Додека Оливер Спасовски дели партиски книшки во Куманово, во Македонија се лее крв по улиците, домовите и угостителските објекти

Додека Оливер Спасовски си тера партиски агенди и дели партиски книшки во Куманово, во Македонија се лее крв по улици, по домови, и по угостителски објекти.

Крвавиот викенд за само 36 часа донесе три свирепи убиства. Освен ликвидацијата на човекот во Ѓорче Петров, вчера се случи и убиство во угостителски објект во Кичево и убиство во дом во Прилеп.

Полицијата наместо да биде гаранција за редот и мирот, немо посматра како црнилата ги зафаќаат улиците и домовите ширум Македонија. Сето тоа е резултат на непрофесионалноста и неспособноста на првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Затоа довербата во полицијата е падната на 31% меѓу граѓаните, затоа корупцијата постојано зема замав, затоа рекетарите се чувствуваат заштитени, затоа убиствата станаа наше секојдневие, затоа имаме зголемување на насилството. Животот на граѓаните им се претвори во сцени од филмовите за дивиот Запад.

Општ впечаток во Република Македонија е дека постои коалиција меѓу криминалот и власта. Речиси да нема криминалец во земјата, убиец или рекетар кој не се има срдечно фотографирано со Зоран Заев или Оливер Спасовски. Затоа се осоколени во своето дивеење, бидејќи блискоста со власта прави да се чувствуваат заштитени дека ќе поминат неказнето.

Тоа што криминалот царува е одраз на работењето на Оливер Спасовски. Кога сите гледаат како се прават матни и криминални зделки од врвот на МВР, кога гледаат селективност и нестручност, кога гледаат неспособност од Спасовски, логична последица на сето тоа е она што во моментов ни се случува во државата.

Оливер Спасовски мора да замине за да се врати угледот на институцијата и да се врати редот и безбедноста во нашата држава. Тоа граѓаните го чекаат и очекуваат.

Република Македонија е претворена во крвава арена, Спасовски е крајно неспособен

За жал РепубликаМакедонија е претворена во крвава арена. Оливер Спасовски си брка тендери и политика, полицијата ја нема на терен, а граѓаните се незаштитени.

Речиси да немa викенд, а да не се случи сериозен грабеж, убиство или некој голем инцидент.

Синоќа јавноста повторно беше вознемирена од уште едно грозоморно убиство во Ѓорче Петров. Човек беше застрелан со еден куршум во глава во близина на касарната. Ова е класична ликвидација.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека безбедносната ситуација ќе се влошува заради неспособноста на Оливер Спасовски и коалицијата со криминалците на СДСМ. Ова убиство е уште еден доказ за тоа дека криминалот владее на улиците.

Неспособниот министер Спасовски МВР го претвори во статистичка институција за нотирање на убиства, грабежи, сомнителни пожари и насилства. Случаите остануваат или неразрешени или убијците никогаш не се пронаоѓаат.

Да се потсетиме дека слична ваква мафијашка ликвидација се случи на улица „Рузвелтова“ кога беа убиени две лица. Патем еден од убијците на младиот Саздовски сеуште не е достапен на правдата. Полицијата сеуште трага по убиецот на Мартин Јанушев. Убија дете на автобуска постојка во Чаир, го ликвидираа Дилавер Бојку Леку во неговиот локал, беа опожарени десетици автомобили и уште стотина други слични вакви случаи.

Уште колку убиства сред град треба да се случат, за Оливер Спасовски да си поднесе оставка. Се додека тој е на врвот на МВР криминалците ќе се чувствуваат охрабрени и  заштитени. Црнилата и крвавите викенди се резултат на тоа што Оливер Спасовски е крајно неспособен, и тоа мора да престане. Оливер Спасовски треба да замине за да дојде редот и мирот за нашите граѓани.

Заради економското цунами и црнилата на СДСМ, Република Македонија паѓа на листата на Форбс за водење бизнис

Црнилата, девастацијата на Република Македонија, ова економско цунами, коруптивност и криминал заради безидејноста на октроираната власт за една намена добија потврда и од ценетиот „Форбс“. Сега Република Македонија е на 68 место, додека за споредба 2014 била рангирана 31 место, како најдобра во регионот! И сега доживуваме огромен пад! Тешко стекнатиот меѓународен рејтинг на Република Македонија, оваа власт го топи како воопшто да не и е грижа за утре! Па и не и’ е. Само од минатата година според оваа листа на „Форбс“ има пад од 5 позиции на листата на држави за водење бизнис. Корупцијата на оваа влада, која наместо да се бори со корупцијата, дури и предизборно ја поттикнуваше, ја однесе Република Македонија дури на 97-мото место! Најмногу забелешки „Форбс“ има за владеењето на правото, нееднаквото спроведување на законите. Дури и она што не задржало да не пропаднеме на повеќе на оваа листа како Република Македонија, ниските даноци, оваа црна власт се погрижи да тоа биде урнато следната година! Забелешките за големата застапеност на сивата економија, догодина со даночната политика и политиката само кон зелените пазари ќе бидат дополнително страшни!

Оценката на „Форбс“ е потврда на сите стравувања и укажувања од опозицијата, на сите забелешки за оваа кои црната власт остана глува и продолжи со тендери во 4 очи, со милионски коруптивни договори во секој владин сектор и ресор.

Но затоа пак вицепремиерите вчера добија покачување на платата. Од оние за одбрана и безбедност, Шекеринска и Спасовски, преку Османи за евроинтеграциите, до вицепремиерот за економски прашања иновативниот Кочо Анѓушев. Покачена плата од 8.000 денари месечно, покачувања додека сиромаштијата зема замав, а спиралата на поскапувања врти. Поскапувања „на поевтиниот леб“ како што оцени иновативниот Кочо Анѓушев!

Притоа, почитувани додека Република Македонија паѓа на светските рејтинг листи за тоа како треба да се води бизнис е доказ за општата состојба во Република Македонија. На сила се турка закон со кој секое јавно претпријатие во Република Македонија, секое државно, но и секое општинско јавно претпријатие треба дополнително да се донаполни со партиски функционери, со заменици директори, кои би ги менувале директорите кога тие би биле отсутни! Па се поставува прашањето колку може да отсуствуваат директорите, за да мора да бидат назначени нивни заменици, функционери со свои кабинети, секретарки, советници, шофери и секако можност за апанажа!?

Почитувани, вакво расипништво, вакво самоволие, ваква однароденост, е неприфатлива во Република Македонија! Си покачуваат плати, ја партизираат секоја пора на општеството, сега се измислуваат функционери за да се цица буџетот, за кој што раката на оваа власт се подлабоко ја вовлекуваат во и така испразнетите џебови на народот! И уште дополнително ќе велат дека се срамат од македонскиот народ, со навреди „искомплексирана нација“.

И потоа уште се наметнува идеја, поткрепена и од Талат Џафери, дека пратениците морало да бидат згрижени за потоа, цитирам, „да не буричкале во контејнери“!?

Почитувани, ова нема поинаков опис освен тотална бесрамност и негрижа на власта и владејачкото мнозинство за државата и за сите нејзини граѓани! Ова црнило предизвикана од натурените криминогени ликови во власта мора да сопре, а тие мора итно да заминат. И ќе одговараат, за сите дела, пред правото и правдата, пред суд кој што нема да е прислушуван и во пупката на Зоран Заев.

МВР кој е под управа на Оливер Спасовски го прогонува секој еден професионалец и ги фаворизира своите партиски послушници

Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски ги шиканира вработените во МВР поради нивните синдикални активности. Долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да бидат членови на синдикат во време на владеење на СДСМ.

Шиканирање на луѓе само затоа што се членови на синдикат е одраз на едно мрачно време кое мислевме дека сме го оставиле зад нас. Но очигледно со СДСМ сагата за професионалците допрва почнува. Ова е црното време за сите професионалци, кое мора час поскоро да заврши.

Помошникот генерален секретар на полицискиот синдикат кој што е  врвен полицаец, правник по професија, со положен правосуден испит, неколкукратно наградуван од министерот за неговата служба на 24 декември, два дена откако е назначен за помошник на генералниот секретар на Независниот синдикат на полицијата, со решение е прераспределен од полициската станица Аеродром во полициската станица Блаце.

Господине Спасовски дали ова е професионалноста која ја ветувавте? Ова господине Спасовски е се само професионалност не, МВР под ваша управа го прогонува секој еден професионалец и ги фаворизира единствено партиски подобните за вас.

Примери за прераспределби на професионалци, за на нивно место да бидат поставени подобни кадри на Оливер Спасовски се случуваат насекаде низ нашата држава.

Заради ваквите политички притисоци полицијата е крајно демотивирана, реализацијата е на катастрофално ниско ниво, а граѓаните ни се понебезбедни. Убиствата, разбојништвата и нападите остануваат и понатаму нерасчистени, така што сериозно е отворен сомнеж дека раководството на МВР го прави сето ова се со цел за заштита и коалиција со криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ апелира ваквото шиканирање врз чесните и работливи професионалци во МВР веднаш да запре. Никој, буквално никој па ни Оливер Спасовски и Зоран Заев не смеат да се изживуваат со луѓето кои 24/7 се на располагање за нашата татковина. Понижувачкиот однос на СДСМ кон професионалните кадри во безбедносните служби мора да запре. Одговорност за ваквиот однос и за секое незаконско работење на поединци, кои се изживувале со професионалците ќе има и мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите професионалци во МВР да издржат и да не подлегнуваат на притисоците, доаѓа време, почитувани кога ќе биде вратена демократијата и правната држава во Република Македонија и за секое едно прекршување на законите прекршителите ќе одговараат.

Со преминувањето на огранокот на ОМ од Могила во ВМРО-ДПМНЕ испраќаме порака дека заедно ќе се избориме против оваа ненародна и криминогена власт

Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме единствената алтернатива против оваа ненародна и криминогена власт во Република Македонија предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Со денешниов настан, односно со преминувањето на огранокот на Обединети за Македонија во нашите редови, ние испраќаме две силни пораки.

Првата порака е дека од една страна и покрај притисоците, заканите и уцените со кои што се соочуваат граѓаните во Република Македонија  сепак ние успеваме и се трудиме да бидеме оние кои што ќе бидат единствена алтернатива и вистински обединители на  десницата во Република Македонија.

Втората порака е дека заеднички како Македонци, обединети Македонци ќе успееме на крајот од денот заедно да се избориме против оваа ненародна и криминогена власт, која што гледаме дека ширум Република Македонија освен зло и  црнила што донесе за нашиот народ, нема ниедно суштинско добро.

Ние има е две години во кои што Зоран Заев и неговата Влада немаат предизвикано ниедна состојба со која што ќе го подобрат животот и условите на живот на нашите сограѓани. Напротив гледаме дека владее беда и мизерија во Република Македонија, да тргнеме од земјоделците како што е во овој регион овде, па до сите други гранки во општеството владее тотален хаос.

Ние и понатаму како сериозна партија, како стожер на македонското општество нудиме подадена рака за сите оние кои што сакаат да се приклучат во борбата против оваа ненародна и криминогена власт, да пријдат, да пристапат во нашите редови и заеднички да се избориме против ова зло кое што е во моментов надвиснато над Република Македонија.

Заев со партизација и непотизам го поттикнува иселувањето на младите

Зоран Заев без трошка срам по две години, по половина мандат владеење, признава дека има партизација и дека нема никаков план за младите. Тој ниту знае, ниту може да го спречи иселувањето, а не пак како што велеше да ги врати според него 600.000 иселени граѓани!

Не поминува конкурс во којшто не се вработува ќерка, син, мајка, брачен партнер, па дури и фризер на некој од актуелните функционери на СДСМ или Коалицијата. Или кратко кажано црн непотизам без срам. За потсетување СДСМ и Заев велеа дека за само 100 дена од неговото владеење ќе почне враќањето на младите кои што се иселиле.

