Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

Денеска бевме сведоци каде премиерот Зоран Заев на една наместена и фингирана ситуација ја промовираше мерката „Зелена нафта“. Квази мерката „Зелена нафта“ која што неколкупати потенциравме дека е фиктивна и дека нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци. Јас ги повикувам премиерот Зоран Заев и неговиот министер заедно да појдеме во било кој крај на Република Македонија и да ја видиме реалната ситуација во која што се наоѓа македонското земјоделство, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски кој додаде:

„Оваа е сликата позади мене која што е реалната и вистинската ситуација во Република Македонија. Позади мене гледаме фрлени праски кои што земјоделците не можат да ги предадат на откупувачите. Затоа што првин нема откуп, а второ нема н цена. Јас го повикувам премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер да одговорат према македонските земјоделци, према македонската јавност каде се сите проекти кои што ги ветуваа во предизборието, во 2016-та година?“

Трипуновски прашува каде е гарантниот фонд?

„Нели ќе се тепаа откупувачите за повисоки откупни цени и сигурен пласман? Да одговори премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер, зошто мерката „Млад земјоделец“ доцни веќе една година? Мерка која што треба да ги задржи младите луѓе во Република Македонија. Да одговори зошто се доцни со ИПАРД програмата и реализацијата на повиците? Да одговори зошто субвенциите се стопирани? Да одговори зошто на производителите на јаболка не им се исплаќа дополнителните 5 денари ветена субвенција? Да одговори почитуваниот премиер Зоран Заев зошто на оризарите, на сливарите од Радовишко и Малешевијата доцни исплатата на дополнителната субвенција? Да одговори премиерот Зоран Заев зашто го донесоа во колапс македонското земјоделство?, потенцираше тој и подвлече:

„Почитуван Заев, ако сте толку сигурни во вашите успешни т.н. проекти ајде да излеземе на избори и македонскиот земјоделец, македонските граѓани нека ја кажат правата слика. Македонскиот земјоделец и македонските граѓани нека оценат дали вашите проекти се успешни или не. Охрабрете се и конечно да излеземе и да се соочиме со македонскиот народ.“

Стоилковски: Што уште треба да се случи за Русковска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес?

Што знае Катица Јанева за Зоран Заев и неговите крими соработници па јавното обвинителство не смее да ја осомничи и да ја приведе Јанева? Колку се загазени во криминал и рекет Зоран Заев, втората дама на невладината Ременски и останатите функционери на СДСМ кои што се фотографираа и го поддржуваа Боки 13, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Што уште треба да се случи за Русковска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес? Да почнеме од последниот случај, во СЈО се врши „трајно бришење на компјутери“ со цел безбедносно отстранување на евентуално зачуваните разговори. Ова значи дека со налог на Катица Јанева неповратно се избришани информациите за „сообраќајот“ – кој, кога и што работел на тие машини, на тие компјутери. Дали со одложувањето на акцијата на Русковска обвинителството се купува време за Катица Јанева, да избрише докази или да влијае врз сведоци? Впрочем дека нешто се прикрива, а за тоа Русковска обвинителството молчи, доказ е и телефонот на Катица Јанева. Тој прво беше пријавен за изгубен во Белград, па потоа мистериозно пронајден кај девојката на синот на Јанева, за сега да се утврди дека бил целосно форматиран, односно од него се избришани сите податоци кои можеле да бидат дел од истрагата, вели тој.

Стоилковски потсетува дека патем идната снаа на Јанева која што го поседувала телефонот била дел од структурите СЈО на Јанева.

-Очигледно дека не само што цело СЈО е ангажирано за бришење на трагите на вмешаност на Катица Јанева во „Рекет“, скандалот октопод, туку гледаме дека и обвинителството на Русковска при очи не прават слепи и случајот од петни жили се обидуваат да го ограничат само на двајцата осомничени Бојан Јовановски, Боки 13 и Зоран Милевски, наречен Кичеец.  Да потсетиме дека Катица Јанева подигна и крајно сомнително боледување од докторка чиј што сопруг е исто така вработен во СЈО. Врти, сучи – сите индиции покажуваат дека покрај Катица Јанева веројатно речиси цело СЈО знаело за рекетарските активности кои сега на секаков начин се обидуваат да ги избришат. Тоа за жал се уште не е доволно Русковска обвинителството да влезе во СЈО, да приведе осомничени и да заплени доказен материјал. Русковска обвинителството ја прави јавноста недоветна. Две недели откако се отвори случајот се уште уапсени се само Боки 13 и Кичеец иако сите знаат дека висок обвинител на звучник учествувал во изнудата и во рекетот. Јавноста знае дека Боки 13 рекетот немало да го изнудува доколку зад него не стоеле високи обвинителски структури од СЈО и високи функционери од владејачката СДСМ. Провиден е обидот со тенденциозно водење на предметот да се заштитат лицата кои се дел од власта на Заев. Доволно е само да се испита невладината организација на Боки 13 и да се влезе во СЈО и целата рекетарска мрежа ќе биде разоткриена. Само така ќе се дознае за сите ликови од рекетарските приказни во јавноста и за Кики, Фрики, и Шеки, и Раки и многу други. Но стравот на Русковска обвинителството е веќе кристално јасен, дека ако професионално истражува постои можност да утврди дека сите рекетарски патишта на крајот може да доведат до највисоко, односно до премиерот Зоран Заев, порача Стоилковски.

