Власта уште еднаш покажа дека во Република Македонија правната држава е суспендирана

Власта уште еднаш покажува во пракса дека во Република Македонија дека правната држава е суспендирана. Денеска власта на Заев и Спасовски без никакво образложение во полициската станица зад нас неколку членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги држеше 4 часа.

Власта е исплашена од граѓаните, а особено од младите и затоа спроведува политички прогон врз сите неистомисленици и слободомислечки граѓани.

Младите нема да ги исплашите. Младите се предводникот на промените кои следуваат.

Почитувани претставници од власта, ударот врз младите е удар врз државата. Не можете да ги оправдате вашите лоши политики со спроведување терор, прогон и сеење на страв.

Насилието мора да запре. Криминалот не смее да биде пракса.

Откако сте на власт имаме 9 неразјаснати убиства, запалени автомобили, секојдневни грабежи и безредие. Власта не ја остварува нејзината основна задача – чување на редот и мирот.

Тргнете ги рацете од младите. За целото незаконие кое го спроведувате ќе одговарате кога ќе се врати правната држава и демократијата во Република Македонија, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Непотизам владее и на локално ниво кај што се заразени блиски роднини на градоначалниците на СДСМ

Почитувани,

Епидемијата на непотизам е навистина застрашувачка. Ги има зафатено функционерите на СДСМ на сите можни нивоа. На државна сметка се закачиле блиски роднини на пратеници, членови на Влада, но и на сите градоначалници.

Денес ќе ви презентираме неколку сомнежи за  непотизам кој владее на локално ниво кај што се заразени блиски роднини на градоначалниците на СДСМ.

Дали вработување како професор во ОУ „Маршал Тито“ во Струмица добила сопругата на Марјан Јанев, инаку  градоначалник на Василево од редовите на СДСМ?

Дали вработување во Водостопанство Кавадарци добила ќерката на Бранко Јанев,  градоначалникот на Росоман?

Дали вработување како професор во ОУ „Кочо Рацин“ во Дојран добила сестрата на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов? Патем токму оваа институција е под директни  ингеренции на братот, а сестрата баш таму станува професорка. Претпоставуваме дека изговорот ќе биде дека била единствен или најдобар кандидат, како и во сите претходни случаеви каде што се правдаат, односно се обидуваат да се оправдаат?!

Вработување во Агенцијата за храна и ветеринарство добил братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.

Дали Вработување во Централен Регистар добил првиот братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски?

Сестри, ќерки, браќа, сопруги, золви, снаи, свекрви и фризерки се најважниот критериум за вработување во Република Македонија во време на овој криминален картел кој што е на власт. Граѓаните гледаат како администрацијата се полни не според мерит, туку според Мира Дизел систем, а тоа граѓаните ќе треба да го плаќаат со народни пари прибирани од зголемените даноци, зголемените акцизи, давачки или безмилосните задолжувања на Тевдовски.

Граѓаните ќе плаќаат за порамнување на роднинските односи на функционерите на власта.

Зошто РЈО Љубомир Јовески повеќе од пет месеци не постапува во врска со изборните грабеж и поткуп што се случија на референдумот?

Почитувани

Кого крие и што крие  Републичкиот Јавен Обвинител, Љубомир Јовески повеќе од пет месеци? Зошто не се постапува во врска со изборниот грабеж?  ВМРО-ДПМНЕ има поднесено повеќе кривични пријави во кои само со една се опфатени над 200 лица за изборен криминал, за невозможно брзо гласање? Да потсетиме на рефрендумското изјаснување се гласаше за 2, 4, 5, 7, 9 секунди, што е невозможно, но можеби за Јовески е небитно?

Не се постапува ниту по пријавата за изборен поткуп, во која како доказ е поднесено видео на кое што Зоран Заев поттикнуваше и јавно повикуваше на поткуп во изборни цели? Јовески не постапува, иако минаа пет месеци од референдумот, иако сите поднесени кривични пријави се поткрепени со докази.

Државата повторно се подготвува за избори, а Љубомир Јовески е јавен обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, кривични пријави токму поврзани и се однесуваат на изборниот процес.

Дали причина за молкот е содржината на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои што се под негова команда? Зошто и за оваа истрага се тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимени и што содржат нивните разговори?

Пет месеци поминаа по завршувањето на референдумот на 30-ти септември, повеќе од пет месеци минаа од поднесените Кривични пријави од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од пет месеци нема никакво известување од ОЈО, ниту од Јавниот Обвинител, Љубомир Јовески за кривичните пријави! Државата се подготвува за нови избори, а Републичкиот Јавен Обвинител сето тоа го гледа и не реагира.

Според Законот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој што ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Ама Републичкиот Јавен обвинител,  Јовески никаде го нема!

Јовески го нема, како што го нема ниту за многубројните афери како што се крвавите тендери на Филипче, за плацевите на кланот Заеви, за криминалните набавки во четири очи, за Фондот за иновации, буквално за сите криминали кои потоа завршуваат и со мафијашки пресметки со смртни последици? Јовески го нема ниту за кривичната пријава за објавувањето на законот за јазици.

Јовески е Републички Јавен обвинител кој што мора да си замине!  Свесно и намерно, Љубомир Јовески со непостапување, прави тешки злоупотреби на службената положба и овластување. Републичкиот Јавен обвинител е ОБВРЗАН САМ да почне да  дејствува, дотолку повеќе што се работи за криминогени дејствија за НАСТАНИ ОД ВОНРЕДНО ЈАВНО ЗНАЧЕЊЕ. Јовески е ДОЛЖЕН да преземе предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на неговата функција. Со негово нестручно и несовесно работење прави свесна злоупотреба на службената должност. Јовески не презема дејства за кои што е задолжен и за што дал заклетва.

Почитувани, помина времето кога Јавниот обвинител можеше да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата. Сега е време да си замине и согласно договореното, да се избере јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Повеќе од една година општина Центар е без осветлување на јавните површини, паркинзи и улици низ целата општина

Почитувани,

Наместо да донесе светлина и живот за сите, градоначалникот Саша Богдановиќ не враќа на почетокот на 19-от век. Повеќе од една година без осветлување се јавните површини, паркинзи и улици, низ целата општина.

Речиси и да не постои маало на територијата на општината кое не е погодено од тотален мрак. Улиците 369, 364, 365, делот околу Музејот на современата уметност, просторот околу улицата Стив Наумов, ул. Алберт Ајнштајн, паркингот кај Зелен Пазар и многу други се само дел од мрачната слика.

Со ваквиот неодговорен однос на градоначалникот жителите на најбогатата општина секојдневно мора да живеат во страв за себе и за своите најблиски.

Како потврда е на ова е билтенот на МВР каде е забележан пораст на уличниот криминал и нарушување на јавниот ред и мир за неверојатни 65% во споредба со декември минатата година.

Почитувани,

Јавно го прашуваме градоначалникот дали и кога планира да ги осветли маалските улици, паркинзи и слободни простори?

Ќе овозможи ли слободно и без страв жителите спокојно и безбедно да стигнат до своите домови.

Наместо да се фокусира на партиски вработувања на партиски кадри во општината и во ПОЦ, време е да се насочи на поважни работи во општината, а администрацијата наместо да пие и да се забавува во текот на работно време треба да се погрижи за реалните проблеми на граѓаните на општината.

Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Јанакиески и Ристовски мора да има

Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски мора да има. И кривична и политичка.

Оставката на директорот на истражниот затвор е само глума со која што треба да се сокријат вистинските виновници и вистинските нарачатели.

Неприфатливо е скандалозното малтретирање да се затвори со дисциплинска одговорност за неколку чувари.

Се споменуваат пропусти и дисциплински прекршоци и неуредност, но не и одговорност. Нема збор, нема ништо од одговорност, нема ништо од вистинска истрага, за нарачателите и извршителите, нема одговорност за случајот обид за линч во притвор врз опозицискки членови, поранешни државни функционери.

Ова е обид да се забошоти случајот.

Повторно прашуваме кој го нарача линчот и кој даде наредба после нападот врз Ристовски, во дворот на затворот да биде изнесен и нападнат и Јанакиески? Зошто нема снимки од нападот?

Во оваа претстава за јавност изостанува истрагата за заканите кои пристигаат од членови и поддржувачи на Кумановската терористичка група преку социјалните медиуми.

Во сценариото изгледа не е предвидено МВР и Обвинителството да спроведат истраги по нив. Ниту за потврдените податоци за мобилни телефони и дрога во затворот. МВР и обвинителите служат само за политички прогон против опозицијата.

Ваквата претстава во заевистички манир е прочитана и одговорност ќе има! Прво на претседателските а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори!

Нов случај на епидемија од непотизам – Пратеничката Шахпаска си ги вработила золвата и зетот

Почитувани,

Власта е оперирана од срам и морал. Затоа Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила.

Се пренесува само по роднини и тоа замислете строго кај функционери на СДСМ.

Нивните роднини на функционерите од СДСМ се луѓето кои се вработуваат за натпросечни плати како да нема други стотици илјади граѓани во државата кои што се без работа и бараат вработување.

Денес ќе ви презентираме нови жртви од Дизел вработувањето на власта.

Замислете, Јагода Шахпаска најверојатно советувана од нејзините колешките Мира Дизел, Милева и Тања Ковачев, си ги вработила својот зет и својата золва.

Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово.

Очигледно на Шахпаска многу и била погодена золвата, па земала и го вработила својот зет, односно сопругот на золвата, Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело. Најверојатно планот и бил да добие решение после изборите.

По примерот на Шахпаска во општина Берово и поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски си ја вработил својата прва братучедка Емилија.

Додека пак, Пеце Мирчевски, директорот на СОЗР си го вработил својот шура Тимчо Биљарски како инспектор во МВР точно на 31.12.2018 на нова година.

Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерието на СДСМ. Едно збореа пред изборите, друго сега прават.

Жалосно е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, останатите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата.

Почитувани,

Ова лудило мора да прекине, а најдобро ќе прекине само доколку СДСМ ги изгуби изборите.

Затоа, СДСМ мора да ги загуби овие изборите и граѓаните да се спасат од оваа зараза на непотизам која што ги фаќа единствено роднините на функционерите на СДСМ.

Филипче да одговара за несреќата кај Ласкарци

Почитувани,

Поминаа повеќе од 10 дена од трагичната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, каде животот трагично го загубија 15 млади гостиварчани. Деновите поминуваат, но трагедијата од Ласкарци во која загинаа 15 лица не може да се заборави.

Тој ден, сите ние бевме сведоци на нефункционалност на сите надлежни инситуции кои што треба да се справат со итни и кризни состојби и катастрофи.

Го повикуваме премиерот Зоран Заев, директорот на Центарот за управување со кризи како и министерот за здравство да одговорат на следните прашања:

Прво, зошто не се активираше Планот за постапување при итни, кризни состојби и катастрофи?

Второ, зошто не беше формиран кризен штаб кој ќе се справува со настанатата катастрофа и ќе даде вистинска помош на повредените?

Зошто околу местото на несреќата не се обезбеди периметар, од кој што само професионаци ќе имаат пристап до местото на несреќата?

Зошто на местото на несреќата не беа обезбедени соодветни медицински тимови составени од стручни медицински лица, кои што ќе даваат прва помош на повредените и ќе извршат вистинска тријажа на секој поврден за да биде упатен во соодветна здравствена установа?

Кој и зошто одлучи повеќето од повредените или вкупно 35 да бидат однесени во ГОБ 8 – ми Септември?

Со каков медицински потенцијал располага  ГОБ 8 – ми Септември? Колку има специјалисти трауматолози? Колку специјалисти неврохирурзи и колку торакални хирурзи?

Зошто побрзавте да се пофалите дека приватните болници помогнале во катастрофата, кога ниту еден пациент не беше хоспитализиран во приватна болница?

Дали вечерта беа вклучени сите кадровски потенцијали на здравствениот систем и зошто не беа повикани специјалисти од другите болници да помогнат?

Дали беше одржан европскиот стандард за еден повреден да има четири медицински работници?

Зошто не отворивте посебна линија, кол центар, каде роднините ќе можат да добијат информација каде се нивните најблиски?

На денот на несреќата, Центарот за управување со кризи покажа целосна неспособност да ја менаџирира катастрофата.

Лекарите и медицинските работници направија максимум во рамки на можностите да дадат помош на повредените, но неорганизираноста во Министерството за здравствио, неорганизираноста во Центарот за управување со кризи, како и лошата координација на институциите го сторија своето.

Ги повикуваме премиерот Заев, министерот за здравство и директорот на ЦУК како да поднесат одговорност и да поднесат неодповикливи оставки.