Советникот на Зоран Заев кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „ФолкФест“ во Валандово.

Граѓаните секојдневно плаќаат 850 евра за советниците на Зоран
Заев. Секој ден советниците на Зоран Заев граѓаните ги чинат 850 евра.
Секојдневно граѓаните и државата тонат во долгови за Заев да си ги плаќа
советниците, всушност да подмирува медиумски апологети и да задоволува
партиски послушници.
Секогаш кога СДСМ се дограбува до власта Република Македонија ја
тресат афера со влечење на пари од буџетот на сметка на развојот на
стандардот за граѓаните. Секогаш кога СДСМ ќе се дограби до власт, парите на
граѓаните завршуваат во џебови на партиски советници и на партиски
апологети.
Зоран Заев за две години набилда советничка листа чиишто состав
претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија.
Додека земјата тоне во сиромаштија со економски параметри, меѓународни
оценети со 0, Заев ангажира советници, посебни советници, надворешни
советници за кои државата одвојува повеќе од половина милион евра годишно.
ВМРО-ДПМНЕ и до сега укажуваше на составот и на бројноста на советниците
ангажирани од Заев. Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев
по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин,
премиерски кабинет.
Во оваа прилика би потсетиле за ангажманот на командант Хоџа од
црната листа на САД, невладин советник односно на советничката листа на
Зоран Заев, потоа советникот Силвио Аврамовски за кој што споредни извесни
укажувања има криминално досие заради пукање во полицаец што никогаш не
беше демантирано со факти, потоа за советници се поставени деца на блиски
на Заев, роднини на функционери на СДСМ, партиски активисти, редовни
апологети на власта низ медиумите во државата и надвор. Тука секако се и
ангажирани новинари и медиумски работници- како „ФолкФест“ водителот Ѓорги
Калајџиев, или новинарот од 24 вести, којшто се уште се медиумски активни
додека се советници во Кабинетот на Зоран Заев.

Советничката листа на Зоран Заев ги надминува границите на Република
Македонија како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, за кого српскиот
претседател го посочи како човек протеран од таму и човек кој како рече крадел
гаќи по трговски центри. Тие сега се економски советници и добиваат 1500
односно 1200 евра месечно од Буџетот на Република Македонија.
Почитувани,
СДСМ се колнеше во мал владин кабинет кој што немало да има потреба
од советници – се колнеа дека ќе ги намалат бројот на министерства на најмногу
20, така велеше Радмила Шекеринска. Сега само таа како министер има повеќе
од 16 советници меѓу кои и двајца новинари ангажирани за високи плати.
Прашањето е што работат овие советници, коишто државата ја чинат
комплетно околу половина милион евра годишно? Што ли советуваат, што ли му
советуваат на Зоран Заев ако државата и граѓаните тонат во долгови, а се
повторуваат меѓународните критики?
Почитувани,
Мора да престане ова залудно трошење на парите на граѓаните. Заев и СДСМ
мора да си заминат од власта, а потоа да одговараат за сето залудно трошење
на Буџетот на народните пари. Македонија со ништо не заслужила вакво
изживување врз неа.

Трипуновски: Извештајот на ЕК потврди дека Заев и Николовски го урнисаа земјоделството

Република Македонија лани не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ, нема ни оваа година.

Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската Комисија за Македонија. Во сите три поглавја кои го опфаќаат секторот земјоделство, речиси и да немаме напредок.

Во поглавјето 11, Земјоделство и рурален развој се вели дека не е постигнат напредок во овој сегмент. Ниските цени и слабиот откуп се препознаени и од ЕУ и се нотирани како слабост на нашето земјоделство.

Европската Комисија вели дека е потребна поголема поддршка за капацитетите за складирање на земјоделските производи.

Производителите на домат и зелка во струмичко го фрлаа својот род на депониите, исто како и јаболкарите во Ресен кои ги уништуваа своите долгогодишни насади разочарани од ниската откупна цена на јаболката. Сливарите во Пијанец и Малешевијата ги фрлаа сливите, истото се случи и со производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Да имаше поголем број на складишни капацитети, производителите  ќе ги складираа своите прозиводи и ќе ги продаваа по достојни цени во одреден временски период.

Во поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, е задржана истата оценка која ја влечеме со години наназад, односно е остварена уште пред неколку години. Тука СДСМ нема направено ништо, дополнително за унапредување на оваа поглавје.

Во поглавје 13 -се вели дека не е постигнат напредок во однос на препораките кои биле дадени во минатиот извештај. Во овој сегмент министерството, т.е. Николовски и Зоран Заев немаат направено ништо во делот на инспекцијата и надзорот, ниту пак имаат направено чекор напред за усогласување на македонското законодавство со регулативите на ЕУ.

Извештајот е уште еден доказ дека Зоран Заев и за него успешниот министер Љупчо Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа! Земјоделците низ државата со мака и голема работа не можат  да си ја обезбедат ниту егзистенција. Безнадежноста која ја креираа СДСМ, Заев и Николовски веќе се отсликува во се попразните села, необработените ниви и се помалку земјоделци во Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада.