Стоилковски: Обвинителството мора детално да провери и да ѝ објасни на јавноста за целите на соработка Ременски-Боки 13

Обвинителството на Русковска молчи и не кажува дали истрагата за рекетарско – политичко – обвинителскиот октопод го проширила и на таканаречената невладина организација на Бојан Јовановски, Боки 13 наречена „Меѓународен Сојуз“. Тоа ги потврдува сомневањата дека обвинителството тенденциозно ја ограничува истрагата на два лика од плејадата ликови во рекетарските приказни во јавноста, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактот што оваа организација не е опфатена со истрагата остава можност дека со тоа се заштитуваат функционери на СДСМ кои што се дел од мрежата активности на Боки 13, рече тој.

Стоилковски покажа и видео кое вели дека ги покажува тесните врски меѓу осомничениот Боки 13 и висок партиски функционер на СДСМ.

-Е па, дали е проверена улогата на Фросина Ременски која е ни помалку, ни повеќе туку е почесен претседател на организацијата на Боки 13? Што се подразбира од изјавата на Ременски кога кажува дека имала соработка лично со Бојан Јовановски, Боки 13? Во која насока ја користела функцијата за какво лобирање и за какво влијание, како што вели? Обвинителството мора детално да провери и да и објасни на јавноста за целите на соработка Ременски –  Боки 13. Дали Фросина Ременски имала на било каков начин врска со сомнителната исплата на битолски бизнисмен за која говореа и медиумите во износ од 750 илјади евра, со која наводно се откупувала идеја за изградба на станови? Сумата е скандалозна и сомнителна сама по себе, чиниш се работи за идејно решение за градење на станови на Марс, а не во Македонија, вели тој.

Стоилковски порачува дека ако навистина обвинителството на Русковска сака да го расчисти овој рекетарски октопод тогаш треба да ја прошири истрагата и во правец на организацијата на Боки 13.

-Дополнително обвинителството на Русковска треба да одговори зошто ако на било кој начин е вмешана Катица Јанева во оваа шема на Боки 13, таа се уште не е приведена и и се остава простор, и се дозволува да влијае врз сведоци или форензички да брише докази? Обвинителството треба да одговори зошто освен Боки 13 и Кичеец нема ништо за другите ликови Кики, Фрики, Раки, Шеки и слични кои што се дел од октоподот? Граѓаните не се наивни и знаат дека ако Боки 13 немал поддршка и од власта на Заев тој не би се осудил да изнудува, рекетира и да се заканува. Одговори и одговорност мора да има, ако не од Русковска обвинителството, тогаш од некое друго политички неконтаминирано обвинителство, истакнува Стоилковски.

Томовски: Нефи Усеини вчера нападнал човек, му се заканувал дека ќе го убие и го влечел по земја

Не запира дивеењето на насилникот Нефи Усеини. Најомилениот градежник на власта вчера нападнал човек, му се заканувал дека ќе го убие и го влечел по земја, реагира Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Усеини според сведоштвата на жртвата за медиумите, крадел вода од него, тој на диво се приклучил на водоводната мрежа на жртвата, а кога тој повикал екипи од „Водовод“ бил нападнат од Усеини. Според зборовите на жртвата, Усеини му се заканувал со зборовите: – „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам. За насилниот настан постојат и фотографии кои ги објавија медиумите, а и сведоштва на присутните“. И по ваквото сведоштво и по пишувањето на медиумите, Нефи Усеини е се уште е на слобода. Јавното обвинителство, а и полицијата го штитат. Усеини е оставен да дивее низ Охрид и да ги плаши граѓаните. Ова не е првпат Усеини да нападне човек и да ја загрозува безбедноста на граѓаните. Ова е трет напад на Усеини во рок од четири месеци, претходно тој нападна и инспектор од општина Охрид, па и советник од Советот, истакна тој.

Томовски прашува: „До кога власта ќе го толерира Усеини? Дали е потребно Усеини да убие човек за власта да реагира“?

