Силјановска Давкова: Гласајте за принципи, јас никогаш нема да ве изневерам бидејќи одлучив да се борам

Ви се обраќам вам кои имате причини да останете дома и да не гласате затоа што оние на власт наместо вашите си ги исполнија сопствените интереси. Дома можев да останам и јас, порачува кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

-Зад мене е долга и успешна професорска кариера. Можев да бидам мирна и спокојна, анализирајќи ја и критикувајќи ја политиката. Но јас одлучив да се борам! Не го правам ова за слава и привилегии. Го правам затоа што сум бунтовничка со причина и затоа што верувам во правото и правдата. Си ја сакам татковината, зошто немам друга, и се борам за неа. Секогаш им се спротиставувам на неправдите. Со мене може да ги промените нештата, истакна таа.

Професорката им порачува на граѓаните да гласаат за принципи.

-Гласајте за принципи! Јас никогаш нема да ве изневерам, го имате мојот збор. Затоа, ве повикувам на 5 мај заеднички да се избориме за правото и правдата и да ја промениме Македонија на подобро, порачува таа.

Додека Гази Баба се гуши во огромни депонии, Јавното комунално претпријатие разнесува рекламни материјали за СДСМ

Општина Гази Баба секој ден уназадува, ветените проекти на Борче Георгиевски остануваат мртво слово на хартија.  Во делови во нашата општина на граѓаните им се одзема дури и правото на чиста животна средина кое е загарантирано. Жителите се соочуваат со огромни проблеми, а надлежните од општина Гази Баба и градот Скопје се недопирливи и глуви на нивните апели.

На територија на Општина Гази Баба создадени се огромни депонии на смет и шут кој се носи од целиот град.

Во вечерните часови како што беше случајот и пред неколку денови со депонијата во населеното место Кирил Петрушевски се случува огромен смет да биде запален и директно да се загрозува здравјето на жителите.

Господине Георгиевски, вие и Петре Шилегов имате одговорност за последиците по здравјето на граѓаните во овој случај. Како е можно да го игнорирате ова злодело?

Дополнително алармот е вклучен со тоа што Јавното комунално претпријатие го претворивте во прибежиште на членови на СДСМ од месните организации и е тотално нефункционално за намената за која што треба да ја извршува.

Но секако е функционално кога треба да одработува за партијата СДСМ, како што вчера обелоденија дел од медиумите каде камион сопственост на ЈКП „Гази Баба 2007“ е фотографиран пред штабот на СДСМ како разнесува рекламен материјал.

ВМРО-ДПМНЕ и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сите средства ќе се бори за правата на граѓаните и доследно ќе ги застапува нивните интереси.

Заев во надеж дека ќе го намали неизбежниот пораз почна да врши притисоци врз приватни фирми, администрацијата и институциите

Зоран Заев ја загуби поддршката од граѓаните. Зоран Заев и Стево Пендаровски се соочени со пораз и ги фаќа паника.

Паниката е огромна и очигледна. Најдобар доказ за тоа е фактот дека Зоран Заев се фаќа за последната сламка на спасот со која што се надева дека ќе го намали неизбежниот пораз кој што еднаш веќе му се случи. Зоран Заев сега се фаќа со тоа што најдобро го знае и владее, а тоа е кршење на законите, криминал, корупција, закани, уцени и поткуп, со кои што повторно ќе се обиде да ја изигра и изманипулира јасно изразената волја на граѓаните од првиот круг на претседателските избори.

Зоран Заев е толку очаен што почна да врши притисоци и врз приватни фирми и врз администрацијата, јавните и други институции.

Според информациите кои дојдоа до нас, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска повикале во влада претставници на текстилната индустрија. Јавно прашуваме која е целта на оваа средба во владата и зошто токму после првиот круг кога нивниот кандидат Пендаровски доби црвен картон од граѓаните, се повикани токму во владата? Не очекуваме дека власта ќе признае дека врши притисоци врз приватните компании, но очекуваме надлежните државни институции да преземат соодветни мерки со кои што ќе се спречи криминалното сценарио на власта кое што го подготвува за вториот круг.

