Ветингот во МВР е со цел справување на сите кои не ги спроведуваат криминалните политики на Заев и Спасовски

Процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи е промашен уште од самиот старт, посочи Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Отворено се сомневаме дека целта на овој процес е справување на сите професионалци кои не може да бидат уценети и условени за да ги спроведуваат криминалните политики на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Отворено се сомневаме дека овој процес ќе се реализира само со една цел, а тоа е справување со службеници кои се искусни и предадени на работата и не прифаќаат незаконски наредби и мафијашки сценарија во полицијата. Затоа составот на работната група која што ќе го реализира ветингот е сомнителен, со лица блиски до Спасовски кои му должат или пак кои зависат од неговите одлуки. Никола Дујовски, кој ќе ја води работната група има директен конфликт на интереси. Затоа прашуваме, дали неговата сопруга е вработена пред неколку месеци токму од Оливер Спасовски? На кое работно место, со колкава плата и под кои услови?         Како може да се очекува независна одлука од Никола Дујовски, кога истиот е под целосна контрола на Спасовски, прашува тој.

Ѓорѓиевски оценува дека доколку Дујовски и Спасовски молчат за ова вработување, јасно е дека претседателот на работната група само ќе ги реализира политичките нарачки на министерот.

-Дополнително прашуваме, уште колку членови од работната група имаат вработено свои брачни партнери, деца и внуци во МВР? Колкумина од нив напредувале благодарение на влијанието кои го имале членовите на работната група? Дали ветингот ќе почне од нив или тие ќе носат одлуки под закана за санкции врз нивните блиски? Процесот е политизиран и компромитиран уште од самиот почеток. процесот се води само заради пресметка со професионалците и оние кои не се под партиска и политичка контрола на Спасовски. Спасовски сака ветинг, а ние бараме одговори: Како заврши случајот со неговиот советник Драган Симоновски кој беше фатен како рекетира преку оддавање на службена тајна, односно класифицирани информации добиени со ПИ мерки? Дали истиот е ослободен и од куќен притвор и вратен на работа? Ќе важи ли ветингот за соработниците на Оливер Спасовски? Како заврши истрагата за Јовче Ременски кој ги злоупотребува социјалните мрежи и началничката позиција, односно информациите до кои има пристап за да се заканува јавно? Дали никој не му може ништо само затоа што неговата сопруга е пратеник и колешка на Дујовски, истакна тој.

Членот на Ик на ВМРО-ДПМНЕ прашува: Ќе важи ли ветингот за неговиот советник Никица Петрушевски од Куманово?

-Дали тој е вработен во МВР во октомври 2018 како советник за комуникации во кабинетот на Спасовски? Дали тој е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол? Дали МВР издаде одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста?Колку е зголемено семејното богатство на неговиот советник откако тој е вработен во МВР до денес? Вистински ветинг би изгледал вака, а политички режиран, фејк ветинг, ќе изгледа како ветингот воден од Дујовски чија единствена грижа е неговата сопруга да напредува во кариерата во МВР. Спасовски, доста си играте со државата и со безбедноста. Цената на вашата неспособност ја плаќаат граѓаните. Спакувајте се и заминете. Само така ќе ја спасите Македонија и од вас и од вашите соработници и од криминалот и криминалците кои што постојано ве поддржуваат, порача тој.

Ѓорчев: Демографскиот пад е шокантни 1.200 бебиња помалку, а Заев, Царовска и Филипче имаат историска одговорност

Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. денешната прес конференција ја посвети на демографските податоци преку емпириски бројки, за жал, поразително биолошкото изумирање на Македонија затоа што Македонија буквално се иселува празни и исчезнува како никогаш досега.

-На почетокот би сакал да ви кажам неколку тажни бројки, а после тоа ќе одиме на тоа што се нарекува коментар прашања и прозивања на Зоран Заев и неговата влада со 28 министри. Почитувани присутни Македонија исчезнува и се иселува како никогаш досега. Ако ги погледнеме сумарните податоци на првите 6 месеци согласно заводот за статистика на Република Македонија ќе дојдеме до поразителен заклучок дека никогаш во првата половина на годината 70 години наназад во Македонија не се родиле помалку бебиња. Ако ги видиме првиот и вториот квартал доаѓаме до бројката од 9.248 родени деца оваа 2019 година. Минатата година беа родени 10.415 деца. Оваа 2019 година владата на Заев со неговите 28 министри со нивните катастрофални демографски, социјални, економски, инвестициони и секакви други политики доведе да имаме 9,248 родени деца. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 12 проценти, 1.200 помалце родени бебиња само во една година, истакна Ѓорчев.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа е катастрофа за која треба да има одговорност.