Заев сега нема проблем со партизацијата и распишаните 15.000 огласи за вработување во администрацијата. Па и се фали со тоа. Онаа иста администрација која ја нарекуваа партизирана сега ја партизираат со деца и блиски на активисти на СДСМ и коалициските партнери.

Наместо врвно квалификувани образувани професионални млади со европски идеи, во Република Македонија најдобри кандидати за работа во државната администрација се децата на Талат Џафери, на Љубомир Данаилов Фрчкоски, на Мирослав Грчев, двете ќерки на Невзат Бејта, децата на пратеници, на општински партиски моќници кои се вдомуваат  во МЕПСО, ТЕЛЕКОМ, М-НАВ.

Зоране Заев, тие ли се најдобрите кадри за работа за распишаните 15.000 работни места? Тоа ли е менувањето на амбиентот за кој што зборувавте дека ќе го направите за да се задржат младите и дека би ги вратиле иселените?

За илустрација: Ќерката на Невзат Бејта добила работа во МЕПСО, каде што се јавила како најдобра и ќе зема плата околу 600 евра. Другата ќерка му била најдобра на оглас во Телеком. Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски е поставен за помошник директор во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, за плата од над 50.000 денари. Еден од директорите на Државното воздухопловно претпријатие е зет на поранешната Министерката за образование,сега за правда  Рената Дескоска. Министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски  ја потврди информацијата дека негов роднина е вработен во М-НАВ.

Само М-НАВ, Македонската Неофицијална Агенција за Вработување, во оваа 2018 година се поднови со над 24 нови партиски искусни кадри, меѓу кои и партнерот на Заев, Стојанче Ангелов. Да потсетиме, комисиите за вработување од таму дојавуваваа во медиумите за притисоците врз нив да бидат примени лица кои што не исполнувале услови, како синови, ќерки, браќа, сестри и внуци, на познати функционери каде штосе земаат плати неколкукратно повисоки од просечната. Таму се вработени и  син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, зет на охридскиот прв СДСМ-овец, син на пратеничката од ДУИ, Шпреса Кадри и др.

Ете тоа е црниот живот во Република Македонија со Зоран Заев и СДСМ. Администрацијата да се полни и да се вработуваат луѓе од Мрежата од Црните тефтери на СДСМ, со спроведување на партизација „од хигиеничар до министер, или какошто  велеа членската на СДСМ да биде замена за сите лични документи. Партизација од Агенции со огромни плати за македонски услови, до Јавните претпријатија како Комунална Хигиена и Македонски шуми.

Партизацијата и  непотуизмот се наведени и во дел од Извештајот на Европската Комисија каде што  пишува дека владејачката СДСМ прави партизација на институциите во Република Македонија, каде што се ставаат  партиски кадри кои не ги исполнуваат условите и не се подобни за вршење на таква висока функција.

Ете тоа се реформите, тоа е јавната администрација, замислени од СДСМ? Тоа се  тие вредности кон кои води СДСМ? Наместо професионална функционална администрација во служба на граѓаните, СДСМ ја злоупотребува администрацијата само за вработувања на партиските војници.

Партизацијата на администрацијата е најлошата антиреформа. Тука во овој мрачен систем нема место за професионалци. Одговорност за овој мрачен период на Република Македонија мора да има. И ќе има, многу скоро.

Кирацовски ги лажеше прилепчани дека цветаат рози, а благодарение на СДСМ, Прилеп никогаш не бил во поочајна состојба

Со кое лице Генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски се појавува пред прилепчани, на истото место од каде што неговиот ментор Зоран Заев ја најави двојазичноста низ цела територија на Република Македонија и пропагираше смена на уставното име. Кирацовски си дозволува да ги прави прилепчани при очи слепи, и да ги убедува дека цветаат рози и се живее раскошно.

Исто така прашуваме дали Кирацовски со локалните функционери ги посети дуќанџиите, занаетчиите, луѓето кои не се партиски послушници од редот на СДСМ, за да бидат експресно вработени на високи позиции во јавните установи за да ги праша како им е?

Дали Кирацовски ја слушна маката и на пазарџиите, земјоделците, на сите овие луѓе кои секој ден водат тешка битка за заработувачка, кажувајќи како државата никогаш не била во полоша состојба, со најмизерен економски раст, со нула инвестиции, по сите светски анализи карактеризирана како најлошо место за живеење во Светот?

И додека младите прилепчани секој ден се иселуваат се повеќе како никогаш порано и го бараат својот спас во странство, затоа што вие господа од СДСМ не  сте способни да отворите ниту една фабрика, вие се занимавате се уште со ВМРО-ДПМНЕ како да сте опозиција, а не власт две години.

Луѓето од вас чекаат резултати и испорачување на ветеното, а не гол популизам со веќе видена реторика, својствена за луѓе без идеи и желба за работа.

Господа од СДСМ, она што досега успешно го сработивте е за задоволување на апетитите на неколкумина функционери на СДСМ, кои ја запоседнаа речиси целата стара прилепска чаршија со своите кафиќи и бизниси, додека останатите трпат за парче леб.

Она што успешно го сработивте е вработувањето на вашите синови, ќерки, внуки, зетови, најблиски роднини и пријатели, покрај останатите луѓе професионалци кои се пријавија на огласите, а беа одбиени затоа што немаат партиска книшка од СДСМ.

Она што досега успешно го сработивте е донесувањето црнила какви што Македонија досега не памети.

Продажбата на нашето име, тргувањето со националните интереси, виткањето кичма пред Грција и Бугарија и склучувањето на катастрофални договори со нив.

Благодарение на вас господа од СДСМ, Прилеп го изгуби сјајот и никогаш не бил во поочајна состојба.

Спуштете се меѓу народот. Слушнете ја маката непосредно од истите засегнати и престанете да живеете во илузорен свет, затоа што сте смешни пред очите на јавноста.

Прилепчани завчера преку масовно присуство на протестот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Христијан Мицкоски ви порачаа едно големо „НЕ“ на вашите погубни политики.

Со ова почнува и официјално падот на оваа ненародна и предавничка власт. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат!

Неспособност на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев во наредната година ќе остави околу 5.000 луѓе на улица

Деновиве пред крајот на оваа лоша и црна година за Македонија стигна можеби најлошата вест за македонската економија. Имено Европската Унија воведува т.н. заштитни мерки за увоз на производи од челик, алуминиум и железо со кои е опфатена и Република Македонија. Со истите се воведуваат квоти за извоз на овие производи во ЕУ кои откако ќе бидат исполнети воведува царина од дури 25%. Ова народски кажано значи воведување на санкции кон Македонија и останатите земји кои не се членки на ЕУ во делот на извоз на челик, алуминиум и железо како и производи од истите. Ова е драматичен удар за македонската економија што на виделина ја исфрла целосната неспособност на Владата на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев. Имено оваа четворка не направи ама буквално ништо Македонија да биде изземена од овие мерки на ЕУ.

За информација на граѓаните металуршката индустрија е еден од најголемите извозници и на неа се потпира голем дел од бруто домашниот производ како и економскиот раст.  Неколку бројки. Вкупниот извоз кон ЕУ е преку 200 милиони евра годишно и секоја година расте со стапка на раст од 15%. Уделот на овие производи во БДП на Македонија е 1,6% во 2017 година, а очекувано е во 2018 година да биде 1.8% од БДП. При економски удар и стопирање на извозот што е се поизвесен за жал на овие производи, нереализирани ќе останат околу 200 милиони евра во 2019-та година. Тука би сакале да ги коригираме проекциите на Владата кои што велат дека штетата ќе биде околу 100 милиони евра. Штетата ќе биде 200 милиони евра, директна во капацитетите кои произведуваат, како и индиректна во компаниите кои произведуваат како и индиректна во комапниите кои што ги опслужуваат. Се на се во 2019 година може да се очекува колапс на оваа индустрија и околу 5.000 луѓе да останат на улица. Овие 5.000 луѓе ќе бидат или пратени на принуден одмор со намалена плата или целосно ќе ја изгубат својата работа, а фирмите ќе се соочат со проблеми во својата ликвидност, кампањско производство наместо годишно, неспособност да ги враќаат кредитите како и целосно запирање на планираните и идни инвестиции во развој што на среден рок ќе ги направи неконкурентни дури и без постоење на вакви квоти односно санкции. На тоа се додава и проблемот во делот на производство на цевки каде годишниот извоз на Република Македонија е 180.000 тони, а максимално дозволената квота е 110.000 тони, што ќе биде директна загуба од 45 милиони евра во оваа индустрија. Ако на ова се додадат истрагите на ЕУ за продажба по т.н. дампинг цени, тогаш штетата во делот на производството на цевки може да е уште поголема.

Да го преставиме сето ова илустративно – штета од 200 милиони евра е годишна бруто плата за околу 29.000 работници! Значи штетата која што ќе се случи следната година е во вредност од годишни плати на 29.000 работници во Република Македонија.

Ова катастрофа ја покажува целосната неспособност на Владата на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев, кои трчајќи кон безусловна промена на името на Македонија и целосен национален срам, не обезбедија ништо за државата! Па нели промената на името беше за подобар економски стандард? Не само што нема да го добиеме туку и го губиме она што во моментов го имаме! А, за тоа колку од ЕУ го почитуваат Заев и неговиот тим покажува најдобро фактот дека ефектот од разговорот помеѓу Заев и Претседателот на ЕК Јункер не е ниту нула туку минус! Најдобра илустрација дека европските лидери не го почитуваат Заев и го гледаат дури и со презир зашто прави нешто што никој од нив не би го направил, а то е сам да се прекрсти, е фактот што македонскиот извоз на овие производи кон ЕУ, за ЕУ е целосно незначаен и нема на ЕУ ништо да и промени. Значи она што за нас е многу значајно во целокупните бројки на ЕУ е целосно незначајно. Што говори ова во бројки, вкупната потрошувачка на ЕУ на овие производи е 16 милиони тони годишно од кои од Македонија купува само 407 илјади тони или 2.5%! Значи ЕУ не е спремна да му помогне на Заев ни за тие 2.5%. Треба да знае Заев, а ние тоа често му го кажуваме дека истите кои го тапкаат по рамо, кога ќе си оди не го почитуваат затоа што го знаат и кој е и што е. Треба да сфати дека почита и рамноправниот третман од ЕУ може да се заслужи само според мерит системот, а не според сервилноста и распродажбата на националните интереси. Потребни се вистински реформи во делот на владеење на правото, економијата, здравството, образованието за да ги ценат. Нешто што за жал е мислена именка за Владата на Заев, тоа нашите партнери од ЕУ го гледаат и затоа Македонија го добива овој третман кој што го добива и покрај националната распродажба што ја прават.

 Итно ја повикуваме Владата да преземе неколку мерки:

  • Прво, да формира кризен штаб со претставници на Владата и компаниите кои се најзасегнати. Проблемот да се решава на највисоко ниво, а недозволиво е да се решава на ниво на Вице Премиер за евроинтеграции, потребно е целата Влада да се вклучи во решавање на проблемот.
  • Второ, да воведе даночни олеснувања за овие компании.
  • Трето, да воведе олеснувања во делот на придонесите за здравствено, пензиско и персонален данок за работниците од овие индустрии како не би ги изгубиле своите работни места.
  • Четврто, премиерот лично да тргне од главен град до главен град на земјите членки на ЕУ да се среќава со сите што ќе го примат и да моли овие квоти да не важат за Македонија. Во земјата да се врати само кога ќе ја заврши работата.

Исто така сите кадровски и стручни потенцијали на ВМРО-ДПМНЕ стојат на располагање и ги нудиме како такви да и помогнеме на владата.

  • Петто, да формирање на тело составена од претставници на владата и најзегнатите компании кои што активно и итно ќе почнат да бараат нови пазари за овие производи како загубата би била што помала.

Кризата е пресериозна, неспособноста на Заев, Шекеринска, Димитров и Анѓушев преголема, што е причина плус да заминат ден поскоро како не би настапило целосно црнило не настапило во македонската економија.