Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува.

Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува.

Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски. Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка.

Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години?

ВМРО-ДПМНЕ го осудува, секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите.

Ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност.

Отворено се сомневаме дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт!

Бараме одговор и од новоформираната ОТА, и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментов функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови?

Дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално?

Дали образложението за неследењето на криминалните банди е дека има одредени потешкотии?

Конечно, кој ќе сноси одговорност од СДСМ и од власта и за овој скандал со прислушување?

За вакви снимки зборуваше и градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар кој јавно се закани дека ги прислушува вработените во општината.

Почитувани,

Секогаш кога се случува скандал со нелегално прислушување, секогаш ама баш секогаш, се замешани кадри од СДСМ.

Така беше и со аферата „Големото Уво“, така беше и со бомбите кои ги пушти во оптек СДСМ, еве и сега кога СДСМ е на власт се случува нов скандал на нелегално прислушување.

Одговорност од власта и од СДСМ мора да има и тоа мора да има уште веднаш!

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Мицкоски досега не сме виделе претставници од вашата партија во настаните кои се одржале во рамките на Стопанската комора на Севернозападна Македонија да учествуваат во тие настани. Дали тоа што вие сте денеска тука значи дека го менувате вашиот пристап во однос на албанскиот бизнис и ќе покажувате поддршка?

Одговор: Бизнисот не треба да има етнички, ниту било каков друг предзнак, бизнисот е бизнис и еднаков за сите граѓани во Република Македонија. Секаде онаму каде што ќе бидам поканет без разлика на  нацијата на инвеститорот, без разлика каде ќе биде инвестицијата географски во Република Македонија мене ќе ми биде чест и задоволство да присуствувам како претседател на најголемата опозициона партија, а утре премиер на оваа држава се разбира, и ќе ми биде чест и задоволство колку е во моја моќ да допринесам, да додадам и да ги стимулирам сите оние бизнисмени кои што ќе одлучат да инвестираат во Република Македонија. Повторно ќе повторам без разлика на етничкиот предзнак.

Прашање: Господине Мицкоски ако може еден краток коментар за денешниот скандал кој што беше објавен за прислушувањето во Основното Јавно Обвинителство преку фиксните телефони?

Одговор: Да, денеска јавноста во Република Македонија е сведок на  повторно едно скандалозно однесување на луѓе или структури блиски до СДСМ. Од она кратко брифирање кое што успеаја моите соработници да не брифираат и од она што успеав да го прочитам, а лиферувано во медиумите повторно ќе се оградам, не можам се уште да  се повикам на веродостојноста на таа информација. Но очигледно бидејќи јавниот Обвинител дава таква изјава претпоставувам и самиот е подготвен да сведочи за веродостојноста на таква изјава. Станува збора за едно скандалозно однесување на  МВР,  некаде таму на почетокот на септември месеци во 2016 година. Ќе повторам тогаш технички министер е господинот Оливер Спасовски па се до ден денешен.  Исто така ја прочитав онаа помалку смешна изјава од страна на владиниот портпарол каде што  повторно некој друг му е виновен, а не ја бара вината во сопствените редови. Однесувањето на СДСМ изминатите година и половина ни е јасно, кога немаат факти и аргументи кога не знаат како да ги решаваат проблемите тогаш секогаш се навраќаат назад во минатото и бараат виновник во некој кој претходно бил. Но за жал овдека виновникот треба да го бараат во сопствените редови бидејќи како што прочитав првите разговори се снимени некаде  на почетокот на септември месец а снимањето траело до ден денешен, а министер за внатрешни работи во министерството за внатрешни работи е господинот Оливер Спасовски. Најмалку што може да направи по серијата на катастрофални грешки во овие година и половина во серијата неразјаснети криминални активности во република Македонија е господинот Оливер Спасовски да си поднесе веднаш неотповиклива оставка

Прашање: Господине Мицкоски само ако може едно појаснување. Рековте дека подготвувате економска програма за предвремените парламентарни избори. На што конкретно мислевте?

Одговор: Не реков така, можеби не доволно јасно се изразив,но еве ќе се обидам да повторам. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што иновира во сопствените политики се разбира новото раководство се зафати со една амбициозна агенда да изготви политичка програма која што ќе опфати низа области што ќе значат и понудат решенија од најголемиот дел од реалните проблеми на граѓаните во Република Македонија. Тоа е програма која што ја ажурира претходната програма се разбира додава нова вредност нуди нови проекти нови политики и таа програма ја изработува тим составен од луѓе кои што се од раководството на ВМРО-ДПМНЕ но во соработка со експерти од научната фела од бизнис заедницата но и луѓе кои што се надвор од Република Македонија. Таа е во завршна, работна верзија дел од проектите почнавме да ги промовираме, дел промоција ќе има во периодот кој што следува, се разбира во зависност од тоа кога парламентарното мнозинство ќе одлучи дали ќе имаме предвремени или редовни парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ во целост таа програма ќе  им ај презентира на граѓаните во Република Македонија

Прашање: Господине Мицкоски уште започнува седницата за уставните измени. Како ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, дали можеби ќе поднесете амандмани?

Одговор: Денеска имавме состанок односно координација со пратеничката група стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е позната во неколку наврати во минатото повторена. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу оваа процедура го знаете не треба да го повторувам, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изложи своите аргументи во рамките на таа парламентарна дебата, ќе ги искористиме сите институционални и демократски алатки кои што ни стојат на располагање за да можеме да ги аргументираме нашите позиции и сето она кое што мислиме дека е погрешно да им го претставиме на граѓаните на Република Македонија.

Прашање:  Денеска претседателот на Собранието навести дека на крајот на јануари и почетокот на февруари ќе распише и претседателски избори. Дали ВМРО има свој кандидат, кого ќе поддржите и дали тоа ќе биде кандидат или кандидатка?

Одговор: На последната седница на Извршниот комитет на партијата која што се одржа пред некој ден, задолживме структура од партијата да изготви гантограм на активности кои што практично ќе го следат овој процес, бидејќи немавме јасна изјава во тој момент од страна на надлежните институции во државата кога како, датум по датум практично планираат да се одвива овој циклус на претседателски избори. Еве сега е појасна ситуацијата, така што многу скоро веќе на некоја од следните седници на Извршниот комитет и гантограмот ќе биде изработен, така што јавноста ја повикуваме да ги следи, активностите на ВМРО-ДПМНЕ и навремено ќе биде информирана околу можните кандидати, можните предлози, можните кандидатки и така натаму. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да биде колку што е можно повеќе транспарентна, да даде одговори на сите прашања на јавноста имам чувство како да повеќе имаме новинарски екипи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кога имаме седница на Извршниот или Централниот комитет отколку во Владата кога имаме седница. Но тоа на нас ни претставува еден комплимент, ние секогаш и во минатото, така еве и во иднината ќе се трудиме што е можно по транспарентно, да пред јавноста на Република Македонија ги кажуваме нашите ставови и политики.

Мицкоски оствари средба со Стопанската комора на северо-западна Македонија

Првин да ја искористам оваа прилика еве преку вас медиумите да му се заблагодарам на Претседателот на Стопанската Комора што ни овозможи денеска ние од името на ВМРО-ДПМНЕ претставиме дел од оние политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има предвидено партиската програма која што е во завршна верзија и која што планираме да ја објавиме се разбира чекор по чекор во периодот кој што следи.

А, нејзиното целосно објавување ќе биде се разбира пред моментот кога ќе имаме предвремени или редовни парламентарни избори. Така што ние сакаме да се консултираме со коморите. Сакаме да ги поддржиме сите оние иницијативи кои што доаѓаат од страна на коморите во Република Македонија. Се разбира кои што значат подобрување на економскиот амбиент во Република Македонија, кои што значат подобрување на животните услови на сите граѓани во Република Македонија, додадена вредност во квалитетот на нивниот живот.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажала но се надеваме и сигурни сме дека и во иднина ќе имаме интензивна соработка со Бизнис заедницата во Република Македонија бидејќи како што кажав пред неколку дена кога бевме во Стопанската Комора на Македонија така и сега овдека во Комората за Северозападна Македонија сакам истото да го повторам дека бизнисот, економијата се условен двигател во функционирањето на една држава и ние како политичари сме тие кои што треба да бидат на услуга на бизнисот и континуирано и пернаментно да се консултираат со бизнисот околу политиките, околу определените законски решенија кои што ќе значат олеснување на бизнисот во Република Македонија кои што сега се рестриктивни.

Така што генерално ова ќе биде една консултативна средба во која што ние ќе ги преставиме нашите угледи, нашата визија како планираме да ја водиме економијата во Република Македонија која ќе ја формираме следната Влада. Така што очекуваме се разбира и повратен одговор од страна на претставниците на Комората овдека денеска.

Инаку исто така ќе го преставиме нашето гледиште околу актуелните политики во економијата на моменталната влада кои што мислиме дека се погрешни и јас ќе се обидам катаклизмично повторно да не се изразувам секако едностраниот потег на владата за зголемување на даноците без консултација со коморите или бар не доволно консултација со коморите или игнорантскиот однос од страна на владата да не го слушне мислењето на коморите, а да ги покачат даноците не носат додадена вредност во квалитетот на економијата во Република Македонија.

Напротив, тоа повторно е уште една рестриктивна мерка која што не ја стимулира економијата во Република Македонија. Ниското ниво на капиталните инвестиции во Република Македонија вчера слушнавме премиерот како се фалеше во Собранието на Република Македонија на високото ниво на директни странски инвестиции. Еве денеска стигна демант од страна на НБРМ каде што во третиот квартал не само што немаме директни странски инвестиции туку имаме и негативен биланс од 6 милиони евра така што Македонија ја става во групата на дното закована на држави каде што не постои никаква атрактивност за привлекување на директни странски, но исто така тоа ќе повлече и намалување на инвестициската активност и на домашните компании впрочем.

Така што имаме комплетно лош еден амбиент во моментот во Република Македонија, но она што е пострашно ние не гледаме визија како понатаму ќе се развива, не гледаме проекти кои што на среден и долг рок  ќе го подобрат овој амбиент. Така што за сите овие прашања ние денеска ќе разговараме со претставниците на Комората на Северозападна Македонија.

Наумовски наместо да започне да ги реализираат проекти, тој од општинскиот буџет ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања

Градоначалникот Наумовски  во наредните месеци од општинскиот буџет ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања и со тоа ќе ја зголеми општинската администрација за енормни 30 проценти.

Со оваа анти-реформа администрацијата во општина Ѓорче Петров ќе се искачи до неверојатни 84 вработени.

Наместо да започне да ги реализираат проекти кои се неопходни за да се обезбедат основни услови за живот поточно изградба на нови градинки, училишта, игралишта, амбуланта, театар, да се постави ново улично осветлување и клупи, клептоманската власт на СДС сака општинската администрација на Ѓорче Петров да ја наполни со нови партиски војници.

ВМРО – ДПМНЕ предлага наместо да се вработуваат партиски послушници од редовите на клептоманската власт на СДС овие 2 милиони денари да се искористат за нови мерки за прочистување на воздухот, зелени површини, обезбедување на нов систем за греење во училиштата, асфалтирање на улици во Ѓорче Петров, нова урбана опрема, нови детски игралишта и низа многу други проекти.

Исто така истакнуваме дека ВМРО – ДПМНЕ будно ќе го следи овој процес и јавно ќе ги произнесе сите имиња на оние кои што ќе се вработат под партиски клуч, а не по професионалните квалификации.

 

Не запира бранот на црни вработувања и партизација на администрацијата по црниот тефтерот на криминогената власт на СДСМ и Заев

Не запира бранот на црни вработувања и партизација на администрацијата по црниот  тефтерот на криминогената власт, на општинските организации на СДСМ, список креиран според тоа кој има поголеми партиски заслуги. Тоа не е европска туку црна вредност на Зоран Заев, тоа не е патот кон Европската Унија, туку пат на уништување на државата од оваа криминогена власт.

Серијалот на прес конференции за црна партизација на администрацијата, го продолжуваме со партизацијата на ЈП Македонски шуми, каде тече мрачниот систем на оваа криминогена власт по теркот „Ќе смениме се од хигиеничар до министер и така имаме намера да владееме“, најавен и реализиран од Зоран Заев.

Само годинава на буџетот на ЈП „Македонски шуми“ вметнати се најмалку 30 партиски членови на СДСМ и тоа од роднини на Кавадаречкиот генералниот директор на Македонски шуми, до синови, ќерки и внуци на директори на подружници и сектори на истото Јавно претпријатие, роднини, деца, внуци на градоначалници, на референти, на други раководни лица, но со една заедничка линија- партиската определба. Оваа акција е спроведувана подружниците во Кавадарци, Гевгелија, Демир Капија, Берово  , Македонски Брод, Скопската дирекција, Свети Николе, Струмица, Демир Хисар, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Делчево, Радовиш, Кратово, Охрид и на многу други места.

Ова е дел од проектот за партиски вработувања според црни списоци правени во општинските организации на СДСМ за пополнување на администрацијата, нејзина целосна партизација со вработувања во општините, училиштата, градинките, и Јавните претпријатија Комунална хигиена и Македонски шуми. Црната мрежа за партиски вработувања е правена само и само по припадноста и залагањата за партиските политики на СДСМ.

Црната партизација на администрацијата во ЈП Македонски шуми е продолжение на полнење на администрацијата со мајки, сестри, тетки, вујни, деца на актуелни пратеници и функционери во извршната власт, во локалната власт, на градоначалници, на видни членови и звучни имиња од социјалдемократскиот табор.

Врз вакви зафати се темели црниот план за економски раст на СДСМ. Врз вакви мрачни зафати се планира буџет на државата, распределбата на пари за општините за отплаќање на нивните долгови. Наместо на рационализација на администрацијата на централна и локална власт, во служба на граѓаните, криминогената власт преку црни тефтери ја полни администрацијата со партиски подобни кадри.

Оваа црна политизација е пример за непотизам, ова е пример за партизација на администрација, нејзино максимално обременување и пат кон неефикасност. Тука во овој мрачен систем нема место за професионалци. Оваа криминогена власт која што ја зацрни РМ нема место за граѓани без партиска книшка на СДСМ. Во Животот според СДСМ во државата има работа само и само за партиски војници и роднини на партиските функционери.

Одговори на прашањата за црната партизација на администрацијата мора да има. Одговорност за овој мрачен период на Република Македонија мора да има. И ќе има, многу скоро.