Мицкоски: Уште еден неуспех на Владата и Заев, најлош резултат на нивото на странски инвестиции во последните години

Поразите и измамите на оваа Влада на Зоран Заев и СДСМ стануваат
секојдневие.
По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во
првите 4 месеци поразителни се и бројките за странски директни инвестиции.
Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 години. Уште еден неславен
рекорд.
Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година
изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни
инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во
Република Македонија. Нови инвестиции воопшто и да нема.
Во февруари на пример имало одлив на капиталот од директните странски
инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од
директните странски инвестиции е поголем и изнесува 6.8 милиони евра.
Дополнително, доколку го споредиме овој квартал со кварталите од
изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од
2019 година се убедливо најниски.
Ова е потврда дека нереалното ниво на странски директни инвестиции
кои се постигнати на крајот од минатата година се надуван резултат кој е
последица на реинвестираната добивка кој вештачки го подигна процентот на
директни странски инвестиции. Нешто за што веќе дебатиравме и на нешто на
коешто веќе предупредувавме.
Голема лага е дека има успех во странските директни инвестиции.
Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето
ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ, и немање на развојна економија. И
тоа во време кога регионот бележи огромни успеси на ова поле, додека
Македонија е целосно заобиколена.
И нема да биде подобро. Затоа што времето поминато со оваа влада е
неповратно загубено. Граѓаните скапо ја плаќаат неспособноста на власта.
Потребни се промени, кои ќе донесат резултати, работа и успеси за подобар
стандард за секој човек. На Македонија и е потребна економска обнова за
подобар живот на граѓаните.

Николоски: Заев излажа, датум за преговори нема и овој јуни

Прес конференцијата е по повод извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија, сметаме дека е добро што десетта година по ред Македонија добива позитивна препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Тоа е добро и таа препорака треба да се реализира. Досега осум препораки не се претворија во почеток на преговори за членство заради противењето на Грција во однос на спорот со името и ветото кое што тие го поставуваа.

Минатата година Заев и Димитров се согласија на срамниот Преспански договор за преименување на Македонија. Сепак и покрај тоа и покрај потпишувањето на договорот на 16-ти јуни веќе на 29-ти јуни датум за почеток на преговори за членство во ЕУ немаше иако тоа беше најголемото ветување кое што Заев и Димитров го дадоа.

Годинешнава повторена препорака само покажува дека минатата година и Заев и Димитров како и Владата лажеа дека има датум за почеток на преговори за членство. А, нема затоа што нема реформи. Немаше реформи минатата година како што нема реформи и оваа година.

Како што стојат сега работите за жал и оваа година нема да има датум за почеток на преговори. Значи спорот со Грција го нема, но сепак нема датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Ако во минатото проблем беше спорот, а не изостануваа реформите, сега веќе изостануваат реформите. Нешто што го гледа целиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Лагите се проѕирни и излегоа на виделина.

Само да се потсетиме на стотиците изјави и интервјуа каде владата велеше дека добила датум за почеток на преговори за членство во ЕУ минатата година. Да се потсетиме дека минатата година на 30-ти јуни Зоран Заев рече: „Добивме датум за преговори јуни 2019 година“.

Еве го јуни дојде, а датум за преговори нема. Ако лани лажеа и вината ја префрлаа на други, оваа година слушаме изјави од типот ЕУ да си го одржи зборот. Како ЕУ да е некој пазарџија кој што треба да си го одржи зборот. Или слушаме како луѓе блиски на оваа власт напаѓаат пријатели на Македонија, големи европски држави обвинувајќи ги за оваа состојба и не сакајќи да се погледнат себе и да погледнат кон себе.

Вистината е дека датум немаше и за жал датум нема да има, затоа што нема реформи во клучните области. Нема реформи тоа го констатира ЕУ, тоа го констатираа земјите членки на ЕУ, а тоа секојдневно го живеат граѓаните на Република Македонија.

И овој извештај јасно потенцира слабости во многу сектори. Пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото.

Извештајот констатира за постоење на корупција, што е потврда на сите меѓународни извештаи за Македонија. Кои земјата ја рангираа како најкорумпирана држава во Европа. Во извештајот стои: „Корупцијата е предоминантна во многу сектори, и Владата не покажува, а треба да покаже дека борбата со корупцијата е национален приоритет“.

Ова не мора да ни го каже ни ЕУ, ова за жал го гледаме како што реков секаде околу нас.

Би сакал исто така да ја потенцирам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на овој извештај. Постојат сектори во кои што јасно се потенцира улогата на ВМРО-ДПМНЕ низ својот придонес кој што го дадовме во Собранието за подобрување на многу реформски закони и затоа сакам да им честитам и да им се заблагодарам на пратениците.

Во исто време сакам да кажам дека мината година некаде во април споменав дека дури и да се реши спорот со името во јуни нема да има датум за почеток на преговори затоа што Македонија не испорачува реформи.

Тогаш тоа беше наречено научна фантастика и за жал потоа во јуни се случи.

Минатата година исто така во ноември кажав дека со ова ниво на реформи и следната година, а тоа е оваа година нема да има датум за почеток на преговори.