Се побројни се и дојавите за притисоци врз државната и јавната администрација. Таму каде што власта смета дека може да изнуди глас повеќе за нејзиниот кандидат, следуваат повици да се излезе и масовно да се гласа за Пендаровски, а таму каде што имаат информации дека станува збор за лице кое што не ги поддржува политиките на актуелната криминална власт, тогаш следуваат закани за да не се излезе на гласање. Според информациите кои ги имаме власта прави списоци на вработените во јавната администрација според кои или се нудат награди за некакво унапредување после изборите или пак се вршат уцени и закани дека потоа ќе следува казна со откази или прераспоредувања на полоши работни места.

Почитувани,

Ова сценарио не смее да помине. Ова сценарио е сценарио против Република Македонија и е сценарио против слободната волја на граѓаните.

Апелираме власта да се откаже од намерите за манипулирање и изигрување на волјата на избирачите.

Предупредуваме дека ваквиот криминал не застарува. Правдата во Македонија доаѓа и секој ќе одговара за сето она што го направил. И тие што го смислиле сценариото и тие што се под притисок да го извршуваат. Одговорноста е индивидуална, а Зоран Заев нема да може никого да заштити.

На граѓаните сакаме да им укажеме дека зад параванот се сами и сами одлучуваат. Никој не може да знае за кого гласаат и никој не може ниту да ја узурпира нивната волја. Граѓаните покажаа мудрост и храброст и очекуваме истото тоа да го сторат и во вториот круг на изборите на 5-ти мај.

Правдата за Македонија стигнува.

Јанушев: Власта нема легитимитет, за две години изгуби 300.000 гласа

Власта нема легитимитет.

СДСМ за две години со своето погубно владеење, неправдите, криминалот и корупцијата загуби околу 300.000 гласови. Заев и Пендаровски ја уназадуваат Република Македонија и граѓаните тоа го казнија.

Наместо голи флоскули како СДСМ ќе презентираме бројки и факти.

СДСМ тоне и за тоа нема спас. Коалицијата која ја предводеше СДСМ во 2016 година броеше 14 партии, во 2017 година броеше 24 партии, додека сега бројат над 30. Но. Додека бројот на партии расте, бројот на гласови вртоглаво опаѓа.

Коалицијата предводена од СДСМ, во која се партиите ДУИ, ДПА, ДОМ, ЛДС, ДП, ВМРО НП, Обединети за Македонија уште 20  други партии овие избори освои само 323 илјади гласа, ова е пад од речиси 200.000 гласови на истата оваа гарнитура од политички партии кои заедно во 2017 година освоија над  523 илјади гласови.

Граѓаните им кажаа НЕ на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот. А Заев и Пендаровски за само една  година паднаа за околу 200.000 гласа.

Падот на гласови на власта е уште поголем доколку се погледнат резултатите од парламентарните избори во 2016 година, кога коалицијата која ја предводеше власта освои околу 608 илјади гласови.  Падот на гласови на власта од 2016 до денес повторувам изнесува скоро 300.000 гласа.

Заев и Пендаровски изгубија 300.000 гласа. Заев и Пендаровски изгубија и во Скопје и во Битола, во Штип, во Прилеп, Велес односно во над 60 општини во државата, од кои во 47 општини со директно соочување со ВМРО-ДПМНЕ.

На  5-ти мај граѓаните ќе го поразат Заев и Пендаровски. Поразот на Пендаровски е крај за Заев и сета деструктивна и криминогена политика во изминативе две години.

ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова се за право и правдина за Македонија и во Македонија. Ние се залагаме за подобра  иднина, посилна економија, чиста животна средина, зголемена безбедност, депаритизирана администрација, независно судство и буквално ама буквално почитување на принципите и вредностите на кои се темелат модерните демократии.

Здравковски: Да издржиме сите заедно и да донесеме уште поголема победа за Македонија на 5-ти мај

Најнапред сакам да Ви честитам на сите за успешниот изборен процес за бирање на претседател на Република Македонија, процес кој можеби беше еден почистите и подемократски во поновата историја на нашата држава. Исто така сакам да им честитам и на раководството на ОО на СДСМ за коректниот однос во текот на денот на одржувањето на првиот круг од изборите кој верувам дека ќе се согласат и тие, помина во најдобар ред.

