Претседателот на Владата за спроведување на изборите денес во рамки на акцијата „Ден на дрвото“ засади дрвце во градинката „Ѕвездичка“ во Кочани. Тој истакна дека по 14-ти пат се продолжува традицијата со уште повеќе се делува за подигнување на јавната свест од потребата од пошумување.Дрвце во дворот на градинката „Ѕвездичка“ засади и градоначалникот на Кочани кој информираше дека акцијата во ова подрачје денеска нема да биде масовна поради снежните врнежи вчера и во текот на ноќта, но ќе продолжи и ќе биде спроведена во целост.Од 2008 година, кога почна акцијата „Ден на дрвото“, досега се пошумени 13 илјади хектари со 35 милиони садници, а годинава пошумени ќе бидат 503 хектари со 2,6 милиони дрвца.