-Апелираме МВР и ЈО веднаш да постапат согласно закон и да отпочнат соодветна постапка против Усеини, а не само да го повикуваат на информативни разговори. Потребни се конкретни мерки и чекори за сузбивање на насилието и дивеењето на Усеини кој години наназад ги заплашува граѓаните и е оставен од Заев да прави што сака. За сето насилие, за криминалот и корупцијата на оваа власт на чело со Зоран Заев потребно е итно распуштање на Парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, порачува тој.

Арџанлиев: Додека централната власт на СДСМ е заплеткана во огромни криминали, локалната власт во Гевгелија е во зимски сон

Денес сме пред локалната самоуправа заради огромното незадоволство кај граѓаните на општина Гевгелија од работата на Градоначалникот Сашо Поцков. Имено во предизборната кампања СДСМ вети еден куп проекти , но денес после 2 години од владеењето на оваа локална власт гледаме дека општината тотално стагнира и стои во место, изјави Трајче Арџанлиев член на Советот на Општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално Ви ја пренесуваме изјавата на Арџанлиев:

Додека централната власт на СДСМ е заплеткана во огромни криминали зафатена со предавства и менување историја, локалната самоуправа во Гевгелија е во зимски сон, нефункционална на штета на граѓаните на општина Гевгелија.

Почитувани сограѓани,
Жално е што работата на општина Гевгелија и градоначалникот е во целосна СТАГНАЦИЈА.
Општина Гевгелија стагнира затоа што одминува втората година а нема реализирано ниту еден нов проект од оние ветените во предизборната кампања во 2017 год.

Општина Гевгелија стагнира затоа што втора години нема донесено ниту еден урбанистички план со што целосно е закочен развојот на нашата општина.
Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години локалната самоуправа и ЈПКД Комуналец сеуште не можат да го реализираат грантот од 2,5 милиони евра од КФ банка добиен во време на ВМРО ДПМНЕ.
Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години е преполна со туристи во летниот период,а никој од власта да се сети барем по еден флаер да добијат тие туристи за убавините на нашата општина.
Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години приоритет на СДСМ се внатрепартиските интереси,наместо интересите на граѓаните на општина Гевгелија.

Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години владее хаос во ЈПКД Комуналец, а на граѓаните на општина Гевгелија не им се испорачуваат услугите.
Општина Гевгелија стагнира затоа што во 2019 год. Е намален бројот на грчки државјани во нашата општина а сите знаеме дека тие се главниот фактор за опстанок на приватниот сектор и економијата во Гевгелија .

Господине Сашо Поцков,граѓаните на општина Гевгелија ве прашуваат :
Зарем не е срамно во најтоплиот период од годината кога луѓето почесто спортуваат и рекреираат да имаме еден куп несредени јавни зелени површини , а на пешачките патеки на булеварот во Гевгелија гранките од дрвјата да овиснуваат до земја .
Зошто спортските игралишта во Гевгелија се запустени, а прекрасниот комплекс кај касарната веќе цел месец во летната сезона е без струја .

Зошто жителите на село Негорци и Прдејци годинава се соочуваат со нередовна дистрибуција на вода за пиење и намалена јавна хигиена
( улиците не се чистат, тревниците не се косат , контињерите се празнат многу поретко).
Зарем не е срамно граѓаните на с.Давидово за Духовден со самофинансирање да ги уредуваат гробиштата наместо ЈПКД Комуналец.
Зошто граѓаните на село Моин сеуште не се приклучени на градскиот водовод.
Да ве потсетиме во Моин ветивте реконструкција на мостот како приоритет на жителите од ова населено место, но брзо заборавивте и на ова ветување.
Ветивте и во Богородица многу проекти,но овде главна тема е самоволието на месната заедница и нелегалната продажба на бусен од фудбалското игралиште.

Ветивте и во с.Мрзенци дека ќе го средите јавниот превоз, ветивте и во Смоквица канализациона мрежа,но од ветувањата нема ништо.
Во Милетково наследивте готов проект за изградба на нова канализациона мрежа,но заради вашата неспособност овој проект се уште не е започнат.
Господине Сашо Поцков , ветивте многу проекти, ветивте подобар живот за граѓаните на општина Гевгелија, но вие, ниту изразивте волја да ги решавате проблемите , ниту покажавте способност да ја развивате во правилна насока општина Гевгелија.
Вашата ВИЗИЈА за општина Гевгелија се претвори во честичката ЌЕ , слично на функционерите од централната власт на сдсм.
Пред некој ден се пофаливте со проектот регулација на сува река, но заборавивте да кажете дека истиот е направен и добиен во време на ВМРО ДПМНЕ и само заради вашата неспособност дури сега започнува неговата реализација.