-Да Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче имаат историска одговорност за ова одумирање на Македонија кое ни се случува пред очи, никогаш не било полошо. Емпириски одкако има статистика и бројки во Македонија. 1,200 бебиња помалку, рецесија од 12 проценти. Ако тоа го поделите на паралелки во кои има дваесетина ученици а за жал имаме паралелки кај што имаме 3,4,5,7,8 или 10 ученици ако тоа го поделите 1.200 на 20 ученици доаѓаме до 60 паралелки помалку. Тоа е болно. Тоа е тажно. 60 паралелки помалце само во 6 месеци. Затоа Зоран Заев, Венко Филипче, Мила Царовска имаат историска одговорност, го укинаа надоместокот за трето дете, ги укина еден куп бенефиции кои што ги имаа многудетните семејства. Секој ден работат со своето бркање на инвеститори за ова држава да има помалку луѓе. Си заминуваат сите. Си заминуваат и Македонците и Албанците и Турците и Србите, Бошњаците и Власите. Се иселува источна Македонија, се иселува и западна Македонија. Се иселува Скопје, се иселува Пелагонија, секој си заминува од овој Заевистан во кој што нема никакви нови фабрики, нема никакви нови инвестиции, туку има само рекет и арамилак. Би сакал да направам и една паралела  со 2015 година, последната година кога пред да имаме пржински влади и сдсмовски министри, пред да го имаме овој Армагедон кој што ни се случува, во таа 2015 година во првите два квартали од јануари од јули имавме родени 11.444 бебиња, а оваа Македонија падна од 11.444 бебиња на 9.248 оваа 2019 година, посочи Ѓорчев.

Тој порача дека за само 4 години 20% рецесија, за само 4 години има 2.200 помалце родени деца.

-Тоа е 110 паралелки, кои да треба да ги поминувате една по една, ако секоја од тие  е 10 метри, тоа е 1 километар и 100 метри, треба да оди човек, десетина минути да се пешачи за да се поминат тие празни училници кои што ги изгубивме овие 4 години со катастрофалните политики на Заев, Венко Филипче и Мила Царовска. Најлош резултат откако има статистика во Македонија. Оваа година за прв пат како што одат првите два квартали, Македонија ќе падне под 20.000 родени деца. Доаѓа почетокот на учебната година и гледате дека речиси и да нема училиште во кое што нема недостаток на деца. Се затвораат паралелки, се затвораат училишта, се прават распореди за тоа да се ублажи или анулира. Но поразителниот факт е јасен, а тоа е дека Република Македонија со овие мерки на Зоран Заев и неговите 28 министри буквално снемува луѓе, истакна тој.

Ѓорчев потенцира дека речиси и да нема семејство каде што не се дискутира за иселување.

-Македонија буквално исчезнува, со демографските, економските и сите останати политики на Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче, падот во првите 6 месеци е од фрапантни 1200 помалку бебиња, помалку дури од најлошата година 2018.Бројките се навистина катастрофални и преку овие бројки се докажува емпириски дека Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче имаат историска одгвоорност во упостушовањето на Македонија. Со овие нивни политики Македонија станува празна земја, со овие нивни политики имаме училита без ученици, општини без граѓани, села и градови без народ. Молчи Заев, молчат министрите затоа што нема што да кажат.И онаа потрошена парола за живот во Македонија, се претвори во парола за живот во Германија, за живот во Шведска, за живот во Канада. Нема човек што не сака да бега и да се спаси од овој таканаречен живот на Зоран Заев и неговите 28 министри, порача Ѓорчев.

