класична предизборна корупција на гласачите. Тие сега на дело спроведуваат партизација на администрација на секое ниво. Како што пренесуваат и медиумите во пресрет на изборите за 60% е зголемен бројот на огласи за работа. Од почетокот на месецот објавени се 52 огласи за работа во институциите и на централно и на локално ниво, без прецизирање на бројот на луѓе кои се бараат, а десетици други барања продолжуваат да пристигнуваат во надлежните органи. Ова ли е “намалувањето на администрацијата“ кое го ветуваа и на кое работат? Во исто време кога се закануваат со откази на искусни кадри, се вработуваат илјадници роднини и партиски активисти со средства наменети за капитални инвестиции, изјави на прес конференција Дафина Стојаноска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Патем на лицата во здравството им нудите договор кој вообичаено се користи за молеро/фарбарски услуги или хортикултурно есенско чистење. Имено, Работодавецот може со определено лице да склучи договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавецот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа. Докторите и медицинските сестри не се надвор од дејноста на болниците и во никој случај не смеат да им се нудат ваков вид на незаконски договори. Во интерес на евроинтеграциските процеси, запрете со незаконските вработување и не ги залажувајте заборавените партиски активисти со вработување за период од два месеци.“

Стојаноска потенцира дека секоја злоупотреба која сега се прави ќе биде предмет на проверка после изборите и од страна на новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Функционерите кои сега распишуваат огласи спротивно на закон треба да знаат дека прават дела казниви со законот. Тоа што бесрамно го прават сега нема да ги спаси Заев и СДСМ од пораз. Оваа власт во заминување може да ги залажува своите заборавени активисти, ама нема да ги излаже граѓаните. Огромно мнозинство ја гледаат штетната политика на оваа власт на секое поле и тоа ќе го казнат на претстојните избори.“