Вистината вели дека Заеви имаат 3 фирми во градот Петрич во соседна Бугарија, пријавени на една иста адреса

Народот вели кој лаже – тој краде.

Погледнете како Зоран Заев безобразно ја лажеше македонската јавност пред неполна година.

Зоран Заев тогаш велеше дека се што има му е во Македонија и дека нема компании во странство. Е ова почитувани, е бесрамно лажење на Зоран Заев.

Вистината вели дека Заеви имаат 3 фирми во градот Петрич во соседна Бугарија, пријавени на една иста адреса. И тоа фирмата за градежништво Гомасиндра која од август 2018 е во сопственост на братучедот на премиерот, Трајче Заев, фирмата за транспорт и логистика Ориент Груп основана од Вице и Славица Заеви, па потоа превземена во декември 2018 година од Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев и третата фирма, тоа е фирмата за транспорт и логистика, Радиша трејд во сопственост на зетот на премиерот, Радиша Бојовиќ Заев. Внимавајте три фирми на Заеви со слична дејност, формирани речиси во ист период, на една адреса во Петрич – Република Бугарија.

Прашањето е зошто Зоран Заев лажеше за постоењето на фирми во странство во сопственост на кланот Заеви? Очигледно беше затечен од овој скандал и затоа пелтечеше нервозно и хаотично одговараше на дуелот, односно не знаеше што да каже за потоа да признае дека навистина имале фирми во Бугарија и знаел за тоа. Постои основан сомнеж дека овие фирми не се туку-така формирани, туку дека целта е да се прават преку нив матни зделки и криминал. Сепак на крајот на краиштата на чело на овој клан стои еден аболицираниот за финансиски криминал а тоа Зоран Заев, кој не крие дека сака да биде главниот комерцијалист во семејните фирми.

Нервозата кај Заев и СДСМ, но и молкот кој завладеа за ова прашање, јасно покажува дека се одмотува една поголема афера која мора до крај да се расчисти и за која Зоран Заев треба уште веднаш  да почне да дава одговори наместо да молчи и да ќути. Во овој случај со фирмите во Петрич сериозно мириса на криминален скандал.

Ги повикуваме медиумите да се одважат и будно да го следат овој скандал. Ова не е само една од многуте лаги на Зоран Заев, бидејќи искуството говори таму кај што се фирмите на Заеви секогаш станува збор за матни зделки и за милиони пари.

Економијата во Македонија се уништува поради погрешните политики на СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев

Економијата во Македонија се уништува поради погрешните политики на оваа власт.

Последните показатели за реализација на капиталните инвестиции за првите два месеци во 2019 година се катастрофално ниски, 3,53%. Тоа значи дека и оваа година како лани не се гради ништо, ниту патишта, ниту училишта, ниту детски градинки, ниту болници. Тоа што самите го проектираа како капитални инвестиции во буџетот за оваа година, кој што е историски највисок, самите не го реализираат.

Ако на ова се додаде и бруталното задолжување кое ги помина сите психолошки граници, како што беше она од пред некој ден кога се задолживме за нови 16 милиони евра, тогаш многу реално е да очекуваме целосен крах на македонската економија.

За тоа колкав неуспех доживеа економските политики на троецот Заев,Тевдовски, Анѓушев покажува и последниот став на германските стопанственици кои на Владата за нејзината работа и дадоа оценка НУЛА. Над 70% од нив сметаат дека на економски план Македонија или ќе стагнира или ќе назадува. Внимавајте стопанствениците од најголемиот економски партнер на Македонија ја оценија владата како некадарна и и дадоа НУЛА.

Бесперспективност во Македонија не ја гледаат само Германците, туку и македонските граѓани. Тие секојдневно масовно се иселуваат, информатичарите бараат други дестинации, секако откако им ги скратија платите. Дури и семејните бизниси на Заеви бараат иднина во соседна Бугарија.

Животот кој што го ветуваше Заев се претвори во економска кома. Оваа економска мизерија и очај мора да престане што порано, за да не биде предоцна. Претстојните избори ќе бидат почетокот на крајот на неуспесите кои секојдневно ги сервира овој криминален картел на власт. Поразот на Заев и неговите политики ќе значат демонтирање на оваа власт и шанса за напредок на Македонија.

 

Наместо подобрување на начинот на функционирање на здравството и подобра грижа, граѓаните добиваат распродажба на јавниот здравствен систем

Премиерот Заев мисли дека здравствениот систем е фирма, па доколку таа не прави профит, ќе ја затвори или ќе ја продаде некому. Деновиве сме сведоци дека наместо подобрување на начинот на функционирање на здравството и подобра грижа за здравјето на граѓаните, тие добиваат  распродажба на јавниот здравствен систем.

Министерот за здравство Филипче, веројатно под притисок на комерцијалистот Заев, наместо да седне и да работи и да спроведе вистинска реорганизација и оптимизирање на јавните здравствените институции и здравствените услуги,  се фаќа за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата на здравствениот систем. Во здравството изминатиов период единствено се случува дисфункционалност на и онака кревкиот  систем и богатењето на поединци.

Детската кардиохирургија е приватизирана, префрлена во приватна болница, иако оттогаш никој не даде отчет во јавноста како се  спроведува и како тече овој проект.

По првиот, неуспешен обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата земја, следи втор обид, но овој пат тој е прекинат поради претстојните претседателски избори.

Идејата за приватизирање на службата на Брза помош и службата за Домашна посета, иако никаде не ја среќаваме на друго место во светот, продолжува да се спроведува  врз основа на некаква физибилити студија.

И на крај деновиве ја гледаме и  последната идеја на министерот Филипче  да се приватизира по модел јавно приватно партнерство процесот на стерилизацијата којшто всушност е срж на здравството. Приватна компанија ќе треба да се грижи за стерилизацијата на хируршките инструменти во државата, но во документацијата на министерството за здравство не се знае или не сака да прецизира по кои стандарди ќе се изведува валидирањето на овој процесот.

Станува збор за област за којашто во иднина приватна фирма би требало да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциона сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад. Приватник ќе се грижи за стерилизацијата, се поставува и прашањето  дали приватната компанија или некој друг ќе биде одговорен, доколку се појави инфекција?!

Министре, граѓаните очекуваат остварување на ветувањата со кои што СДСМ дојде на власт. Очекуваат оптимизација на јавното здравство и навремена, соодветна медицинска услуга за парите коишто ги одвојуваат секој месец за оваа намена.

Почитувани, Заев и Филипче покажаа дека освен за богатење на нивни блиски компании на сметка на народот, не знаат ниту пак ги интересира нешто друго.

Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење.

Заеви имаат фирми во странство! Заев ја јаже јавноста

Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава откако  Зоран Заев е на власт, туку цветаат и во странство. Во случајов во соседна Република Бугарија.

На вчерашниот дуел бевме сведоци како Зоран Заев најпрвин јавно кажа дека воопшто не знаел за фирмите во странство нанеговт семејство, во случај за фирми во Бугарија на неговиот братучед Трајче Заев и зет Славиша Бојовиќ, за веднаш потоа да признае дека неговото семејство поседува фирми во странство.

Имено, се работи за 3 фирми, фирмите Гомасидра, Ориент Груп и Радиша Трејд.

Фирми кои што се основани од неговите роднини, Трајче Заев и Славиша Бојовиќ Заев.

Во фирмата Гомасидра, која инаку е регистрирана во општина Благоевград, град Петрич, како градежна фирма, најпрвин уште во јуни 2017-тата година сопственик бил Сашко Брндевски, истиот оној кој продаде градежно земјиште на Вице Заев за стан од 40 квадрати, за во август 2018-тата година фирмата да ја преземе братучед му на Зоран Заев, Трајче Заев.

Втората фирма е Ориент Груп, каде што сопственик е Трајче Заев, фирма регистрирана во јуни 2018 од страна на Вице Заев, браотот на Зоран Заев и Славица Заева, а преземена од братучед му  Трајче Заев во декември 2018 година. Фирмата е основана со влог од околу 5000 евра односно 10.000 лева и е на истата адреса како и претходната фирма во градот Петрич. Оваа фирмата е за транспорт и логистика.

Третата фирма е фимата Радиша Трејд, фирма на Радиша Бојович Заев, иначе зетот на Зоран Заев. Фирмата е регистрирана на истата адреса во Петрич како претходните две и исто така се бави со транспорт и логистика, а е основана и регистрирана во август 2016 година.

А отвори уста Зоран Заев, а излаже. Тоа е Зоран Заев.

Зоран Заев безобразно излажа пред 2 милиони граѓани на ТВ дуел. Зоран Заев без срам најпрвин кажа дека нема неговото семејство фирми во Бугарија, за потоа веднаш да потврди дека има фирми во странство.

Од што е лоша бизнис климата во Република Македонија, Заеви своите бизниси ги вадат надвор во странство и од таму профитираат.

Ни Заев не си верува дека бизнис климата во Република Македонија е добра како што тоа проба да го наметне во јавноста подолг период.

Веднаш да се одговори дали овие роднини на Заев имаат фирми во странство и за која цел истите се оформени?

За да се стави крај на сите овие лаги на Зоран Заев, сите масовно да излеземе на изборите и да го поразиме СДСМ. Да ставиме крај на непринципиелното владеење за личен интерес на кланот Заев, на картелот на власт и на СДСМ.

Власта не превзема ништо за окупација и узурпација која се случува на брегот на Охридското Езеро

Во моментов се случува окупација и узурпација на брегот на Охридското Езеро, а власта премолчува и не презема ништо.

Палењето на трската на најразлични локации на брегот на езерото јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро како македонски бисер, од страна на централната и на локалната власт. Очигледно е дека се работи за смислено и добро испланирано сценарио. Самиот факт дека надлежните се исклучително пасивни по однос на зачестените палења на трската, особено пред почетокот на летната туристичка сезона, наведува дека позадината на овие случувања е сосема друга.

Можно е исто како и на езерото Матка крај Скопје, преку ноќ да никнат нови платформи, нови плажи или темели од некој објект. И додека се чека реакција од страна на институциите на државата, можеме повторно да бидеме сведоци некој да побара и легализација на овие објекти и повторно сите да се прогласат за ненадлежни.

Можеби Антикорупциската Комисија повторно ќе се јави дека е надлежна и за овој проблем.

Ги повикуваме владиниот Инспекциски совет, Државниот градежен инспекторат, Инспекторатот за земјоделие и Државниот инспекторат за животна средина кои вршат контрола на целото крајбрежје, вклучително и на плажите на кои веќе повеќе од две години им се истечени договорите за концесионирање, веднаш да излезат со официјална информација и да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската. Бареме брзи и ефикасни мерки и казни за сторителите на ова кривично дело.

Министерството за правда соопшти дека ги прифаќа трите принципи од ВМРО-ДПМНЕ кои што беа поставени како основа врз која што ќе се разговара во креирањето на текстот на законот за јавно обвинителство

Министерството за правда вчера по неколку денови соопшти дека ги прифаќа трите принципи од ВМРО-ДПМНЕ кои што беа поставени како основа врз која што ќе се разговара во креирањето на текстот на законот за јавно обвинителство.

Добро е што министерството вчера призна дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо, непартиско, отчетно и храбро Јавно обвинителство кое би работело во заштита на граѓаните врз база на почитување на човековите права, и дека укажувањата од ВМРО-ДПМНЕ е токму во таа насока.

Со прифаќањето на трите принципи поставени од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Рената Тренеска Дескоска признаа дека не се работи за злоупотреби од страна на опозицијата, туку напротив, за нивна злоупотреба од позиција на моќ кон носење на закон кој што не доликува на европска држава и закон врз кој што би се градело обвинителство во служба на извршната власт.

Овој закон мора да биде донесен со консензус со опозицијата и за него е невозможна трговија ниту пак откажување од било кој од трите наведени принципи.

Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од имплементирање на 11 меѓународни акти од ОН, од препораки од Европскиот Совет на министри, од препораки од Венецијанската комисија. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од одговори за непочитување на обвинителството, ниту од непостапување на обвинителството, ниту од формирање на тело на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од барањата за политичка независност на обвинителството, ниту од избор на Јавниот обвинител по предлог на опозицијата, барање да потсетам кое што до вчера и СДСМ го поставуваше како опозиција, како решение кое ќе ја ефектуира независноста и неутралноста на Јавното Обвинителство од извршната власт.

Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат и игнорираат аргументирани предлози кои ќе овозможат борба со коруптивните и криминогените дејствија на власта, не бегаат од фактот дека треба да има одговорност и почитување на човековите права, а не јавните обвинители да штитат министри и премиери и да спроведуваат чистки со политичка нарачка на власта. Добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од Анкетна комисија која што ќе ги испита сите афери во рамките на СЈО и начинот на кој што актуелниот состав истроши десетици милиони евра, ниту пак од формирање на тело- на посебно одделение за следење на европската регулатива и прецедентното право на Европскиот суд за човекови права.

И секако, добро е што Заев и Дескоска повеќе не бегаат од истраги со кои ќе се решат прашањата кои што и ден денес ја мачат Република Македонија, безбројните афери за криминалните приватизации, за оставањето на улица на над 300.000 работници, за сите бонбона бизниси и испитување на стекнувањето богатства на низа транзициски политичари денес повторнозбиени во власта.

Министерството за правда преку соопштение ја призна грешката, останува во следните денови власта и во разговорите да ја ефектуира декларативната заложба за вистинско долготрајно законско решение за Јавното обвинителство во Република Македонија