За жал се поизвесно е дека датум за преговори нема да има и овој јуни и оваа година.

Еве сега кажувам ако остане оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. Затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат.

Затоа решението е едно и едноставно владата да замине и да дојде влада способна и посветена да испорача прво за доброто на граѓаните, потоа и за она што е потребно како барање на ЕУ, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ затоа што нашето место е таму.

Спортот во општина Ѓорче Петров во изминатите две години доживува невидена стагнација.

Не се вложува и нема поддршка на младите спортисти во
Ѓорче Петров, нема никакво одржување во спортската инфраструктура, а пак
изградба на нова не станува ниту збор за тоа.
Сакаме ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче
Петров да потенцираме дека во повеќе наврати од наша страна дадовме
предлози да се зголемуваат сумите кои беа предлагани од градоначалникот и
советничката група на СДСМ за поддршка на спортските клубови во општина
Ѓорче Петров.
Во повеќе наврати наидовме на негативен одговор.
Исто така предложивме да се скратат односно да се пренаменат
средставата кои беа предвидени за репрезентација на општина Ѓорче Петров и
истите да се пренаменат во областа на спортот на коишто исто така добивме
негативен одговор.
На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров,
мнозинството предводено од СДСМ едногласно го одби предлогот на
советничката група на ВМРО–ДПМНЕ за зголемување на средствата и
финансиска помош за спортските клубови на сметка на непродуктивните
трошоци како репрезентацијата на Градоначалникот и привремените
вработувања.
Има пари за кафеани и патувања, има 12 милиони денари за привремени
вработувања, а нема ниту еден денар плус за оние кои се најголеми амбасадари
на нашата општината и на Република Македонија.
Со овој чин се докажа дека Наумоски и неговите партиски другари ги
имаат на ум спортистите само кога им се потребни гласови само во
предизборните кампањи, во општината не постои организиран систем за спорт и
спортитстите се оставени да делуваат во неорганизирано и стихијно
секојдневие.
Спортот е во невидена стагнација и нема ништо од дадените ветувања. Во
овие две години Наумоски и СДСМ немаат изградено ниту една спортска сала,
ниту едно повеќенаменско игралиште, ниту еден фудбалски терен, немаат
предвидено средства за ниту една стипендија или континуирана поддршка на
спортистите.

Нема ништо ниту од реконструкцијата на салата „Партизан“ која Наумоски
толку помпезно ја најавуваше, нема ништо ниту од новата спортска сала во
подрачното училиште „Димитар Беровски“ во Хром и во училиштето „ Јоаким
Крчоски“ во Волково, само на хартија останаа и ветувањата за формирање на
совет за спорт и велосипедските патеки, а отворениот и затворениот базен
остана само во фантазиите на Наумоски.
Стипендиите и поддршката за младите спортисти скоро и да не постојат.
Нема ништо од она што беше ветено, и за што граѓаните ги гласаа СДСМ
и Наумоски. Наумоски ги излажаа граѓаните на Ѓорче и потрошија две години
од нивните животи на стагнација на општината.

Мицкоски: Додека Заев сее магла со метлата, капиталните инвестиции се фијаско

Додека Премиерот Зоран Заев ја занимава јавноста со внатрепартиските комбинаторки, борбата за превласт и сеењето на магла во јавноста за некакви промени, во економијата продолжуваат да се нижат негативни резултати, неуспеси и да опаѓа стандардот на граѓаните, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во своето видео обраќање порачува:

„Додека граѓаните се вистински незадоволни од неработа на државните функционери од СДСМ, премиерот Заев прави смени на партиските функции се со цел да одбегне сопствената одговорност за поразите во политиката и економијата, додека истите тие луѓе продолжуваат да ја водат државата. Ниту ваквата парада не може да го сокрие податтокот дека капиталните инвестиции за првите 4 месеци  се исклучителни ниски и изнесуваат  9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Овие резултати се полоши дури за 10% од истиот период во 2018 година кога беа реализирани исто така ниски 10.96% од планираните пари за капитални расходи. Буџетот наместо за капитални расходи се троши за тековни трошоци. Вистинско преживување по принципот купи ден помини“-вели тој.

Мицкоски посочува дека нема инвестиции во нови патишта, болници, училишта, нема инвестиции во градежништвото, истото замира додека стандардот е се полош.

-Нема инвестиции во инфраструктурата. А таа е предуслов за одржлив економски развој, за подобрување на приватниот сектор, за побрзото движење на граѓаните, производите и услугите,  за ослободување и стимулирање на приватните инвестиции, за раст на вработувањата и платите, за подобар квалитет на животот и вложувањето во иднината на државата. Економскиот тим на владата е најнеуспешниот во нашата историја. Ниското ниво на капитални инвестиции што е го факт кој говори за неспособност и неработа на владата. И ова не се покрива со никаква метла, со никакви розеви очила, ниту пак голи ПР-алатки. И секој еден човек знае дека кај СДСМ ништо не се менува, ниту пак ќе биде подобро. Македонија заслужува повеќе. Македонија заслужува правда и работа која ќе донесе стандарди и успеси за сите граѓани, порачува Мицкоски.