Притворот за Димовски, Митески и Јорданова, е акт на политички прогон, изживување и терор врз неистомисленици

Зоран Заев и картелот на власт тонат во криминал и колку повеќе го губат тлото под нозете, толку повеќе расне притисокот и злоупотребата врз институциите за да ја замолкнат опозицијата, посочува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Апсењето и притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митески е акт на страв на СДСМ и ништо повеќе. Притворот за Димовски и Митески, но и на службеничката во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, е акт на политички прогон изживување и терор врз неистомисленици на кланот на власта. Доколку имаше криминал, немаше да се чека дури три години за да се покрене случај. Доколку имаше криминал немаше само за нив да има притвор меѓу 11 осомничени. Притворот е политички определен за да се задоволи барањето за политички прогон, за политички хир и за обвинителство кое секојдневно покажува дека е тука за да замижува и да ги заштитува криминалите на Зоран Заев, задоволувајќи ги притоа неговите нарачки, истакнува Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Судот мора да ги земе предвид фактите дека по два месеци притвор, Јавен обвинител не најде за потребно да ги посети и да им земе исказ на овие тројца.

-Судиите мора да ги земат предвид фактите дека нема основа за продолжување на притворот, ниту може да го повторат делото, ниту да влијаат врз сведоци или докази, ниту пак за бегство. За пример, Димовски сам го предаде пасошот до судот и ниту пак побегнал, сведоци во случајот не се познати, а повторување на делото е невозможно бидејќи во министерството каде што работат ги немаат повеќе ингиренции. По два месеци притвор во вакви услови јавно прашуваме дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неговиот брат? Доколку и по трет пат се определи мерка притвор, под истите околности, веруваме дека станува збор за политички прогон.  Судиите мора да изнајдат сила и да работат врз основа на правните аргументи и факти, а не врз основа на хирот и потребата на властодршците за прогон врз опозицијата. Заев, заевизмот, заевистите тонат и ќе одговараат за сите криминали, рекетарства и местени тендери, а со нив ќе одговараат и нивните соработници, истакнува тој.

Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за справување со Африканската свинска чума

Мерките на Зоран Заев и Зоран Атанасов за превенција на Африканската свинска чума во земјата не даваат резултат. Нестручноста и непрофесионалноста го доведуваат под знак прашалник опстанокот на добиточниот свински фонд во Република Македонија, истакнува Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ како сериозна и одговорна опозиција активно ја следи ситуацијата со Африканската свинска чума и неспособноста на властите и АХВ да се справи со проблемот. Свесни за големиот економски и социјален губиток доколку би се појавила болеста, а воедно и сведоци на несериозниот однос на државните институции кои што треба да работат на сузбивање на влез на ваква сериозно болест, искористувајќи ги нашите стручни капацитети, предлагаме сет на мерки кои што ќе значат заштита на ова многу битна сточарска гранка во Република Македонија, истакна тој.

ВМРО-ДПМНЕ ги предлага следниве мерки:

Засилен надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство и Ловниот инспекторат во спроведување на мерката засилен острел на популацијата дива свиња, каде во целост ќе се имплементираат основни биосигурносни мерки и хигиена на лов.

Засилен надзорна свињарските фарми кои АХВ ги проценила како фарми со висок или среден биосигурносен ризик за влез на болести.

Брза и ефективна ургентна мерка – Финансиска поддршка на сите регистрирани одгледувалишта во итна имплементација на високи мерки за биосигурност за одгледувачите на свиња.

Засилени контроли на личниот багаж на граничните премини за контрола на внес на анимални производи со посебно означени места на граничните премини каде ќе се депонира ризичниот отпад.

Задолжителни воспоставени дез-бариери на сите граничните премини на Република Македонија.

ЗЕЛС и локалната самоуправа во соработка со соодветните инспекциски служби итно да спроведат мерки дислоцирање на слободно пуштените свињи на депониите, но и трајно истите да ги  оградат или пак да ги санираат постоечките огради.

Да се одреди институција и лица кои што ќе ги прибираат сите релевантни податоци и ќе го надгледуваат нивото на реализација се со цел квалитетно спроведување на веќе постоечките мерки.

Официјалните ветеринари заедно со ветеринарните друштва веднаш да излезат на терен и во радиус од 3 километри околу големите производни капацитети да формираат т.н. санитарни прстени кои ќе имаат за цел превенција од влез на Африканската свинска чума. Откако ќе ги детектираат критичните точки, а особено нерегистрираните одгледувалишта кои преставуваат особен биосигурносен ризик, веднаш во соработка со локалната самоуправа да ги спроведат и применат сите законски мерки. Регистрираните одгледувалишта во овие зони да ја покачат биосигурноста или пак доколку тоа не е можно да се пристапи кон нивна депопулација врз основа на претходно донесените мерки.

Итно информирање на јавноста во однос на досегашните резултати од спроведените испитувања на мострите од заловените диви свињи, а особено во критичните погранични подрачја кон Република Бугарија и Република Србија. Обемот на испитаните мостри да е во согласност со спроведениот отстрел на дивите свињи особено во критичните подрачја.

Засилена контрола на редовниот увоз на свинско месо и месни продукти, за присуство на Африканска свинска чума, како и пратките на добиточна храна и суровини за потребите на фабриките за добиточна храна и самите фармери.

Зголемување на биосигурносни мерки во кланиците и фабриките за добиточна храна, а особено нивните транспортни средства кои што имаат контакт со свињарските фарми во текот на извршување на своите обврски.

Покачување на јавната свест за опасноста од Африканска свинска чума низ предавања и обуки на сите чинители во под-секторот свињарство.

-Се надеваме дека власта ќе има сериозен пристап кон ова наше укажување, и без собирање на политички поени ќе се зафати за работа веднаш! Затоа што свињарството кој што е една од најпрофитабилните гранки, која што носи сериозен девизен прилив во Република Македонија, а воедно значи и егзистенција на многу семејства кои што егзистираат од оваа гранка.  Доколку СДСМ не може да ги спроведе овие мерки, стоиме на располагање со нашите стручни капацитети да помогнеме за доброто на сточарството во Република Македонија. Свињарството е сточарска гранка, во која што во изминатите години се инвестирало премногу, за да се постигне нивото кое што го имаме денес. Токму затоа и не треба заради нестручност, некомпетентност и незаинтересираност да дозволиме да пропадне. Влегувањето на оваа болест во Република Македонија ќе значи и долгогодишни економски штети, вели тој.

Ѓорчев за демографската рецесија: Катастрофален втор квартал со 10,6 % помалку бебиња и 7,3 % повеќе умрени

Со оваа власт, Зоран Заев и неговите 28 министри, Македонија буквално демографски и биолошки умира. Македонија исчезнува како никогаш до сега, а бројките стануваат се полоши. Вчера излегоа податоците од вториот квартал за 2019 година, второто тримесечие, април, мај, јуни за бројот на новородени деца во Македонија, и оваа бројка е најлоша во историјата на Македонија откако има статистика, бројки и завод за статистика на Македонија, истакнува Влатко Ѓорчев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заводот за статистика вчера ни порача и ни соопшти дека во второто тримесечие, во вториот квартал падот на родени бебиња во Македонија е фрапантни 10,6%. Тоа е огромна демографска рецесија. Тоа е рецесија невидена во историјата на Македонија. Тоа значи дека Македонија се иселува, тоа значи дека градовите и селата ни се празнат. Тоа значи дека за жал Македонија станува земја без народ поради катастрофалните анти – семејни, анти – човечки политики на Зоран Заев и неговите 28 министри. 2018, минатата година, 2018-та беше најлоша демографска година во историјата на Македонија. Е од таа најлоша 2018 година како резултат на политиките на Зоран Заев кога се родија само 21.300 бебиња сега имаме ситуација од таа најлоша демографска година да имаме падови од 10,6%, рецесија од 10,6%, посочо Ѓорчев.

Тој потенцира дека во економијата кога ќе падне бројката 1,2,3 или 4 проценти во рецесија се вклучуваат сите аларми и кризни мерки.

-Сега со оваа влада, со овој егзодус нам ни се случува рецесија во еден квартал од 10,6%. Зоран Заев воопшто тоа не го допира. Истовремено имаме во второто тримесечие 2019-та година сега, имаме зголемување на бројот на умрените од 7,3%. И тоа изнесува 4.928 лица. Значи внимавајте за која дискрепанца зборуваме, гледајте за која напредна фаза за жал колку тоа болно и да звучи но мораме да го констатираме на демографско биолошко исчезнување, зборуваме денес во Македонија. Со Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска, пад на родените бебиња од 10,6 проценти и раст на умрените од 7,3 проценти.     Ако тоа не е катастрофа тогаш не знам што е, вели пратеникот.