Ова беше процес во кој за прв пат сме сведоци за една слаба излезност и апатија од страна на граѓаните, како во општина Велес , така и во цела држава. Оваа мала излезност, според нас се должи на две работи кои се случуваат во последните години.

Првата работа е немањето визија за иднината, немање никакви инвестиции, немање желба за подобар стандард на граѓаните и слух за нивните проблеми. Ништо од ветеното за подобар живот не е сторено. Дополнителен импулс на целата оваа разочараност, дури и помеѓу членовите на СДСМ, е лошата кадрова политика на владејачката партија и назначување на неспособни, но гласни партиски војници на раководни позиции, кои наместо да работат за доброто на народот, работат за сопствените интереси.

Втората причина за мала излезност според нас е носењето на штетни одлуки непочитување на волјата и одлуките на народот во последните 2-3 години. Имено, сите сме сведоци дека и покрај поразот на парламентарните избори, СДСМ благодарение на „Чадорот” и „останатите криминалци од ДУИ”, како што ги нарекуваа тие, ги узурпираа институциите. И покрај волјата на народот на 30-ти септември, најдоа начин да не ја испочитуваат нивната одлука. И покрај волјата на народот во однос на договорите со Бугарија, Тиранската платформа и договорот од Преспа, тие останаа глуви на неговите барања. Повеќе никој не верува во правниот систем.

Се согласуваме со зборовите на лидерот на СДСМ, дека граѓаните и политичарите треба да носат тешки одлуки, но не се согласуваме дека тие одлуки треба да бидат штетни за граѓаните како што се нивните.

Сакаат да не донесат во една безизлезна ситуација во која ние граѓаните ќе помислиме дека се е веќе решено, дека сите сме исти, и дека западот така одлучил.

Драги сограѓани, единствено Вие можете да носите одлуки за Вашите животи. Единствено Вие знаете што е најдобро за Вас. Единствено Вие можете да направите разлика, да казните или наградите одлука на секој што бара поддршка од Вас.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Ви честита за правилниот избор во првиот круг. Но, пред конечната одлука за тоа кој сакаме да ни биде претседател на нашата татковина Република Македонија, има уште две недели.

Овие денови ќе има закани, притисоци, убедувања дека се е решено.

Ве молам да издржите, да издржиме сите заедно и да донесеме повторно  уште поголема  победа за Македонија со изборот кој ќе го направиме заеднички на 5-ти мај. Нашата татковина заслужува достоинство, заслужува многу повеќе од она што и се случува во овие моменти.

Да сте живи и здрави, да ни е жива Република Македонија!

Стоилковски: Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите?

Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани. Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, беше срушена и апликацијата и срушен серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои што се барало внесување на матични броеви и други податоци од граѓани.

Ќе има ли ЈО било каква реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени, злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?

Почитувани, ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп среде кампања од референдумската кампања и низата други кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на Љубомир Јовески?

Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари сета афера.

Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и е обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но за жал и повторно Јовески и неговиот тим го ставаат Заев и СДСМ над законот. Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службена положба и овластување.

Почитувани, правото и правдата се на дофат, граѓаните јасно порачаа дека на Македонија и е потребна право и правда и таа ќе победи на овие претседателски избори!

Арсовски: Заев мора да сфати дека “рибата смрди од главата” и ако од некој треба да почне метлата и чистката, тоа е тој самиот Зоран Заев

Зоран Заев со најавата за метла оди по неговата максима дека “рибата смрди од опашката”, па така вината за огромниот пораз кој што му се случи на СДСМ нанесен од граѓаните ќе ја бара во сите други освен во него.

Но, Зоран Заев мора да сфати дека “рибата смрди од главата” и ако од некој треба да почне метлата и чистката, тоа е тој самиот Зоран Заев да се исчисти од политичката сцена во државата.

Најпрвин Зоран Заев и неговиот кандидат Стево Пендаровски кој и самиот рече дека е 102% ист како Заев, заедно понатака со целата Влада и целото раководство на СДСМ, треба да се исчистат од пред очите на граѓаните и повеќе да не им се појавуваат.

Зоран Заев ја има целата вина и одговорност заедно со целата Влада и целата партија за огромниот пораз нанесен од граѓаните.

Зоран Заев и официјално веќе е најомразениот лик помеѓу граѓаните на Република Македонија а тоа се види и на денот на гласањето.

Пред “да заигра метлата” во Владата, Зоран Заев треба да биде свесен дека веќе не му проаѓаат кај граѓаните ваквите лажни изјави и повеќе никој не му верува.

Зоран Заев исто така треба да е свесен дека пред “да заигра метлата”, граѓаните не забораваат и нема да ги простат сите криминалии, лажните ветувања, лагите дека нема да има промена на Уставот и се останато што се случи изминатите две години.

Чистката на Заев треба да почне од него заради, Криминалните иновации од 10.5 милиони, заради крвавите тендери на Венко Филипче, заради сите нерасчистени убиства, сите коруптивни скандали, заради сите рекети, уцени и закани, заради сите тендери наместени, заради камионите на Вице Заев, заради се она што се случи изминатите две години.

Чистка мора да има и заради непотизмот по примерот на Мира Дизел кој што ја зафати како епидемија целата држава односно СДСМ.

Никој не го тераше Заев да ветува брда и долини, да ветува 500 евра плата, да ветува 100.000 денари плати за докторите, илјадници километри автопати, никој не го тераше да ветува дека ќе тече мед и млеко по улиците.

Никој не го тераше Заев да ветува дека само уште што не дошле во Фејсбук и Гугл и сите други странски инвеститори.

Заев мора да знае дека пред “да заигра метлата”, јавното обвинителството мора да ги заврши сите истраги за криминалиите на Владата на СДСМ и самиот Заев не неговата фамилија  и мора да сносат одговорност. Ниту една “метла” на Заев нема да ги амнестира криминалиите на СДСМ и функционерите на СДСМ кои ја ограбија државата и граѓаните изминатите две години.

Ниту една метла, ниту еден дефокус и ловење во матно нема да ги премисли граѓаните да и стават крај на оваа неспособна Влада на Зоран Заев и СДСМ.

За крај, доколку Зоран Заев и сите останати од СДСМ не си понесат одговорност за овој огромен пораз, нека не се секираат, ВМРО-ДПМНЕ многу набрзо на парламентарни избори ќе ги смени и ќе ја врати државата на вистинскиот пат.

Времето на криминалниот картел на власт и кланот Заев веќе заврши. Граѓаните му го најавија крајот и падот на Заев и СДСМ. А секој пад е болен и  одговорност за се мора да има.

Професорката Гордана Сиљановска Давкова е новиот и иден Претседател на Република Македонија.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини, народот се одлучи за правда за Македонија

Новата реалност во Република Македонија е дека граѓаните одбраа правда токму за Македонија. Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз. СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите. Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Вчерашниот ден исто така потврди и дека меѓу граѓаните владее вистинска апатија поради болната реалност оптоварена со криминал, корупција и сиромаштија. Поради неправда која ја чувствува секој човек. Граѓаните се чувствуваат измамено од страна на власта. Доживеа пораз системот кој наметнува тортура, прогони, притисоци, системот кој носи безпарица, економска стагнација, системот кој тргува со името, достоинството, и законите. Со овие луѓе нема ниту иднина, ниту напредок. Одговорот на апатијата е едноставен, масовно гласање во вториот круг на изборите на 5-ти мај, и потврда дека граѓаните се тие кои решаваат. Народот е посилен од секоја власт и народот е свесен дека со гласачко ливче победуваме неправда, рече Јанушев и додаде:

„Гордана Сиљановска Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став. За нас довербата од граѓаните е обврска, а новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ, и коалицијата која ВМРО-ДПМНЕ ја направи со народот победи во 47 општини. Фактите говорат дека на минатите локални избори, победивме во само 5, а вчера по нешто повеќе од една година во 47 општини. Победивме во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино. Победивме во Босилово, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани. Победивме во: Виница, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце. Победивме и во Карбинци, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Ново Село. Гордана победи и во Охрид, Петровец, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Чешиново – Облешево“.

Скопјани, потенцираше Јанушев, ја поразија власта, скопјани ги поразија Заев и Пендаровски заедно.

-Огромна победа имавме и во Гази Баба каде разликата е 6.500 гласа во корист на Сиљановска. Во Кисела Вода Сиљановска води пред Пендаровски со разлика од над 4.000 гласа или разлика од над 30%. Победа имаме и во Аеродром, каде разликата е повеќе од 2.000 гласа. Победивме и во Бутел, со 1.400 гласа разлика. ВМРО-ДПМНЕ има победа и во Ѓорче Петров со над 2.000 гласа разлика или над 30%. Имаме тесен резултат и во Шуто Оризари каде претходно на минатите избори имавме голема разлика во корист на власта. Исто така намалена е разликата и во Центар и Карпош. СДСМ за помалку од 2 години изгуби речиси 14.000 гласови во Битола, каде денес имаме водство на Сиљановска во однос на Пендаровски. Доколку резултатите на овие избори се пресликаат во пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ќе треба да прави ново мнозинство во Собранието и нова Влада. Првичните анализи покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе освои 53 пратенички мандати, а СДСМ 12 пратенички мандати помалку, или само 41 пратенички мандат, додека Беса и Алијансата и ДУИ по 13 пратенички мандати, подвлече и додаде:

„Цврсто веруваме во победа во вториот круг на изборите, затоа што народот се определи. Големиот број на гласови кои ги освои Гордана и ВМРО-ДПМНЕ за нас се огромна обврска да продолжиме понатаму. Со оглед на тоа дека власта на СДСМ оствари слаби резултати, апелирам да се задржи демократскиот амбиент и да не се продолжува со методи на притисок и заплашувања. Тоа ќе биде контрапродуктивно бидејќи народот веќе го испорача своето, кажа дека е за промени, македонската пролет доаѓа“.

Ги повикa сите граѓани, да ја искористат можноста за конечна победа на правдата, над неправдата.

-ВМРО-ДПМНЕ е за принципи, вредности и честитост. Да се обединиме во заложбите за правда во Македонија и за Македонија, правдата е и зачуваното достоинство, подобриот стандард, подоброто здравство, приносното земјоделие, нови фабрики, сигурност и иднина која е загарантирана. Затоа ајде заеднички да испишеме историја, да победат граѓаните наспроти целата власт, и неправдите.

Мицкоски: Ќе дојдат подобри денови за Македонија, доаѓа ново време, започнува нова реалност во татковината

Победивме!!! Победивме и тоа е победа на сите вас што сте овде, но и на сите оние кои што денеска ја поддржавте идниот претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и идните градоначалници кои што се во Охрид и Ново Село Николчо и Митре, јас од срце ви благодарам. Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата, ги победивме сите оние неуспешни измамнички и криминални политики чии што предводник и олицетворение е Зоран Заев, ги победивме но не целосно ги поразивме. Затоа е неопходен вториот круг и победа во вториот круг, изјави на прес конференцијата во штабот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој додаде:

„Но, ова што денеска вие заедно со нас го направивте е победа пред се на нашата заедничка татковина Република Македонија, јас уште еднаш ви благодарам и ви се поклонувам за тоа. И што е најважно ја победивме хотел коалицијата. Драги браќа и сестри, добри луѓе, Доаѓа правдата, правдата за Македонија! Правдата за која се обединивме, окрупнивме, за која добивме сила, правда та која беше нашата водилка, правдата која што му е насушно потребна на нашиот народ и на нашата татковина. Затоа што однародената власт на Зоран Заев донесе неправда, донесе криминал, донесе корупција. Криминал и корупција поради кои што страдаат сите граѓани. Оваа победа е велика затоа што е на народот и во вистински момент. На секој еден човек кој почувствувал на своите плеќи неправда, и истовремено одговорил борејќи се за правда.“

Мицкоски потенцираше дека од денес, ден недела, Цветници, Македонија има нова реалност и Македонија, горда, достоинствена, честита, праведна победи денеска.

-Победи Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, најголемата, најсилната, коалиција, наспроти однародената власт предводена од Зоран Заев, СДСМ и уште други 30тина партии кои што за жал одбраа да му бидат слуги на Зоран Заев. Народот против целата власт. Власта е делегитимирана, почна падот на Зоран Заев и секој треба да е свесен за тоа, а особено тој која ја влече назад целата држава, тој има име и презиме, Зоран Заев, подвлече Мицкоски.

Според него денешниот ден покажа, и дека народот, поради оваа власт е во апатија, незадоволен, но и револтиран.

„И тоа е со право. Затоа што народот никогаш не греши, и не заборава за сето она зло кое овие луѓе го нанесоа, за притисоците, а неправдите, за прогонот, за името, за идентитетот, за чувството дека народот за ништо не е прашан, игнориран, оддалечен, за криминалот, корупцијата, масовната плачка која што денеска е секојдневие. Епа не е така вистинската сила се граѓаните. Македонската пролет доаѓа и нема никогаш да заборавиме од каде почнавме и каде сме и каде треба да бидеме. А ќе бидеме чекор по чекор. Математички прецизно. Ќе дојдат подобри денови за Македонија, доаѓа ново време, започнува нова реалност во татковината. И ќе бидеме заедно се до конечна победа.“

-Победивме во Скопје. Цело Скопје е повторно победнички ВМРОВСКИ град. Победивме во Гази Баба, во Ѓорче Петров, победивме во Бутел, победивме во Аеродром, победивме во Кисела Вода. Победивме во Битола, победивме во Штип, победивме во Прилеп, победивме во Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, победивме во Виница, победивме во Кочани, Демир Капија, Росоман, Градско, Свети Николе, Македонска Каменица, победивме во Охрид, победивме во Ново Село, а одиме и на победа во вториот круг за градоначалници и во Ново Село каде што водиме, но и Охрид каде што е тесна разликата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и додаде:

„Благодарам за сите кои што денес ни ја дадоа поддршката, но и оние кои не се одлучуваат да ни ја дадат поддршката, но и оние кои се колебаа, а денес гледаат дека народот се обединува. Ајде заеднички браќа и сестри, добри луѓе, ајде заеднички во вториот круг да дојдеме до таа толку посакувана конечна победа. Ајде да го поразиме Зоран Заев. Ајде да ги поразиме. Ајде заеднички да ја победиме оваа хотел коалиција, овие елитисти кои што за само за две ипол години успеаја она вистинско лице, кое што народот во Република Македонија го заборави, бидејќи долго време беа опозиција. Ајде да ги победиме овие транзициони криминални политики, ајде да застанеме на вистинската страна. Ајде да победиме за Македонија и за граѓаните на Македонија, бидејќи Гордана верувајте ми е идниот претседател на републиката, претседател на Македонија.“

Упати повик до сите граѓани да се обединат во вториот круг:

„Ајде сите да се обединиме во вториот круг, без разлика на партиската припадност, без разлика на етничката припадност, без разлика дали сте аполитични, без разлика на верската припадност, ова е наша татковина и да одбереме подобра иднина. Ајде сите добри луѓе да се обединиме за идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова. Затоа што Гордана е честита жена, со принципи, со вредности, вистински борец за правото и правдината, безкомпромисен заштитник на законите и Уставот, и таа заедно со нејзиниот тим , заедно со вас, гарантираат вистинска иднина, а не онаа покриена со многу криминал, и невладеењето на право.“

-Затоа сите вие кои верувате во ова, ве повикувам , ве замолувам, застанете до нас и да ја поддржиме идниот претседател на републиката Гордана Сиљановска Давкова. Изгрева зората, а таа зора носи правда за Македонија. Македонијо вечерва славиме, а од утре повторно на терен до конечна победа додека не те ослободиме. Ви благодарам на сите уште еднаш, ви благодарам на сите што изминатиов период бевте со нас, ги поминавте со нас улиците, плоштадите, домовите. Ви благодарам и на вас кои што се уште се колебате, но знам дека во вториот круг ќе не поддржите, впрочем и благодарам на целата македонска јавност што препозна квалитет и одлучно се спротивстави на криминалот, на корупцијата, на неправдите, и на срамот и ја поддржа правдата за Македонија. Ви благодарам од срце на сите, заклучи Мицкоски.