На крајот од денешниот прес, да ве потсетиме дека единствен проект на оваа локална власт на СДСМ е високата и нереална цена на водата за прочистување на штета на граѓаните на општина Гевгелија.
ЖАЛНО, НО ВИСТИНИТО.

Стоилковски: Обвинителството мора истрагата за рекетот да ја прошири и на невладината организација „Меѓународен Сојуз“ на Боки 13 и да испита дали и каква улога имала во рекетот

Октоподот, огромниот рекетарско – политичко – обвинителски октопод е скандал кој што Русковска-обвинителството сака да го ограничи само на прво и на второ осомничените, познати како Боки 13 и Кичеец. Не може да нема проширена истрага која што ќе зафати и во таканаречената невладина на Бојан Јовановски, што ќе открие дали таа била параванот на октоподот и каде се потрошени парите кои што ги добивале таа невладина организација под ставката „донации“, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Обвинителството мора истрагата за рекетот да ја прошири и на невладината организација „Меѓународен Сојуз“, на првообвинетиот Боки 13 и да испита дали и каква улога имала оваа организација во изнудата, заканите и рекетот кој што се правел. Јавноста веќе објави дека индиректно оваа невладина организација добивала сомнителна трансакција есента 2017 година во висина од 750 илјади евра од битолски бизнисмен. Внимавајте овој бизнисмен кој поседува градежна фирма платил толку пари на една повозрасна госпоѓа за идеја за изградба на социјални станови. Тоа му доаѓа како за идеа за топла вода да се плати стотици илјади евра. Оваа госпоѓа патем е дел од структурите на организацијата на Боки 13, исто како и голем број на функционери на СДСМ или нивни блиски роднини. Да потсетиме во организацијата на Боки 13 членуваат и Фросина Ременски која е почесен претседател во невладината, Костадин Костадинов кој што е портпарол на СДСМ, Енвер Малиќи заменик градоначалник на Град Скопје, Владо Богоев татко на градоначалникот на општина Карпош во Скопје, Стефан Богоев и други, потенцира Стоилковски.

Тој додава дека Русковска – обвинителството мора да открие колку други бизнисмени платиле огромни суми на оваа организација под сомнителни околности и која била улогата на функционерите на СДСМ во делувањето на Боки 13.

-Обвинителството и да не сака, мора да го расчисти овој мега скандал, и во најмала рака, до сега требаше да ја приведе Катица Јанева, но и уште десетици други ликови од СДСМ. Не може Јанева да биде изземена од скандалот, од криминалот, особено од фактот дека и е одземен телефон односно телефоните кои се дел од истрагата. Таа очигледно е вмешана во овој криминал. Не може да бидат изземени десетици други ликови од СДСМ кои имале тесна соработка со Бојан Јовановски. Целата вистина за октоподот е невозможно да се открие без сознанија и за тоа кои се Кики, Фрики, Шеки, Раки и сличните раскажани ликови. Јасно е како ден дека Боки 13 сам без заштита од власта и без поддршка од институциите не можел да изнудува огромни суми на пари. Молкот на Русковска – обвинителството само го расне сомнежот дека се обидува да ја сокрие високата корупција и вмешаните во овој огромен скандал, рече Стоилковски.

Трипуновски: Квази мерката зелена нафта на Заев е уште една неефективна популистичка мерка

Квази мерката зелена нафта на Зоран Заев е уште една неефективна популистичка мерка, од која земјоделците нема да имаат никаква корист. Власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, во време кога во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Да само за половина од македонските земјоделци ќе има таканаречена зелена нафта, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски кој додаде:

„Во нормални услови ќе прашавме по кои критериуми истите ќе се делат, но земајќи ја во предвид ситуацијата дека картичките и не овозможуваат големи поволности, заклучокот е едноставен, ова е класично замачкување на очи на македонските земјоделци. Имено според направените пресметки намалувањето на трошоците кое ќе го имаат земјоделците во нивното производство со оваа таканаречена мерка изнесува помеѓу од 1 до 3%.“

-Зелена нафта е само козметичка мерка. Истата не ги решава проблемите на македонските земјоделци. Земјоделците имаат проблем со пласманот и со цената на земјоделските производи. Доколку власта навистина сакаше да им помогне на земјоделците со зелената нафта, ќе овозможеше достапност на сите земјоделци до картички и до оваа мерка, и ќе ја намалеше односно ќе ја укинеше акцизата за нафтата од 3.5 денари со што ќе го донесеше македонскиот земјоделец во рамноправна положба, потенцираше Трипуновски кој посочи:

„Поради лошите политики во земјоделието. Поради се попразните села и необработените ниви, поради младите кои се иселуваат од Република Македонија, СДСМ мора да си замине. Потребни се итни предвремени парламентарни избори.“