СДСМ нема направено ништо за решавање на проблемите на лозарите, загарантираните откуп и цена беа само лажни ветувања

Очигледно е дека во земјоделието лагите, лажните ветувања, нереализираните ветувања и очекувања од страна на СДСМ и Зоран Заев се присутни, напластени се многу проблеми. Сето она кое што беше во минатото ветувано како загарантиран откуп, цена загарантирана и слично, изгледа беа само шарени лаги и предизборни ветувања гледаме дека еве од прво лице гледаме дека сето тоа е само добро кажано пред камера кога се бара мандат од страна на овие луѓе кои што практично нивниот труд останува ненаграден кое што достоинствено треба да биде награден. Но кога ќе дојде време да се формира влада и кога треба да се соочите со тие ветувања гледате дека практично ништо не се случува туку напротив е полошо од тоа што било во минатото.

Денеска ние имаме реален проблем во Тиквешијата. Имаме од две винарии ненаплатени побарувања од страна на лозарите за продаденото грозје тоа е некаде од висина на милион и двеста во вкупен износ, 600.000 евра од едната винарија, 600.000 евра од другата винарија. Ветувано им е за време на предизборието од тогашниот технички министер, кој што сега е практично министер во ресорот за земјоделие. Но гледаме дека реалноста е сосема поинаква. Воопшто ништо не се случува. Напротив, повторно имаме некои нови ветувања, нови одложувања на решавања на овој проблем.

Повикуваме веднаш, тоа ветување кое што го давал на лозарите за време на предизборието да го исполни и овие луѓе да си ја добијат онаа сума на средства кои што ја имаат заслужено за продаденото грозје во тие винарии.

Вториот проблем кој што исто така денеска го разговаравме кој што е сериозен е исплатата на обесштетувањето од замрзнатите лозови насади, односно од студовите кои што се случија пред некоја година. Во вредност процентуално од онаа која што им беше ветено или од 80% до 100%, исплата е сега од вредност од 3% што е навистина понижувачки кон овие луѓе. И навистина е некоректно и нечестито.

Третата работа која исто така денеска ја дискутиравме е акцизата која планира оваа влада повторно со нови  давачки, со нови даноци да врши репресија врз граѓаните во Република Македонија. Овој пат тоа ќе го прави врз производителите на ракија во вредност од 30-тина денари по литар произведена ракија, за домашна употреба се разбира.

Иако ние на времето исто таква една иницијатива се започна, но се одложи до времето коа Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија, како што впрочем и треба да биде и како што впрочем тоа го направија и државите кога стануваа земји членки на Европската Унија.

Така да веднаш бараме владата да се откаже од оваа намера да дополнително делува репресивно врз  лозарите и врз оние луѓе кои што за домашна употреба ќе произведуваат ракија, односно да ја напушти желбата да се воведе оваа дополнителна акциза.

Исто така беа разгледувани проблемите со наводнувањето со водоснабдувањето со лозовите насади. Практично сето она кое што беше ветувано гледаме дека денеска не е исполнето ниту пак дека е блиску до исполнување и ние апелираме да покрај сите овие шарени лаги во минатото, владата на СДСМ и Зоран Заев вклучително и на оној министер кој што се труди на дневна основа да му се допадне на неговиот претпоставен премиер Зоран Заев, да почне покрај тоа што ветува  сега и да ги исполнува тие ветувања пред овие луѓе. Бидејќи навистина станува збор за луѓе кои што макотрпно работат и ја заслужуваат онаа скромна  награда за својата макотрпна  работа.

Прашање: Дали ќе го поддржите штрајкот кој што го најавија, доколку се случи?

Одговор: Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ е тука, ВМРО-ДПМНЕ е во поддршка на лозарите, ВМРО-ДПМНЕ е во поддршка на граѓаните на Република Македонија и сето она кое што во минатото беше ветувано, а сега гледаме дека оваа влада нема ниту намера ниту желба да го исполни туку тоа беше една шарена лага да се догребаат до власт. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржува, но истовремено и покрај поддршката имаме ние и тим на луѓе кој ќе гарантира сериозни решенија за ваквите напластени проблеми. И токму тоа беше една од причините поради која ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, бара да се случат конечно тие предвремени парламентарни избори, за што побрзо да дојде крај на овие неисполнети ветување и да почнеме да ги решаваме напластените проблеми на граѓаните во Република Македонија во случајот тоа се лозарите.