Ѓорчев истакнува дека тоа е физички импириски доказ дека оваа Влада на Зоран Заев не донесе како што велеа „Живот во Македонија“, туку иселување, егзодус и заминување.

-Но и министерка за странски инвестиции која што пет минути дава интервју и на пет прашања, една инвестиција не знае да наброи која што ја донела во Македонија. Ниту таа, ниту било кој од министрите. Да, за жал се случува младите да си заминуваат. Си заминуваат затоа што такви аналфабети, толку неспособни луѓе станаа министри во Владата на Зоран Заев. Да сето тоа е причински последички. Имате министерка за странски инвестиции која што е три години министер, на која што името не и го знаеме, која што една инвестиција не донесе во Македонија, и да благодарение на тоа имаме рецесија во бројот на родени бебиња во Македонија од фрапантни и поразителни 10.6%. Стануваме уште еднаш ќе речам земја без народ. Ќе ги видите бројките утре, задутре, ден потоа. Ќе дојде првиот училишен ден, празни се училиштата, не може паралелки да се направат, истакнува Ѓорчев.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека тоа е поврзано со вакви, како што рече, неспособни министри на кои што имињата не им ги знаеме.

Кои што пет минути не можат да набројат една фабрика што донеле. И една работа што сработеле. Ете тоа е состојбата во која што живееме. Тоа се предизвиците со кои што се соочуваме.  Ако сето ова мора да го сумирам во триесетина секунди или четириесетина секунди за еден краток ТВ прилог колку што објективно е времето за да се соопшти на македонската јавност е следно, а тоа е дека фактите се немилосрдни. Факт е дека со владата на Зоран Заев и неговите 28 министри кои што не можат да набројат една инвестиција која што ја донеле после три години нивна работа и народ што ги плаќа, имаме ситуација да имаме најлош квартал во историјата во Република Македонија. Пад во бројот на родени деца во фрапантни 10.6% и раст во бројот на умрените од 7.3%. Поради катастрофата во здравствениот систем која што ја гледаме на дневна основа. Ете таа ситуација е која што ја имаме. Мила Царовска ја укина мерката за трето дете и гледаме дека има се помалку и помалку третородени деца. Гледаме дека има се помалку бракови, се повеќе иселување, се повеќе заминувања и за сето ова што и го прави во Македонија. На страна другите прашања, има еден куп  други прашања за кои што и Заев, и Царовска и другите имаат и тоа како одговорност, истакнува Ѓорчев.

За крај, тој порачува: За ова прашање поврзано со иселувањето, со демографијата, со наталитетот, со губењето на училиштата, Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска имаат историска одговорност.

„Судиите мора да се оттргнат од канџите на Заев и да застанат на патот на теророт кој се врши врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ“

Судиите мора да се оттргнат од канџите на Зоран Заев и да застанат на патот на теророт кој што се врши врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ и врз службеничка од Министерството за транспорт и врски, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30 дневна мерка, за Димитар Димовски, Дејан Митески и Анета Јорданова, а до сега, по два месеца притвор, се уште тројцата не се посетени од Јавен обвинител и немаат дадено исказ! Луѓето се уште официјално не знаат зошто се притворени. Уште повеќе што со обвинението се опфатени 11 лица, за кои што има идентични решенија од судот, освен во делот за притвор, со што за другите е определена поблага мерка според законот за кривична постапка. Оттука прашуваме, колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата, за да се задоволи хирот на Зоран Заев, на власта за политички прогон врз политички неистомисленици?Дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев? Дали се изложени на тортура затоа што си ја работеле работата и побарале официјално мислење од државното правобранителство дали постојат пречки за непосредната спогодба за долготраен закуп на државно земјиште за фирмата „Тополки“ на Анѓушев? За ова информираа медиумите, дека неколку дена откако министерството побарало мислење за случајот „Тополки“, со документ потпишан од службеничката Јорданова, а изработен од Митески, тие завршуваат во притвор, истакнува Стоилковски.

Тој порачува дека притворот не е казна, туку мерка осомничените да не ја осуетат постапката, која што во овој случај е целосно непотребна и неаргументирана.

-Судот кој што деновиве ќе носи одлука за ново продолжување или укинување на притворот за нив, мора да се одважи и да почне да одлучува врз основа на законот и доказите. Ниту постои можност за повторување на делото, ниту постои можност за влијание врз докази и сведоци, ниту постои можност за нивно бегство. Накусо, доколку се носи правна, а не политичка пресуда, судот мора да ги ослободи од притвор, истакнува тој.

Африканска свинска чума на портите! Ќе јадеме ли увозно свинско месо наредните неколку години!?

Ќе јадеме ли увозно свинско месо и во наредните години кои што следуваат?

Република Македонија се соочува со опасност од Африканска свинска чума, која што и се заканува на угинување на целиот добиточен фондот на свињи во Република Македонија.

Африканската свинска чума постои и во нашето опкружување во Република Бугарија и во Република Србија, а опасноста од ширење во Република Македонија е голема, особено преку дивите свињи во пограничните региони со овие држави.

Ова вирусно заболување кај свињите, кое што рапидно брзо се шири, резултира со 100% смртност. Загрозен е целиот фонд на свињи кој според вонредниот попис во 2018 година кај 3.977 одгледувалишта изнесувал 128.584 животни.

Заради овие аргументи и силниот социјален и економски губиток кој што би настанал доколку болеста влезе во Република Македонија, апелираме за максимално сериозен пристап кон оваа закана која што предизвикува долгогодишна штета по свињарството во Република Македонија.

Зоран Заев и Зоран Атанасов со својата непрофесионалност ќе бидат главните виновници за причинетата штета од околу 100 милиони евра и целосно ќе ја загрозат егзистенцијата на околу 10.000 семејства кои што живеат спорадично од оваа дејност.

Заев, Анѓушев и Атанасов, наместо со сериозни мерки да го превенираат оваа фатално заболување, ја ставаат во опасност целата држава поради својата нестручност. Имено наредената мерка за засилен отстрел на популацијата на диви свињи се одвива со слаба динамика, а со отстреланите свињи се постапува во неконтролирани услови, што претставува можност за ширење на вирусот и кај одгледувалиштата на свињи во Република Македонија.

Од оваа фотографија, на која што се наоѓа и ветеринарен инспектор, а е направена на ловиште во Струмица можете да видите како не се почитуваат ниту основните биосигурносни мерки на лов и хигиена на лов. Во овој случај, доколку отсреланиот дивеч е во фаза на виремија, односно животното е носител на вирусот на Африканска чума, има голема веројатност заразениот материјал да биде десиминиран од страна на сите учесници во ловот на цела територија на Република Македонија.

Од другата фотографија можеме да ја видиме моменталната ситуација на една од депониите во Република Македонија, каде слободно се шетаат напуштени свињи, кои претставуваат сериозна закана за ширење на болеста.

Бараме Агенцијата за храна и ветеринарство, веднаш да ги корегира сите недоследности и да ги преземе сите мерки за да нема нестручен пристап при имплементирање на мерките на засилен острел на дива свиња со цел самите дејствија од страна на недоволно обучените ловџии и инспектори да не претставуваат потенцијална закана и евентуален влез и ширење на болеста на цела територија.

Опасност за ширење на вирусот е и недоволната посветеност на АХВ, во изминативе две години и покрај укажувањата и препораките на италијанскиот експерт за подигање на биосигурносните мерки на комерцијалните фарми во Република Македонија, период во кој требало да биде извршена категоризација на свињарските фарми. Имено од 90 комерцијални фарми за одгледување на свињи, до сега категоризирани се 86, од кои 27 со низок ризик, 53 со среден, а 6 со висок ризик. Ова укажува на фактот дека само 1/3 од фармите се доволно заштитени. Недоволната посветеност на АХВ во изминативе години, сега претставува опасност за целата сточарска гранка во Република Македонија.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ со сите свои стручни капацитети будно ја следи ситуацијата со Африканската свинска чума во регионот и опасноста од нејзино ширење кон Македонија, и работи на конкретни мерки и предлози за заштита на целиот сточарски фонд и влез на Африканската свинска чума во Република Македонија, овие мерки и овие предлози ќе ви ги презентираме на една од наредните прес конференции, а се надеваме дека власта ќе се одважи и ќе ги прифати овие укажувања и сугестии од наша страна се со цел зачувување целата стопанска гранка, свињарство во Република Македонија.