Jaguar Land Rover вложува 13,5 милијарди фунти во електрични возила

Првиот SUV I-Pace го лансираа Jaguar Land Rover на пазарот, а компанијата сега зема замав со лансирање на широка палета на електрични автомобили. JLR ќе вложи неверојатни 13,5 милијарди фунти, што е 25% раст во споредба со инвестициите од 10,7 милијарди фунти за претходниот 3 годишен период.

Целта на JLR е да ќе претстави веќе новите електрични модели до крајот на оваа година. Компанијата има долгорочни цели да развие по три верзии од сите модели до 2025 година, со целосно електричен мотор, хибриден мотор и класичен мотор.

Абрамович го донесе четвртиот руски интернацоналец во својата историја!

Роман Абрамович дефинитивно не се откажува од Челси иако последните месеци клубот го води од Израел.

 

По Карин, Смертин и Жирков, клубот го донесе четвртиот руски интернацоналец во својата историја. Станува збор за Александар Головин од ЦСКА за кого сините ќе платат 30 милиони евра, десет повеќе од сумата што ја нудеше Јувентус.

Головин одлично се претстави на Светското првенство во Русија иако беше интересен за европските гиганти уште пред неговиот почеток.

Пирели се решија за медиум, софт и суперсофт за следните две трки во Ф1

Пирели го објави изборот на пневматиците за Големата награда на Белгија и Големата награда на Јапонија кои ќе следуват по летната пауза во Формула 1.

Италијанците се решија за медиум, софт и суперсофт за двете трки кои се на програмата една по друга. Исти избор Пирели направи и за Бахреин и Шпанија, трки кои веќе се возеа.

Изборот на Пирели за трката на Спа Франкошамп се разликува од ланскиот кога донесоа ултрасофт како најмека компонента, но ионака целата овогодишна гама е помека за едно скалило од ланската.

Во Јапонија и годинава ќе се вози со истите гуми како и 2017 година. Изборот на гуми во Формула 1 се прави 14 седмици пред трката.