Коцевски во кампања ветуваше двојазичност, а сега глуми загриженост за граѓаните и функционирањето на општината

Овие денови сме сведоци на една трагикомична ситуација која доби едно огромно медиумско внимание од граѓани, а посебно од граѓаните кои што се по националност Македонци. Имено сведоци сме на средбата на градоначалникот Коцевски и министерот за образование и наука, Арбен Адеми  на која господинот Коцевски реагираше како да е затекнат од некоја за него непозната ситуација.

Ова очигледно е еден од филмските настапи на градоначалникот во кој глуми загриженост за граѓаните и функционирањето на општината. Глумец на функција градоначалник.

Господине Коцевски вие како една од клучните политички фигури во градот бевте свесен што носи изгласувањето на Законот за употреба на јазиците, за кој гласаше и вашиот соработник господинот Панче Иванов.

Дури и кога организиравте парадоксални самоуништувачки забави во младински, затскривајќи се зад евроинтеграциите бевте свесен која е цената што треба да ја плати народот за остварување на вашите хирови.

Според нашите информации двојазичноста сте ја ветувале на вашите посети во Бузалково, Сливник иако ние како ВМРО-ДПМНЕ укажувавме дека со овој ваш план само ќе се уназади комуникацијата и односите помеѓу Македонците, Албанците во Општина Велес кои што живеат и соработуваат одлично.

Унапредување на односи, Коцевски се прави со инвестиции, со отворање на нови работни места, со градење на инфраструктура, а не со непромислени потези кои дополнително ќе иницираат нови проблеми кај така политизираното  општество.

Сте ветувале господине Коцевски и сега нема причина за глумење и лутење посебно не од некој совесен и пресметлив човек како што сте вие.

Вистината е друга господине Коцевски. Народот ви го сврте грбот. Тонете во жив песок со вашите погубни политики што впрочем се виде и на референдумот на кој имавте поддршка од само 27% од гласачите од Велес. Или во бројки изразено намалување за цели 3.500 гласови за една година. Па сега се грепчите за да докачите некоја сламка за спас за враќање на угледот и достоинството кое што за волја на вистината го имавте и ви беа на завидно ниво пред година и половина.

Господине Коцевски, сепак ВМРО-ДПМНЕ како општествено одговорна партија и ние како дел од неа и во насока на вашето штедење и секако почитување на законите, доколку имате потреба ќе ви помогнеме колку што можеме, а можеме да ви понудиме македонско-албански речник кој ќе ви послужи во понатамошната комуникација.

Можете учејќи да ги избегнете најавените казни од 5.000 евра за неговорење на официјалниот јазик на нашата држава.

Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижела и се грижи за младите

Во дебата за предлог законот за млади, се обрати и лидерот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижела и се грижи за младите.

– Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ има континуиран став дека треба да се донесе законско, сеопфатно решение кое ќе ги опфаќа младите луѓе во Македонија, кој ќе ги регулира нивните права и нивните можности, рече тој.

Јаулески истакна дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ како политички подмладок се залага за инклузивен и широк консултативен процес во кој сите млади имаат свој став и ќе можат да го искажат своето видување.

Целото негово обраќање, погледнете го во видеото во продолжение:

Мицкоски: Македонија на дното во борбата против корупцијата, власта штити и произведува криминал

Македонија на дното во борбата против корупцијата, власта штити и произведува криминал, порачува објавувајќи видео на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Видеото е изработено со изјава на премиерот Заев за кои од денешна гледна точка се гледа дека биле лажни.

Мицкоски одговара дека и покрај ветувањата на Заев, денес резултатите се следни:

-Македонија повторно на дното на табелата за борба против корупцијата во Европа и светот.

Мицкоски оценува дека државата се дави во криминал, а власта истиот го штити.

Деталната анализа на Мицкоски, погледнете ја во видеото во продолжение:

Царовска и директорот Зењели треба веднаш да поднесат одговорност за скандалот со ПИОМ, тежок десетици милиони евра

Кој ќе сноси одговорност за скандалот со ПИОМ? Дали Мила Царовска или директорот на ПИОМ Шаип Зењели?

СДСМ за да го покрие својот неуспех во делот на пензиите, односно за да го покрие намалувањето на пензиите изминатиов период, обелодени скандал за кој всушност се виновни самите тие заедно со ДУИ како коалиција.

Кој ќе понесе одговорност за скандалот тежок десетици милиони евра?

Дали Мила Царовска ќе си даде оставка или директорот на ПИОМ Шаип Зењели? Или, според нас најдобро е и двајцата да си дадат оставки, а Јавното обвинителство да отвори случај и да ги сослуша и актуелниот директор на ПИОМ и министерката на СДСМ Мила Царовска.

Дали Царовска се обиде да ги прелаже пензионерите за својот неуспех како министер и вината да ја префрли кај коалициониот партнер од владата ДУИ и кај нивниот директор поставен Шаип Зењели?

Ова е голем скандал за кој е одговорна директно владата. Главното прашање е дали има проневера, колкава е проневерата и кој ја извршил проневерата со парите од пензискиот фонд?

Овој скандал со проневера на парите од ПИОМ кој го обзнани Царовска и кој во моментов е актуелен мора да има завршница и некој од надлежните мора да сноси одговорност. Или Царовска или директорот Зењели.

Во обид да привлечат ситни политички поени и да си ја прикријат својата неспособноста, СДСМ и ДУИ сега треба да испорачаат оставки на Царовска и Зењели и потоа да се реши случајот и да се обзнани кој од нив двајцата е виновен за овој скандал.

Е заради сите овие вакви афери и криминалии на власта, треба да има предвремени парламентарни избори на кои што конечно оваа криминална, транзициона влада ќе падне и ќе замине во историјата, а сите предизвикувачи на криминал ќе заминат во затвор каде што им е местото.

Стоилковиќ за КУРИР: Српската Влада е исклучително задоволна од македонската бидејќи 15 компании кои требаше да инвестираат тука, капиталот го вложија таму

Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија, од сето тоа што се случува во Македонија, порачува Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Но, ова негово тврдење воопшто не се темели на пофални зборови за македонската Влада.

Тој во интервју за КУРИР говори за повеќе аспекти од најактуелните случувања во  Македонија, но и за економијата, за договорот со Преспа, за уставните измени, за надворешната политика…

 

– Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија. Зошто? Од многу проста причина што 15-тина инвеститори кои во изминатиов период требаше да дојдат во Македонија, скоро сите во изминативе година-година ипол, си ги отворија своите капацитети во Република Србија. Од тој аспект српската Влада и целото политичко раководство е мошне задоволноод политиките на македонската Влада. Што се однесува до делот кога станува збор за можните решенија, ќе ве вратам на фактот дека овдека најдобро  за овој момент во кој се наоѓаме, одговара реченицата на Слободан Милошевиќ, за време на промените во Србија во 2000-та година кога рече дека некои грешки ќе се поправат, но некои грешки нема да може да се поправат, истакна Стоилковиќ во интервју за КУРИР.

 

За потребата од вонредни парламентарни избори, тој вели дека тие се неопходна потреба на граѓаните на Република Македонија, но вели дека за да дојде до тоа треба да се склопат коцки кои во моментов не се склопени.

Обвинува дека со уставните измени по Договорот од Преспа, не се прави општество за сите, туку општество за Албанците и општество за една хибридна национална структура.

-Новоформираната република Северна Македонија допрва ќе треба да го менува својот уставо-правен систем. Јас мислам дека тука има многу малку простор и дека најпразната флоскула која е кажана во иминатиов период е дека правиме едно општество за сите. Правењето на едно општество за сите е продавање на обична магла затоа што, во суштина, ние не правиме едно општество за сите, туку правиме општество за Албанците и општество за една хибридна национална структура која најверојатно ќе се состои од нешто што порано беше македонскиот народ и припадниците на помалите етнички заедници, рече лидерот на ДПСМ во интервју за КУРИР.

Целото интервју, можете да го погледнете во видеото кое ви го пренесуваме во продолжение: